16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаСе венчале брат и сестра од Велес, разделени при посвојување

Се венчале брат и сестра од Велес, разделени при посвојување

Околу 90.000 лица од целата земја, родени во изминатите децении, а кои растеле во дом за деца без родителска грижа, или пак биле дадени на посвојување во Македонија, но и во земји во регионот, талкаат во законските лавиринти, во обид да си го дознаат биолошкото потекло.

Ќе барам да се дополни и да се измени членот 123 а од Законот за семејство и со тоа лицата без родители и родителска грижа што се посвоени, да имаат пристап до сите документи, односно да можат да го отворат своето досие и да видат кои се нивните биолошки родители – изјави Илија Јовановиќ, претседател на Здружението „Градиме иднина“, додавајќи дека на тој начин ќе се спречи и незаконското стапување во брак. Тој вели дека ова право го имаат посвоените деца во членот 7 од Конвенцијата за човекови права, дека Македонија го прекршува ова право и дека е единствената земја во Европа што им го ускратува правото на децата да знаат кои се нивните биолошки родители. „Градиме иднина“ ќе собира потписи за петиција од сите посвоени лица, како и од поранешни штитеници во домовите од цела Македонија и ќе го бара ова право во Судот во Стразбур

Брат и сестра од Велес што биле разделени при посвојувањето кај различни семејства, без да знаат за својата роднинска врскам се венчале во Синдеј. Овој пример не е единствен. Сакајќи да се спречи тоа, но и да им се овозможи на посвоените лица да знаат кои им се биолошките родители, што законски сега им е оневозможено, Здружението „Градиме иднина“ започнува нов проект – „И ти имаш право да ги запознаеш биолошките родители во твојата 18 година, сè додека си во детски дом, групен дом, згрижувачко семејство“ .

– Ќе барам да се дополни и да се измени членот 123 а од Законот за семејство и со тоа лицата без родители и родителска грижа што се посвоени, да имаат пристап до сите документи, односно да можат да го отворат своето досие и да видат кои се нивните биолошки родители – изјави Илија Јовановиќ, претседател на Здружението „Градиме иднина“, додавајќи дека на тој начин ќе се спречи и незаконското стапување во брак.

Инаку според членот 23 а од Законот за семејство, податоците од заснованото посвојување се законска тајна.

– Македонија е единствената земја во Европа што им го ускратува правото на децата да знаат кои се нивните биолошки родители – нагласува Јовановиќ.

Тој вели дека ова право го имаат посвоените лица во членот 7 од Конвенцијата за човекови права.

– Македонија го прекршува ова право од Конвенцијата, дадено во членот 7. „Градиме иднина“ ќе собира потписи за петиција од сите посвоени, како и од поранешни штитеници во домовите од цела Македонија и ќе го бараме ова право во Судот во Стразбур – најави Јовановиќ, кој и самиот живеел во Домот за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври“.

Целта, вели Јовановиќ, е да се поттикнат лицата што се посвоени и чекаат на листите за посвојување, да не се делат при посвојувањето од своите браќа или сестри.

– Откако ќе формирам група со лица што си ги бараат биолошките родители, ќе бараме работна средба во Министерството за труд и социјална работа и во Државниот архив – информира Јовановиќ.

Тој бил поттикнат на ова од многу јавувања на посвоени лица до него, кои сакале да дознаат кои се нивните биолошки родители.

Инаку, членот 20 од Законот за семејство децидно вели дека не можат да склучат брак меѓу себе крвни роднини во права линија (дедо, баба, мајка, татко и внуци), како ни родени браќа и сестри, брат и сестра по татко, односно по мајка, стрико и дете од брат, вујко и дете од сестра, тетка и дете од брат, тетка и дете од сестра, ниту први братучеди. Не можат да склучат брак и лица чие сродство од претходниот став е засновано со посвојување. Додека во членот 21 стои дека не можат да склучат брак меѓу себе свекор и снаа, зет и тешта, очув и паштерка, маќеа и пасинок, без оглед на тоа дали бракот, поради чие склучување тие дошле во такво сродство, престанал. Од оправдани причини, надлежниот суд може, во вонпроцесна постапка, да дозволи роднините од став 1 на овој член да склучат брак меѓу себе.

Воедно, Јовановиќ ќе бара во изводот на родените на посвоените лица да стои и графата на нивните биолошки родители.

Тој апелира до Министерството за труд и социјална политика да не се брише вистинското име на посвоените лица, кое им го дале биолошките родители.

– Тоа ги револтира и иритира посвоените лица – тврди Јовановиќ.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...