17.9 C
Ohrid
петок, август 8, 2025
ПочетнаМакедонијаНа излез од Србија кон Македонија уапсен поранешен украински разузнавач со голема...

На излез од Србија кон Македонија уапсен поранешен украински разузнавач со голема количина на пари и дијаманти.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Српското министерство за внатрешни работи соопшти дека пред два дена бил приведен украински државјанин на излез да излезе од Србија кон Македонија на граничниот премин Прешево-Табановце, поради обид од земјата да изнесе големо количество пари и два скапоцени камења, а според медиумите станува збор за поранешен началник на украинското разузнавање СБУ.
Припадниците на Министерството за внатрешни работи, Одделот за антикорупција во соработка со Граничната полиција и Царината на 8-ми јуни… под основано сомнение за перење пари, ги приведоа германскиот државјанин А.А. роден 1986-та и Украинецот А.Н роден 1982 година. На контролниот пункт во автомобил BMW управуван од А.А., во кој бил и А.Н, откриени се непријавени 607.990 евра и 124.924 американски долари и два смарагда“, извести српската полиција приложувајќи фотографии од заплената.

<

Приведените кои следните денови ќе ги минат во притвор во истражниот затвор во Ниш, се осомничени дека парите и скапоцените камења, кои „потекнуваат од нелегални извори“ планирале да ги изнесат од Србија. Според српскиот кривичен законик за ова дело е предвидена казна до 12 години затвор.

Украинскиот портал Страна.ua во петокот објави, повикувајќи се на сопствени избори, дека станува збор за Андриј Наумов, поранешен началник на одделот за внатрешна безбедност при Службата за безбедност на Украина (СБУ). Притоа, изворите на порталот рекле дека тој бил придружуван од германскиот државјанин, идентификуван како Александр Акст, за кого не се дадени повеќе податоци.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

352 лица ја минаа дводневната обука за пожарникари, утре ќе потпишат договори за работен ангажман

На јавниот повик на Владата во врска со активната мерка од оперативниот план за 2025, јавни работи за заштита и превенција од пожари и...

Се поставуваат камери на автопатот Кичево – Охрид: Ќе следи казна за брзо возење

Од денес, на трасата на автопатот Кичево - Охрид, официјално се поставуваат нови камери за мерење брзина и казнување на прекршители. Камерите се поставуваат на...

Коце Трајаноски за автопатот Кичево Охрид: Ветувањата се за да се исполнат

Ветувањата се за да се исполнат❗️ А, за да ги исполниме треба да работиме со полна пареа❗️ Токму така, со полна пареа, се работи и се...

Погребан Душко Чифлиганец – илјадници луѓе дојдоа да го испратат (ВИДЕО)

Илјадници граѓани, од Скопје, неговото родно Радовиш и Раклиш, од Македонија и од други континети, со тага и болка се простија од младиот визионер,...