33.9 C
Ohrid
сабота, август 9, 2025
ПочетнаМакедонијаПратеникот Драган Ковачки: Повторно кријат за убиството во Струмица и ги кријат...

Пратеникот Драган Ковачки: Повторно кријат за убиството во Струмица и ги кријат сторителите..

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

(ФБ статус на Драган Ковачки)

<

Повторно кријат за убиството и ги кријат сторителите.

Додека Оливер Спасовски си ги вработува поранешните градоначалници во МВР, нарко-бандите продолжуваат да царуваат во Македонија, а нерасветлените убиства се показател за корумпираноста и неспособноста на МВР, но и на јавното обвинителство предводено од Љубомир Јовески.
Имено, на 7 јуни, јавноста од локалните портали дозна дека во Струмица се случило грозоморно убиство на момче на 25-годишна возраст. И толку.

Што се случува во меѓувреме?

Обвинителот Златко Иванов од ОЈО Струмица постапил по случајот со убиството во Ново Село – Струмичко. Во текот на постапувањето, обвинителот констатирал дека обдукцијата на телото била направена нереално, односно дека било манипулирано со трагите од насилство врз телото. (!!!)

Според информациите, надлежните во судска медицина биле под притисок да изготват несоодветен извештај, односно да направат нереална обдукција на телото, со што истрагата би се затворила веројатно како несреќен случај или нешто слично.

За ова бил запознаен и шефот на ОЈО Струмица – извесен обвинител Миле Петков, кој молчел и не се интересирал за овој случај, затоа што знаел каде ќе заврши истрагата.

Ова е случај кој бил поврзан со наркотици и претпоставувате кој може да врши опструкции на истрагата, односно кој е тој што го контролира како пупка расцветаното правосудство со 8% доверба.

5 (пет) дена молчи МВР, молчи ЈО, молчат медиумите, молчат и граѓаните. Каква леснотија на прифаќање на тешки убиства и нивно забошотување…

Државните институции немаат никаков авторитет поради силните врски помеѓу нарко-бизнисот, политиката, обвинителството и судството.
Доколку итно не се преземат мерки, Македонија многу брзо ќе почне да наликува на Колумбија. #Промени

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Не постоела наредба за приведување на директорката од Демир Хисар

Поради сомневање за кривично дело Фалсификување и уништување деловни книги, Министерството за внатрешни работи – ОВР Демир Хисар, по барање на Основното јавно обвинителство...

Скопјанец „награден“ за „одличното пракирање“ во Будва

Културата си ја покажуваме и надвор од земјава, но не подобро. Скопјанец, мислејќи дека е во Скопје, го паркирал автомобилот до контејнер во црнгорскиот летен...

Жител на Чаир крадел струја од бандера, при што предизвикал пожар.

Пожар зафати бандера на ЕВН и куќа на 63-годишен скопјанец во населбата Чаир. Пожарот бил предизвикан, но било утврдено дека избувнал преку кабел кој...

Претрес кај директорка на училиште во Демир Хисар, полицијата бара на носилки да ја однесат во станица иако е на боледување

Вечерва во Демир Хисар се одвива драматична акција на полицијата по наредба на јавен обвинител, со цел претрес на автомобилот и семејниот дом на...