4.4 C
Ohrid
недела, февруари 16, 2025
ПочетнаМакедонијаСловенец украл велосипед во Скопје па го сокрил во грмушка.

Словенец украл велосипед во Скопје па го сокрил во грмушка.

spot_img

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 41-годишен словенечки државјанин кој е осомничен за кривичните дела – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1, како и Кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик.

<

„На 4 јули, пред спортскиот центар „Јане Сандански“, каде учествувал на Европско првенство за хип-хоп како тренер на група деца од Република Словенија, осомничениот забележал велосипед вреден 45.000 денари, кој бил потпрен на ѕидот и незаклучен. Осомничениот го одзел велосипедот и го скрил во грмушка во близина на кејот на Вардар. Откако завршил натпреварот, велосипедот го расклопил на три дела и го ставил во багажниот простор на автобусот со кој групата требало да се врати во Словенија“, се наведува во соопштението на Основното јавно обвинителство.

По пријавување на кражбата, бил легитимиран од полициски службеници кои извршиле претрес на осомничениот, при што во неговиот личен багаж пронашле две стаклени тегли и пластично кутивче со вкупно 13,57 грама марихуана, додаваат од ОЈО.

Бидејќи станува збор за странски државјанин без постојан престој во земјава, јавниот обвинител оцени дека постои очигледна опасност за бегство, како и можност тој да го повтори делото, па до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Македонија ќе се одржи натпревар во јадење ќебапи – Наградата е 500 евра!

Натпреварот е можност за учесниците да ги покажат своите вештини и да се борат за главната награда, која изнесува 500 евра. Доколку уживате во вкусот...

Жена од Гостивар физички нападнала полицаец во кафана.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.Г.(26) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење...

Заев за Груевски: Колку треба човек да е забеган во умот да поверува дека градам кула во ДУБАИ.

Откако поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук од Будимпешта изнесе тврдење дека експремиерот Зоран Заев „започнува изградба на кула од 82 ката во Дубаи“,...

Објава на Груевски: Заев гради кула од 82 ката во Дубаи вредна над 600 милиони евра

Поранешниот премиер Никола Груевски во објава на Фејсбук тврди дека Зоран Заев инвестира во изградба на кула со 82 ката во Дубаи, вредна над...