9.9 C
Ohrid
недела, септември 15, 2024
ПочетнаМакедонијаНов скандал: Македонија е Бугарија - Бугарските пратеници подигнаа транспаренти среде седницата...

Нов скандал: Македонија е Бугарија – Бугарските пратеници подигнаа транспаренти среде седницата во бугарското собрание.

Пратениците од пратеничката група Преродба како и гостите на балконот од пленарната сала во бугарското Народно собрание подигнале транспаренти со натпис: „Македонија е Бугарија“, а претседавачот на седницата Атанас Атанасов побарал да ги тргнат за да не мора да ги земе и да ги избрка надвор од салата.

Овие транспаренти испечатени на листови биле декор на говорот на претседателот на Преродба, Костадин Костадинов кој од собраниската говорница го искритикува и предлогот на Макрон и француската политика на Балканот:

„Целта на Макрон не е да го реши бугарското национално прашање и проблемите туку да си ги реши неговите внатрешни проблеми зошто на националните избори загуби истовремено и од левицата и од десницата и бидејќи завршува француското претседателство треба да заврши со некаков надворешнополитички медал, да покаже победа. Тоа е како на времето Австроунгарија што се фалела со победите на Балканскиот полуостров каде единствено можела да победи. Па Франција како една опаѓачка голема сила очигледно нема со што да се пофали освен да каже дека успеала да ја замолчи Бугарија“, рече Костадинов, пренесува „Слободен печат“.

Тој „удри“ и по Србија дека тамошните разузнавачки служби преку Македонија работат против Бугарија, но и по Албанија, посебно навреден од албанскиот премиер Еди Рама кој вчера со ироничен тон и навреди се обрати кон нивната земја.

„Се обидоа партиите ГЕРБ, ДПС, Продолжуваме со промената и Демократска Бугарија да направат зделка со Македонија. Со Македонија зделка не можеме да правиме. Кога и да сме се обиделе да направиме зделка со нив сме завршувале со национална катастрофа. Секогаш било така. Правата национална катастрофа е што тргнавме да ја делиме Македонија со Србија, ама да не ви држам историски час. Макрон сакаше да направи реформа во ЕУ за да се прескокне бугарското вето за Македонија, рече Костадинов пред пратениците кои истакнаа транспаренти дека ГЕРБ, ДПС, ПП и ДБ се национални предавници“.

На крајот од својот говор пред пратениците, Костадинов истакна:

„Македонија е Бугарија, Бугарија е Македонија. Македонија е Тракија. Македонија е Добруџа и ние никогаш нема да дозволиме бугарскиот национален интерес да биде предаден, зошто две национални катастрофи истрпевме заради тоа што нашата бугарска власт ја даде и предаде Македонија и сега стигаме до трета национална катастрофа“, дециден е Костадинов чија партија „Преродба“ денеска нема да гласа за резолуцијата за Северна Македонија во бугарското собрание.

Во Народното собрание на Бугарија продолжува дебатата по предлог-одлуката за Северна Македонија и Албанија за преговарачка рамка со ЕУ.

Според локалните медиуми во Софија, во Народното собрание на Бугарија е формирана ситуациона коалиција за прашањето со Северна Македонија, која има 174 гласа.

Комисијата за надворешна политика на бугарскиот парламент синоќа го усвои предлогот од претседателот на Демократска Бугарија, Христо Иванов, во врска со Република Северна Македонија.

Комисијата ги отфрли другите два предлога, поднесени од ГЕРБ-СДС и од ДПС.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Утрово падна снег на Пелистер

Планинарите кои го посетија денеска Пелистер, на социјалните мрежи објавуваат фотографии со снег и бела покривка. Иако и натаму календарски е лето, сепак, ниските температури...

Претседателката Силјановска-Давкова се сретна со Радев во Софија

Шефот на државата Румен Радев ја пречека македонската претседателка, Гордана Силјановска-Давкова во Софија. Двајцата ќе одржат кратка средба. Во областа каде што е средбата...

Докторка од Гевгелија – 7 години работела со фалсификат диплома !!!

Докторке!“. Вака ѝ се обраќале и колегите и болните во ЈЗУ Општа болница Гевгелија, каде таа облечена во белиот мантил, во своите раце...

Откриен идентитетот на жртвите од фаталната несреќа во Гостивар.

Тургај Ризванче и Бекир Хоп се двете жртви во трагичната несреќа што се случи во четвртокот вечерта на автопатот Гостивар – Кичево, пред ресторанот...