13.5 C
Ohrid
четврток, мај 9, 2024
ПочетнаМакедонијаПортпаролката на СДСМ: На децата им е кул што не сме во...

Портпаролката на СДСМ: На децата им е кул што не сме во брак со Горан.

На децата им е кул што не сме во брак со Горан, ама ако се умни ќе се венчаме, искрено со портпаролката Богданка Кузеска

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, пред да влезе во политиката беше новинар. И денес за себе вели дека е новинар, иако работата како портпарол е поголем предизвик.
На прашањето како е да се биде жена во политиката вели: „Потешко од тоа да си маж. Кога мажот е строг и ќе пресече нешто со збор, тој е професионалец. А жените кога ќе викнат, за жал, или се кучки или се хистерични или емотивно не исполнети“.
Не ретко била мета на говор на омраза, невкусни коментари, закани. „Ме боли кога тие коментари ќе ги прочита мајка ми, сопругот, татко ми. Сум добивала и заканувачи пораки во два ноќе, па се научив да се носам со тоа“, искрена е Кузеска.
Онаа другата страна за неа, за која малкумина знаат, е многу интересна. Мајка на два сина, стружанка која по традиција прво учела да плива на Дрим, а стигнала и до Дунав.
„Ние стружани во езерото не се бањаме, прво во Дрим пливаме. Тоа е традиција. Но, да ти кажам, сопругот е од Кладово на граница со Унгарија, па затоа и имав прилика да пливам во Дунав. Побрзо оди водата и поголем е предизвикот“, раскажува Кузеска.
Десет години е во љубов со Горан кој е музичар, со кого се запознале на свирка. Тие се во неформален брак.
Неформален брак е одлука која не си ја кажал со збор, ама се случила. Стигнавме до веридба, а ние секако си се нарекуваме сопруг и сопруга. Имаме две деца и обврски кон нив,“ вели Кузеска за „Репортер“.
Со Богданка зборувавме сешто. Од црвениот кармин кој не може да го стави за на прес, до името за кое низ насмевка вели „едвај го кажував од срам“, за неформалниот брак, и дали родителите ја тераат да се венча, зборуваме и за говорот на омраза, заканувачките пораки, времињата кога беше новинар.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, на прес-конференција вечерва кажа дека резултатите се јасни и им честита на победниците. „Резултатите се јасни и немам намера подетално...

Доктор Арбен Таравари му го врати ефридолот на Артан Груби

На прославата на ВРЕДИ (ВЛЕН) во Тетово, Арбен Таравари се појави со Ефридол пред толпата, и му го врати на Артан Груби. Оваа битка започна...

ДИК: Обработени 56,05% од гласовите – ВМРО-ДПМНЕ 217.533 – СДСМ 73.922

Според првичните објавени резултати на ДИК од обработени 56,05% од гласовите ВМРО-ДПМНЕ има освоено 217.533, а СДСМ 73.922 гласа 1. КОАЛИЦИЈА ЗА ЕВРОПСКА ИДНИНА -...

Претседателот на Ок. ВМРО ДПМНЕ-ДЕБРЦА: Ви благодарам на сите од срце, за силната поддршка!!!

Претседателот на Ок. ВМРО ДПМНЕ-ДЕБРЦА Им се заблагодарува на сите граѓани во општина Дебрца за силната поддршка на ВМРО ДПМНЕ, па со заеднички сили...