Дипломирала на два факултети, учи трет и се занимава со сточарство

„Сакам да покажам дека сточарството не е само за мажи. По поддршката што ја добив јас, уште 10 жени во селото добија грант-поддршка. Ова за нив стана охрабрување и надеж…“, вели Дерја Ташар која живее во турското село Камишли.

Дерја Ташар (27), која дипломира на два факултета во Јуксекова, Туркије, и го продолжува своето образование на трет факултет, им даде пример на другите жени со својот успех во сточарството што го започна со грант-поддршка.

Ташар, која живее во селото Камишли, почнала да работи како социолог во Здружението на жени во Јуксекова откако дипломирала социологија на Универзитетот „Бингол“ и социјални услуги на Универзитетот „Анадолија“ во 2017 година.

Учествувајќи во проектите за општествена одговорност за жени и деца заедно со членовите на Здружението, младата претприемачка одлучува да се занимава со сточарство со цел да произведува и да ги поттикне жените на претприемништво.

Ташар, која пред две години аплицираше за „Проектот за развој на сточарството“ на општината, доби поддршка за 20 овци и на тој начин почна да се занимава со сточарство, што стана извор на егзистенција за нејзиното семејство.

Во исто време, Ташар минатата година за да го продолжи своето образование се запиша на Одделот за развој на деца при Универзитетот „Истанбул“, кој обезбедува образование на далечина.

Ташар минатата година за да го продолжи своето образование се запиша на Одделот за развој на деца при Универзитетот „Истанбул“ AA
Таа исто така го зголеми бројот на животни за кои се грижи на 45.

Ташар со својата решителност и претприемачки дух стана пример за другите жени кои сакаат да започнат или развијат бизнис. По Ташар уште 10 жени во селото почнаа да го користат проектот и да се занимаваат со сточарство.

Ташар, која ги молзе и стриже животните кои пасат на висорамнината Џевизли во регионот Даглиџа, ги подготвува испитите откако ќе се врати дома од висорамнината.

„Стана надеж за жените“

Ташар изјави дека започнала со сточарството откако учествувала во активности во рамките на Здружението и женската задруга за развој на земјоделството „Деметер“.

Ташар, која ги молзе и стриже животните кои пасат на висорамнината Џевизли во регионот Даглиџа, ги подготвува испитите откако ќе се врати дома од висорамнината. Others
Посочувајќи дека бројот на овци го зголемила од 20 на 45, Ташар рече:

„Целиот ден ми е исполнет. Работам и во кооперативна задруга и се грижам за животните. Сакав да покажам дека сточарството не е само за мажи. По поддршката што ја добив јас, уште 10 жени во селото добија грант-поддршка. Ова за нив стана охрабрување и надеж. Доаѓаме на висорамнината Џевизли за да ги молземе овците и да им ја стрижеме волната. Им помагаме на мажите колку што можеме.“

Нагласувајќи дека сирењето, путерот и јогуртот што го прават од млекото што го произведуваат го продаваат во рамките на задругата, Ташар рече: „Татко ми не знаеше дека се пријавив за проектот. Ми рече дека ќе ја продаде својата кола и ќе купи овци. Потоа јас му кажав за проектот и го замолив да почека. Вечерта беа познати имињата на добитниците на грантот. И јас бев меѓу нив. Татко ми се израдува, не го продаде својот автомобил.“

Нергиз Ташар, тетка на Дерја Ташар, која има 4 деца, рече: „Одлучив да се вклучам во овој бизнис откако Дерја доби поддршка. Зедов 20 животни. Покрај мене уште 10 луѓе имаа корист од оваа поддршка. Доаѓаме на висорамнината и ги молземе нашите животни. Од млекото правиме сирење и путер. Млекото што ќе остане го продаваме. Би сакала и другите жени да се занимаваат со ваква работа. Ние придонесуваме во производството. Мене не ми е тешко бидејќи сакам да се занимавам со оваа работа.“ Текстот е преземен од https://macedonian.trtbalkan.com/perspective/diplomirala-na-dva-fakulteti-uchi-tret-i-se-zanimava-so-stocharstvo-9594717

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here