21.9 C
Ohrid
вторник, јули 15, 2025
ПочетнаМакедонијаРасчистено убиството на 22-годишното момче во Струмица

Расчистено убиството на 22-годишното момче во Струмица

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Утрово во 05.10 часот, во Радовиш, по преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Струмица – Полициска станица Радовиш ги лишиле од слобода М.Ј.(22), Р.А.(33), а претходно, околу 03.00 часот во с.Дедели, од полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово е приведена и Ј.Т.(44), сите од Струмица, соопшти МВР.

<

Вчера околу 19.30 часот, по претходна расправија поради нарушени меѓусемејни односи, на ул.„Бетовенова” во Струмица, М.Ј. со остар предмет му нанел повреди на А.Б.(22) од Струмица, кој подоцна починал во Медицинскиот центар Струмица. Додека, Р.А., исто така, со остар предмет ги нападнал и повредил Б.Ј.(69), З.Б.(45) и О.Б.(20), сите од Струмица, на кои им е укажана лекарска помош во Медицински центар Струмица. Во нападот учествувала и Ј.Т., мајката на М.Ј..

Имено, по пријавување на случајот, полициски службеници излегле на местото и по преземени мерки, сторителите се лишени од слобода, а врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот на М.Ј. и биле подигнати предмети поврзани со кривичното дело.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: Локално.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Командант “БАРУТИ” од домашен, оди во затворски притвор !!!

Кривичниот суд денеска одлучи да му се замени домашниот со затворски притвор на напаѓачот на скопската градоначалничка Арсовска. „Имено, С.Љ. осомничен за кривичното дело Насилство...

За прв пат во Македонија изречена казна затвор за убиство на Куче !!!

Кривичниот суд денеска ги осуди Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски за убиството на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари 2025 година од последици...

Кривична пријава за доктор од Струга.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.С.(42) од Струга, лекар во Општа болница во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело...

На 36 години почина македонскиот гитарист и професор Кристијан Волчев

Загуба за македонската култура и музика Македонската музичка сцена остана без еден од своите најталентирани и најпосветени уметници – Кристијан Волчев. На само 36 години,...