0.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаПромоција на делото за Тоде Кабровски во Сиднеј-Австралија.

Промоција на делото за Тоде Кабровски во Сиднеј-Австралија.

spot_img

Македонскиот просветно-училишен одбор за Нов Јужен Велс организира свечена академија посветена на светите браќа Кирил и Методиј, на која беше промовирана и монографијата за истакнатиот активист, автор и просветител Тоде Кабровски

Во Сиднеј, Австралија Македонскиот просветно-училишен одбор за Нов Јужен Велс, организира свечена академија во чест на светите браќа Кирил и Методиј, што се одржа во познатиот духовен храм – во Македонската православна црква МПЦ „Свети Кирил и Методиј“. Собирот беше вистински празник на образованието и просветата, беше празник на македонскиот јазик, на кој присуствуваа учениците од македонските училишта, професори, роднини и активисти од различни генерации. Беа присутни и заинтересирани нашинци за тоа, нивните деца да го учат македонскиот јазик и никогаш да не заборават од каде им е потеклото, од каде им се корените од јужните поли на Европскиот континент.

На масовно посетената свеченост беше промовирана и монографијата за долгогодишниот претседател на Македонскиот просветно-училишен одбор, Тоде Кабровски, кој е професор, автор на книги и учебници, познат активист и докажан хуманист.

Монографијата ја промовираше претседателот на Одборот, професорката Жаклина Михајлова, која со многу пофални зборови и признателност за Кабровски, се обрати пред многубројните присутни, истакнувајќи дека „станува збор за исклучително заслужен деец за афирмацијата на македонската заедница на петтиот континент, кој во книгата е извонредно добро портретиран, така, и како што навистина заслужува“, потенцираше Михајлова.

А во изминатиот повеќе од половина век откако Кабровски преселнички е заминат од родниот крај и е задомен во Сиднеј, тој со многуте иницијативи, дела и резултати, има несомнен придонес што, Македонците се силно респектиран етникум во мултиетничкиот мозаик на Нов Јужен Велс и пошироко во Австралија.

Тој беше дел речиси од сите образовно-културни манифестации и настани, во кои, заедно со разновидните акции, работа и посветеност, даде огромен влог и за тоа, многу од младите генерации да ја запознаат, да ја сакаат и да ја чувствуваат Македонија како татковина на незаборавот.

Македонскиот просветно-училишен одбор во оваа австралиска држава е формиран во 1978 година, кога за претседател бил избран Тоде Кабровски, кој во децениите потоа, се изборил со истомислениците и борци, да се отворат етничките училишта по македонски јазик, во Сиднеј, во Нов Јужен Велс.

Наставата по македонски јазик ја посетувале меѓу 40-45.000 Македончиња во училишниот систем во државното образование, што е речиси единствен ваков убав пример во светот. Исто така, голем е придонесот на Кабровски и на тимот од професори со него и за отворањето на средни саботни училишта, кога над 2.000 момчиња и девојки го полагале македонскиот јазик како матурски испит.

Скромниот и трудољубив нашинец е добитник на повеќе награди и признанија и во двете татковини за неговата долгогодишна, неуморна и посветена работа, и како претседател на Одборот 25 години, а сега и како почесен претседател, но, и за сѐ друго што сработил и придонел.

Меѓутоа посебно место и сентимент за Тоде Кабровски имаат и роднокрајните посети, средби, разговори, седенки и визити во неговото Горно Ореово под Пелистер, во Битола – на Широк сокак, во чаршијата и Хераклеја, во балканскиот Ерусалим – Охрид, во метрополата Скопје, во раскошната Преспа и на секаде ширум нашата библиска, македонска земја.

Фиданка ТАНАСКОВА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...