22.9 C
Ohrid
недела, септември 14, 2025
ПочетнаМакедонијаОхридОхрид се приклучи на хуманитарно-еколошката акција „Секое капаче е вредно“

Охрид се приклучи на хуманитарно-еколошката акција „Секое капаче е вредно“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Платформата „Активирај Се Навреме“ со поддршка на Општина Охрид започна со реализација на хуманитарно-еколошкиот проект „Секое капаче е вредно“, преку кој се поставени две специјални конструкции за собирање пластични капачиња во Охрид.

<

Конструкциите се поставени на плоштадот кај музичкото училиште и на градскиот плоштад во Охрид, на почетокот на чаршијата. Главна цел на проектот е поттикнување на граѓаните да собираат што е можно повеќе пластични капачиња. Собраните капачиња ќе бидат преземени за рециклирање преку што директно ќе се помогне во делот на зачувување на животната средина.

Проектот има хуманитарен карактер, а средствата кои ќе бидат собрани од откупот на рециклираните капачиња во Охрид ќе се донираат за опремување на новиот Дневниот центар за децата со церебрална парализа, чие отварање е поддржано од Општина Охрид.

Како дел од проектот, специјални конструкции за собирање на капачиња се поставени и во Скопје, Тетово и Битола

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Херојството на Стојанче Ангелов

Може да мислите што сакате за Стојанче Ангелов, но, ова се неколку факти кои никој не може да ги оспори, напиша Златев на неговиот...

Министерство за здравство: Ќе се поделат 2.000 заштитни маски на жителите во Трубарево

Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје, обезбеди 2.000 заштитни маски N95 кои вечерва ќе бидат дистрибуирани до жителите на скопското...

Перчо Божиноски носител на листата на ВМРО ДПМНЕ за Советот на Општина Охрид

Перчо Божиноски ( актуелен Претседател на Советот на Општина Охрид ) ќе ја предводи листата за Совет на ВМРО ДПМНЕ на Локалните избори годинава...

Мојсоска кандидат на Левица за градоначалник на Струга

Во општините Тетово, Гостивар и Струга, Левица е единствената парламентарна партија од македонскиот политички блок која излегува со сопствени кандидати за градоначалници, наведува Левица...