16.9 C
Ohrid
понеделник, август 4, 2025
ПочетнаМакедонијаСпоред Делегацијата на ЕУ Прилеп е Најзелената општина во Македонија

Според Делегацијата на ЕУ Прилеп е Најзелената општина во Македонија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Делегацијата на Европската Унија ја промовираше Наградата за најзелена општина во рамките на нејзината кампања за подигање на свеста и промовирање на Зелениот договор на ЕУ. На отворениот повик, објавен на 3 март 2022 година по повод Светскиот ден на дивиот свет, сите општини во Македонија беа поканети да аплицираат со прикажување на нивните најдобри примери за управување со цврст отпад во 2021 година.
Осум општини, Берово, Центар (Скопје), Кавадарци, Охрид, Пехчево, Прилеп, Тетово и Зелениково, учествуваа на повикот презентирајќи ги своите водечки активности со кои придонесоа за подобра животна средина во 2021 година.
Одборот за евалуација, составен од експерти од Делегацијата на ЕУ, Гоу Грин, Еко-свест и претставник на Јуроп Хаус ги стави Кавадарци и Прилеп во потесен избор за последователни теренски проверки за да ги проверат информациите презентирани во нивните апликации.
Прилеп покажа најдобра еколошката практика во областа на управувањето со отпадот во 2021 година.
Примопредавањето на наградата ќе се случи во рамките на конференцијата „Најдобра практика за управување со комунален отпад – затоа што немаме резервна планета“ организирана во рамките на проектот ЕУ за општините финансиран од Европската Унија.
Посетата „ЕУ со ТЕБЕ“ на Прилеп ќе опфати и посета на Пречистителната станица – инвестиција од ЕУ вредна 8 милиони евра која го подобрува квалитетот на водата, како и квалитетот на животот на прилепчани од 2019 година, соопшти Делегацијата на ЕУ.

<
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Адвокатот Шајн го извади Раста – патната исправа веднаш вратена !!

Српскиот рапер Раста, кој беше приведен во Охрид за време на концертот на Џејсон Деруло, е ослободен и си заминува за Белград – дознава...

Не успеа да се избори, почина Душко Чифлиганец

Почина Душко Чифлиганец, син на познатиот бизнисмен Ванчо Чифлиганец, кој беше и во раководните структури на „Адора“, потврдуваат членови на семејството. По повеќе од...

Охриѓани спасија турист од давење кај Градиште.

Во близина на плажата Градиште, странски турист бил спасен од давење благодарение на брзата реакција на група охриѓани кои се наоѓале на глисер и...

22 годишен полицаец од Виница, се самоповредил со службениот пиштол во апартман во Охрид

Како што информира СВР Охрид, инцидентот се случил вчера во 12:22 часот. Имено, 22-годишен полициски службеник од Виница, кој бил сместен во апартман во една...