18.9 C
Ohrid
вторник, јули 1, 2025
ПочетнаМакедонијаТепачки за зејтин во Врање- Македонците им го купиле целиот зејтин, на...

Тепачки за зејтин во Врање- Македонците им го купиле целиот зејтин, на граница има темелени претреси.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Едно литро зејтин чини 184 динари, односно 92 денари. Истиот тој зејтин, кај нас, чини 156 денари. Еден килограм шеќер таму изнесува 89 динари, односно 45 денари, а кај нас, еден килограм шеќер чини 60 денари. Еден леб во Врање чини 48 динари, односно 24 денари.
Откако ПЛУСИНФО го објавиви текстот „ВО ВРАЊЕ НА КУПОВАЊЕ Македонци возат по 200 километри за да набават поевтин зејтин“, а во кој пренесовме сведоштва на скопјани кои редовно, најмалку двапати во месецот, одат во соседна Србија и ги набавуваат основните намирници за половична цена од овдешната, екипата на Плусинфо се упати во Врање за да ги овековечи ценовните разлики со фотографии.
Од Скопје тргнавме околу 16 часот, а никој не ни очекуваше дека на граничниот премин „Табановце“ ќе заглавиме во голема гужва од возила со македонски регистарски ознаки, кои, верувале или не, најголемиот дел од нив беа упатени токму на шопинг во Врање (голем дел од автомобилите ги забележавме паркирани на паркингот пред „Лидл“).

<

Уште понеобично беше тоа што цариниците го претресуваа секој автомобил што ја минуваше границата. Претресот беше прилично темелен. Од отворање на задните врати и проверка на багажникот, па сѐ до проверка на тапацирите во вратите, фиоките и на просторите под седиштата.

Нејсе, поминавме без никакви проблеми. Ни кажаа дека тоа е рутинска контрола и дека не е ништо страшно. Но, страшното е за назад, товарени до кров со производи купени од Србија, нели?

По пристигнувањето во „Лидл“, следуваше нов шок. Празни рафтови кај скоро сите основни производи. На прашањето каде исчезнаа производите, работените во маркетот, тивко, смешкајќи се, ни велат: „Па дошли су Македонци, узели су све шта су могли“.
А цените, таму, навистина се преполовени од нашите. А ќе речеш – исти производи. На пример, едно литро зејтин чини 184 динари, односно 92 денари. Истиот тој зејтин, кај нас, чини 156 денари. Еден килограм шеќер таму изнесува 89 динари, односно 45 денари, а кај нас, еден килограм шеќер чини 60 денари. Еден леб во Врање чини 48 динари, односно 24 денари.
За повеќе детали,Тука

Од Скопје тргнавме околу 16 часот, а никој не ни очекуваше дека на граничниот премин „Табановце“ ќе заглавиме во голема гужва од возила со македонски регистарски ознаки, кои, верувале или не, најголемиот дел од нив беа упатени токму на шопинг во Врање (голем дел од автомобилите ги забележавме паркирани на паркингот пред „Лидл“).

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Март Кос: Идентитетот ви се манастирите, погачата, тавче-гравче, пинџурот или полнетите пиперки!

Еврокомесарката за проширување Март Кос вели дека идентитетот не може да биде предмет на политичко одлучување, бидејќи идентитетот е нешто што си го носиме...

Охриѓанец во ноќен клуб си ја истепал сопругата.

На 01.07.2025 година во 09.15 часот, лишен од слобода е С.Г.(35) од Охрид кој на 30.06.2025 година во 22.10 часот, во ноќен клуб во...

Тошковски: Апсењето во Струмица беше филмско, планирале дрогата да ја изнесат надвор од Македонија

Три лица уапсени, автомобилот бил полн со дрога, постоел план за нејзино изнесување од Македонија. Ова се клучните детали од вчерашната акција во Струмица,...

Битолчанец во казино претепал доктор, па потоа ја нападнал и полицијата !!!

Предложен притвор за осомничен за напад врз лекари и полицајци Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека...