4 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаСитуацијата во Бугарското во Куратица од блогот на" ЈАС СУМ МАКЕДОНСКИ МАКЕДОНЕЦ...

Ситуацијата во Бугарското во Куратица од блогот на” ЈАС СУМ МАКЕДОНСКИ МАКЕДОНЕЦ ( Боб Солунец)”

spot_img

ЈАС СУМ МАКЕДОНСКИ МАКЕДОНЕЦ
Моето родно место с. Кураица, Охрид-Р. Македонија

Ситуацијата во Бугарското во Куратица од блогот на” ЈАС СУМ МАКЕДОНСКИ МАКЕДОНЕЦ ( Боб Солунец)”

………..Во моите 6 години почна втората светска војна. Тука се моите други шест години од мојот живот од 1940-1945 година со промена на 3 окупатори-бугарски германски и италијански. Моето село Кураица остана под бугарска и германска окупација, додека италијаните беа сместени кај Крстец кај бугарската караулата.

Се сеќавам одеднаш надојдоа бугарски војници. На сред село имаше кула уште од турското време градена за кметот и таа беше на наше место, на Лазар Стефановски, татко на мојот татко Миле. Од скалата на нашата куќа и ќошот од кулата имаше два метри растојание. Во кулата беа сместени војницита на горниот спрат и нивните коњи на приземје. Бугарите си донесоа и кучиња за да не можат да се движат цивилите покрај кучињата. Јас воопшто не се уплашив од кучињата. Имаше една кучка се викаше Струга. Беше шаренкаста, средна големина и врзана близу до влезот на нашите скали со синџир долг два метра. Јас ја запознав многу добро, а после и со целата фамилија се спријатели. По неколку месеци Струга се окучи. Тогаш навистина никој не можеше да се доближи крај неа, освен бугарските војници и јас. После полноќ кучињата беа пуштени до зора. Имаа и едно големо куче кое се викаше Охрид. Преку ден со него патролираа војниците, а ноќе заедно со Струга беа пуштени. Се сеќавам многу добро кога дома жените подвикнуваа по мајка ми за да ме пробуди да ги префрлам преку сред село за да одат да ги вадат нивните бавчи. Блискоста со бугарите почна одма (со коњушарите, куварот и ветвелот). Еден ден на излегувањето од дома ги загледав два коњушари пред вратата на ќералот од коњите. Јас бев тргнал према куварот кој се наоѓаше на другата страна од кулата. Јас не кај куварот, туку појдов кај овие бугарски коњушари. ЗДРАВО-им реков, а одговорот беше: ЗДРАВО и од нивна страна и едниот ме крена в раце и ме однесе право пред неговото лице. Гледајки ме право во очи ми рече: ако ми кажеш што си србинче или бугарче ке добиеш едно сандуче мармалад. Јас си замисли ако му речам лошо може да не ми даде мармалад. Кога му ја кажав вистината србите ме правеа србинче, а бугарите сега бугарче, но бугарите кога ќе си одат јас ќе си останам пак македонче. Јас го погледнав другиот војник со насмевнато лице и одма му се обратив на овој што уште ме држеше во раце и му реков: ете ти кажав што сум, ајде дај ми го мармаладот сега. Тој нешто како да окмисвеше, но и другиот војник беше на моја страна. Дај му го сандачето со мармалад-рече тој и така сите тројца се упативме кај куварот. Војникот побара едно сандуче со мармалад на куварот и ми го даде. Така јас си го зедов и тргнав накај дома. Куварот ми рече: немој да заборавиш да го донесеш котлето за вечера, има добра вечера. Јас реков добро и си заминав дома. Можам да кажам дека за тие години што беа бугарите, куварот ми даваше по едно котле јадење и еден сомун леб за пешта.

По бугарскиот школски систем првачињата почнуваа од шест годишна возраст. За мене тоа одговараше секако за да ја почнам школската година. Прво одделение бев кај учителот Мицко. Го слушав со големо внимание и се запаметував до збор. За преиспитувањето знаев се што рекол учителот Мицко. Единствена мана ми беше кога учителот ќе испитуваше и некој ако не знаеше јас му поткажував со тивок глас, но учителот ме откри. Немој да поткажуваш Богданче-ми рече тој. Но никогаш не ме тепаше, многу ме сакаше. Заврши учебната година. Јас завршив со шестка што беше одличен. За бугарите одличен беше шест за оценка. Јас бев избран за прва награда, која беше 100 лева и три бугарски книги, што се делеше во школскиот двор пред родителите. Една недела пред да се случи целата претстава пред родителите јас бев повикан кај директорот Петко, односно тој беше раководител на школото. Во канцеларијата ме дочека многу љубезно и ми рече: Како најдобар ученик ти избрав најубава стихотворба што во недела ќе ја рецитираш пред сите родители. Сега јас ќе ти објаснам како ќе ја рецитираш. Почна учителот да чита: АС САМ БЛГАРЧЕ (и се удри по гради) АС ОБИЧАМ НАШАТА БЛГАРИЈА (пак се удри по гради). Застана и ми рече: сега ти пробај. Јас одма демонстративно реков: НЕ, јас можам да кажам дека АС САМ МАКЕДОНЧЕ и целиот се возбудив. Учителот Петко не чекаше ништо само ми удри една убава шлаканица со зборовите: мрсник еден, никаква награда за тебе нема, надвор од канцеларијата. Кога излегов надвор од канцеларијата осетив големо олеснување што се спасив од таа тешкотија што сакаше да ми ја натовари учителот Петко да викам АС САМ БЛГАРЧЕ.

Одејки кон дома си мислев како ќе реагираат кога ке му кажам на татета дека 100 лева, кои беа за него, нема да ги добие. Вечерта дојде татко ми од на работа. Го гушнав и се расплакав,,,,,No description available.

Селото Кураица се наоѓа на 18км одалеченост од Охрид. Тоа е сместено во една клисура измеѓу два рида, едниот се нарекува Мала Планина, а другиот Речиште на надморска височина од 1400м. Јужниот дел се нарекува Полце, а северниот дел Крстец-Пропас.

На 25 јули 1935 година во фамилија Љушко Миле-татко и Сребрена-мајка се роди четврто по ред машко дете кое го крстија Богдан. Пред Богдан беа родени две женски и едно машко дете, женските по име Цвета и Петра и машкото Митре. Петра умре во свои 13 години од неизлечлива болест (офтика). По раѓањето на Богдан се родија Танаско, Слободка, Љубе, Никола и Ѓурга близнаци, Митра, и Ѓоргивка Сугаре.

Во времето на раѓањето на Богдан овој дел од Македонија се наоѓаше под окупација на Србија, што и припадна од поделбата на Македонија од 1912-1913 година на 4 дела Србија, Албанија, Грција и Бугарија.

За време од 1935 година до 1940 година моето сеќавање е мало, се сеќавам само на неколку случаи:

1). тропањето на кондурите на српските џандари на сред село. Јас пробав да се качам на пенџерето за да ги видам какви се српските џандари, а баба Депа ме здогледа и одма ми свика: немој ќе те видат и можат да дојдат овде и да бараат јадење. Јас се спуштив и не успеав да ги видам какви се.

2). Го изедов сиот шеќер и ќотек до умирање. Сите утрото заминаа на работа беше лето и топло, јас останав со помалиот од мене брат Танаско. Татко ми беше задоцнил, затоа што тој го беше купил шеќерот, и си свари кафе. Шеќерот беше коцкаст, татко ми не ми понуди ништо. Јас со големо трпение го пратев каде ќе го стави шеќерот и кога ке излезе од дома за да оди на нива кај другите. Татко ми замина. Јас зедов еден стол го ставив близу до долапот, отворив и си ја зедов железната кутија, која беше полна со шеќер, околу еден килограм. Си зедов колку што можев да го наполнам единствениот џеп кој што го имав на мојата конопна кошула. Го зедов брат ми Танаско со мене надвор, отидовме кај Димовци и почнав да јадам шеќерчиња заедно со брат ми и едно по едно џебот се испразни. Јас отидов сам пак по шеќер и така џеп по џеп железната каска се испразни. После тоа почна по малку трема да ме фаќа. Времето си врвеше брзо. Сонцето зајде. Мене страв ме фати да си одам дома. Малку се подзамрачи повеќе. Баба Депа, мајка Сребрена и поголемите деца Цвета, Митре и Петра беа дома. Тогаш јас го испратив Танаско до пред дворот. Не слушнав ништо за него, но јас на Танаско му реков ќе се вратам уште малку да поиграм со децата. Почна играта за криш-миш но мене во мислите ми беше шеќерот. Навистина криш-миш ми беше најубавата игра во вечерните времиња. Сите се сокрија јас се откажав од играта затоа што го загледав братчето Танаско како одозгора доаѓа по темницата и одма помислив дека сигурно го имаат пратено за да ме викне. Се доближи. Се поздравивме и ми рече: ајде мајка ми рече одма да дојдеш дома, а тате Миле рече дека бил многу лут. Ајде, јас пак му велам да си оди дома, јас ќе дојдам. Играта заврши. Сите си отидоа дома, јас се приближив до дворот почнав да се вардам за да не ме види некој од чардакот, бидејќи лете сите спиевме во една постела на чардак. Јас наслушнав дека има кај нас кавга и дискусија. Кога слушнав колку е тате разбеснет, како бесно куче се шета по чардакот и вика: што се крие мајчицата му негова, ќе го отепам. Кутра мајка ја слушав како му вели: смири се Миле, доцна е, комшиите ќе ги собериш, а тој и рече: ќути ти за да не ти дадам една преку светила, ќе ти кажам. Сите други лежеа и молчеа плашејќи се да речат нешто за да не добијат и тие. Кога видов дека мајка ми е во тешка ситуација ми дојде жал за неа. Јас вратата полека ја отворив и влегов внатре. За еден момент настана тишина. Татко ми тргна накај мене и веднаш ме зграби. Ме крена во висина пред неговото лице и рече: мамицата твоја и ме запотегали на постелата. Среќа сите беа на една страна простум, а мајка ми во близината кај татко ми. Аман Миле ќе го отепаш детето, а тој кога ја удри преку светила таа падна наназад преку врата кај катарата. Сестра ми Цвета која беше кај огништето кај ковчегот, во кој беа сите јадења прискокна и ја задржа мајка ми за да не падне накај катарата. А за тоа време тато молњевито ме зграби мене поново и ме фрли пак на постелата. Златна кутра мајка повторно му скокна одпозади и тогаш сите се вмешаа и почнаа да плачат, а јас бев сигурен дека ако ме фати уште еднаш, ќе ме удри од земја и нема да издржам. Почнав да гледам како низ мрежа. Градите ми играа со силна брзина. Бев на излегвење од душа. После тоа настана тишина на Милета. Цела ноќ мајка ми гушнат ме тешееше и ми велеше: моето дете, ќе ти помине, не плачи. И така се до зората.

3). Во тие години ми се случи уште еден случај кој не можам да го заборавам. Јас, братучед ми Никола и брат ми Танаско излегуваме од дома. На самата скала на мене и на Никола ни текна да вршиме такмичење кој повеке ќе моча во далечина. Брат ми Танаско не беше се покажал на излезната врата, која беше на самите скали, надворешната ѕидана скала со покрив околу неа која беше висока два метра и имаше едно дрво преку целата должина околу три метри долга и исто толку долга на самиот ѕид кој беше широк еден метар кои беа како заштита за да не паднеме во капаицата. Танаско видел дека такмичењето измеѓу мене и братучед ми почна и ќе заврши. Тогаш јас видов како Танаско е фатен со рацете за горното дрво и почна да се ниша према капаицата и му викав: Немој, немој. Видов како врвовите на нозете му закачија на долното дрво и слушнав писок. Јас кај него се најдов за секунда. Скокнав преку скалите веднаш кај него и што ќе видам главата расцепена на три дела и крв добликна. Веднаш ја стегнав со двете рачиња колку што можев посилно и не дозволив ни капка крв да му протече. Викнав по Коле и му реков: оди викни ја баба да дојде веднаш, оди со трчање оти не ќе можам долго време да стегам. Стегав и осеќав како рацете залепени за главата на брат ми попуштаат. Да видам дали крв ќе тече попуштив малку ама одма стегнав затоа што крвта почна одма да излегува. Од братчето ништо не слушнав. Ниту јас не мислев нешто да правам. Само стегав со рачињата на главата од брат ми колку што можам посилно. Не поминаа 5-6 минути и Баба Менка (мајка на мојата мајка Сребрена) стигна. Баба дојде и јас и велам: бабо држи зашто мене рацете ме заболеа од стегање. Во пуштањето кога виде таа дека ќе тече крв и таа ја зграби главата и рече на Коле да оди веднаш кај Виданица за да му даде една корка сланина. Така и беше. Виданица му дала сланина на Колета и тој стигна пред Виданица, која беше подведена и така одеше уште од младоста (ја свиткале со горење на жили). Јас поново ја зедов помалу крвавата глава за да баба може да пресече тенка кора од сланината за да ja покрие целата површина од пукнатата глава на Танаско. Братот дишит, но ништо друго, ни плачит, ни јачит, ниту зборува. Се е тишина. Јас немав помислено дека може да умре. После тоа баба Најденица си ги зема сите обврски да го чува и да ги чекаме да си дојдат сите вечерта од работа. За доктор никој не зборуваше. Јас не ни знаев дали има доктор. Сами се лечеа па ако преживееш добро, ако не така било речено. Дојде мајка, а после и тате. Мене ништо не ми рече, ни зошто не сум го чувал, буквално ништо. Во селото имаше еден човек Ефтим Јосифовски, кој бил болничар во војска. Тате го викна дома за да види што ќе биде со детето. Дојде Ефтим кој беше многу симпатичен и добар човек и со никого не се имаше скарано, а на секого сакаше да му помогне. Ја извади сланината со се тулбен баба што го имаше врзано на главата, погледна и рече: ќе има детево болови, но не е многу лошо. Имам јас некоја маст, добра е за рани. Имаше и завој. Го очисти местото му стави маст и го преврза убаво и професионално и рече: сега нека спие. Танаско и ништо не знаеше. Уште беше во сон-шок цела ноќ. Другиот ден се јави со плачења и лелекања, скоро цел месец така беше. Преврзувањата првата недела се вршеа секоја вечер, а боловите Танаско ги искажуваше со недозволување на болничарот Ефтим да влезе дома. Седеше на врата за да не може да ја отвори вратата. Ќе го осетеше уште пред да влезе во дворот. Танаско одеше пред врата, седнуваше и ние знаевме дека Ефтим доаѓа. Ова беа најдраматичните пет години од мојот живот. Во моите 6 години почна втората светска војна. Тука се моите други шест години од мојот живот од 1940-1945 година со промена на 3 окупатори-бугарски германски и италијански. Моето село Кураица остана под бугарска и германска окупација, додека италијаните беа сместени кај Крстец кај бугарската караулата.

Се сеќавам одеднаш надојдоа бугарски војници. На сред село имаше кула уште од турското време градена за кметот и таа беше на наше место, на Лазар Стефановски, татко на мојот татко Миле. Од скалата на нашата куќа и ќошот од кулата имаше два метри растојание. Во кулата беа сместени војницита на горниот спрат и нивните коњи на приземје. Бугарите си донесоа и кучиња за да не можат да се движат цивилите покрај кучињата. Јас воопшто не се уплашив од кучињата. Имаше една кучка се викаше Струга. Беше шаренкаста, средна големина и врзана близу до влезот на нашите скали со синџир долг два метра. Јас ја запознав многу добро, а после и со целата фамилија се спријатели. По неколку месеци Струга се окучи. Тогаш навистина никој не можеше да се доближи крај неа, освен бугарските војници и јас. После полноќ кучињата беа пуштени до зора. Имаа и едно големо куче кое се викаше Охрид. Преку ден со него патролираа војниците, а ноќе заедно со Струга беа пуштени. Се сеќавам многу добро кога дома жените подвикнуваа по мајка ми за да ме пробуди да ги префрлам преку сред село за да одат да ги вадат нивните бавчи. Блискоста со бугарите почна одма (со коњушарите, куварот и ветвелот). Еден ден на излегувањето од дома ги загледав два коњушари пред вратата на ќералот од коњите. Јас бев тргнал према куварот кој се наоѓаше на другата страна од кулата. Јас не кај куварот, туку појдов кај овие бугарски коњушари. ЗДРАВО-им реков, а одговорот беше: ЗДРАВО и од нивна страна и едниот ме крена в раце и ме однесе право пред неговото лице. Гледајки ме право во очи ми рече: ако ми кажеш што си србинче или бугарче ке добиеш едно сандуче мармалад. Јас си замисли ако му речам лошо може да не ми даде мармалад. Кога му ја кажав вистината србите ме правеа србинче, а бугарите сега бугарче, но бугарите кога ќе си одат јас ќе си останам пак македонче. Јас го погледнав другиот војник со насмевнато лице и одма му се обратив на овој што уште ме држеше во раце и му реков: ете ти кажав што сум, ајде дај ми го мармаладот сега. Тој нешто како да окмисвеше, но и другиот војник беше на моја страна. Дај му го сандачето со мармалад-рече тој и така сите тројца се упативме кај куварот. Војникот побара едно сандуче со мармалад на куварот и ми го даде. Така јас си го зедов и тргнав накај дома. Куварот ми рече: немој да заборавиш да го донесеш котлето за вечера, има добра вечера. Јас реков добро и си заминав дома. Можам да кажам дека за тие години што беа бугарите, куварот ми даваше по едно котле јадење и еден сомун леб за пешта.

По бугарскиот школски систем првачињата почнуваа од шест годишна возраст. За мене тоа одговараше секако за да ја почнам школската година. Прво одделение бев кај учителот Мицко. Го слушав со големо внимание и се запаметував до збор. За преиспитувањето знаев се што рекол учителот Мицко. Единствена мана ми беше кога учителот ќе испитуваше и некој ако не знаеше јас му поткажував со тивок глас, но учителот ме откри. Немој да поткажуваш Богданче-ми рече тој. Но никогаш не ме тепаше, многу ме сакаше. Заврши учебната година. Јас завршив со шестка што беше одличен. За бугарите одличен беше шест за оценка. Јас бев избран за прва награда, која беше 100 лева и три бугарски книги, што се делеше во школскиот двор пред родителите. Една недела пред да се случи целата претстава пред родителите јас бев повикан кај директорот Петко, односно тој беше раководител на школото. Во канцеларијата ме дочека многу љубезно и ми рече: Како најдобар ученик ти избрав најубава стихотворба што во недела ќе ја рецитираш пред сите родители. Сега јас ќе ти објаснам како ќе ја рецитираш. Почна учителот да чита: АС САМ БЛГАРЧЕ (и се удри по гради) АС ОБИЧАМ НАШАТА БЛГАРИЈА (пак се удри по гради). Застана и ми рече: сега ти пробај. Јас одма демонстративно реков: НЕ, јас можам да кажам дека АС САМ МАКЕДОНЧЕ и целиот се возбудив. Учителот Петко не чекаше ништо само ми удри една убава шлаканица со зборовите: мрсник еден, никаква награда за тебе нема, надвор од канцеларијата. Кога излегов надвор од канцеларијата осетив големо олеснување што се спасив од таа тешкотија што сакаше да ми ја натовари учителот Петко да викам АС САМ БЛГАРЧЕ.

Одејки кон дома си мислев како ќе реагираат кога ке му кажам на татета дека 100 лева, кои беа за него, нема да ги добие. Вечерта дојде татко ми од на работа. Го гушнав и се расплакав и почнав да му раскажувам дека нема да добие 100 лева, а тој ме праша зошто?-Одбив да рецитирам стихотворба “ас сам блгарче” -му реков. Татко ми со гордост ми рече: какви 100 лева, да му ја ебам мајчицата бугарска, цел живот срам ќе си носевме. Јас се насмеав и му се фрлив на татко ми да го гушкам и милувам. Дојде неделата. Се собраа родителите за да ги видат своите деца какви успеси постигнале. Учителот Петко не застана со барање кандидат за првата награда да се спроведе идејата АС САМ БЛГАРЧЕ со чукање во градите. Го избра Мијајлета Колчаревски. Кутриот Мијалче и ден денес му подвикнуваат ас сам блгарче. Тој доби само 50 лева. Јас во тоа време на церемонијата се наоѓав на една страна од позадината, така што ме загледа ветвелот и ме запраша зашто не сум јас за прва награда. Јас му одоговорив смуртено со мимика- НЕЗНАМ. Тој ја пикна раката во џеб извади 50 лева и ми ги фрли. Двајцата се насмеавме. Јас незнам дали од тие 100 лева се тие 50 лева што ги добивме и јас и Мијалче.

Во седмата година во второ одделение учител ми беше Петко. Седев на крајот во средината во училницата. Учењето ми беше одлично и немав никаков проблем со никого, освен со учителот Петко кој штом ќе влезеше во училница ќе го оставеше дневникот на катедрата и ќе дојдеше кај мене во средниот ред, ќе ме фатеше за едниот образ (навистина на изглед бев полн на лице) и ќе ме шлакнеше и се враќаше назад за да почне со наставата. Така тоа го правеше секој ден со месеци ко бајаги ме милува, а мене ме болеше. Еден ден решив дека нешто треба да превземам. Влезе учителот. Го остави дневникот и пак тргна накај мене и повторно шлаканицата. Ова за никого не беше интересно затоа што секое утро се случуваше истиот поздрав меѓу мене и него. После тоа јас станав и му реков со плачење: несакам јас вакво поздравување и си седнав. Сите ученици се загледаа во мене, а и учителот. Тогаш ми рече: јас се шалам со тебе затоа што те сакам. Јас си ги избришав солзите од очите што го воденеа моето полно лице. Тогаш Петко рече: дојди ваму и ти врати ми. Сите гледаа што ќе сторам јас. Јас си мислам дека учителите бугарски многу тепаат, па затоа помислив што да направам. Станав и отидов кај него. Тој се поднасмевна како џентлмен, а јас со сета сила му удрив една шлаканица. Тој се налути многу и оттогаш со него не памтам да имав некаква работа. Таа година односно после второто оделение завршив со бугарското школството.

Доаѓањето на германците во Кураица

Дојдоа германците, ги зазедоа училниците и со тоа заврши учењето во Кураица. Поново почна да работи во втората светска војна 1946 година.

Кога дојдоа германците јас имав 7 години. Тој ден јас бев на кошари, нивје. Сите одевме на кошаре. Тоа беше нашето работно место. Тој ден јас си дојдов порано од зајдисонце. Кoга стигнав на урија, (тоа е горно маалска раскрсница) на 150 метра од сред селото гледам насобрани луге на патот како гледаат нагоре на брегот кај што имаше една мала равнина како дупка каде што некои правеле плиќе. Тоа беше здрава црвеница. За германските војници готова. Одма ја зедоа за употреба на една машина која што правеше многу голема галама, но никој не знаеше за што служи. Сите заминаа и отидоа од германците, а јас и две три други деца останавме уште и чекавме. Останаа двајца германци и почнаа да го палат моторот на машината. Таа збрчи. Ние се повративме наназад, а другите одстрана почнаа да се чудат што е ова. Се стемни и си отидовме сите дома. Јас бев возбуден што видов комплетно нови луѓе, поинакво зборуваат и од македонците и од бугарите, русокоси и си мислев како да се доближам до нив како што бев со бугарите. Бугарите сега не ми се ич интересни. Ги знам кој се и знаев дека ќе си одат како и србите што си заминаа. Но за гермаците ништо не се зборуваше. Станав другиот ден и одма отидов во школскиот двор. Кога ќе влезам во влезната врата од школскиот двор, одлевата страна имаше ѕидче и уште стои високо околу еден метар, а потака една маса и две клупи по една од двете страни. Во школскиот двор беше само куварот, кој готвеше и беше зафатен. Јас не сакав одма да се доближам до него за да не направам некоја грешка уште неспријателени. Кога ме здогледа тој ме поздрави со зборовите ГОД МОРГЕН и се насмевна. Ми рече дека кога ќе биде готово ќе јадеме есен, со прстите, со мимика ми покажа во уста ќе ставиме од јадењето што се готви и ќе јадеме и се сврти кон работата. Јас го разбрав дека треба да се чека и дека нема време да разговараме и да играме сега, а после заедно ќе јадеме. Јас знаев дека ручек кај бугарите почнува во 12 саат и си мислев дека и кај германците е исто. Мене не ми се јадеше затоа што пред да излезам од дома изедов една попајка со маст намачкана. Јас се засолнив близу до ѕидот кај што беше масата и седнав блиску до масата и до ѕидот кај влезната врата. Имаше песок околу масата и јас почнав да се забавувам со собирање на песок и правење на купчиња. Не поминаа десет минути, јас уште немав направено ниту едно купче, кога од школото се појави главниот германски командир, офицер. Беше со пантолони без кошула и со прекрсници што му ги држеа пантолоните. Надвор беше сончево. Тој се поздрави со збор со куварот и седна на клупата од спротивната страна од мене, на другиот ќош. Така јас и тој не бевме многу блиску. На должина на целата маса јас можев да го погледнувам со скришен поглед, а тој штом седна почна да чита. Читаше нешто како книга. Одеднаш му рече нешто на куварот што јас ништо не разбрав, но се спремав на мал потез за да скокнам кај ѕидчето. Сега правам и неправам купче, а истовремено почнав да си ги бришам рацете од конопната кошула што ја носев на мене. Дури се спремав со мислите за спасување, еве го позади мене куварот му носи паинца (чинија) со петулучиња и ја остави на масата пред германскиот офицер, а тој му се заблагодари. Офицерот беше интелегентен и учтив човек само што не се смееше. Зеде едно петуличе и ми ја пушти раката со петуличето кон мене. КОМ, КОМ (земи, земи). Јас бев многу претпазлив за својот живот и мислев дека германците тепаат, па затоа и ми помина една мисла дека германците ќе ме отрујат. Да каснеше тој прв, па да земеше друго може ќе мислев поинаку. Јас реков-НЕ НЕ. Друг бугарски војник одеше од кај ветвевелот и со мене се знаеше. Ме поздрави, а германецот како што ја имаше раката спуштено накај мене ја сврти кон бугаринот кој се доближуваше до излезната врата на дворот. Бугаринот ја зеде и одма ја лапна и замина. Во себе си реков: Прост. Зошто да ме трујат. Станав и му реков здраво, а куварот пак со мимика ми рече да се вратам. Отидов дома и околу сред селото до Аврамоци, времето си дојде за ручек. Се вратив кај германскиот кувар, а тој беше радосен како да чека некој најблизок гостин. Зеде војничка паинца ја наполна манџа со месо, ориз, компири и кој знае уште што не. Ми ја даде паинцата и лажица и ми рече-ЕСЕН, ЕСЕН (јади, јади). До тогаш незнаев дека се јаде манџа без леб. Го загледав и реков: Леб, Леб. Куварот одма се сети и рече: брод, брод (леб, леб) и отиде внатре во магацин и донесе еден цел бел леб, ме разбра што сакав. И тој заедно со мене јадеше од истата манџа. Кога се најадовме почна да ме учи да бројам на германски со покажување на прстите. Таа вечер јас научив да бројам до десет и некој збор за јадењето, како многу добро=екстра прима итн. Со куварот работите одеа добро. Другиот ден почна да ме учи за деновите, неделите, броевите до сто. За кусо време после тоа се спријателив и со коњарот кој имаше десет големи коњи, кои беа страв да ги гледаш. Еден ден коњарот ми даде еден коњ да го напојам со вода во горно речиште, која беше за пиење и за луѓето и за стоката, исто имаше и во долно маало чешма како во горно маало. Другиот ден се собраа многу деца, што имаше за секој коњ по едно дете и плус останаа повеќедеца без коњи. Ги зедовме коњите за оглавците и ги водевме за на пиење вода. Пред да стигнеме кај уријата кај Танасконо гумно помина еден маж курајчанец, мислам дека беше Танаско Трајчески. Јас бев прв, ме крена и ме качи на коњот сигурно на висина од два метра. Малку се подуплашив ама не реагирав затоа што ми дојде убаво да сум качен така на високо и нормално си продолжив без водење да оди кон чешмата која беше одалечена 400 метри од селото. И така сите деца Танаско ги качи на германските коњи. Сите седиме мирно на големите и убави германски коњи. Коњите се напија вода и полека се свртија за назад со се нас качени на нив. За слегување за другиот ден ги местевме до ѕидот и од ѕидот се качувавме на коњите.

Запознавањето со германските војници почна добро. Секое утро одев на компот. Се сеќавам едно утро се собраа голем број деца и чекаа кај влезната врата. Јас веќе бев во кујната со куварот. Војниците доручкуваа и остана околу половина казан компот. Куварот и еден друг војник го донесоа казанот поблиску наспроти до влезната врата кај што чекаа сите деца. Сите почнаа да трчаат, а јас ја имав кутлачата за да им ставам. Им свикав: не гурајте се, за сите има, само едно чамче има, ако можете да си донесете одете, ако не сите од едно ќе пиете, ќе се чекате. Но децата уште се гураа. Тогаш еден војник ја виде ситуацијата. Не му се допадна и на сите им заповеда: НАДВОР. Сите избегаа кај излезот и застанаа. Јас стоев кај казанот со чамчето во едната и кутлачот во другата рака. Германецот зема едно камче и тргна една линија на влезот на дворната врата на два до три метра од казанот и рече остро: ГРАНИЦА-покажувајки на линијата што ја направи. Ние сите разбравме што значи таа линија, дека никој не смее да поминува наваму. Тогаш јас му реков на брачкото Ристо Љушко: еве ти прв. После зедов од кај куварот уште неколку чамчиња, а некои си донесоа свои и за сите имаше компот. Јас им реков на децата ако не се караме секое утро штом остане компот ќе имаме за пиење. Исто така се запознав и со оној војник што беше одговорен за моторот за тртање (генератор) со кого изгледа фаќаа вести. Кога ќе го палеше му требаше понекогаш уште еден да држи на гасот. Тој дури курбат на моторот му треба некој да го запали. Одеа сите внатре. Исто и јас. Го пуштаа радиото што го имаа внатре во спалната.

Еден ден сите германци спијат. Јас го викнав брачкото Ристо и отидовме да го палиме моторот. Нема никој нигде и на Ристо му велам: брачко држи на ова и пумпај затоа што тоа на мене и ми е познато. Ја свртивме курблата и моторот почна да работи. Ристо избега, јас за тоа не размислував. Германецот излезе и други со него. Јас успеав да го запрам моторот да не брчи. Мотористот ми рече без негово знаење пак не го чепкам. Јас се придржував на таа негова наредба и после тоа кога требаше да го пали ми велеше: ајде да го стартираме да го запалиме моторот. И така со тоа немав повеќе проблеми. Постепено почнав да тргувам со германските војници-јајца и ореви. Скоро секој војник за јадење се бореше да купи барем два пати неделно по две јајца. Јас секој ден продавав по 15-16 јајца, а исто и ореви ние имавме и мајка ми направи мера едно торбуле со стегање за 20 лева. Еден ден од пред нашата куќа се качив на една коњска кола. Само еден војник имаше во колата. Јас седнав. Мало растојание имаше до влезната врата на школскиот двор и застана. Нешто требаше да се истовара. Имаше еден машингар-шмајзер јас го зедов прв пат во мојот живот и одма го свртев кон патот во близина на една куќа. Немаше никој. Јас го наместив прстот на тргачот, затоа што мислев дека шмајзерот е празен. Незнаев дека толку лесно се повлекува и тргнав кога почна да пука по патот пет-шест пати дури успеав да ги извадам прстите од тргачот. Го погледнав војникот што уште седеше мирен како ништо да не се случило, се насмеа и со раката ми ја помазни косата и тогаш јас се израдував дека ништо не се случи.

Животот ми беше многу добар, просто незнаев како ќе живеам без германските војници. Беа многу учтиви и мирни. Никого не навредија. Се ми даваа за јадење, разни машинчиња и играчки. Јас исто бев слободен се да чепкам и да видам. Дури некогаш ми доаѓаа мисли да имам шанса да им ги дадам на партизаните шмајзерите бидејќи знаев кај ги чуваа. Дојде денот кога сите заминаа. Прво германските војници. Јас неможев да замислам да стојам тука без германците, па затоа германците се спремаа и си заминуваа. Се поздравуваа, а јас седнав во задната коњска кола која беше натоварена и покриена со шатор. Седнаа двајца војници до мене и ми велеа : слегувај ние ќе си одиме дома. Јас им реков дека и јас ќе одам со нив. Тие се подсмевнаа и ги потераа четирите впрегнати коњи. Си мислеа дека ќе се повозам дури да го поминеме селото па ќе ме слезат. Стигнавме во Пољце, малку подолу од селото. Коњите застанаа и ми велат: оди назад (сурик), јас им реков-НО назад и пак тргнаа. Тогаш си реков: добар сум ќе ме земат, повеќе нема да ме слегват, се смеевме сите и коњите уште побрзо одеа. Стигнавме кај завијокот пред дупката. Германците се одалечија 2, 5км од с. Кураица. Застанаа и ми рекоа: готово, не повеќе одовде. Слегоа двајцата, извршија мала нужда и мене ме викаа да слезам. Но кога не успеаа да ме измамат да слезам, ме измамија со дарови. Ми дадоа една машинка за бричење и ми рекоа да му ја дадам на тато. Оди си дома, оти таму БУМ БУМ ИТАЛИЈАНО ПУКАТ. Јас му реков: И ЈАС БУМ БУМ НА ИТАЛИЈАНО. Се насмеаја и ми рекоа сигурно пак ке се вратиме јас си реков, патем ако не ме сакаат, поубаво да се вратам. Чекав секој ден да се вратат. Еден ден еве ја една борна кола со двајца германци. Јас се доближив, се поздравија, но не беа ни еден од тие порано што беа во селото. Ги прашав за нив но ми рекоа дека не ги познават и така си се потсмирив со судбината дека нема повеќе да ги видам. Овие војници со борната кола беа дојдени за да земат дрва. Имаше готови накубирани во планината, но им требаа луѓе за товарање и мене ме прашаа дали можам да им најдам работници без пари. Ќе ги возат до таму и назад. За тоа време се собраа многу жени деца и мажи. Сите мене ми велеа да им побарам бензин за да го мешаат со вода и да го употребуваат за осветлување навечер. Јас бев единствен што можев да комуницирам со германците. Им реков да ни дадат бензин и ние ќе им ги натовариме дрвата, знаевме кај се. Еден германец откопча една канта полна со безнин и рече: еве цела. Јас застанав до кантата и им реков на сите дека има полна канта со бензин и ако притреба ќе придадат само велат прво да го наполнат камионот со дрва, затоа што се плашат после да не им избегаат. Беше есен. Сите рекоа ќе одиме, но прво бензинот да се раздели. Јас им реков на германските војници дека сигурно им гарантирам дека ќе дојдат десет луѓе за товарање. Едвај чекаа апашите да се провозат. Јас викнав еден да ја држи кантата при сипувањето да не се истури на земја. За сите по едно кандило. Ако има уште по едно целата канта е за нас. Се качија полна кола со млади. Јас влегов во кабината. Стигнавме за пола саат. Набрзина се натовари камионот и го покрија со церада. Јас им реков сега за враќање вие ветивте и за назад да ги вратите. Од нас никој не мислеше како ќе не вратат. Тие рекоа сите да се качиме врз церадата и сите се качија одозгора, а мене ме земаа во кабината. Сите се плашеа да не паднат одозгора затоа што беше удолница. Се се заврши со убаво. Тие си заминаа, а јас никогаш повеќе не видов греманец. Селото Кураица остана мирно без ниеден странски фашистички војник.

После тоа се очекуваа да дојдат партизаните-македонските ослободителни војници. Веста дојде во Кураица за една недела пред да си одат бугарите и германците. Бугарите си отидоа во голема паника и брзина, затоа што им рекоа дека партизаните ќе стигнат во недела. Така си мислевме дека може да биде големо тепање ако партизаните ги најдат бугарите. Затоа мене ми рекоа дека ќе си одат за брзо време за да го спасиме селото. Не помина ни една недела бугарите си заминаа скоро сите. Бевме радосни. Јас со нестрпление ги чекав македонските партизани, кои тајно беа популарни кај курајчаните. Бугарофили немаше од курајчини. Чекав секој ден сред село да дојдат паритзаните, но никако да дојдат. Една вечер пред мрак селото се наполни со партизани. Сите беа уплашени. Тие беа многу претпазливи за да не има уште бугари. Јас полека од кај куќата се покажав и тргнав накај партизаните и еден сигурно беше командир на сите, ми викна со многу тивок глас: дете елај ваму. Јас отидов до него близу кај селскиот амбар. Здраво, се поздравивме и одма ме опита која е мојата куќа. Јас му ја покажав и тој ме опита пак дали си ојдоа сите бугари. Ги знаеш бугарите?Јас му реков дека и бугарите и германците се ојдени уште минатата недела, вие многу се забавивте-му реков. Тој се насмеа и рече –сите овде ноќеска ќе останеме. Почна врева од муабетот меѓу војниците и во тоа време дојдоа поодговорните, па донесоа ракија, јадење, леб и сирење (козјо и овчо). Полно беше во Кураица. Веселба и збогум беше. Другиот ден партизаните си заминаа за кон Дебарца затоа што македонскиот партизански штаб се наоѓаше на Караорман во густите шуми. Од сите војски најсакани беа македонските партизани, иако само малку знаевме за нив, дека се борат за слобода за Македонија.

Комунистичката партија беше единствена и популарна со личнистите Тито, Сталин и Лазо. После тоа секоја вечер патриотизам. Цело село маршираше од сред село, средна мала па по сите маали со паролите ТИТО, СТАЛИН, ЛАЗО, КПМЈ итн. Така заврши есента, а со тоа и селските марширања. После почна пролетта, а со тоа и сиромаштијата. Татко ми беше должен жито на стрико ми Ефтим Љушкоски од Расима, па се пазари со мене да ме главит од Ѓурѓовден па до Митровден. Јас го знаев Расима и имав братучед Митре, кој беше неколку години постар од мене. Пред неколку години имав повеќе пати одено со татета во Расино. Се сеќавам na svadbata од братучедата Сребрена, братучедот Митре ме однесе во една друга куќа позади каде што стоеја ракии, шеќери и други продукти и ми рече: еве ракија ќе пиеме колку што сакаме. Зима беше. Снег имаше. Се пиеше топла ракија со шеќер, па си рековме ќе направиме блага ракија–шеќер имаше со вреќи. Зедовме едно празно шише со широка устинка, инаку полно беше шишиња и празни и полни па неморавме да одиме да бараме на друго место. Туривме прво до пола шише од големата плетена боца. После јас ги кладов рацете околу устинката како унија (инка) да не се просипи шеќерот отстрана и го држев шишето да не падне при сипувањето. Зедовме да го нишаме дур да се стопи шеќерот во ракијата, но многу бевме туриле, пола шише шеќер и пола ракија. Се направи густо. Беше како каша односно шербет. Го кренав шишето се напив од шербетот и не ни беше лошо. Му подадов на Митрета и тој се напи и рече: УБО Е. Пиевме и кога ќе го изпиеме уште ќе принаправиме. Го испивме до пола и брачкото рече: да го наполниме со ракија, а не со шеќер. Така и беше. Го наполнивме со ракија и со тоа го разредивме шербетот. Но сеуште беше блага. Пиевме па застанавме малку и излеговме надвор. Беше студено. Се вративме пак кај шишињата и уште нормално ни беше движењето, но се нешто како да ми се врти во главата. За мене беше тоа прв пат да сум испил толку ракија и незнаев како е да си пијан. Го кренав шишето испив голема количина и го предадов на брачкото. Тој го зеде, се поднапи и ми го врати шишето и рече: јас ќе излезам да видам како е ситуацијата околу куќата кај сватовите. Татко му Ефтим исто беше како татко ми Милета, незгоден ако научи дека имаме ние чепкано. Дури го чекав Митрета, шишето коџимити се спушти кон дното. Влезе Митре и рече: никој ништо незнае, све е како што беше и ми рече дека несака повеќе. Јас му реков дека и јас несакам повеќе. Сета ја имав испиено. Брачко го зеде шишето и го остави шишето со другите шишиња. Се средивме, да нема никакви траги. Мене почна да ми бидува топло, му велам на брачкото: ајде низ село со снегот да се оладиме. Излеговме надвор и најдовме некои деца, јас се осетив дека сум пијан и тоа многу. Нивните гласови ми изгледаа многу високи, јас изгледав многу голем и не викнаа кај една голема празна плевна да не стоиме надвор на снегот. Тие влегоа, а јас гледам во вратата и ми си чини дека врата не ме собира. Стојам пред врата. Не плаши се, влези ми викаа ќе смрзниш, а јас им велам дека ми е убаво и дека вратата не ме собира, а тие се смееја. Митре не беше тука се вардеше татко му да не го види пијан. Јас после незнам како се вратив назад во трлото со овците, кое се наоѓаше измеѓу двете куќи кај што се правеше свадба и другата куќа кај што се чуваше ракијата. Ме нашла една од жените и ме однела во една спална. Сите имале пијано ракија па не им мирисало од мене ракијата. Се чуделе зошто ми излегла пена од устата. Таму кај што сум лежел со овците над мене имаше чардак, тие сите помислиле дека сум паднал од чардакот и затоа сум онесвестен. Две жени ме бришеле од потењата. После неколку саати сум почнал да подзборнувам. Го известиле татко ми дека детето се јави, живо е. Дошол тате ме погледал и почна да ми вика: Јас уште не познавам кој е, а јас сум му ја опцул мајката. Постепено се откри дека сум пијан, тате ми рече: да знаев дека си пијан ќе те умрев во ќотек. После таа ракија ми мирисаше многу лошо, што за години неможев да поминам покрај казанот кога ќе вареа ракија.

Бидејќи татко ми го направи договорот, јас морав да одам кај стрико Ефтима од Ѓурговден до Митровден есента. Во ноември си дојдов дома. Стрико виде голема корист и мала штета-една коза волкот ја изеде и едно шилеже јас со камен го отепав. Кога дојдов назад дома во Кураица добив новости. Сите оние што незавршиле основно, а му поминале годините одма обавезно да почнат на училиште од Митровден до Ѓурговден во второ специјална паралелка да завршат во трето и четврто за шест месеци. Тоа беше за мене како јас да го планирав така. Друга новост беше козите да се ништат. Цело село беше разочарано затоа што од козите луѓето живееја многу полесно. Можеа да се одржаваат. Таа зима секој ден јадевме козјо печено месо.

Почнавме на школо и се ми беше одлично. Учителот ми беше егеец, се викаше Бошко Атанасоски, кој по војната беше избегал од Грција заради тортурата што ја вршеле врз македонците и ги убивале. Бошко беше добар учител, многу работи јас научив од него за кратко време. Успехот на крајот ми беше петка-одличен. Знам една вечер Бошко дојде дома пред завршувањето на школото за да го убеди татко ми дека јас сум бистар и треба да ме пушти да продолжам во осмолетка-односно мала гимназија (матура).

Со завршувањето на козите, Лазар Колишевски и КПМ почнаа со реформите на ништење на приватизацијата во замена за колективи, што значи одземање на живата стока, како волови, крави, овци, а козите ги испековме зимата. Беше смртна казна изречена за козите од Колишевски, кој најде за изговор дека ја ништеле шумата. Ние имаме податоци дека козите биле со илјада години во Македонија. Затоа Блаканот–Македонија има многу густи шуми, со тоа значи дека козите не ги ретчеле шумите, туку напротив ги правеле шумите многу густи и доста скришни за македонските комити во доминација на отоманското и другите окупатори над Македонија, бидејќи Македонија во Втората светска војна влезе во војна против Албанија, Бугарија, Германија, Италија и Грција и тоа му успеа само на Вардарскиот дел да створи Народна република Македонија во федерација со југословенските републики (Србија, Хрватска, Словенија, БиХ, Црна Гора, Косово, Метохија и Војводина).

Бугарската комунистичка партија го призна македонското постоење се додека не изби Инфо Бирото во 1948 година. Југославија во 1948 година се отцепи од советскиот сојуз односно не беше Југославија со СССР туку Сталин вршеше притисок на Тито и комунистичката партија (КП) да се спојат со СССР. Тито одби и почна притисок над југословенските граници од источниот и северниот дел. Во тоа време Горѓи Димитров беше секретар на КП Бугарија. На Сталин не му беше во склад Тито и Димитров што соработуваа. Сталин ги повика Тито и Димитров во Москва на разговор. Тито не отиде во Москва, Димитров отиде и се врати мртов. Тогаш во Бугарија беше поставен Тодор Живков за секретар на КП на Бугарија. Тој одма го отпризна македонското постоење. Почнаа притисоци со разни негирања кон НР Македонија и Југославија.

Поради некомплетното македонско ослободување (пиринска и егејска) Лазар Колишевски знаеше дека со козите шумите ќе се наполнат со комите, па затоа прво мора да се спречи храната, па после полесно ќе се владее. Скоро сите селани се иселија од селата и отидоа во градовите каде што се индустријализираа. Пред тоа селото Кураица имаше 1500 жители, ако не и повеќе. Почнаа со запишување во колективот. Првата група се запишаа околку 30 фамилии, најсиромашните комунисти. За колективците имаше се во задругата, а за оние кои не беа во колективот не им даваа ниту шеќер, ни масло, ниту било каков продукт ако не се запишат во колективот. За мене беше подобро ако се запишеш во колективот и не ќе имаа потреба од мене и ќе ме пуштеа на школо. Но доста луѓе не се запишаа. Помина повеќе време. Почнаа нагло да има конференции, секој ден со убедување како ќе биде подобро за сите луѓе што имаат знаење, дека неможе да биде подобро кога немаш никој ништо, но тие се комунисти, кои вршеа притисок на народот.

Една сабота големата училница се наполни со деца, мажи, жени и стари. Почнаа со убедување. Почнаа да ги читат средно богатите. Ќе ги викнеа пред масата, ќе им дадеа пенкало и книга и ќе им речеа: ајде потпишете се овде. Не, не се потпишувам, ќе речеше газдата. Тие многу љубезно и добро со здраво другиот пат, ако се предомислиш, подразмисли малку. Сиротите мислеа дека ќе си одат дома насмеани да се одморат од тој притисок што го добија од комунистите, но само што ќе излезат од школската врата го грабнуваат скоевците и одма го носат во бучка сто метра од школото (големата темница). Бучка не беше населена во тоа време, само за бавчи го чуваа селаните. Имаа таму свои бавчи затоа што таму имаше вода од изворите да ги наводнуваат. Го претепуваат селанецот и му велат: Ако одиш да се запишеш назад ќе те ослободиме. После пола саат се враќаат со вештачки насмев и велат: Јас се предомислив, подобро вечерва отколку други пат. Така со неколкумина после почнаа повеќе да се запишуваат во колективот. Го повикаа Милета Љушкоски (татко ми) и почнаа со убедување: Миле ти имаш десет деца ќе ти помогнат да ги изучиш децата. Миле се спротивстави со зборовите: не сакам да ги изучам со арамиска школа, затоа што за него комунистите беа арамии. Тогаш еден му ја зеде рака за да му честита колективизација. Миле ја тргна раката и му рече: имотот уште е од татко ми Лазаре, немој да ме присилиш и во моментот од џепот го извади ножот. Скоро сите мажи и жени си носеа со себе ноже. Сите се смирија и тогаш Миле им рече: сите ќе ве свиткам и ќе ви ја оставам фамилијата цела да ја гледате. Тие веднаш почнаа со: Миле ова е доброволно, оди си мирно, не си обавезен. Миле беше пргав ако го чепнеше некој. Тогаш излегол од школското и никој немало од скоевците да чекаат. Сите имаа ќотек јадено од Милета порано. Тој беше со цврст карактер: не ме гибај да не те гибам, вистината беше на прво место. Тоа беше Миле како човек.

Во селото почнаа секој вечер со конференции за колективизација на цело село во колектив. Некои луѓе заработија и затвор. Ставре Колески на една конференција рече: Абре луѓе со сила во грне со вретено гнетено не го бива. Сите се насмеаја, а кутриот Ставре доби три години в затвор.

Се сеќавам на една конференција еден офицер црногорец од охридската армија рече: Многу одиме за подобро на земјоделците да го замениме дрвеното рало за орање со модерно. Миле стана и рече: сакате да не впрегнете во железно за да не можеме да се одпрегниме. Миле за тоа се вардеше повеќе од 6 месеци, затоа што офицерот-црногорец беше многу збеснал и го барал да го види. Но Миле беше многу поштен човек и имаше пријатели кои го известуваа. На крај полека полека сите ги притиснаа во колективот. Приличен број се задржаа и по четири години во колективот. За мене беше многу измешана работата со школувањето. Како одличен ученик и заинтересиран за учење по второто специјално основно сакав да одам да продолжам во гимназијата во с. Косел, уште четири години и ќе бидам полуматурант, со кое ќе можам да продолжам во средно и понатака. Колективот е сведок за насилното одземање на личниот имот.

Си дојде есента. Во 1948 година школите почнаа, а јас си останав незапишан. Остана зимата да носам секој ден сурови дабици на рамо од Радојнивје до Кураица, кое беше на два километри одалеченост. Сите мои сили ги употребив и ништо неможам да направам со татко ми да договорам одобрение за гимназија. Учебната година и 1949 година се приближува да заврши. Моите другари една година помлади од мене, сите колективци немаат стока, ќе продолжат во гиманзија. Јас решив ќе бегам, но незнам како да постапам со татко ми. Дојде другата есен, септември. Другарите се запишаа во гимназијата во Косел и заминаа. Кај нас вршењето е наголемо. Со татко ми неможе да се поднесе таква дискусија за одење на школо. Зедов офанзива прво со правење штета: на кошаре вршевме и сламата се правеше во копа. Јас се договорив со брат ми Танаско да му ја поткопаме копата со слама за да се сруши и така татко ми може ќе се сака да се отараси од мене. Танаско кој сакаше да го продолжам школувањето се согласуваше на секои мои барања што ќе му речев јас. Така кога копата падна јас бев во бегство за да не ме дофати татко ми, иако имав 14 години, ќе ме умреше во ќотек или пак јас ќе се спротивставев за своја одбрана. Танаско, братот му кажа на татко ми дека јас намерно ја поткопав за да ја турнам сета слама што цело после пладне сите ја правевме копата. Татко ми лут и опитлив каде сум, но Танаско остана верен на договорот што го направивме ние двајца. Утре сабајале да ми донесе абер и леб во Крстец во кошарите од дедо Најдета, кои што беа одамна оставени и неупотребливи. Тате неможеше ни да помисли јас да одам таму. Кога дојде мрак тоа беше вистинската темничина, ништо не се гледаше, молчев до зорите. Танаско дојде утре сабајле и ми донесе арен абер. Сите ојдоа рече на кошари за вршење. Сламата тате ја местел и ја наместил и неможел многу да се кара и да вика. Кога отишол во село да ме види, ме немало па почнал да разговара со мајка, сестрите, браќата. Танаско само слушал, татко рекол: да го собереме имањето и ќе го пуштам да оди на школо. Јас утрото дојдов дома, но немаше никој. Јас бев бајаги (многу) гладен. Не бев вечерал. Спиев ама буден. Темничина цела ноќ. Зедов леб, кисело млеко и се најадов добро за цел ден. За спиење вечерта организирав во бучка во колективните плевни, каде имаше доста што сакаа да спијат во новата слама. Вечерта се собравме повеќе од дваесет деца за спиење. Само што тие од задоволство спиеја тука, а јас од што морав. Татко ми не ме виде цел ден, ниту пак имаше некои информации кај се наоѓам, ниту имаше време да ме бара. Другиот ден пак одам и сите од фамилијата беа пак на кошаре за вршење. Татко ми лут. Јас бев добар за терање на коњите за вршење. Вечерта пак дојдоа сите, но мене пак не ме најдоа. Миле добил абер дека можно е да спијам во колективните плевни во бучка, бидејќи таму спијат доста деца секоја ноќ. Пред третиот ден тате и брат ми Митре кој беше постар од мене четири години застанале сабајле кај сред селото, едниот од една страна, другиот од друга страна. Јас идам од бучка за дома на ручек. На пет-шест метри го здогледав татко ми и одма почнав за кон урија, а од таа страна Митре братот ме чека. Миле беше малку подзатскриен. Ме фатија и ме однесоа дома. Тате беше многу смирен и многу не ме кара туку напротив сите ги опита дали да ме прати на школо. Сите рекоа: ДА. Тате тогаш рече: другава недела, да завршиме прво со работа. Јас сум веќе закаснат повеќе од шест недели и ќе издржам уште една недела. Еден понеделник-сабајле со една срунена торба со два селски ржани пешници (леб) и калап домашно сирење и свидетелството од основно, стигнав пред просторијата на осмолетката. Наставата веќе беше почната на втори час. С. Кураица е далеку од с. Косел скоро единаесет километри, превозно средство немаше. Јас сам пешки дојдов во Косел. Директорот на гимназијата, Никола Чудо ме виде дека се приближувам од мостот бидејќи врвев преку реката кон неговата просторија, излезе надвор и кај скалите јас уште не закорачен тој со поднасмевка ме опита: Кого го барате?-Јас му одговорив дека ја барам канцеларијата на гимназијата, ќе одам кај директорот да се запишам во прва година во гимназија. Јас сум од село Кураица. Директорот Чудо беше симпатичен млад човек со измазнета коса на разделак со патец од десната странаи ми рече на право место си дошол. Имаш свидетелство за завршено основно оделение. Да, имам–му реков. Дојди во канцеларија-ми рече. Јас појдов по него и првата врата од лево беше неговата канцеларијата. Директорот го зеде свидетелството и рече: ти доцниш два месеци, но штом си одличен ќе го совладаш материјалот. Јас му одговорив-Да ќе го совладам, само немој назад да ме враќаш. За спиење директорот ме праша кај ќе спијам, а јас му реков-во интернат ако има место. Има место-ми рече тој, но сега еве завршува вториот час и оди со некој од интернатските деца да ти каже каде е интернатот за да ја оставиш торбата со лебот. Врати се овде ќе учиш, во оваа училница наспроти канцеларијата. Така тој ден бев многу радосен, изненаден се гледав со многу нови деца и по некое момиче. Се видов со сите курајчани, кои беа таму веќе два месеци пред мене. Таа прва недела повеќе се борев да се навикнам со сите програми. Доручек, школо, ручек, попладне слободно време до вечера. После вечерата сите од интернатот на обавезно учење. Два саати занимање односно припремање за другиот ден, домашна работа или други работи или пак ако немаш ништо да учиш тогаш мора да седиш да биде во тишина цела просторија. После тоа се оди на спиење. Имаше соби со еден кревет преку целата просторија, петнаесетуши заедно, но затоа не бев изненаден затоа што имав спиено во заедница дома со браќата и сестрите. Слободното време го користевме на игралиште, играјки фудбал непрекидно. Бев љубител на фудбал. Во село Кураица почнав да играм пред да дојдам во Косел, играње без фудбалска топка со крпењачи. После и курајчани добија топка, односно Лазар Петковски и Злате Ѓоревски донесоа фудбалска топка, кога си дојдоа од војска. Курајчани живнаа после многу, се отвори рудник за железо. Имаше пари, фудбал само немаше гимназија, па затоа јас и другите курајчани мораше да одемем во Косел.

Зимата заврши, пролетта дојде и се ближеше времето за свршеток на школската година. Во тоа време се вршеа убедувања за одење доброволци за работа, Песочан кај Караорман. Јас се сеќавам прв дека се јавив за ударник и после мене Митре Котовски од Кураица, со кој што бевме многу добри другари. Организаторот од окружниот комитет, кој вршеше запишување стана и рече: гледајте најмалите овде се запишаа за пример како треба да се гради земјата. Ајде викна, зошто чекате, само еден месец ќе одите и ќе се видете со сите гимназијалци од другите гимназии од Белчишта и други. Јас лично одев за запознавање и избегнување од летните селски курајчански работи што ги работеше мојата фамилија. Одма после завршетокот на школската година се запишуваше за ударна работа во Песочан. Не зедоа со камиони, главниот од младинскиот централен комитет од Охрид, со кој многу се зближивме иако јас бев дете. Кога стигнавме вечерта одма почнавме со припрема за спиење. Мораше да се собере папрат за да биде меко спиењето. Другиот ден некој главен за работите што ќе се вршат не беше задоволен од малите што само тројца бевме. Се сеќавам секретарот од младинскиот централен комитет од Охрид на надзорникот му рече овие и да не работат нема да си одат нека носат вода и доручек и чај за ударниците. И така ние останавме да служиме како курири. Јадење имаше доволно. Еден ден работев со лопата и бев доста ангажиран за работата така да вечерта ми дадоа пофалница за ударник на денот. После тоа јас и Митре одевме како курири со писма во ближните села за да закажиме програми за забави, играње фудбалски утакмици измеѓу селаните и ударниците. Заврши првата работна седмица, за во неделата беше свикана конференција за сите работници што ги имаше во голем број и ударници. Дојде секретарот на ОЦК и се состана со мене. Тој ми рече дека јас ќе морам да излезам на говорницата, но јас одбивав затоа што имаше многу народ и незнаев што да им кажам. Тој ми рече дека ќе ми напише Томески што да кажам (еден ученик од 4 година од белчишката гимназија). Тој беше многу популарен како супер одличен ученик, па затоа јас се сложив. Томески ми состави три-четири реченици во духот на моралот и изградбата на разрушената земја. Оваа останува на нас да ја изградиме. Јас се појавив на говорницата, се претставив. Она што ми го напиша Томески го имав научено на памет така да не ќе морам да го читам. Јас реков: Драги другари, ние сме дојдени да го изградиме свесно овој објект, за напред со КМП и Југославија. Некој од работниците може беше курајчанец ме позна и рече: среќен си што не е овде татко ти. Доста луге се насмеаја, но јас добив аплауз.

На две недели требаше дома да одиме за преслекување и смена на алиштата. Отидовме јас и Митре во Кураица. Беше попладне. Ние стигнавме од кај Крстец, на почетокот беше фудбалското игралиште. Кога видовме ни се чинеше дека цело село е излезено на фудбал. Јас и Митре останавме на игралиштето. Тој викенд поминавме многу добро. Требаше да се вратиме во понеделникот назад на ударна работа во Песочан, но ние одлучивме сигурно не се враќаме назад, ние не им требаме за работа. Така да цело лето до почетокот на школската година останавме во Курајца. Во септември се вратив во втор клас во гимназијата во Косел. Успехот не ми беше одличен, туку многу добар. Јас видов дека школото е тешко бидејќи само јас имав проблем со читањето затоа што долго време бев отсутен за време на војската. Се гледаше незавршено правилно редовно основно школо. Втората година гимназија во Косел не ми беше како првата. Со многу радозналости и интерес да го видам народот потака од Кураица, како Охрид, за кого имав само слушнато од дедо ми и татко ми и луѓе постари што биле во Охрид. Јас кога стигнав во Косел, третиот ден беше убав сончев ден и одма имав средби со другарите, братучед ми Никола, Војне, Климе и се договоривме попладнето да одиме во Охрид. Косел е седум километри одалечен од Охрид, па така за еден час сигурно ќе бидеме в чаршија. Кога пристигнавме до првите мали стари куќарки јас велам Кураица е подоброод овде, но по улицата со камени плочки одевме право едно десетина метра, после свртевме на лево во чаршија и право кон езерото. Втората куќичка имаше отворено пенџере и врата, а на пенџерето имаше тацна со пржени риби сигурно едно шест парчиња беа. Во мојот ум одма ми дојде нешто многу интересно, тоа дека од охриѓани не чекат со риба. Мислев Охридското езеро е полно со риби така да тоа е џабе. Јас застанав до пенџерето и гледав која риба да ја земам и им велам на другарите да земеме по еднопарче, за сите има. Мислев дека се ставени за да не почестат. Јас прв земав и одма почнав да јадам, други двајца земаа исто и во тој момент излезе еден човек од внатре загледа како јас јадам. Динар скршен во мене немав. Тој ми побара пари за трите парчиња. Никакво чекање за расправа туку колку што можевме побрзо да бегаме со се риби. Човекот викај по нас со пцовки-мамицата ваша, а ние бегавме на крајот на улицата и тој се откажа од гонењето. Од ненамерно и прост се сторив арамија и јас и другите. Кога застанавме овие умираа од смеа. Одлично Љушко. Веќе оттука почнуваа поголемите и подобри куќи и подобра калдрма на улиците. Стигнавме кај Чинарот. Се ми беше поинаку досега што имав видено. Од Чинарот се оди право во чаршија и таа улица излегуваше на езеро. Чаршијата беше многу интересна за мене со тие слаткарници, полно мали занаетчиски дуканчиња. На почетокот на чаршијата имаше еден човек и ми личеше на симпатичен џуптин, кој седеше на едно мало ниско столче и пред него наземи имаше ставени и изработено во вид на ролет едно округло масулче без ногалки. На средината на масулчето имаше осовина на која беше наместена стрелка вртелешка долга скоро од центарот до крајот на масулчето, кое беше исцртано со броеви целото наоколу во круг на еднакво растојание. Ние штом стигнавме до коцката застанавме. Имаше неколку други луѓе што гледаа како се врти вртелешката и застанува на еден од броевите. Џуптинот рече: кој ќе погоди на кој број ке застане стрелката ќе добие десет динари. Јас викнав: 5. Тој ја сврте стрелката и таа почна полека да ја намалува брзината 1, 2, 3, 4 и скоро застана на 5. Јас добив и победив. Сите рекоа: ете победи. Човекот одма ми даде десет динари (5 остана мој среќен број за секогаш во животот) и ние одма заминавме за кон езерото. Веке немав стрпление да чекам да не го видам езерото. Ја поминавме чаршијата и пред нас се покажа плоштадот со огромен хоризонт со многу вода, па така од плоштадот сигурно тоа беше за мене нешто најубавото што постои. Јас имав правено големи видишта за капење, но тоа беше чудо, големо задоволство што дојдов со другарите во Охрид и добив некоја волја за видување на повеќе свет. Си дојдовме назад во Косел за вечера и спиење. Цела недела бев задоволен. За втората година во гимназија се изнајдоа некои наставници и воспитачи за интернатот. Школото не ми беше тешко, но умот почна да ми лета по спортот. Фудбалот беше мое задоволство да играм цел ден ако имам време. Во тоа време во гимназијата Косел дојдоа нов директор и наставник по историја Стојан Петрески. Тој беше загреан за фудбал и навивач за Динамо од Загреб. Читаше секој ден спорт што излегуваше и мене ми даваше да ги читам. Јас спрема спортот станав страствен навивач за Партизан. Јас ги избрав паритзаните затоа што ми беа популарни уште од војната. Јас и директорот Стојан станавме пријатели и мене ме задолжи за фудбалските топки секогаш да бидат напумпани и спремни. Секој ден после ручек од интернат одев кај директорот. Тој ме чекаше во канцеларија каде што дискутиравме за фудбалот и правевме тимови за играње меѓу учениците и учителите кои сакаа да играат. Имавме направено шест фудбалски тима. Јас секогаш играв против тимот на директорот. Тој не попушташе да го преминеш, да го спречиш да не се пробие. Со мене во играта воопшто не се познававме, јас не попуштав и не ја признавав негова директорска позиција во играта. Еднаш се сеќавам го поминав и тој по мене ме фати за кошула за да ме задржи да не дадам гол, јас силно рипнав и половината од кошулата остана во неговите рацете, а јас шутнав и дадов гол. Се свртев кон директорот и му реков: да ми купиш нова кошула. Тој тогаш рече: не е гол туку слободен ударац, а јас реков: не, нека се брои како гол, затоа што јас имав предност, а вие директоре да ми ја дадете кошулата. Добро бе Љушко ќе се исплатиме, не викај-ми рече. После фудбалот отидовме јас и директорот Стојан во канцеларија, за да испланираме кога пак ќе играме фудбал. Така јас и Стојан директорот бевме вистински другари. Секогаш ми носеше спорт да читам. Го запознав само како да сум на фудбалско школување, се запознав со сите светски ѕвезди итн. Стојан ми велеше после осмолетка да се запишам на фискултурна школа, а јас му велев: на секаква школа ќе одам, само да не се вратам назад во Кураица, затоа што во тоа време почна да се шушка дека колективот ќе се растури. Курајчани, за време на колективот од 1947година до 1953година до растурањето, како што беа Миле Љушкоски, Вангел Митрески, Апостоловци, Благоја Ангелески, Велко Дервушески, Ставре Дервуш и уште многу други беа непокорливи на земањето имање и стока и ја бараа вистината и правата и за правдата за насилство за одземените имања без никој да не одговара пред законот. Селаните се осиромашија сите. За да се уверат сите овие горе наведени решиле да испратат тројца до Белград кај Тито, таткото на комунистичка Југославија. Избраа за преговарачи во Белград тројца Благоја Андрески, Ставре Дервушоски и Велко Дервушоски. Овие тројца со воз отидоа до Белград и сите дојдоа за неколку дена. Штом стигнаа во Кураица ја кажаа веста дека колективите биле доброволни и никој не ве терал насила да влегувате во колективите, одете си, ние ќе ги распуштиме после кратко време-така им рекле. Курајчани кога слушнаа дека ќе се растура ич не чекаа. Имале ноќта состанок кај Вангел Митрески на старото место и донеле одлука утре во мрачното сите да си ја земат стоката од трлото и шталите, земете ја тука никој нема да ја крева. Јас се сеќавам во Кураица имаше два пати растурање на колективот. Првиот пат јас бев в село кога почна тепачка на фудбалското игралиште на почетокот на Крстец. Не се знаеше кој на кого фрла со камења. Аргир Тасески крена еден голем камен со двете раце и го фрли према Божин Толоманоски, точно по телото позади ќе го удреше, но од другата страна некој во истиот момент ќе го удреше преку светила со една секирче Бошка, да се спаси од тој со дрвата, клекна и каменот што беше фрлен му помина преку глава и така Бошко се спаси од смртен удар, од каменот на Аргир што го фрли со двете раце преку Божиновата глава. После тоа Аргир му скокна на Бошко и настана на тој крај тепачка, а на секој крај од игралиштето имаше туркање и делење на стоката. Дојде полиција и настана мир. Полицијата отиде со овците да ги чуват, да не ги нападнат сопствениците и сите да ги разграбат.

Вториот пат кога се растураше колективот не бев во село. На ноќната конференција се беа договориле во мракот секој да отиде и да си ја земе стоката, своите овци и волови. Но почна тепачката измеѓу сточарите и газдите на стоката, за кратко време колективот навистина се растури. Тројцата што беа во Белград да ја бараат правдата за курајчкиот колектив и за уништувањето на козите добија казни затвор од три години, затоа тие отишле да се жалат за насилствата што го вршеле комунистите на својот народ и со тоа селаните ги осиромашиле и ги натерале да бараат живот во градовите, кои биле со слаба индустрија и работа. Така ги осиромашиле граѓаните и селаните.

Јас ја завршив малата матура во Косел. Почнав цело лето со барање на конкурси во некое средно или некое занаетско училиште. Имаше уписи за секаде, но немаше бесплатно или интернат. Татко ми беше скапан со пари, а и стоката беше изработена и готово за замена. Татко ми ми рече ако неможеш да најдеш бесплатно школување дојди си дома. Тоа беше наредба. Јас најдов бесплатено школување во рударско индустриско училиште во Пробиштип со бесплатен интернат. Се договоривме јас Богдан и Никола да подадиме молби за металска струка, а Климе и Војне рударска струка. Траењето на школото беше од три години. Пробиштип беше ново градче, рударска колонија. Индустриско училиште и интернат беа во склад на рударската колонија. Пред да се запишам во индустриско-рударско училиште се пријавив со молба и сите други барања за театар. Молбата ми се уважи со одговор за станбеното прашање, школото не поседува и не снабдува со стан и храна, туку ученикот е надлежен сам да се обезбеди со стан и храна. За мене тоа беше неприфатливо, од нигде пари немав. Затоа морав да се помирам со Пробиштип за автомеханичар, а не за електричар, бравар, лимар, швајцар итн. Сакав и електричар, но автомеханичар голема предност ми даваше што можев да учам да возам. Втората година сите металци одевме заедно во иста училница за практична работа на алатките и изработка на метални алатки за употреба. Исто одевме во секој погон за запознавање на другите струки. Така да првата година имавме четири часа практично и четири часа теорија. Се заврши одлично без некои поголеми напори. Интернатот беше поиинаков, имаше дисциплина исто како во војска. Казните беа многу полоши. Во војска казна пожарни не смееше да бидеш секоја вечер, има прескокнување еден пожарен ден слободен, а во интернатот ако е голема казна од пет дена секоја ноќ не спиеш и еден саат стои на првиот спрат и на секои два саати го будиш другиот и тој исто така после два саати го буди другиот, тоа почнуваше од девет навечер до седум наутро цела ноќ. Во тие казни обично бев ставен во трета и четврта смена. Тие смени беа најтешките смени во ноќта, таман ќе заспиеш и смената веќе те буди за да одиш на дежурното место на првиот спрат. Јас спиев на третиот спрат. После неколку ноќи недоволно спиење, една ноќ им реков на смената- добро, оди спиј јас ќе станам. Што се деси? –Јас сум заспал исто така и двете смени по мене. Кога се пробудив одма рипнав на нозе се облеков и одма кај саатот да видам колку е. Беше шест саат, а задната смена почнуваше од пет до седум, после тоа немаше пожарни смени. Знаев која е таа смена и одма ојдов во неговата смена и му реков: ти не си пожарен и му реков ајде стани имаш уште 50 минути од твојата смена, сега е шест саат. Тој вели-никој не ме скорна, а јас му реков- јас бев трета смена и сум заспал сега се пробудив. Добро Џонглер нема ништо да слушнеш-ми рече. Другата ноќ пак сум јас, имав седум ноќи пожарни за одбојкарската топка што ја шутирав и одма ми дават казна, но бидејки се бунев уште четири ноќи ми дадоа. Јас пак другата ноќ трета смена и пак не станав, но еден од воспитачите станал да види дали пожарните се тука. Кога видел дека нема го зел саатот и го однел кај него во соба. Нивната соба беше одма на вториот спрат. Сабајлето на рапорт сите три смени зашто не биле пожарни. Овие двајца се извлекоа рекоа дека никој не ги скорнал, а јас немав оправдание. Воспитачот што го зел саатот рече дека саатот го украл некој и морам да го платам. Тука имаше големо карање измеѓу него и мене, јас го нареков крадач на саати, ако ти треба саат купи си, а не да го крадеш интернатскиот саат. Јас не го украдов, јас не сум арамија-рече тој. Беше пирочанец, младо ново воспитачулче, а јас му реков-ако не го украдовте ќе беше на свое место, а не во твојата соба. Работата дојде до голема. Пирочанецот воспитач ме предал на рапорт кај управникот на интерантот Павле Ѓоргиевски. Управникот беше војнички школован во партизанската војска и добил место како управник во интернатот во индустриското училиште во Пробиштип. Јас морав да ја завршам мојата казна за таа недела. Кога видов списокот јас сум втора смена од единаесет до еден. Таа вечер не бев ни на спиење, туку отидов на кино скришно од интернатот. Беше некој добар филм, а тогаш за добар филм се ќе сторев. За карта не ми требаше имав калаус (клуч) на задната страна на киното, скришно влегував на задната врата, а на предната излегував и тоа малку понапред за никој да не ме запримети. Кога ќе дојдев во интернатот сите беа легнати. Пожарниот ми отвори и ме праша: ти не ме заменуваш, да јас те заменувам-му реков, оди и спиј. Тој си отиде на спиење, а јас седнав на столчето, потпрен на ѕидот и после пола саат ми се приспа и ни пет ни шест го зедов саатот и право во соба на спиење, сигурен дека нема воспитачот да ми го украде. Се пробудив ноќта и отидов наредната смена да ја пробудам. Рапортот кај управникот Павле Ѓеоргиевски не беше добар. Тука беше и воспитачот. Управникот почна со одредбите и законите во интернатот: поштовање на воспитачите, наставниците. Јас тогаш додадов и управникот и директорот. Павле се разлути и ми рече: ќе те истерам од интернатот и ме нарече секако. Јас молчев, а управникот рече: ако направиш уште една грешка ќе те истерам од интернат и извика- излези надвор. Јас знаев дека мора да не зборувам никако со воспитачот и кого го завикав Сукле. Никогаш не зборува освен кога излеговме од кај управникот тој сакаше да прави некакво мекнење со “јас ти реков” и тогаш му реков ќути Сукле, ради тебе влегов во проблем. Ти ме навреди-ми рече, јас му одговорив оди назад кај управникот и цинкари и си заминав. Управникот на интернатот Павле до завршувањето на првата година не собра сите рударци и металци и имаше вршење на комплетно запознавање кој што ќе работи. Сите требаше да одиме во разни рудници во Македонија обавезно затоа што рудниците финансирале и стипендирале за нас. Многумина не се сложувавме со такви тајни договори без наша согласност, зошто тој сам без наша дозвола на своја волја склучувал такви договори. Мене ме беше потпишал за кичевски рудник и во истиот момент при читањето на имињата секого го гледаше дали учи во својата струка. Мене ме прочита и рече: што си седнал со металците. Јас му одговорив: јас цела година одам со металците и се запишав во металска струка. Тој ми рече: јас ти реков на полугодието да се замениш со Војне Аврамоски, мој другар, кој беше во рударски отсек. Јас несакав за рудар, а тој несакаше за металец. Пак тој, втора година да се промениме. Војне е физички слаб за рудар, а јас му реков дека тоа не е мој проблем. Управникот продолжи со читање за другите ученици каде ги има запишано за обавезници. Со управникот не ми одеше работата како што треба. Фудбал се играше наголемо. Ако немаше тим од гости ние сами игравме пријателски меѓу нас учениците. Во Пробиштип имаше еден курајчанец Јонче Котески кој имаше завршено висока рударска школа па дури и специјализација во СССР имаше одено. Во Пробиштип доби добра куќа за живеење и управник во јамата Злетово беше, а директор на рудникот беше словенецот Паплер, додека пак командир на полицијата беше курајчанецот Благоја Петковски.

Летото дојде, а ние имавме само еден месец летен одмор и петнаесет дена во зимскиот распуст. Летниот распуст почнуваше во јуни. Сите заминавме на одмор. За патувањето на распустите имавме повласници за попуст на железничкиот и автобускиот транспортен превоз. На одмор беше добро само малку беше. Кога дојдов дома во село, дедо Лазо беше умрел. Јас знаев уште во Пробиштип. Дома ми беше шубе без него. Тој беше среден човек по височина, останат сираче без татко Стефан уште од бебенце кога имал само шест месеци. Дедо Лазо доста мака тргал во својот живот, мајка му се премажила кај Савевци и го зела со неа. Кога израснал поголем се јавил за чување овци и се пазарил да добива по една овца во годината. За десет години од чување на овци за себе си собрал околу стотина овци, така дедо Лазо со растење станал мал газда и почнал свој живот.

Дај да се вратам назад бидејќи школото го почнав, еден месец помина како една недела. Таман се видов со фамилијата и другарите, морав назад. Почна втората учебна година. Сите ученици се вратија. Разни дискусија за распустот и се по старо освен во втората година металците си одат во погоните за каде се определија да бидат. Јас се изјаснив за авто механичар. Си мислев дека како механичар и шофер можам да работам во целиот свет, затоа што сегде имаат гаражи и авта, па јас ќе одам на пракса в гаража за практична работа кај шефот Гањо (кумановец). После една недела во гаража ми се допадна. Имаше доста добри механичари и карактери. Вториот понеделник шефот Гањо ми даде неколку различни клуча и ми рече дека ќе ме испрати во едно место сам за да растурам еден компресор. Тогаш јас видов дека јас нема да имам проблем, за два дена се извадив од тој компресрот. Дојде шефот да виде што сум направил и кога виде дека јас се имам ставено посебно затоа што ако ги измешам не ќе знаев крајот да му го најдам. Шефот рече: па ти подобро и од некој механичар си го средил (бев педантен). За монтирање ќе те одредам со Ванета механичарот. Есента си врвеше, а јас четири саати пракса и четири саати настава имав. Наставата ни беше многу лесна, да воопшто и книга не отварав. Павле Горгиевски беше и класен на втори металски клас. Некој се пожали на нашиот клас дека викаме многу кога немаме настава. Класниот дојде во класот и без многу коментирање рече: ќе ве казнам во сабота и недела од интернатот до школото да го постелите. Имаше сигурно преку 500 метри. Прилично далеку беше за да се постели со изгорениот отпад од флотацијата. Тој материјал беше од кал, но материјалот од флотацијата од интернатот беше пола километар далеку и сето тоа требаше со колички да го донесеме од интернатот до училиштето каде што беше угорница. Никој ништо не рече. Беше петок. Управникот излезе од класот, а ние почнавме да боботиме. Утре сите ќе одмараат а ние ќе работиме. Класниот ученик одговорен за нашиот клас беше Ѓоре. Дисциплиниран и учеше и тој беше автомеханичар. Можеше да не накажи на управникот ако нешто се договориме. Јас му реков на Ѓоре-Ти си одговорен за класот оди кај директорот на школото и кажи му што се деси. Тој се уплаши и рече: не, после управникот мене ќе ме казни, но и него не му се допаѓаше казната, тешка работа, местото беше кално во есен. Јас му реков имам предлог, само предлогот пред да го кажам сите да земеме заклетва за тајност и со кревање на рака сите до еден се изјаснија за да се држи тајноста. Ќе направиме жалба до Просвета во Скопје. Јас препорачано писмо ќе пушта, без некој да знае кој ќе го прати писмото. Жалбата ја напиша Јосефски Стојмир. Ние бевме најголеми коментатори за фудбал. Седнавме во задната клупа и за петнаесет минути писмото го напишавме. Стојмир имаше најдобар ракопис. Писмото беше готово. Еден застана на вратата да гледа да не дојде некој, Стојмир го прочита писмото, кое беше многу убаво составено. Содржината беше за сите неправилности што управникот ни ги нанесе на сите. Во писмото беше напишано со молба овој партизански управник да се отстрани од школските и интернатските должности оти моралот кај учениците е на најниско ниво на образование. Зедов еден чист лист и сите во класот се потпишаа дека нема да кажат ништо за овој случај. Утре ќе одиме да работиме и нема да се буниме, ќе молчиме и ќе туркаме колички. Саботата после доручек управникот рече: втор металски клас сите долу пред интернат, пошто мензата беше во школските простории. Другите слободни за играње и одмарање и се што сакаат. Се собравме сите пред интернатот не зеде сите со него и не однесе во рударските простории за чување на алатот за работење. Ги отеравме количките, ги испразнивме и се вративме назад пак за други товари. Кога се распоредивме со количките како робјашки караван бевме, тогаш јас зедов една креда и почнав со пишење на првата моја количка: Роб 1и на сите колички до роб 15. Сите не гледаа и си мислеа дека овојпат за сите ученици, а не има околу двесте души сите да работат вистина не би било толку тешко. Но само петнаесет ученици сето место мораа да го постелат и петнаесет да туркаат колички, не се сложивме. Писмото на поштата јас го препоручив преку еден рударски техничар Гросич, кој го замолив да ми го препорача и пушти писмото во поштата. Гросич рече: грешка нема и го зеде писмото. Јас чекав за реакцијата, така се тешевме дека Павле ќе летне од школото и интернатот како партал. Доста работевме ама и добро го пославме, барем сега беше чисто за сите. После работата сите бевме уморни и гладни. Сите се собравме во класот, а Стојмир ми рече: Бобек оди види некој леб донеси ако се снајдеш. Добро, јас се имав и порано снајдено со леб од кај кујната. Отидов одма кај пенџерето што беше секогаш малку подотворено. Јас имав едно стапче малку подолго од метро и шилено од едната страна, пошто го имав од други пат спремано. Дојдов до пенџерето видов дека никој нема, го подотворив пенџерето и со стапот во еден леб боцнави после уште во два и ги зедов сите три сомуни под палто и право во училница. Кој е гладен?-прашав. Сите сме гладни. Се најадовме малку дур да дојде време за вечера. Така втората година полека се гураше. Игравме многу фудбал, спортот беше се што можеше да се забавуваме. Јас тогаш почнав да размислувам како да се дојде до Бобек (еден од првите фудбалери) во тоа време за југословенската репрезентација и број еден во тимот на Партизан. Пишав писмо лично на Степан Бобек. Нормално одговор на тоа не добив. Многу пати пишував во Белградски спорт во рубриката прашања и одговори. Така се приближуваше крајот на втората година и немав стрпление, затоа што Павле Ѓоргиовски најавуваше дека металците ќе одат со него на две недели екскурзија низ Србија по завршувањеето на учебната година. Времето дојде за екскурзија. Тргнавме према Неготино. Таму одигравме една фудбалска утакмица со ученици од еден воспитен центар, кои беа многу лоши деца. Утакмицата беше многу напета и со многу груба игра од затворениците. Одвај чекавме да се заврши, тогаш тие победија со 2: 1 и така видовме дека и фудбалот некој го прават тепачка. После тоа бевме во Бор. Таму исто имаше школа како нашата во Пробиштип. Јас имав посебни интереси за Бор затоа што од таму имаше еден од светските талетни на фудбалот Милош Милутиновиќ. Тогаш Милутиновиќ играше во Партизан како дебитант меѓу прочуените фудбалски играчи Бобек, Чајковски, Зебец, Валок и други. Милош Милутиновиќ беше толку популарен со неговото дриблање и давање на голови. Почнаа да го викаат фудбалска балерина. На жал во младите години доби ТБ, дојде до голема тешкотија да мора да му се менува ребро. Германски тим го откупи со договор дека ќе го излечат, но после тоа три години да игра за нив. И така беше. Милутиновиќ се излече и потоа повторно играше и за државната репрезентација. Реал Мадрид даваше 250 илјади фунти да игра за Реал Мадрид. Милутиновиќ рече: НЕ. Тогаш Шпанија беше под фашистички режим и затоа југословените го избегаваа играњето во такви држави.

Да се вратиме назад во Бор. Стигнавме попладне и тука ќе престојуваме три дена. Ги разгледавме рударските погони, работилници, школскиот интернат, флотацијата и скоро се што имаа во таа колонија. Не не изненади ништо специјално затоа што и ние живееме во рударска колонија. Последниот ден беше слободен ден а беше закажана и утакмица измеѓу нашата и борската метална школа. Ние ги носевме нашите дресови од Рудар. Се дискутираше дека ќе не тепаат. Некои биле од нашите на игралиште и тие тренирале, така да према тренингот многу им се видело дека се јаки. Специјално некој Милич, дриблал и шутирал, бил многу опасен. Сите по мене: Бобек неможеш да ги однесеш головите што ќе ти ги дадат. Милич?-јас си велам, да не е Милутиновиќ, некој втори или трети Милутиновиќ, зашто беа тројца браќа Милош, Милорад и Боро. Не–тие велат овој нема ништо од нив. Јас нема што да мислам, јас со него може нема да имам ниту еден дуел, затоа што јас играм во навала лева полутка, а тој исто така во навала и нема да се среќаваме. Се собрале доста ученици на игралиштето, кои што го очекуваа натпреварот. Се појавивме сите играчи од двете страни. Јас се чуствував многу расположен за игра, затоа што играв во роденото место на браќата Милутиновиќ, кои беа таленти за фудбал. Утакмицата почна, топката е во нашите играчи. После пет-шест минути јас добив една топка пред шеснаестерецот. Двајца противници ми беа во близината. Јас со голема брзина меѓу двајцата противници и ми се отвори одлична позиција за шут. Шут и ГОЛ. После уште три гола на сличен начин им дадов во прво полувреме. Почна и второто и тогаш дадов уште три гола, па така ги поразивме со 7: 1 и сите седум гола јас ги дадов за Рудар од Пробиштип, а еден даде Милич за Рудар од Бор. Цела вечер и цела екскурзија се зборуваше за утакмицата. Четвртиот ден тргнавме за Белград. За мене Белград тогаш беше едно од најголемите интересирања да се види. Град кој имаше многу фудбалери и беше главен град на федерацијата. Стигнавме во Белград. Ги добивме сите упатства на кој мораме да се придржуваме и да не се оддалечуваме едни од други за да не се изгубиме. За 5-6 ден низ Белград ми се чинеше дека се научив токму да комуницирам и неможам да се изгубам. Бев секој ден кај стадионот ЈНА на помошното игралиште, кај што играа фудбалери, но не од првотимците бидејќи првенството беше завршено. После Белград возот за Пробиштип и одма другиот ден на школски распуст за Кураица. На одмор јас си ја зедов целата фудбалска опрема со мене. Знаев дека таму во Кураица немаат ниту копачки ниту дресови. И покрај управникот што рече фудбалската опрема да се остави во магацин, јас реков кога ќе се вратам ќе се правдам кај управникот Павле. Кога стигнав во Кураица во јули, селото закажа две три утакмици-едната со Косел во Кураица. Ги збунив Кослањи со мојата незадржливост и тогаш им дадов три гола. Одморот место еден месец јас два месеци си го направив. Кога се враќав цело време по пат си мислев: како ќе поминам со управникот Павле Ѓеоргиевски. Стигнав до Ванчо Прќе со возот и отука земавме рударски камиони. На станицата се собравме дваесетина души кои сме задоцниле од летниот школски распуст. Од железничката станица до Пробиштип има околу дваесет минути. Штом стигнавме во Пробиштип прво влегување одма е интернатот од десната страна на патот. Сите скоро беа надвор, добар сончев ден беше и играа одбојка. Голем број околу камионот и многу од нив викаа: бралеее, управникот го истераа и сега чекаме нов управник. Тогаш навистина јас се чуствував најсреќен затоа што нема да одговарам за дресовите и за закаснувањето. Почна третата учебна година. Ние сите се спремавме за оваа завршна година затоа што после завршувањето треба да добиеме дипломи за квалификувани работници. Поголема концентрација постоеше за практичната работа, ако ја положиме тогаш можеме со нашите квалификациии да работиме сегде во секое претпријатие во својата струка. Договорите управникот Павле што ги правеше да работиме по рудниците низ Македонија сега никој не зборуваше за тоа. Новиот управник што го заменуваше стариот ништо и не знаеше за работите. Првите денови дојде низ училниците. Беше вечер. Дојде до мојата клупа и со смешкање се запознавме и рече: Чув ти многу си го сакал стариот управник, а јас му одоговорив со големо задоволство на повисок глас сите да чујат: ако те сакам и тебе како него тешко тебе. Така навистина ништо немав со новиот управник. Тој беше многу интелегентен и не беше ситничар. Во тоа училиште имаше еден добар машински инжинер Тасески, предаваше машинска енциклопедија и еден наставник по македонски Лазар. Скоро секој час кога ќе дојдеше на час пред да почне со наставата ќе ме опиташе мене дали имаше нешто да кажам. Пред да почнеме со наставата секогаш имав нешто интересно да кажам пред сите во класот, некогаш му земав доста време од часот, но и тој исто така сакаше многу да слуша и да се смее, затоа што јас бев многу слободен и се можев да кажам без да се срамам.

Дојде пролетта во 1953 година. Школската година е една од најзачајните затоа што се спремавме за полагање на практична работа. На испитот за практична работа мене во гаража ми падна БОШ пумпа кај дизел мотори. Никогаш ништо немавме учено за бош пумпа, затоа што кога ќе се расипеа ги носевме во Скопје на поправка. Шефот Гањо од Куманово беше сменет и на негово место дојде Обрен. Јас си мислев сигурно сака да ме паднит на испитот. Јас го прашав-незнам зашто баш пумпа за мене?Тој ми рече: некој механичар треба да го ставам и за БОШ пумпа, па јас мислам дека ти за механичар прилично вешто ќе се снајдеш. Бош пумпата уствари има помалку работа отколку на мотор да му вршам ремонт, па за тоа и многу не се уплашив дека ќе паднам. Шефот ме однесе во една мала просторија, специјално место за БОШ пумпи. Ми даде една пумпа и нови елементи со неколку дизни за измена и притисок, да го измерам. Ме затвори внатре и ми рече никој неможе овде да дојде без мене. Сега видов дека сум на вистинско полагање. Сам сум. Ја зедов пумпата ја разгледав и видов прво дека ми треба еден мал леген со бензин. Целата пумпа ја ставив внатре, ја избелив и изгледаше како нова. Ја зедов поново од легенот и ја ставив на лежиштето што беше отсекогаш, пошто тука се поставуваа бош пумпи и одговорен беше самиот шеф Обрен. Порано тој ги испитуваше бош пумпите пред да постане шеф. Почнав полека, сета ја растурив и со усул да запамтам да ги вратам на свое место, така ќе знам се што има внатре. Немаше никакви специјални чуда, отприлика како едно моторче да створи притисок преку вртењето на нејзината осовина, со нејзините коленца кои ги туркаа подизачите и како низ цевчиња доаѓаат во дизните. И променив и уље, ја прегледав и ја склопив. Ја вклучив, шест дизни кои претходно исто ги променив елементите, зедов шест епрувети кои претходно ми беа на располагање ја уклучив пумпата да се врти со електромотор. Почнаа да шприцат во епруветите, а јас се смешкав со задоволство што за неполни два часа со задовослство главната работа ја завршив. Тоа не беше се. Сега треба да се штелува секоја дизна и да се види дали сите еднакво шприцат. Бидејќи работата на моторот зависи од силата на горивото што ја дава бош пумпата, моите дизни прилично еднакво ги наполнија сите епрувети. Но тука постои исто временски која и со колку аттмосферски притисок. Кога го сторив ова се спремив и за прашања што комисијата исто ќе ме праша за работата на притисокот. Главен на комисијата беше Думан, постаро човече. Од говорен беше на сите погони на механизацијата, а плус беше шеф и на сите машински струки. Во работилницата работеа машински бравари, швајцари и др. Отидов надвор од собата кај шефот Обрен за да дојде да види. Дојде тој и рече: затвори?-Да се сторив и е уклучено да се врти. Почна да функционира. Обрен ја запре да не работи и ми рече испразни ги епруветите и пак стави ги под дизните. Обрен почна со испитување и рече дека се е добро, ќе ја викнам комисијата и биди озбилен пред Думан. Дојде Думан и уште еден со него и мојот шеф Обрен. Ја разгледа Думан и му рече на шефот: зашто на пумпа си го ставил кога ние пумпите ги носиме во Скопје. Бидејќи Думан платни налози потпишуваше што одат во Скопје, Обрен со не нарочито возбудување му рече и оваа ќе оди во Скопје. Главно прашање од Думана за мене беше: колкав притисок дава пумпава?Притисокот не е измерен затоа што ние немаме апарат па затоа одат во Скопје, но притисокот мора да биде поголем отколку во моторот. Така е. Ми ја пушти раката и ми честита за квалификацијата. После тоа сите мои другари, братучед ми Митре и механичарите се собраа и ми честитаа. Со тоа јас добив голема волја исто како да добив карта за патување околу светот. Јас прво решив да одам летово на одмор во Охрид и после ке одлучам што, бидејќи исто така требаше да одам во војска, а уште не бев регрутиран, а имав веќе префрлено 20 години. Еден ден добивам повик за регрутација, сите мои другари и многу други курајчани кои беа од мене една година помали. Истиот ден кога требаа тие да одат и јас со нив до Косел кај матичарот Иван. Здраво Иване јас сум од Кураица, сите мои другари заминаа во војска, а јас немам ни позив добиено. Матичарот рече: чекај да видам. Абре дете, ти си запишан дека си умрен. Има некој умрено во фамилијата постар од тебе?Да-јас му реков сестра ми Петра. Оди одма во воениот отсек, денеска имаат испитување и речи им дека Иван матичарот ме прати. Јас тргнав пешки према Охрид со мислите да знаев дека порано сум запишан во мртвите се можеше поинаку да биде. Сега се е касно само си мислам во која единица да одам во војска. Јас сакам шофер да бидам во војска. Стигнав, во воениот отсек ме примија одма, имаше уште доста што чекаа. Ме испитаа и ме опитаа што сакам. Јас им реков затоа што сум автомеханичар сакам шофер. Добро, утре еве ти објава за возот до Скопје за да одиш на специјален преглед. Одлично ми беше се по мое. Стигнав вечерта во Кураица, се најдов со Миле Јаниески, бидејќи и тој беше за шофер избран. Тргнавме со малото возче што одеше преку Кичево-Гостивар-Тетово-Скопје. Овој воз беше чуен со своето бавно одење. На кривини ние слегувавме и напречек пред него ќе стигневме. Нас не ни е важно, денеска и ноќеска на воз, а утре во Скопје во воениот отсек. Кога стигнавме во Скопје се пријавивме во центарот за прегледи. Имаше доста млади за регрутација за автошкола, за шофери за војска. Првиот ден ни дадоа ручек и ни кажаа каде ќе спиеме. Пријателот Миле рече: сега ќе одиме низ Скопје покрај Вардар на плажа. Бидејќи тој заврши автомеханичар во Скопје, така да низ Скопје немавме никакви проблеми. Вечерта си отидовме од шетање, добивме јадење и на спиење. Требаше да се извршат три прегледи комплетно: физички, ушно и очни. Вториот ден ние прво отидовме на физички преглед. Се прегледавме и се беше во ред. Бидејќи Миле Јанија (јас го викав така) беше главен што ќе речеше така беше. Миле рече после ручек на плажа ќе одиме исто како што вчера направивме. А јас му реков: а ушно и очно, тој ми рече тие ќе ги правеме утре и задутре. Добро беше, ни испадна како на една недела одмор во главниот град на Македонија, Скопје. Другиот ден, беше четврток и отидовме на ушно и после пак на плажа. Задниот ден-петок и очниот преглед беше најважен преглед. Ако не прогласат за нездрави нема шоферство. Сите велеа дека на очното лесно се паѓа. Јас си мислев дека гледам одлично и не мислев дека ќе имам проблем. Прв бев јас ме прегледа една женска докторка и се беше добро. Задниот тест имаше искоцкани карти во разни бои. И во тие бои имало броеви. Кој борј е овој?-ме праша докторката покажувајки една карта што ја држеше во рацете. Каков број јас не гледам никаков борј, Миле почна да се смее и викаше-двојка не ја гледаш. Докторката извади и друга, јас и тука не видов број. Јанија вели 5 не гледаш. Уште една таква партија и јас паднав на очниот преглед. Докторката на Јанија му рече дека тој оди со распознавање и помина. Му изврши други прегледи и се му беше добро и доби за војска во автокоманда, а јас си мислев сега која единица да одам. За тоа беше надлежен воениот отсек од Охрид да донесе одлука. Ручавме после прегледите и тогаш еден војник не примети дека ние уште сме овде, бидејки секогаш идеа нови луѓе. Миле му рече ние си одиме вечерва нема што да се грижите повеќе. Јас и Јанија немавме никакви пљачки. Лето беше. Само имавме по една кошула. Возот преку Кичево за Охрид тргнуваше од вечера. За Охрид одеше негде после пладне, но Миле планирал друг план, возот да го испуштиме и така и се стори. Возот замина и друг воз за Охрид преку Кичево имаше дури утре. Јанија после ми го кажа планот зошто го испуштивме возот. Воз имаше за Битола, побрзо од кичевскиот и за два саати ќе бидеме во Битола. Јас му велам-Чекај Миле од Битола за Охрид има 72 км. Објавата не ни важи за автобус, како мислиш да стигнеме во Охрид. Не се секирај-ми рече, јас имам една женска во Битола и ќе земам пари од неа за автобус. Тогај си реков–не мислам дека некој ќе даде пари и ми беше сомнително, но ми се допаѓаше идејата и не се брзавме за ништо. Кога ќе стигниме во Охрид тогаш-си реков. Влеговме во возот за Битола, а во истиот вагон наспроти нас седна еден млад човек. За Охрид-рече, да да и јас сум за Охрид. Што сте вие, што работите?Јас сум син на оџата во Охрид и така со дискусија дојдовме до добри пријателски разговори. Јас го прашав како ќе си оди од Битола. Со автобус или?-Рече дека ќе го чекаат со кола неговите. Дали има место?–го прашав и ми рече-не нема, ние ќе бидеме тројца. Миле пак рече, не не, ние ќе останеме во Битола малку. Синот на оџата ни рече дека може да го најдеме во Охрид во кафеаната Крали Марко. Јас таму ја затворам, до крај стојам. Во возот неколку пати не почасти со поткаснување и така стигнавме во Битола. Синот на оџата не го видовме повеќе. Јас и Миле отидовме према паркот, каде што најдов добро место за одмарање, а Миле отиде да ја бара женската. Чекав тука се до зајдисонце. Еве го Јанија. Што стори бе Миле, ме умре во лежење цел ден, цели два, три саати. Миле мртов ладен рече: пари не добив, туку леб и сирење ми даде да јадеме и да бегаме. Како, пешки?-го прашав. Миле: ќе се најдит нешто белким, да се префлиме до Охрид. Времето почна да се мрачит. Ние заминавме од Битола околу еден километар. Миле почна да вели, ајде да ги промениме кондурите може поинаку да биде за пешачење и тоа го сторивме. Почнавме да пешачиме едно сто метри после замената на кондурите и видовме полно светла фарови од кола. Јанија вика-легни на земја, а јас кревав раце да го запреме. ЈАс се спуштив на земја, а Миле ги крева рацете и застана една американска лимузина. Празна, само шоферот беше. Тој праша за кај одиме, а Миле му рече за Охрид. Шоферот рече-јас не одам за Охрид, туку за Отешево, може да ве однесам до Ресен. Влеговме во кола, Миле напред, јас назад. Шоферот не праша од каде идеме?-Миле одговори-од војска. Каде се куферите?-не праша. Му рековме – ги оставивме кај еден занаетчија во Битола. Зошто не одите со автобус?не праша-Му рековме дека незнаевме дека не важела за автобус пропусната објава, на нив пишува до Охрид. Кај служевте војска?-не праша. Миле му рече негде во Хрватска, а јас му реков во Алексинец. Тој тогаш рече и јас во Хрватска служев, во истиот град кај Милета бил врска. И така лагата се претвори во вистина, а немаше потреба за такво нешто. Миле одеднаш на поголема сентименталност да не сожали шоферот и да не префрли до прентонос (раскрсница за Кураица и Охрид). Од Ресен има 20 км до Охрид. Тој не однесе до центарот на Ресен и му беше многу жал што нема време да не однесе до прентомос. Затоа што одеше до детското одмаралиште да ги земе децата на директорот. Ние се одморивме кај пазариштето, до кај два саатот во ноќта немаше никакво превозно средство према Охрид и одлуката беше да се продолжи уште 25 км до Кураица. Од Ресен до прентомос ни зеде преку пет саати. Негде седевме дури и подзаспивавме малку. Миле не беше отиден дома неколку години, беше скаран со домашните. Јас го убедувам дека тие прашуваат за него и секогаш ми велеа ако можеш да го донесеш Милета. Па така со разговор дојдовме до прентамос. Сонцето беше излезено од позади буковскиот рид. Миле вели- незгодно ми е да ме видат дома, ќе се најдеме во Охрид. Чекај Миле и јас сум за Охрид-му реков. Нема што да правам во село. Морам да барам работа низ Охридот. Ако се срамиш за дома ти ајде кај мене дома и после утре заедно ќе одиме во Охрид. Голема радост се стори кај Јаниовци со видувањето на Миле. После два дена заминавме во Охрид. Го испратив од Охрид за Гостивар затоа што Миле работеше како механичар во претпријатието Маврово. Јас му реков дека ако не најдам ништо за работа во Охрид ќе дојдам во Гостивар, гледај да најдеш нешто за работа за мене и за братучедот Никола и тој заврши со мене механичар. Миле замина. Работа во Охрид не најдов и заминав во село Кураица да го викам Никола да одиме во Гостивар да бараме работа. Тргнавме од Кураица за Ботум и од таму со возчето за Гостивар. Стигнавме во Гостивар и одма ни рече дека опитал за работа и дека немало работа. Никола одма му рече чекај, не се разочарувај одма. А јас додадов-Миле сака одма да не врати назад, така?Миле рече–не останете овде да го видите Гостивар и корзото, па така останавме два дена во Гостивар, немаше што да видам освен изворот Вруток. На корзото ми се свиде една мала девојка. Почнавме скришум да се подгледнуваме, а Миле одма ме опомена дека овие овде не се сите македонци, дека има и албанци, пази може одма да дојде до тепачка. Зашто Миле да дојде до таква работа?-го прашав. Јас гледав момичиња, некоја ме подгледнува мене и сакам да стапам во контакт. Ги гледаш оние четворица по нив што одат, тие им се браќа, немој да приметат зашто ќе бегаме како зајаци. Добро Миле секако си заминуваме утре, што ќе ни се тие работи-му реков. Другиот ден сабајлето Миле не испрати за Кураица со поздрав со три сомуни леб гостиварски и со Никола тргнавме пеш за кон Кичево. Лебот го изедовме по пат. Патувавме од сабајле до вечер доцна до Сливово. Од Сливово е доста далеку до Кураица. Никој не ни понуди да преноќиме. Но сепак во задругата уште имаше луѓе што си пијуцкаа и ни дадоа салами да се замезиме и освежиме. Ни дадоа идеја да се спуштиме долу до железничката станица, да го чекаме возот, кој ќе поминел околу два саат и одел за Охрид. Ние отидовме близу станицата и несакавме да бидеме видени затоа што немавме пари за карта. Возот дојд, ние се качивме и така стигнавме до Ботун. Оттаму пак пешки до Кураица низ планината. Кога стигнавме дома јас влегов внатре, а дома немаше никого. Најдов кисело млеко и леб, се најадов и излегов на сред село да видам што има новости. Татко ми тогаш беше на државна работа во Маврово. Баш после пладне си дошол дома. Брат ми Митр, е поголемиот, беше дома како главнина на куќата кога татко не е тука. Со татко ми се нашле пред мене, а јас не го имав видено шест месеци. Бев радосен што ќе го видам татко ми кога дојдов дома квечерината, а Митре веќе го имал накодошено татко ми многу лошо. Татко штом ме виде и одма рече-слушај ако стоиш овде немој само за јадење туку и на работа на нивје мора да одиш. Бидејки колективот беше растурен селаните пак почнаа да ги обработуваат своит имоти. Сите бевме седнати на вечера. Јас нажален им реков на сите-јас барам работа, тешко да се најде пред војска, само што сака нека биде јас нема да јадам повеќе во оваа куќа. Станав, не вечерав, излегов и отидов кај братучед ми Никола да го обавестам дека утре ќе одам за Охрид и Битола. После за спиење отидов кај Митрета Котоски (другар мој) таму и вечерав. Се раздени утрото, јас се истресив од сламата и по речиште со Никола. Кутра мајка сабајле одеше на жетва и ме загледа како јас одам пред неа на стотина метри. Синко, синко застани да се поздравиме-ми викна, а јас напротив почнав побрзо да одами не застанав да се поздравиме. Коле и јас отидовме до автобуската станица во Охрид. Успеавме да се качиме во автобусот до прентомос. Коле слезе, а јас продолжив до Битола. Во тоа време на Црна Река во Битола коритото се поправаше па исто имаше и ударнички школски бригади што работеа на Црна Река. Брат ми Танаско работеше физички работник во една бригада под надзор на Димко од лешани. Стигнав на градилиште прашав дали има работа како машниста. Шефот ми рече дека чекаат пумпи од Русија и штом стигнат јас сум првиот и ќе можам да работам кај Димко Лешанецот. Животот не беше лош, јадење, спиење и за пиење кисела вода. Имаше изворска кисела вода за пиење, друга и немаше освен кисела вода. Се задржав две недели, а плата нема. Јас сакав да се запишам на школо за погонски инженери во Белград која траеше две години. Зедов 500 динари од брат ми Танаско и му реков да ја земе мојата плата. Јас ја зедов мојата патна објава која гласеше: Ванчо Прќе-Битола. Мене многу добро ми послужи за Ванчо Прќе–Белград. Од Велес до Белград платив 300динари. Стигнав во Белград беше 5-ти септември и право во просториите за запишување на погонски факултет. На жал беше доцна за запишување затоа што уписот траел до 3-ти септември, Се употребив, но не можеше ништо да се стори. Прво, истиот ден пробав да најдам негде работа, но нема. Штом разберат дека не сум завршил со војската и не сакаат да ме примат. Беше разочарување на сето тоа што ми се завршија работите. Во Белград ми се остануваше, но немам доволно пари за карта за воз до Македонија. Решив дека пред да тргнам од Белград, сакам да се видам со братучед ми Гоце Дервуш, кој живееше во Белград и работеше како воен санитер во воена болница, која беше една од најголемите во Југославија. Отидов негде во два сатот попладне. Правевме муабет за разни работи затоа што отидов изненадно и ќе се враќав одма. Еве го Гоце, си дојде од работа и тој се изненади на моето доагање во Белград. ТОј покуша да ме убедува да се задржам уште и да барам работа, Но јас знаев дека пари немам ни за почеток. Гоце немаше место за стан, за пари бев решен да не барам. Иако дури Петра, жена му ме праша дали имам пари за карта, јас немав доволно, но и реков имам ноќеска со возот треба преку Косово за Скопје да тргнам одовде. Како патна опрема имам една школска торба со документите од Никола и моите што ги носев за упис на вишата индустриска школа и една кошула за пресоблекување. Петра ми направи еден седвич за по пат, се поздравивме и заминав кон железничката станица да го чекам возот. За карта решив да не купувам, со патната школска објава кошташе триста динари и картата мораше да се извади од местото до Ванче Прќе–Пробиштип. Јас имав само двесте динари. Си реков ќе одам без карта до каде ќе можам. Дојде возот за Скопје преку Мала Крсна за Косово. Јас си влегов во возот и си гледам на сите страни за кондуктерот кога ќе наиде. Ни далеку од Белград и кондуктерот право на мене. Возот застана на Поповец. Кондуктерот викна и мене ми побара карта. Јас ни А ни Б му реков : јас немам, а тој без да ме прашува повеќе, една опасна шлаканица ми светна и одма ме турна од возот на земји. Возот тргна и замина. Јас знаев дека се наоѓам во село Поповец и си мислам за возот дека за кратко време застана. Тоа беше после полноќ, во првата недела од септември во 1956 година. Во близината видов една копа со слама, која беше добро направена. Се добрав таму за ноќта да ја преживеам, зашто друг воз немаше ни кон Блеград, ни за Мала Крсна. Овде требаше да се преноќува. Ноќта беше темна, кучиња лаеја скоро цела ноќ. Пукна зората, станав се истресив од сламките и отидов да видам кај сум и кај да одам. Најдов еден обичен човек и стоеше тука, кој беше радознал што правам овде. Јас му ја кажав вистината. После го прашав дали има некаков воз за Скопје, а тој ми рече дека воз за Скопје морам да го чекам истиот од ноќеска. Јас го прашав од овде до Мала Крсна колку километри има-а тој рече дека има 34 километри и од Мала Крсна има повеќе возови за Македонија. Му се заблагодарив на човекот и тргнав пешки за Мала Крсна. Јас бев решен дека мора да стигнам до Мала Крсна. По патот си мислев белким ќе биде поефтина и дека ќе можам да ја платам картата со овие пари што ги имам. Патот не беше лесен и цело време одев по пругата затоа што друг пат незнаев и да не залутам негде најсигурно ми беше вака. На пат поминав низ неколку села и добив вода за да се напијам и да продолжам за возот. По патот најдов многу лозја, тогаш беше сезоната за грозје, па си мислев да наберам повеќе и да ги продадам на железничката станица за да направам пари за возот. Но се предомислив, да не бидам бркан како арамија, ај за јадење простено може да ми биде ама за пари правење се косит со законите на природата и државата. Стигнав во Мала Крсна во еден саат дента и одма појдов на шалтер за информација. Во колку саат има воз за Скопје и колку пари кошта со попусна школска објава од овде до Ванче Прќе-Пробиштип?- прашав. Возот тргнува во три саат и кошта триста динари. Службеникот ме праша дали ќе купам карта, а јас му објаснив се што ми се деси и сега незнам што да правам. Тој се поднасмевна и рече: дај да ја видам патната објава. Ја виде и ми ја даде назад, имаше уште два службеници внатре. Тој ги праша нив да платат заедно, едниот рече нека продолжи како што тргнал, а другиот ништо не одговори. Овој што разговараше со мене ми рече 15 минути пред тргнување на возот да дојдеш овде со двесте динари. Голема благодарност кон човекот и огромно задоволство осетив во целото мое тело. После лошо доаѓа и добро-си помислив во себе. Пред тргнување на возот отидов кај истиот човек, му ги дадов парите и повласницата, тој удри печат на повласницата и ми даде едно ливче хартија што пишеше платено до Ванче Прќе со печат. Седнав во возот, место имаше доста. После се запознав со доста војници што си одеа на отсуство така да до Скопје имав и друштво и храна. Времето ми помина брзо и со задоволство. Стигнав до Скопје без проблеми со билетот, ниту барем кондуктер видов. Од Скопје требаше да се префрлам за Кочани. Возот тргна према Велес. Беше околу пладне. Прошетав низ вагоните за да видам да не познавам некој што оди за Пробиштип. Навистина најдов познат, а тоа беше машинскиот инжинер Тасески. Прво сакав да се прикријам да не ме виде, но тој ме виде и одма ме позна. Ми смавта со рака да одам до него за да се поздравиме. Здраво Богдане, од каде ти овде и за каде?-ме праша. Јас му кажав се што ми се случи, од запишувањето на повисокото образование, за работата, како и за исфрлањето од возот во село Поповец. Тасе рече: абе дете, што не си продолжил према Загреб, што ќе правиш во Пробиштип ако не ти дадат работа?-Незнам ама сигурно нешто ќе ми дадат да работам. Ако не ти дадат работа јас ќе напуштам од Пробиштип и ќе работам во Риека во бродоградилиштето, како машински инжинер. Ти одма да опиташ за работа кај Јончета, управникот на рудникот-ми рече. Ако не ти даде работа, јас ќе те натоварам со пљачките од Пробиштип до Риека и таму ќе те запослам. Тасе беше многу учен човек, ми предаваше енциклопедија и техничка механика и никогаш не се замери во индустриско-рударско во Пробиштип, но за идејата што ми ја даде многу ми се допадна. Дојдовме до Велес, а возот подзастана 15 минути и Тасе ми рече сигурно ти се јадит, па тој слезе да земе нешто за јадење а мене ми рече да не излегувам. Ми донесе една векна со ќебапчиња, се најадов и почнав да гледам за кондукторот кога ќе наиде. Тасе рече: нема да имаш проблем од овде до Ванче Прќе, а јас му реков дека кондуктерот ми ја зеде повласницата пред малку кога контролираше. Тасе тогаш ми рече: што ќе ти е повеќе, а јас му реков: има уште едно патување, се поднасмевна и рече дека кога не те истерал тогаш сега нема да те гибат, ќути до Ванче Прќе и подзакривај се. Стигнавме. Многу полесно ми беше со Тасе инжинерот, затоа што за него имаше рудничко превозно средство. Стигнавме во Пробиштип. Инжинерот си отиде дома, а јас кај Јончета за работа да барам. Немаше проблем за каква било работа. Но за механичар во гаража не се наоѓаше толку лесно, па ми дадоа обична работа за бравар за две недели, а после ќе ме испрателе за Тораница (кривопаланечко), се отвораа нови рудници. Јас не бев задоволен со таа понуда, но ја прифатив затоа што после пет, шест месеци ќе одам во војска, за служење на обавезниот воени рок од две години. Целото друштво во Пробиштип се собра да слушнат што се десило со мене за два месеци. После две недели заминав во Тораница, на работа како машиниста. Од машини имаше два компресори, кои служеа за воздух на бушачите, што бушеа во рудникот. Работата беше со седење, во шифти три смени се работеше. Трета смена се спиеше повеќе покрај топлиот компресор. Животот не ми се свиѓаше. Немаше ништо за разонода освен јадење, пиење и спиење. Јас и уште двајца машинисти спиевме во иста просторија, која беше и канцеларија на главниот надзорник или пословоѓа Стојан, на кој прекар му беше пиле. Беше многу незгоден. Јас стално бев во кавги со него. Кога дојдоа директорот Паплер и управникот Јонче во посета на рудниците Тораница и Саса, Стојан-пилето изнесе отворена критика против менеи и тоа пред мене. Јонче ме опита-зашто се караш со пословоѓата, а јас тогаш му реков јасно пред тројцата-јас сум млад, сакам фудбал, женски, кино, корзо, учев за механичар, а сега јас овде да работам со овој човек што ништо од ова не го интересира. Директорот Паплер беше словенец и свати што е работата и ми рече- треба да се вратиш во Пробиштип. Јонче тогаш рече- стрпи се уште малку до војска, не прави ми проблеми, наши сме. Наши сме, јас му реков па затоа ми е криво затоа што сме наши и пак мене ме испрати во оваа шума. Ништо да не видам Ме погали малку и ми рече стрпи се уште за малку време. Добро, јас му реков до војска пред да ја примам работата до војска, немам време да барам работа. Ми требаа пари да уштедам за војска за две години, бидејќи не мислев и не се надевав на никого. Со домашните решив дека нема ни кога ќе одам во војска да им се јавам. Само братот Танаско знаеше адреса за да ми јави за некоја новост, односно тој не смее да кажи ништо на никого за кога ќе одам во војска. Така да животот во шумите на Тораница за три ипол месеци ми поминаа со печење јагниња секој викенд, со вино, ракија и од време на време со по некоја женска што ќе ја донесеше шоферот чичко Илија. Илија беше официјален шофер од дирекцијата на рудник Злетово, наменет со рударски џип и по потреба доаѓаше и другиот ден си одеше назад во Пробиштип. Илија еднаш тргнал од Пробиштип со еден словенски техничар и опрема за Тораница и Саса. На патот се подскарале коџимити и техничарот се налутил на Илија и излегол од џипот. Шоферот Илија кога дојде вечерта ни раскажа за се што се десило. Илија сакал да седнит некаде и да мезнит, но техничарот не се сложил со тоа, па Илија го оставил во џипот да седи. Кога се вратил Илија за пола саат, патувачот го немал, назад по патот го немало, ранецот му го немало. Шоферот разгледал наоколу, но го немало. Па си рекол-може заминал пешки. Никакво возило немало поминато ни надолу ни нагоре. Шоферот без да размислува подолго време решил да продолжи и ако го стигне по пат ке го земе во џипот. Го загледал пред него како брза техничарчето, го стасал и застанал: ела влегувај, а техничарот му рекол дека веке никогаш нема да се вози со него и за назад тешко дека ќе се врати со него. Така и се деси. Дојде чичко Илија и се не ни беше во ред. Но ништо, беше специјален шофер и за директорот и за сите. Го знаеја многу добро. Па оттогаш техничарот секогаш одеше пешки и доагаше од Пробиштип до Тораница и Саса. За тоа кратко време јас го запознав и кривопаланечкиот крај, народ и обичај. Дојде јануари и јас добив позив за војска да заминам најдоцна до 20 јануари 1957 година. На 18 јануари јас напуштив во Тораница и отидов во Пробиштип. Зедов плата за декември и за јануари заедно. За војничката плата за еден месец ќе ми ја испратат во војска, а и другите вишоци кога ќе се вратам од војска ќе ми ги дадат. За мене тоа ми одоговараше одлично.

На 20 јануари во 10 саат тргнав со автобус од Битола за Охрид. На патот кон Охрид го зедовме во автобусот брат ми Танаско, кој одеше во воениот отсек да ме испрати скришно. Во Охрид купив војнички куфер по димензии по воените прописи за испраќање на алиштата кај братот за него. Беше вечер кога тргнавме во отворени камиони кон Битола, а оттука со воз за своите назначени места. Јас морав да одам во хрватски Карловец. Отприлика сите од Македонија одевме во другите републики, регрутскиот живот од шест месеци во Карловец. Кога стигнавме во Карловец одма се одеше на стрижење, ако не си стрижен и тоа нуларица. Стоевме во редица за стрижење, истрижените на капење и за неколку саати сите бевме во војнички униформи. Животот во почетокот беше ништо. Повеќе правила и односи, теории, се така до заклетвата. После заклетвата само ЈЕС, НЕ, не смееше да се употреби нешто друго освен ако си болен. Во регрутскиот центар за машински инжинерија најповеќе се обучувавме за конструкција на мостови, патишта, мини, експлозии со машини за обработка на сите потреби. После шест месеци добивавме прекоманда во други места за дослужување на својот воен рок. Во Карловец се запознав со доста другари, а исто така беше многу застапено братств- едниство и никој не смееше некого да го увреди во националното чувство. Покрај сето тоа јас се запознав со двајца регрути еден од Земун, кој се викаше Фрањо и еден од Белград, Ненад Суботич. Војничкото друштво со Ненада се продолжи и после војска. Пред да ни соопштат кој каде ќе оди, јас два месеци пред тоа почнав да се интересирам за прекоманда, да научам каде ќе бидам. Јас сакав или во Белград или во Скопје. Во мојата чета имаше и еден водник македонец, кој беше од Кратово. Многу брзо се запознавме затоа што Кратово го познавав. Јас преку овој водник побарав да бидам или во Скопје или во Белград, а тој одма ми рече дека Скопје не доаѓа во предвид, затоа што не смеевме во својата република да служиме војска, но за Белград може. Јас се израдував дека ќе гледам утакмица. И другар ми Ненад ме молеше да одам кај неговите родители, сестра, брат (женет-постар од него). Сите беа душа од луѓе. Сестра му Олгица никогаш не ме остави без цигари и мал џепарец. Поминаа шест месеци и дојде време да одиме сите во своите едници. Јас бев одреден за во инжинерија за во Белград. Желбата ми се исполни, затоа што Белград ми беше како дома. Имав таму прв братучед од Кураица (Гоце). Со од Ненада фамилијата се запознав уште во првата недела. Стигнав во мојата едница инжинерија која беше кај автокоманда во Вождовац. Ручек беше. Ни дадоја ручек, но беше некако доста, се направи разгледување со постарите војници во касарната, во врска со јадењето и добив објаснувања дека е толку и дека само во титова гарда даваат колку сакаш, а овде кој побрзо за репете ќе стигнит за тој и ќе има. Негде по ручек во еден саат влезе еден поручник со еден војник, наш регрут од Карловец. Ние знаевме одма дека го носи за кај нас да остане, но не мислевме дека ќе бара замена. Потпоручникот се претстави-Радославлевич и не праша кој се дојдени од Карловец денеска. Ние тројца-одговоривме. Тој покажа со прстот на мене и ме праша што сум по националност, а јас му одговорив-македонец. Сакаш да идеш со мене во гарда. Да–реков. И така ме донесе со трамвајот до Топчидер. Животот во гардата ми беше многу добар, немавме ние машинистите големи пешачења и обука надвор од полигонот. Имавме разни машини. Јас бев задужен за сите моторни тестери, во секоја доба да бидат сервирани и готови за старт и еден моторен валјак мерцедес. Официрите и подофицирите ме познаваа од фудбал и секој понеделник капетанот кога ќе дојдеше во канцеларија ми го даваше спортот, за да го прочитам. За војска може многу да се пишува, но јас ќе ги спомнам малку поважните работи.

Местото Топчидар е многу убаво и природно место и е доста дотерано. Тука бил кралот и кралските гарди. Тито исто така беше на Топчидар. Имавме добар полигон за спорт, фудбалско игралиште, на кое најмногу го спроведов моето слободно време. Близу до тој полигон се наоѓаше и подземниот затвор, во кој бил затворен четникот Дражо Михајлович, се до извршната казна смрт. Со нашата инжинериска едница во летото 1957 година отидовме на изградба на пат, од градчето Шит до титовото ловиште во должина преку осум километри. Тоа беа денови кои се памтат со добриот живот кој го поминав, исто како на одмор да бев. Валјак-нов, марка мерцедес и куќарче за спиење. Имавме и момички хрватки, секоја недела бев баран од селаните да играм со уште двајца војници. После утакмицата големи забави имаше, победувавме секогаш. После една година имавме право на војничко отсуство. Кај мене поминаа тринаесет месеци и јас не бев на отсуство, бидејќи реков ќе си одам порано еден месец од војска. На отсуство не бев смирен со домашните и несакав да се смирам. Еден ден добив писмо од братот Танаско со голема фамилијарна новост. Стрико Танаско бил жив во Мостар, БиХ. Ако сакам се да научам да си одам дома. Јас многу слушнав за него од баба Депа и дедо Лазо за нивниот син. Стрико Танаско бил во Америка и кога се вратил со доста пари сакал да се закуќит, па се оженил со некоја дебрчанка од Грко Поле. После кратко време за една година таа си отишла во Грко Поле со мајка и, која дошла да си ја земе од Кураица. Такви случаи се десиле повеќе пати, но стрико одел таму и си ја носел одма назад дома. На еден Велики Петок стрико Танско отишол во Охрид да си купи дарови за Велигден. Кога дошол дома вечерта со даровите не ја нашол жена му. Мајка му Депа му рекла-си отидоа двете заедно и мајка и рече дека повеќе нема да ја пушти во Кураица, во овие голи планини и други понизни работи за стрико. Стрико ништо не коментирал и смирено си размислувал. На Велигден, во недела пред пладне околу десет саат се облекол во бели алишта, со бели бечви, со црни гајтани и бел џамадан, исто со гајтанци и бела везена кошула. Си ја зел пушката преку рамо и тргнал према Пропаст за кај кошарите Радонивје. Селаните што го виделе и го опитвале: Каде сега вака?-Тој одговорил дека татко му Лазар ќе го замени кај овците да дојде да се преслече. Но не било така. Стрико Танаско право во Дебарца кај жена му. Но бидејќи утрото говедарот не бил заминат, мајка и на жена му и жена му ја предале стоката на говедарот. Говедарот заминал и стрико Танаско се појавил и ја повикал жена му. Жена му се израдувала кога го видела. Таа према него, а баба му со стапчето кон него и викала–не ти ја давам назад ќерка ми во Кураица и уште еднаш со стапчето на него. Тој ништо не одговорил. Ја сметнал пушката од рамо и одма пукал на баба му. Жена му во тој момент залелекала и го изгрдила: ти ми ја отепа мајка ми, а тој тогаш решил да се ослободи и од неа, пушката ја вперил на кај неа и ја убил и неа. Заминал полека, влегол низ нивите во шумата. Чекал тука се до мракот. Многу го интересирало да види што ќе се случи, дали умреле или не, па се вратил од шумите отишол дома и низ пенџере се качил и видел дека жена му не е умрена. Не ја погодил на лошо место, а баба му умрела одма. Стрико Танаско се криел низ Кураичките шуми три месеци. Не сакал да се предаде, не верувал никому. Но бидејќи во нашата куќа секогаш живееле два српски џандари на трошок од фамилијата, Танаско неможел повеќе да гледа неговата мајка да се мачи за да ги служи џандарите, па решил да замине во Албанија. Така поради стрика Танаско си дојдов дома и се смирив со домашните односно со татко ми и брат ми. За веста дека е пронајден стрико ми била лажна. Намерно измислена од Златета Буљкарчето и мајка му Мица. Секако за мене беше одлично, бев во цивилно еден месец низ Кураица со друштвото, со домашните и роднините. После еден месец се по старо, броење на месеци и денови за отслужување на воениот рок. Пред да заминам почнав да се интересирам за работа, задниот месец во гарда го поминав со барање на работа и гледање на фудбалски утакмици. Прво не ми се остануваше одма, а и немав пари одма од војска да останам во Белград. Дојде денот што се чекаше за демобилизација. Беше зима кога си отидов од војска. Стигнав во Охрид. Таму немаше снег, но цибро (ладно) беше. Дома не се задржав повеќе од две недели. За најсигурно ми беше да одам во Пробиштип, таму сите уште ме познаваа и плус разбрав дека сум имал вишок пари за земање. Така навистина почнав со лесно, добив и работа, но платата беше мала. Се задржав два месеци и добив едно писмо од брат ми Танаско, кој беше на работа во Ртањ, Србија. Во писмото пишуваше дека ќе се отварало работно место одма за машиниста кај него во бригата што беше составена од бригадерот Димко од Лешани. Тој секоја година формираше бригада напролет и преземаше работа насекаде во Југославија. Јас добив моментален отказ и заминав за Ртањ, таму имаше и рудник со рударска колонија. Јас стигнав во Ртањ на еден ден пред први мај, нив им требало машиниста за првомајските празници. Јас одма почнав на први мај да работам и ми се плаќаше тродубло за три дена. На 4-ти мај нема работа. Еден службеник беше сам, ме викна во канцеларија со брат ми и ми рече дека за мене нема повеќе работа. Ме пофали за добра работа и жал му било ама неможеше ништо да ми помогне. Управникот од Бор ќе дојдел за некој ден и ако сакам да го чекам, но тој ми ја пренесе неговата работа. Јас му реков дека ќе го чекам и сите се побунија. Димче ми рече не секирај се, сигурно ќе останам, ако не во Ртањ ќе одам во Брестовачка Бања близу до Бор. Димче имаше добар муабет со управникот Жико. Јас мислев дека ќе ги судам за таква игра према работничката класа. Дојде управникот, а службеникот се му кажал. Управникот не сакал да ја смени одлуката. Ме викна мене кај него во канцлеларија и ми рече дека нема работа. Јас исто не попуштав дека јас сум измамен и ќе се жалам. Дојде и Димко од работа и се најдоа со управникот на вечера, како направија, направија и мене ми дадоа работа во Брестовачка Бања-Бор на работно место машиниста на една дробалица за камења, трета смена и одма на работа и ова ми се води во работно време. Во Брестовачка Бања работата ми беше играчка. Дробалицата за камења само и правев уклучи ја и исклучи ја, но овде имаме гаража за поправка на камиони и кипери, што работеа на браната, Овде се градеше голема брана со огромен капацитет на вода. Шеф на гаражата беше Тошо Попович. Млад и добар механичар, а и друштвен беше. Работев две недели на дробалицата, не барав ништо повеќе. Еден ден отидов во гаражата да разговарам со Тоше, да го прашам дали има потреба за механичар. Механичарот Тоше одма ми рече вечерва да работам. Има една прага има за поправка. Неможам вечерва ноќна смена сум на дробалицата. Немој да одиш, јас ќе му речам на Никодина да си најде смена, ти ќе работиш отсега во гаража. Прва ноќ во гаража на работа со едно младо момче Захир (влавче беше). Негде околу три саат позади гаражата низ пенџере се виде нешто обесено на едно дрво. Захир го виде прв. Отидовме малку поблиску и Захир ја позна една жена што работела во бараките како чистачка. Захир ми кажуваше дека имала син и ќерка и дека биле лоши деца и сигурно заради нив се има обесено. Се раздена и им се јавивме, па така дојдоа луѓе и ја зедоа. Во Брестовачка Бања останав една година. Животот ми беше одличен, имав добро друштво и добра плата. Работата се привршуваше, па јас добив премештај за механичар, сам на ново градилиште во Перучац близу Бања Башта. Таму отидов пролетта и бев сам до есента. После сите се префрлија од Бор во Перучец. И во Перичец се градеше брана на реката Дрина.

Перучец беше едно многу живо село во планинските предели на реката Дрина, на српско-босанска граница. Дрина беше границата. Во Перучец имаше вили со свои паркови зеленила, рибници и беа сопственост на министрите на кралска Југославија, кои потпишаа капитулација на кралска Југославија. Јас живеев во една соба во нивните вили, бидејќи претпријатието на хидроцентаралата ги зеде на услуга за своите работници. Инаку народот беше весел и гостопримлив и секој ден се гостевме со печења и пијачки. Пријателот Тоше после шест месеци и тој дојде таму па беше многу полесно. Тука имав шанса и да се женам. Запознав три-четири девојки, но една од нив, по име Биба ми се свиѓаше уште од првите денови. Имаше 19 години, а јас 24 години. Биба имаше една сестра Љуба, која беше исто така убава и имаше 24 години. Јас понекогаш Љуба ја вршев за мојот колега Тошо, кој имаше 29 години и не беше законски женет, но многу си пивкаше и без ракија неможеше. Се запознаа со Љуба и се бендисаа. Јас во тоа време намислив да одам во Белград во војно градежно претпријатие “Напред”. Тошо ми рече подобро е да одам и тој ке се префрли од хидроцентралата од Белград во Напред. Јас се опростив од Биба. Бев нажален и пет-шест месеци не сакав никаква женска. Бев цврсто убеден дека е рано да се женам и си мислев дека нема да се женам пред 27 години старост. Во Белград во посета ми дојде Љуба, сестра и на Биба за да ме утеши малку. Таа знаеше дека се сакаме со Биба и дека прекинавме одма. И Биба не беше во добро расположение. Љуба ми кажуваше за Тоше и за неа и како се земаа, и дека Тоше во првите десет дена бил добар и не пиел многу. Секогаш мене ме споменувал во пријателството. После десетина дена по женидбата Тоше останал во кафеаната со музиката, со убава певачица и заборавил дека е женет. Кафаната се затворила, а Тоше со музиката и пеачката уште една по пиачка земале. После долга пиачка Тоше ја земал певачицата дома со него, а музиката го пратела до пред станот. Тоше со пеачката влегол дома и ја натерал жена му да ги служи со пијачка. Пеачката прво се видела во невидено чудо, па го бакнала и му рекла ти си сега пијан и после се сетил дека Љуба му е жена. Па затоа јас и реков на Љуба дека Тоше и јас така живеевме со певачиците, немој да му се плашиш. После Љуба и Тоше имаа два сина и Љуба го научи Тошета дека е научен со музика да оди на спиење. Мојата препорака на Љуба беше дека кога ќе ја земе платата, дома да го напие и да му ги зеде сите пари. Јас бев чувар за неговите пари. Инаку Тоше после две ноќи во кафеаната немаше ни скршен динар од 40000 динари. Сите пиеја на Тошев рачун. Кога ќе ги потрошеше сите пари, му плаќаја пијачка на Тоше. Тоше беше интересен карактер ама супер мајстор за механика. Беше од Банат. Таму живееле мајка му и сестра му, а татко му беше умрен. Еднаш Тоше отишол дома да ја виде мајка му и сестра му, но претходно поминал пред гробот на татко му и имал со него купено шише препеченица (ракија). Седнал на гробот и го отворил шишето со ракија. Турил на гробот и се напил, пак турил на гробот и пак се поднапил, па турил на гробот и рекол на татко му: тебе ти е таму добро, мене овде ми е добро, па така малку по малку шишето се испразнило и Тоше заспал. Преспал една ноќ со татко му на гробот. Дури другиот ден си отишол домаму.

Во претпријатието “Напред” во Белград добив работа како водич и механичар на петмина механичари со работно време од 11 часот претпладне до 7часот после пладне вечерта. Имав време навечер да одам по белградските меани, каде што имаше музика, полно народ и по две певачици. На работа се спријателив со еден автомеханичар Војкан. Тој имаше татко во Сиднеј, Австралија, а мајка во Салцбург, Австрија. Тој бараше начин да бега преку граница и секогаш ми предлагаше за бегство. Јас несакав прво да се одалечам толку далеку и да не можам да се вратам, но постепено поверував дека е добро да го видам светот. Се договоривме со Војкан за во септември 1961 година да бегаме преку граница кај Австрија. Мораме да пливаме преку некоја голема река и брза, па Војкан ми рече добро е јас да пробам да пливам во Дрина, да се подготвам малку бидејќи оваа река е брза и голема исто како Дрина, но многу студена. Во Белград во почеток на септември имаше конференција измеѓу нецврстите земји за кои Југославија беше организатор. Во тоа време дојде наредба за неизлегување и влегување во Белград во септември. Октомври почна да биде студен и бегањето преку граница го одложивме за другата година. Јас не морав да бидам во Белград. Имав доста познати дури и фудбалери како Милош Миладинович, Ковачевич и доста други пријатели во Лотос, Грант на Терезија и многу други кафеани, исто така и мојот другар Ненад за кој пишував порано беше таму. Се чекаше цела есен и зима. Во март 1962 година дојде одобрување за слободно излегување преку граница со пасош. Право на пасоши имаше секој ако е служен војска и без кривични дела. Јас и Војкан одма ги предадовме барањата за Франција. Тие почнаа да даваат и за преку швајцарскиот конзул. Југославија тогаш им помагаше на алжирците за ослободување од францускиот колонијализам, па затоа дипломатските односи меѓу Франција и Југослави беа замрзнати. Тито со бродови им носеше оружје на алжирските револуционери, Тито беше многу популарен во Алжир. Знам еднаш после ослободувањето на Алжир од француската доминација во Париз во хотел Лафает запознав еден алжирски министер, па тој кога дозна дека јас и мојот пријател Вуле, кој работеше таму како рецепционер, дека сме етнички македонци и дека сме разделени на четири дела и ние сме под Тито и не сме задоволни, зашто македонците не беа признати во Грција, Бугарија и Албанија, тој се заинтересира и побара карта од Балканот. Му дадовме карта и му кажавме кај сме ние во Југославија. Министерот зачудено рече: Тито знае за ова?додаде: и да не е ова под грчка, Тито треба да се бори, да го земете и да излезете на море, инаку вие сте како во затвор стиснати од сите страни без излез на вода, море. Да се вратам на пасошите од претходно, добивме пасоши и двајцата. Отидовме за визи за Франција и добивме визи за три месеци. Пари во девизи имавме право на само 150 франки нови, затоа што французите ги сменија старите франци. Со добивањето на визи и девизи, мислевме никогаш вракање назад нема.

ГЛАВА ВТОРА

Почнував нов живот во туѓ свет со непознат јазик, обичаи, традиции, други закони и прописи. Заминувањето беше тајно затоа што ние не се враќавме назад. Зедовме визи за Франција и возни карти, но одлучивме сигурно слегуваме во Салцбург, Австрија. Заминавме од Белград со брзи воз за Марибор-Салцбург-Париз. Патувањето беше добро, немавме никаков застој. Стигнавме во Салцбург после пладне, уште беше ден. Излеговме нормално со куферчињата надвор и одма во такси. Се пазевме некој официјално на станицата да не не праша за виза и карта. Му даде Војкан напишана адреса, таксистот ја виде и рече: ЈАВОЛ. За десетина минути бевме пред зградата на војкановата мајка, која живееше на вториот спрат и имаше две соби и кујна. Таа се израдува кога го виде сина си, кого не го имаше видено уште од детинство. Се запозна со мене и се раскомотивме како дома.

Таа тука беше сама емигрирала во Австрија и се задржала во Салцбург. Чекајки многу години виза емигрантска во Австрија за во Австралија и да и дојдат двата сина, кои ги оставила во Белград да завршат школо. Драган, помалиот го зеле со нив и тој веке беше во Австралија со татко му, а постариот Владо останал во Белград, не му се имигрирало и имаше околу 30 години и неколку пати се двоумеше. Првата недела се врткавме околу мајка му дури да не поврзе со емиграција. Таа беше многу згодна, права и авторитетна жена од офицер четник, кој после капитулацијата на владата, четници и усташите и други кои беа против комунизмот за да си го спасат животот од Тито емигрираа во Австрија и Грција и други некомунистички режими. Татко му на Војкан ја оставил жена му со три деца, а таа била исто така голем противник на комунизмот. Маж и при емигрирањето нашол женска во Словенија, се оженил со неа и емигрирал за Салцбург, Австрија. Жена му, првата што ја оставил во Белград, тој мислел дека таа нема никогаш да успее да побегне од Југославија, ама ете таа успеала со најмалиот син да замине надвор во Салцбург. Што се десило кога побарала таа да оди со синот Драган во Австралија кај мажот, тогаш пронашла дека синот може да оди татко му гарантирал за него, а за неа забранувал да оди за Австралија. Така таа сирота сама била во Салцбург. Синот Војкан секогаш и обеќал дека тој ќе и гарантира за Австралија откако ќе отиде таму. Првата недела во Салцбург отидовме во руска црква. За мене и за Војкан тоа беше како чудо и не знаевме што да правиме затоа што прв пат бевме во црква на неделна мисија. Мајката на Војкан ни рече некоја недела ќе одиме во Руската црква и не опита за емиграција дека ние ќе бараме азил кај рускиот поп. Тој опита како дојдовме и рече: ако се со пасош не е сигурно. Ние одма решивме да го видиме српскиот поп за да видиме што ќе каже тој. Се запознавме со српскиот поп, му раскажавме се нему. Овој поп повеќе личеше на бизнисмен отколку на поп, беше одлично бричен, дебел и отворен за зборување и ни рече: пасошите да ги скриете, никому да не сте му рекле дека сте ги имале. Одма уште вечерта најде место за престој надвор од Салцбург, кај некој селанец. Се запознавме и зедов негова адреса за да се пријавиме во полицијата во Салцбург. Другиот ден во полицијата се пријавивме, попот е тумач и со папири што требаше да се исполнат. За Војкан беше полесно затоа што имаше татко во Австралија и мајка во Салцбург, но за мене беше потешко. Тогаш попот ми рече: мораш нешто да измислиш, дека си направил некоја грешка против комунистите, а јас поштен чист ко солза му реков на попот: дали ова ќе се провери во Југославија?. Не-рече тој. Само да имате сигурност. Јас се сетив за еден полицајски инцидент.

Една женска пиеше во кафе “Дунав”. Јас си идев од на работа и таа ме викна на една пијачка. Тој ден даваа и плата, па добро е да почнам од овде. Се напивме неколку ракии и јас бев одлучен да не се задржувам во овие мали прчварници. Женската тргна по мене, јас си излегов и сакав да ја напуштам, но таа беше упорна и со мене одеше до главната улица со трамвајска линија. Имаше доста свет. Јас приметив дека нејзината рака е во мојот џеб. Јас полека да ја тргнам, а таа набрзина раката ја пикна кај неа во гаќите, јас точно видов кај ја стави раката после мојот џеб и видов дека моите пари отидоа кај неа во гаќи мегу нозе точно. И реков: врати ми ги парите, те видов кај ги стави, а таа одбивно рече: не зедов ништо. Јас и го кренав фустанот до појас и почна таа да писка и да се брани. Од другата страна имало еден полицајец и видел како се бориме со женската. Свика од таму и ме викна со рацете кај него. Јас му викам: оваа женска ми ги зеде парите, а тој оттука право во полиција да одам со него. Јас отидов преку улица кај пандурот, а женската си отиде со се моите пари. Милицаецот одма ми побара лична карта, не давајки ми ни збор да кажам. Јас личната карта не сум ја имал со мене, па немаше никој да посведочи и пандурот ме приведе во полиција и дал извештај до дежурниот да му го предаде на инспекторот и во 29 ноемрви ќе ме префрлат на судење. Инспекторот дојде после полноќ и ништо не ми веруваше што му кажав туку само што беше напишано во извештајот од милиционерот и ми изрече казна од 5000 динари и три дена падинска скела затвор. Кога отидов во АустриаЈас му го раскажав на инспекторот случајот во полицијата, кога ми побара лична карта и како се степавме со пандурот за немање на лична карта кога идев од работа. Јас го удрив на лошо место по главата, тој падна и јас отидов во бегство. Австрискиот полицаец ме гледаше кога му зборував, а попот преведуваше. Полицаецот рече: алал ти вера, си се спасил. Нема да те вратиме, но морам да си одам од Австрија после година дена. Во полицијата морав секое утро во 8 саат на потпис да одам. Во недела почнавме да одиме во српска црква, таму неможевме многу да се придржаваме како во руската црква. Се сеќавам одма запознавме еден млад србин, кој се кажуваше дека бил официр капетан во ЈНА и избегал. Почна да биде пријател со мене и со Војкана и ни обеќаше да одиме некоја вечер да не проведе низ Салцбург. Салцбург навистина е еден од најубавите градчиња, па затоа со нестрпление се очекуваше излезот во ноќните кафулиња во Салцбург. Еве го офицерот. Не однесе во едно кафуле полно со народ, жени, пијачки, секаква музика и џубокс. Едно време надојдоа хрвати, со кој се запознајме со официрот. Се запознаа и со нас. После дојде хрватскиот поп и наздрави за слобода, за независна Хрватска. Војкан ме гледа мене и официрот, а јас им давам мимика да бидеме стрпливи и така се воздржавме, се пцоваше Тито и ние знаеме дека упаднавме во некоја усташка група. Тоа време имаше усташки организации. Јас и Војкан не знаевме ни кај да одиме, шилинги немавме, официрот не зеде на негов трошак и ние му велиме на капетанот да си одиме. Во тоа време тој зборуваше со хрватите и тие едно шестмина решиле со нас да одиме на друго место покомотно. Добро, ние не можевме да се осамосталиме и не однесоа во една кафеана на периферија. Беше комотно се пиеше, мезеше и слично. Атмосферата се остреше измеѓу усташите, секакви зборови погрдни за Тито, Југославија и против неговите шпиони-удбаши. Почнаа да покажуваат хрватски симболи, знаме, почнаа да не извикуваат за тепање. Јас уште не сум променет, гледав мирно и сакав да си заминам со добро да им се заблагодарам за заедничката вечер. Војкан се ниша целиот, одвреме навреме јас му велев: не плаши се. Јас станав и му реков на хрватот: хвала многу за добро време што ни го покажавте и тргнав на кај излезната врата, Војкан по мен, а официрот рече да го чекаме и тој ќе идел. Ние први, туку еве ги сите шестмина хрвати по нас. Војкан ме измина, официрот исто така и после Војо почна да бега низ улица. Прво викна Македонец и летна да бега. Јас не се померив од местото, а официрот го грабнаа со ќотек четворица и почнаа силно да го тепаат. Тој падна во една ограда, а хрватите со клоци го протераа преку ограда од другата страна, а јас кога видов дека смртоносно го тепат јас викнав немојте така за малку, ќе одев да му помогнам. Но овие двајца што не останаа до крај кај тепањето, еден дојде кај мене и рече дека е словенец и почна да разговара со мене. Јас му реков дека сум македонец и што е ова што го прават тие. Словенецот ми рече дека официрот му рекол дека ние двајца сме удбаши-шпиони и дека сме дошле да работиме за Тито. Сега ние се уверивме дека може тој е удбаш и не наговара ние да добиеме ќотек, а тој да се дружи со нас. После едно десетина минути тепање еден станар германец извика низ пенџере и усташите го ставија телото на земја и побегнаа четворицата, а едниот што повеќе гледаше и маваше дојде до мене и словенецот, кој се викаше Јоже и ме опита мене што сум, јас му реков македонец, а тој ми рече дека е србин од Банат, а јас му одговорив со зборовите: пичка ти мајчина српска, што ми направи сега немам ни пари за автобус, тој се насмеа и ми рече: јас и Јоже ќе те оденесеме до автобуска, ќе ти платиме карта и ќе му речеме на шоферот каде да те симне. Ние сакавме да го испитаме овој официр југословенски дали е удбаш или поштен емигрант. Навистина така стана ме однесоа кај што требаше и јас дојдов дома. Цело време по патот си мислев што се направи со мојот другар Војкан, ако не е дома како ќе ја кажам на мајка му. Тропнав. Отвори мајка му и ме праша како поминав, дали добро. Јас прашав каде е Војкан, а тој од ќошот ме гледа. Да се јавиш за атлетичар за трчање на олимписки игри-му реков. Тој уште беше збунет и секирација имал за мене. Се снашол и со такси си дошол. Ме праша што се случи со офицерот, а јас му реков дека го оставија на земја без да мрда. Но тој остана жив и беше во болница три месеци. После тоа скоро никогаш не настојував да се видам со некој југословен. За среќа побарав работа во Мерцедес сервис и таму добив работа. Шефот на сервисот се заинтересира за мене и иако немав познавање на германскиот јазик ми даде работа во мерцедес сервис. После еден месец работење на патнички мерцедеси шефот имаше потреба од еден механичар што ќе работи со шегрти (чираци-ученици). Имаше млади деца шегртчиња, беа преку петнаесет. Шефот ми донесе еден фојс дојчер од Банат, кој што зборуваше српски и работеше како бравар, многу добар човек беше. Шефот ми рече дека ќе ми даде поголема плата ако ја прифатам таа работа. Јас се сложив одма затоа што со младите бев во добри врски. Со нив најповеќе учев за се, тие беа многу љубезни, а јас како странец им бев интересен. После му се обратив на шефот за соба да најдам ако знае негде. Не сакав да останувам повеќе кај мојот пријател Војкан и кај мајка му. Тој очекуваше што побрзо да замине во Австралија, а јас се борев што повеќе да се задржам во Европа. Еден ден за време на работата шефот ме зеде в кола и ми рече: ајде ќе бараме соба. Ме однесе во еден од многу богатите предели во Салцбург и почна од куќа на куќа. Секаде имаа соби, но никој не сакаше да ми даде соба кога ќе слушнеше дека сум од Југославија. Шефот се смешкаше, им објаснуваше дека јас сум добар но ништо, не ни успеа. После шефот одлучи да ми даде соба со еден австријанец, кој работеше исто во мерцедес. Нему не му беше сеедно да живееме заедно, но мораше. За мене беше одлично, не плаќав ништо, а бев одма до мерцедес. Животот во Салцбург беше одличен, почна да не ми се оди во Австралија. Одбив два пати. Некој ми велат да одам во Шведска ако неможам да стојам во Австрија. Но на сите настојувања не успеав затоа што за кратко време ми дојде по трет пат одбивање да одам во Австралија и имиграцијата им јави на полицијата дека јас имам одбиено за Австралија и ова е последен пат. Полицијата тогаш во Салцбург ми рече: ако не заминеш во Автралија ќе те вратиме во Југославија. Тогаш јас одлучив да заминам за Австралија, па како ќе биде така, само да не се вратам назад во Белград во затвор. Се сеќавам првата недела кога дојдовме во Салзбург мајка му на Војкан не однесе кај една австријанка од Војводина која гледаше на карти. Картите ги стави на маса и ми рече: пресечи. Јас ги кренав половината карти и ги ставив одоздола. Потоа ми рече да извлечам една карта, јас сторив се што ми рече да сторам со картите. Гледачката си почна. Ќе имаш доста разговори за одобрение овде со полицијата, но ќе ти успее за да добиеш папири и после тоа ќе заминеш за Австралија. Јас прво си мислам се е тоа логично, но после ми рече дека во Австралија ќе имам пари и нема да се женам, но ќе се вратам во Југославија. Јас реков: НЕ. На тоа таа гарантираше дека ќе се вратам назад, но јас не верував дека ќе се вратам во Југославија. Жената беше во право. Јас штом дојдов во Австралија уште првата недела сакав да се вратам назад во Европа. Еден ден зедов воз од Салзбург до Виена. Се јавив во емиграцијата во Виена за патување и после два дена тргнав за Мелбурн. Во авионот седев со двајца германци, млади луѓе и тие одеа за Австралија. По патот застанавме во две места: во Бомбај и Сингапур. Во Сингапур излеговме надвор од авионот квантас и тука ни дадоа јадење, но осетив голема горештина. После стигнавме во Дарвин, Австралија. Тука се раскомотивме, имаше капење и вечера. Другиот ден околу осум часот претпладне стигнавме во Мелбурн. Кога дојдовме во Мелбурн имаше камп во Калгури, Викторија. Јас одбив да одам во кампот иако таму имаше бесплатно спиење и јадење и пет фунти месечно, се дури да најдеш работа. Јас одлучив да останам во Мелбурн иако немав ниту еден динар освен едно мало куферче со малку пљачки, основни за преслекување и прибор за хигиена. Во Австрија не заштедував пари, имав триста шилинги и во Мелбурн му ги дадов на едно младо дете кое имаше 17 години имигрант. Отиде во кампот па ми беше жал како ќе се снајде и му ги дадов сите пари, без да мислам дека мене ќе ми требат, а плус незнаев дека во капмот земале пари по пет фунти. Јас кога реков дека останувам во Мелбурн од емигрантскиот отсек имаше луѓе на аеродром и одма ми дадоа папири да ги пополнам во кои имаше и место, точна адреса во која ќе бидам во Мелбурн. Јас имав адреса од еден познат од Кураица, кого го испратив од Белград и го помогнав околу визата. Така тој ми даде адреса и ми рече ако дојдам во Австралија, еве ти адреса. Таа адреса беше од баџанак му. Јас немав друг избор освен да земам такси и парче книга со адресата. По патот со таксистот се запознавме, ама не можевме да комуницираме многу затоа што јас не зборував англиски, само по малку германски и мојот македонски. Помина прилично доста време дури стигнавме на адресата. Таксистот рече: еве ја адресата и плати ми 24 шилинга, а тоа беа 2 фунти. Јас му реков: чекај да видам овој не е човекот што го барам. Го прашав дали Миле Дервуш живее тука, а тој ми рече дека повеќе не живее кај него и дека се иселил од кај него. Може да ми дадеш адреса му реков, тој почна да кажува а јас му реков не разбирам кажи му на таксистов. Јас и таксистот тргнавме и по другата адреса, но и таму Милета не го најдовме. Баџанакот ми дал погрешна адреса. Тогаш таксистот ги крена рацете и ми рече сега кај сакаш да те носам. Јас му реков дека нема пари и сам незнам кај да одам. За такси требаше да платам уште 28 шилинга. Му понудив една нова неотпакована кошула што ја купив во Салзбург. Таксистот се подналути и рече: Не, кошули овде има со купови. Јас ги собрав рамениците, тој беше грк, а јас македонец. Гркот таксист бараше југословенски конзул, но тогаш уште немаше во Мелбурн, само во Сиднеј имаше. Таксистот без да зборува многу само ми рече дека ќе ме носи кај такси компанијата и да не се секирам. Навистина гркот ме однесе во една голема гаража полна со такси и ми рече да седам во такси тој ќе се врати. Јас го пратам низ пенџере и дојде до двајца таксисти и почнаа да прават муабет. Потоа погледнаа кон таксито и ме видоа дека јас ги гледам и ми смавта еден со рака-ела ваму. Јас излегов од колата и тој ми свика земи си го куферот на полски, а мене ми се слушна како македонски. Се запознавме. Тој беше полјак, а другиот унгарец. Гркот им рече дека треба да платам 28 шилинга. Тогаш полјакот рече дека јас ќе ти платам 24 шилинга, а на унгарецот му рече ти плати 4 шилинга. Полјакот го кладе куферчето и ми рече да не се секирам, дека тој ќе ми најде место за спиење и за јадење. Ќе му платам кога ќе почнам да работам-си помислив. Тој познавал многу ресторани со срби за спиење, ме донесе во Гето Стрит, тоа беше македонска територија со македонци. Тука беше и првата македонска црква во Австралија. Полјакот ме однесе пред еден ресторант, се викаше Дунав. Јас одма си реков српски, добро е ќе има јадење. Таксистот ми рече почекај во колата, јас ќе отидам да ги прашам дали имаат место за спиење. За две три минути еве го со смеење, излегувај има место. На вратата излезе една млада жена и се запознаевме и ми рече: Јас сум Сека. Јас сум Богдан-и реков. Влезете внатре. Го остави куферчето. Полјакот се напи една пијачка и и рече на Сека: ако нема место јас ќе му најдам, не- Сека рече, има кревет со еден македонец од Скопје во истата соба. Полјакот не сакаше никаква наплата за сервисот и за дадените пари со гркот. Јас сум за да помогнам–рече и се поздравивме засекогаш. Никогаш повеќе не го сретнав тој добродушен полјак. Со Сека се запознавме подобро, се напивме по една шливовица и ручавме заедно. Тоа беше отприлика ужина околу четири часот после пладне. Гравчето со свинско печење и по едно пиво со Сека ми беше едно од првиот ден во Мелбурн. Сека ми рече дека во понеделник ќе оди со маж и во Форд за работа, барале работници. Јас бев задоволен што добив работа одма после два дена во Мелбурн. Вечерта се запознавме со скопјанецот. Тој ми рече-јас се викам Барон, сите така ме викаат. Тогаш беше петок. Плата зел Барон и ми рече вечерва дека тој ќе ме носи по клубовите. Тој беше коцкар, јас немаше што да се секирам пари секако немав. Го опитав скопјанецот колку години е во Мелбур и ми рече-седум години, дојдов од Франција. Колку пари имаш во банка, а тој ми рече дека нема динар. Јас си помислив тешко мене, кај дојдов да печалам пари во Австралија. Со многу слаб живот за млади, почнав да си планирам дека нема долго да останам во Австралија иако имав обавеза за три години. Работа најдов во Форд. После три месеци отпуштање, друга работа најдов исто во Мелбурн, но секоја работа не ја сакав што се наоѓаше во Австралија зашто неможев да заработам пари за да се вратам одма, а и немав каде да одам. Се осетив многу ожалостен и плачев секоја вечер цела недела. Луѓето сите само мислат да земат плата, да седнат дома, да играат карти и да пијат пиво. Јас не бев научен да седам дома. Јас одев дома да се измијам, да се преслечам и да преспијам. Мене дневна соба ми беше кафулињата, улици, утакмици, жени, а во Австралија имаше недостаток на сето ова. Почнав да се интересирам каде да одам во Австралија, кај што се заработуваат поголеми пари. Имав упатсвта за на трска сечење, но тешка била работата. Некој пат си мислев на опал да копам и разни комбинации за една година во Мелбурн. Во Мелбурн работев на клима уреди, добра беше и платата, но само за живеење, но не и за штедење. За цела година направив 650 фунти и имав уштедено 300 фунти. Седев во кафе Македонија замислен и си мислев за една година само 300 фунти и како ќе соберам пари за да се вратам назад во Македонија. Не ја сакав Австралија. Еден постар човек ме гледаше од близу до мојот стол и ме опита?Што се секираш?А јас му велам: сакам да најдам поголема заработка. А тој ми рече: не е важно колку ќе заработиш, туку важно е колку ќе уштедиш. Јас бев решен да заминам од Австралија, ми беше малку незгодно затоа што прв пат запознав македонци-егејци и многу од нив научив за грчката политика према македонците и поделба на македонците на два табора гркомани и македони. Но македонците се спротивставија за добивање на нивните македонски национални права. Во големо сеќавање ми остана еден човек, кој го запознав во Мелбурн. На излегувањето од кафе Македонија, на Гето Стрит тој почна со прашања од каде сум јас?Од Кураица одговорив јас, од Милета Љушкоски. Дали е жив татко му Лазар. Не, баба Депа и дедо Лазар умреа, син му Миле има пет сина и пет керќи. Мое беше да го прашам јас од каде е тој. Тој ми рече од ресенско. Како го знаете дедо Лазара?-го прашав. Ми одговори дека многу патувал за Дебарца за Грко Поле преку Кураица, па така се запознал со Лазар. Јас си мислев дека е стрико Танаско, син му на дедо Лазаро и брат на татко ми Милета. На човекот му понудив вечера заедно, но тој ме одби со изговор дека ќе вечера со газдарицата на едно ресторантче што беше одма пред нас. Оттогаш со овој човек на кого не му го дознав името, одвреме навреме ќе се сретневме и само ќе се поздравевме и ништо повеќе. Јас мислев дека е стрико ми но тој не прифати да ми рече дека ми е стрико. Опитав една особа за него кој е?Добив одгобвор дека е македонец и оди често во албанскиот клуб. Тогаш јас пак си помислив дека е стрико ми, пошто тој пребегал од Македонија во Албанија и никој незнае колку стоел во Албанија. Инаку многу ми личеше на дедо Лазаро, зашто јас го знам дедо стар, но и овој човек беше стар во пензија. Во Мелбурн се запознав со еден македонец од струшко-торбаш беше. Мислам дека беше долги години во Австралија. Така и тој бараше работа во буш за поголема плата. Јас решив да купам кола. Стружанецот ќе најде дозвола и ќе патуваме низ Австралија за да бараме работа. Влеговме во една продавница за коли и најдов еден доч дипломат. Добар мотор имаше, здрава америчка ознака, ГМ ги произведува, 150 фунти, голема кола, добра за патување. Почнавме од Мелбурн према Кума, таму се вршеа некои ископи повеќе години. Отидовме. Нема работа. За спиење и јадење не беше проблем за неколку дена дури чекаш за работа. Ние стоевме два дена, но немаше работа и продолживме за Канбера (главен град на Австралија). Тука мораме да најдеме било каква работа затоа што пари за пат немавме. Отидовме во една голема бичилница. Имаше разни дрва за бичење, за местење и какви не други работи. Го опитавме менаџерот дали може да ни даде работа за две недели пошто ние сме без пари, а тргнати сме на работен одмор. Изгледа тој едвај чекал некој да му помогне за краток период. Работевме две недели и добивме плата по 20 ф. за недела, па така имавме пари да патуваме до Квинсланд, Бризбејн преку Сиднеј. На пат застанавме во Сиднеј, но несмеевме многу да се задржуваме затоа што во Сиднеј е скап ноќниот живот и можеме сите пари одма да ги потрошиме. Затоа после еднодневни застој продолжиме за Бризбејн (Квинсленд), се сметаше за една од најдобрите држави во Австралија. Здраственост за сите бесплатно, топло. Австралијанците одморите ги користеа во Квинсланд (тоа го викаа парадајс-рајот за одмор го викаа едно место место близу до Бризбајн). Местото беше рамно, патот близу до морето, вистински одмор, застани и капи се, се така до Тансвил. Тансвил се наоѓа во внатрешноста, на копно подалеку од морето. Во Тансвил не се задржавме и продолживме према Дарвин на север, скроз на крај. Поминавме и во Монтајза, беше мало местенце и се брзавме за Дарвин. Измеѓу Монтајза и Дарвин се наоѓа една раскрсница со мало население, Катран. Во Катран имаше златни рудник но измеѓу имаше по некоја пумпа за бензин и бар за пијачки и ресторант. Негде на средината измеѓу Монтајза и Катран ми пукна крстачот на карданот, беше комплетна пустина, жешко, не се стоеше на сонце. Во колата топло, муви улишта (многу), кои и со мавтање на рацете не се плашеа. Најдов една гранка, па со гранката мавтај како воловите со опашката. Вода немам. Патници нема, скоро никој не патува по патот. Патот асвалтен и прав, очи дури ти гледат. По асвалтот гледам како оган да гори. Пријателот Маке (стружанецот) го испратив во Катран да бара крстач со едно патничко авто што помина пред еден саат. Јас си мислам да видам околу, но се испотив и одма се вратив кај колата. Чекав три саати и немаше ниедна кола нигде. Почнаа да ми идат секакви мисли за пријателот што направи. Еве едно авто доаѓа од Монтајза за Катран. Застанаа и ме опитаа што ми се случило и јас им кажав. Беа маж и жена–германци, ми дадоа вода, сендвич и чај. Поседоа пола саат, мувите се потстишаа, ми дадоа доста кураж дека ќе гледаат да го видат пријателот, па ми се провидели во очите и ми се потсмири душата. Чекав скоро до зајдисонце и еве една кола иде од Катран. Јас се израдував и мислев дека е Маки стружанецот, го носи карданот. Се паркира голема кола шевролет амерички полн со луѓе. Излегоа шестмина од колата и се понашаа како опасни некои што можат да ме претепат и да побегнат. После неколку минути разговор ми рекоа дека го виделе пријателот мој со карданот, неможел уште да стигнит, но ке дојдел камион да ме врати назад до една бензинска пумпа 20 милји далеку. Така и беше. После еден саат дојде еден камион со возач, кој беше хрват. Ја врза колата со еден синџир и ме одвезе до барот, се поздравивме и тој си замина. Другарот утре ќе го донесол карданот, јас сите пари му ги дадов на стружанецот за делот, пошто незнаев колку ќе кошта. Но пари не беа многу па незнаев што да сторам, бар тендерот ми даде едно средно шише со пиво МБ, студено како мраз, а јас жеден запечен. Од оној чајот дента ништо не се имав напиено или каснато. Бар тендерот и јас бевме сами. Јас му велам утре да му работам нешто за да ми даде пиво и стек. Тој се согласи за пет фунти да работам и стекот сам да го печам надвор. Само што го испив и второто шише пиво (бира) се сетив дека имам една полна торба со пени. Го опитав келнерот дали прима пени. Ооо како да не–рече. Ги зедов и ги истурив сите на шанкот, ги преброив и имаше 36 фунти, за една година пени што ги чував во торбето, тоа беа за две недели плата. Тогаш на бар-тендерот му реков сега стекот ти ќе го печиш, а за пијачка дај за двајцата по една бира. После сите тешкотии што ги добив цел ден со недостаток на основното, вода јадење и сите потребни работи, доживеав поново добро расположение за да ја поминам вечерта. Утрото дојде. Маке со кардонот стигна, јас го наместив и се беше во ред. Маке добил информација за работа дека имало примање на работници назад во Монтајза, затоа ние во моментот место во Дарвин, бевме за 50 милји во Монтајза. Истиот ден отидовме во компанијата за работа и истиот ден ја добивме. Требаше да работиме монтажа на една железна конструкција на зграда. Плата даваа добра, стан имаа, менза имаа, па решивме тука да се задржиме долго време. Имаше доста луќе работници и југословенски фамилии. Покрај работата постоеше интерес и за фудбал. Имаше седум фудбалски екипи. Јас почнав да играм со некои кои сакаа да играат, па ми рекоа јас да направам еден тим и да го регистрираме. Бидејќи фудбал ми беше од спортот најголемото задоволство, јас избрав доста јак тим со добри играчи и имаше еден унгарец, кој многу добро играше. За името сакав да се викаме Вардар. Изгубив на гласањето па се договоривме Северни Југал. Мојот тим повеќе ја застапуваше Кралска Југославија, па затоа Југал беше еден од најдобрите тимови во Австралија и популарен меѓу југословените. Меѓу фудбалерите во Мелбурн се запознав со Јагодич и Станкович, кои беа добри зезачи. Станкович беше добар дриблер во ОФК Белград, уште еден имаше Пејович од Банат и тој беше добар. Но да се вратам на мојот Северен Југал 2. Изигравме три квалификациони натпревари, две победивме и една нерешено. Пред да почне првенството закажавме една пријателска утакмица со шкоти. Инаку шкотлаѓаните се сметаа за една од најдобрите екипи, а исто така тие го организираа овој фудбал. На работата се се врти и дискутира за утакмицата со шкотите. Сите источно европски славјани се за Југал 2. Во тоа време се запознав и со еден загрепчанец Милан Чеси, инаку го викавме Иво Андрич и сите го викаа Иво. Тој не беше фудбалер, но беше мирен Југословен кој избегал од Југославија и мислел дека тука ќе собере некои пари за цело време што се мафтал со Југович. Кога видел полно југовичи решил да не зборува хрватски, туку англиски. Од кај си?-Австралијанец-рече. Добро сето тоа било се додека еден негов србин не викна шестмина да пиеме пиво и да играме шанта. Се запознавме со Иво под име Мајк и ништо повеќе, Иво си чита книга и со никого не зборува, а се слуша и разбира што зборувавме. Понекогаш и за него зборувавме лошо, но тој не се јавуваше. Помина една недела и секоја вечер после работата истото. Ден во недела не работевме и се собравме сите во соба кај него и почнавме со смеења и мрсни приказни се на наши. Тогаш Иво рече: мислев дека ќе се спасам од југовичи, но ништо. Ние сите се изненадивме дека Иво се разбирал. Така почнавме да се дружиме со Иво и заедно да работиме на конструкциите на зградите. Ја чекавме наредната недела, ќе се игра фудбалската утакмица измеѓу Југал и Селтик-шкотите. Сите се собраа на игралиште. Од едната страна имаше трибини со плекови позади. Утакмицата почна. Навалуваат и тие и ние. Се игра 15-16 минути гол нема, но и шанси нема. Еве една одлична шанса за гол. Јас ја примам топката околу центарот, се спуштив со топката како муња према голот на Селтик, на трибината плековите почнаа да тропаат, јас поминав два играча и се најдов во шеснаестерецот. Го видов голманот се спушти према мене, а јас се спремав да шутирам. Еден играч од оние што ги поминав по мене ме прател и ме фати за нога. Јас паднав, но набрзина станав и по топката. Тој поново на мене и голманот ја фати топката. Чист пенал беше тоа, но судијата не свире ништо. Тогаш публиката влезе на теренот и почна тепањето на судијата и некои луге што го бранеа судијата. Имаше четири вилици повредено со скршени заби, сите се жалеа. Утакмицата се прекина. Сите што учествуваа во тепачката полицијата почна да ги бара. Јас не влегов во тепачката ниту некој дојде да ме тепа. Истиот миг се спакувавме и заминавме пошто многу полицијата се пофали дека ќе не очисти сите со казни, затвори и парично. Сите се растуривме па така и јас и стружанецот. Маки рече-ќе одам према Мелбурн, а јас бев решен да одам во Дарвин. Со мене тргна и Иво затоа што рече дека нема овде живот за југович. Со Иво тргнаа две млади босанчиња-Рајко и Стево. Истиот ден стигнавме во Дарвин.

Дарвин е првиот град во Австралија на северниот дел. На самата обала е преполн од грци и македонци. Имаше неколку барови, хотели, еден ноќен клуб го држеше една македонка, мажена за грк. Многу беше љубезна за мене и за Иво другарот, кој одлучи да го претставам како македонец. Имавме на рачун од клубот една пијачка, па две, три и од Васка газдарицата. Во Дарвин можеше да се живее, но не и да се печали пари. После две-три недели со ладно пиво, добро јадење и капење, мораше да се најде нешто за работа. Јас одма најдов работа како автомеханичар и плата поголема отколку во други места. Одлично ми беше, но за другите тројца беше потешко затоа што немаа професија. Сите тројца решија да одат на ловење крокодили затоа што многу добро се плаќало. Кога дојдов од работа му го разбрав планот и мене ме чекаа да дадам одоговор. Јас не бев брз за таа одлука. Прво изопитав неколку македонци како е работата за лов крокодили. Сите велеа дека е добра заработка, но опасно за животот. Ми објаснија за некои што биле изедени од крокодили, јас почнав да им сугерирам на Иво и босанчињата дека се млади и дека имаат по некој долар, не се без пари, да не одат. Иво се подсмевна, а босанчињата се заплашија. Па така после една недела се отфрли таа идеја за лов на крокодиоли. Во тоа време налета еден фармер југословен, кој купил доста големо место преку пет километри и решил да го гради околу со бодликава жица, па бараше работници. Ние седевме сред ден во барот и пиевме бира. Дарвин е топол тропски град. Човекот ни ги кажа условите и парите што ќе ни ги дава. Босанците одма прифатија, а после неколку тури бира и јас и Иво се сложивме. Местото беше десетина милји од Дарвин одалечено. Другиот ден отидовме да видиме и да почнеме со работа. Ни го покажа местото, колците и жицата, ни остави некои конзерви и рече еве шатор за спиење. Газдата си отиде и рече дека ќе дојде утре. Босанците немаа стрпление, ги зедоа чеканите и почнаа со акција, јас и Иво мериме и ги држиме колчињата. После еден саат не се издржува, пот тече и да не можеш да работиш. Сонцето гореше и пукаше со жешките зраци што не допираа. Не можеше да се издржи, па застанавме да се одмориме. Сами сме и нема никој да ни рече ништо. Муви како улишта на секој од нас, само се браневме така да не сме комфорни, мавтавме и по малку бегаа. Имавме мрежасти торби па ги стававме на глава да го поминеме денот од жешкотијата, а исто така сите бевме бричени во главата. Јас одма одлучив да напуштам и да заминувам утре. Кога ќе дојде газдата ќе му кажете дека откажав. И Иво рече исто. Босанчињата не, барем една недела да работиме. Тој ден скоро 50 метри завршивме со колци. Вечерта беше добро и мирно. Запаливме оган за чај и кафе. Легнавме да спиеме кога почна да студи така без ветар. Смрзнавме, па едвај чекавме да се раздени за да почнеме да работиме, да се стоплиме. Штом изгреа сонцето одма почна со горештина. Јас и Иво седнавме и го чекавме газдата, но тој цел ден не дојде. Ние двајца заминавме, но младите босанчиња останаа да работат и да го чекаат газдата. Ние отидовме една милја потака и имаше еден голем дел со вода како езерце од една мала рекичка, но беше многу длабоко и чист. Направивме добро огниште со големи дрва и место со мрежи за спиење за заштита од ајпутки (комарци). Се капевме, се одморивме и сега потрага за јадење. Во непосредна близина се наоѓаше резервоар со лабуриџани (австралиски диви црнци), кои беа собрани во тие резервоари, ги чуваа за да научат англиски, што е законско и што смеат, а што несмеат. Англиски ми идет на умот, Иво рече ајде да одиме до кампот. Тие имаат храна за црните може ќе можат да ни дадат нешто. До душа имаа една женска управник менаџер, сама беше, многу љубезна. Иво почна со дискусии на англиски и таа ни рече дека е родена австралијанка. После еден саат муабети жената ни даде еден бут воловски. Го зедовме, го испековме вечерта, а зедовме и пиво како на одмор. Вечерта почна водата да потпљускува, запаливме рефлектори према водата, полно очи од крокодили светеа. Се подуплашивме малку, наредивме едно цело дабче дрва на огнот и така бевме подзаштитени од крокодилите. Другиот ден дојдоа и босанците, гладни, жедни, уморни и лути. Боб ти си паметен-тешќи да те послушавме, газдата не дошол ни другит ден. Ние сите четворица се одморивме цела недела и чекавме газдата да дојде. За јадење имавме кантина кај црнците лабуриџани. После една недела решивме да се вратиме во Дарвин за да го најдеме газдата, југословенот, за да ни ја плати работата од сто метри заедничка, а на босанците плус. Дури излегувавме од местата без патишта, колата удри на еден камен и го извади зупчаникот од замаецот на седиштето и го искриви. Почна да трта колата, застанав и гледам одоздола дека зупчаникот околу замаецот, што служи за алансерот кога ќе стартуваш, кога ќе ја палиш колата треба да го сврти моторот и да ја запали, е изваден. Јас одма одлучив да се избегне траскањето, да се извади надвор од меѓумењачот, а моторот да се сврти наназад на лежиштето неможе затоа што веќе беше искривен, тоа значи дека треба да се извади мењачот, а за тоа требаа неколку саати. Јас одлучив на лице место со бонсек да се отсечи. Бидејќи имав алат со цела механичка опрема не беше проблем. Го зедов бонсекот и за десетина минути го извадив зупчаникот. Сега за палење многу лесно палеше. Само еден да го турни и одма палеше. Така решив да се служам сегде. Стигнавме во Дарвин. Зедовме соби во хотелот на старото место, кај што бевме порано. Се распрашавме за југословенот ренџер, но него го немаше. После неколку дена еве го лут на нас затоа што не не нашол на работно место. Јас му реков: братко плати ни за работата што ти ја завршивме и не буни се, ние откажавме, немој да те тужиме што не остави во онаква пустина без вода и јадење. Тој се подуплаши, ни плати и отиде да бара други работници. Во Дарвин се задржавме уште една недела за да се одмориме од дезертот на работата. Младите босанчиња заминаа во свој правец, а јас и Милан одлучивме да возиме назад до Катран. Таму имаше златен рудник. Ние решивме да застаниме во Катран и да бараме работа во рудникот. Се видовме со шефот на механизацијата и го прашавме за работа како механичар и подмазувач. Шефот двајцата не прими и почнавме со работа другиот ден одма. Катран се наоѓаше на една раскрсница со три правци за Дарвин, Тансвил и за Аделаид (Саут Австралија). Ние не мислевме овде во Катран да останеме, затоа што ништо немаше освен работници од различни места и бараки, во кои се пиеше пиво. Тука се запознавме со еден млад загрепчанец и со еден македонец, кој работеше тука веќе 25 години. Сигурно тој беше единствен со толкав стаж и најдебелиот во Норт Австралија. Се сеќавам еден ден после работа во просторијата за капење со десетина други капачи заедно се капевме, тогаш македонецот, не му го памтам името, ме замоли да му кажам дали има нечисто напред на стомакот затоа што тој неможеше да досегне напред со рацете. Тој работеше во флотација каде има многу прашина, па тој голем и дебел кај што ќе се свртеше со мевот напред му беше замачкан и кожинката тврда како сува. Тој пиеше пиво со сандуци. Вилушкарот му носеше палети со кутии пред бараката, имаше самица барака одвоено од другите бараки. Јас и Милан после три месеци тргнавме во правец на австралиската пустина, а со нас тргна и загрепчанецот Зоки. Тоа беше прашинлив пат, една пумпа измеѓу Катран и Аделаид и тоа рачна затоа што во пустината немаше струја. Тој пат исто не водеше за на богатството за црн опал. Еден од најскапите дијаманти. Но немаше дијамант одма да се најде, имаше луѓе кои работеле по пет години и не наоѓаа ништо големо, само мали ситни пари можеше секој ден да се најде. Животните услови беа прилично тешки, вода немаше, мораше да се купи и тоа не секој ден, туку секој втор ден. Ни миени ни капени, ние продолживме за Аделаид.

Аделаид беше добар град за ноќен живот. За нас тоа беше доста затоа што Аделаид беше за трошење пари, а не за печалење. На мене уште ми беа мислите за назад во Европа, за во Македонија. Во Аделаид јас и Иво дојдовме до заедничка идеја за електрична вечна енергија. Почнавме со динамо од автомобил, но не можеше да се најде мотор со поголема коњска сила што ќе го врти генераторот за да ни дава струја, со патентот енергија–струја засекогаш. Решение беше да заминеме за Перт и од таму полесно може да се најде работа за во буш.

Дојдовме во Перт. Перт исто така беше многу добар град со добра клима и беше полн со македонци. Најдовме сместување во еден хотел. Имаше се во Перт, па дури и коњски трки. После кратко време отидовме во Калгури–рудничко место. Бидејќи Милан имаше работено во рудници, се надеваше дека полесно ќе најде работа. Така и беше. За една недела добивме работа. Не беше лошо, но слаба беше платата. После еден месец отидовме и се вративме назад за Перт, кој што беше на 50 милји одалеченот. За тој месец имавме повеќе женски, него за цело време. Се вративме во Перт и Милан одма отиде во една агенција и побара работа за минер во еден рудник и ја доби работата. Тие му платија авион и замина одма. Јас му реков ако има работа за механичари нека ми се јави. Јас во Перт поседов две недели по македонските кафулиња и ноќни локали. Добив абер од Милан да одам во агенцијата за да ми платат авионска карта за да можам одма да заминам. Тоа го сторив. Се најдов заедно со Милан, чекав една недела и немаше работа за механизација. Еден рударски менаџер ми рече да работам подземја за чистење на материјалот со електрична лопата, јас немав избор туку или да почнам или да си одам. Тука немаше ништо освен да играш коњи и тоа невидено преку радио. Останав да видам платата дали е како во градот за механичар. Почнав со работата но не ја сакав, ни првиот ни вториот ден, а веќе третиот ден ја напуштив. На пријателот Милан му реков за овие пари оваа работа не ја работам и си одам. Тој ми рече-чекаj, оваа недела јас ќе земам плата и јас ќе си одам. Милан заврши со работа исто, но нема превозно средство, а со кола не оди никој. Авион чекавме една недела. За таа недела игравме коњи и Иво ги изгуби сите пари што ги зеде, само за тикет му останаа, а јас скоро почетник, без да играм коњи, вложив малку и тогаш добив 75 фунти австралиски како за еден месец да работиш. Милан не можеше да сфати како ги погодував, да ставав пари како Милан ќе добиев преку 1000 фунти. Авионот дојде за Портхедланд, тоа е на море во Западна Австралија. Патувањето беше прилично некомфорно. Брчеше исто како на уши да ми е моторот, по патот рекоа дека паднал некој дел, па не стегна стравот тогаш. Беше како беше ојдовме во Портхедланд, мало градче на море. Топло и одлично место за живеење. Тука имаше една американска компанија ЈУТА, имаше голема механизација. Оваа компанија ЈУТА имаше договор со Јапонија за изградба на железничка пруга од рудникот за железо до Портхедланд директно до бродот за товарање и истоварање на вагоните за руда. Пругата беше далеку на околу 70 километри. Ние почнавме да се пријавуваме за работа секое утро рано во зората, да се јавиме дали уште има или нема работа, сите ќе ги опиташе за спелување на презимето и ќе речеше утре во исто време кај самото место. Јас се јавив за механичар, а Милан за подмазувач. Чекавме две недели за потпишување. Пари повеќе немавме. Знаев еден далматинец од Перт, беше без пари а умот му се вртеше за јадење во Перт, јас му дадов десет фунти да го спасам. Во тој момент тој работеше еден месец. Милан реши да го опита да ни даде нешто пари затоа што немавме ич, но тој одби со разни оправдувања. Јас тогаш му реков: ти пак ќе бидеш без пари. После две недели го истераа од работа.

За спиење беше многу студено ноќе, па моравме да се пикаме во пластиките од мадраците во бараките од ЈУТА. Насабајле имавме доручек во мензата од Јута за џабе. Еден ден јас решив да барам работа на друго место, во гаражи за механичар, бидејќи имаше доста приватни автосервиси во Портхедланд. Отидовме заедно со Милан. Го опитав за работа и ми рече ако сум добар механичар ќе добијам работа. Како да ти докажам дека сум добар?-го прашав. Еве го овој кумплуг, нов е и не работи. Јас одма знаев што му е и знаев што да му сторам. Му реков дека ќе го направам. Одма почни-ми рече. Колкава плата ќе имам?-го прашав и му реков дека ќе напуштам одма тука штом ќе добијам работа во ЈУТА. Таму чекам. Рече 30 фунти е плата, а во ЈУТА беше 45 фунти бесплатно спиење и јадење ама морам да почекам за работа. Одма можеш да почнеш со работа, јас знам што треба, пипците на кумплугот се куси. Јас им заварив по едно парче железце на секој пипак ги направив сите три еднакви и поголеми. Го направив го ставив мењачот, пробав и добро одвојуваше. Му реков на газдата да ја проба. Го проба и рече: Ти си топ механичар во Портхедланд. Јас му реков сполајти многу. Почетокот не беше лесен поради немање пари, немање стан. Само јас апсолутно не се уплашив, но напротив решив без да јадам ќе работам до петок цела недела до плата. За стан ми обеќа еден механичар, единствениот што работеше тука. Го замолив да ми каже нешто за стан ако знае и тој одма ми рече дека има една празна соба можам да спијам одма. Јас му реков дека немам одма да платам, а тој ми рече дека ќе ме чека газдерицата до плата. Тогаш знаев дека можам да работам и да издржам пет дена без јадење. Првиот ден издржав одлично дури не осеќав дека не сум јаден, глад не постоеше. Истиот ден јас дури работев пријателот Иво бил затвороен од полицијата и морал да плати 25 фунти или 25 дена затвор да седи. Бидејќи немаше пари, мораше да седи 25 дена затвор за секој ден по една фунта. Отидов вечерта после работа да го видам во затвор и се договоривме да седи пет дена во затвор до петок, а во петок јас ќе земам плата 30 фунти и ќе му платам 20 фунти, затоа што пет фунти ќе одбијат за овие пет дена што лежиш во затвор. Иво беше многу задоволен и куражлив и рече: ќе издржиме Боб само немој гладен да бидеш. Вториот ден на работа нормално без доручек, дојде време ручек во 12 часот. Механичарот ајришмен (ирец) ме викна во џипот на ручек, јас веќе знаев кај одиме на ручек пошто вчера ме носеше исто, отидовме во еден бар и ирецот нарача два стаклени бокали со бира. За мене беше доволно за цел ден како да сум ручал. Пијам помалку за да за еден сааат за ручекот да го густирам со пиво. Ирецот брзо го испи и мене ме остави во барот, а тој отиде во ресторантот да руча. После ручекот поново нарача по еден бокал бира за двајцата, ги испивме и назад на работа. Јас се осеќав најаден и воопшто не осеќав потреба за јадење. Ирецот често пати пред ручек и по ручек си нарачуваше за него инглиш мафинс со јајце, а мене не ме опитуваше за јадење. Ништо, јас решив нема да барам на заем пари и си велам: ќе издржам до плата. Секој ден се поновуваше истото се до четврток односно четвртиот ден. Во четвртокот ирецот ме остави кај барот, нарача бира и ме праша: Боб кога ручаш и како, брзо се враќаш од ручек?-Јас тогаш му ја кажав вистината дека јас не јадам на ручек и дека јас не вечерам и не доручкувам, благодарение на тебе што ми нарачуваш бира. Тогаш ирецот се изненади и рече еве ти пет фунти оди и ручај. Прво рече дека нема поверение во југословени, а јас му реков дека јас сум македонец, а не југословен. Тој се насмеа и ми ги даде петте фунти. Тогаш јас му реков сега бира на мој рачун ќе пиеме. Така испивме уште по еден бокал и отидовме на работа. Бидејќи јас бев научен без јадење не отидов ни тогаш на ручек. Петиот ден ја зедов платата од 30 фунти-пет фунти на ирецот му вратив, 20 фунти за Иво дадов и го извадив од затвор, а за мене остана пет фунти, од кои две фунти дадов за стан, така почна животот во Портхедланд, каде останав една година и спечалив пари за да се вратам во Европа. Во гаражата работев еден месец бидејќи ЈУТА ме водеше во нивниот список за работа. Еден ден еден човек од ЈУТА дојде в гаражата кај што работев и ми рече дека имам работа за механичар одма ако сакам уште од утре да почнам. Тогаш јас му реков дека сигурно доаѓам. На газдата во сервисот јасно му беше и ништо не го изненади, ми плати до денот и ми рече: каде и да се наоѓаш во светот ако сакаш да се вратиш кај мене да работиш ќе ти платам авионска карта за да дојдеш пак. Знаеше дека во ЈУТА, америчката компанија добро се плаќаше и тоа 45 фунти неделно со стан и храна платено. Почнав со работата одма уште утре дента и си дадов обавеза самиот себе дека ќе останам една цела година. После тоа заминав во Европа. Тука ниеден механичар не остануваше подогло од три месеци. Така јас едно време бев најстар механичар во гаражата, па затоа си мислев ако останам една година добро ќе ми биде затоа што ќе можам да се вратам во Македонија. Како механичар многу добро ми одеа работите, но како млад немав никаква разонода. Имаше два барови само за да се пие, женски свет немаше. Само три бар тендерки и сите се концентрираа на нив. Еден осмех и добар збор се добиваше одма кураж за уште по една пијачка. Ако добиеш конверзација како љубов да си почнал. Во тоа време во Австралија беше во оскудица со женски свет. Од Портхедланд нигде не отидов точно една година. На денот што навршуваше една година јас завршив со работата, оставајки го мојот работнички комбилизон обесен на сред работилницата и позади пишуваше: БОБ ЕДНА ГОДИНА. Последниот ден добив 1000долари бонус затоа што седев една година на тоа место. Тоа ни беше кажано на сите уште на самиот почеток на работа. Јас успеав да опстанам цела година и да го земам бонусот. Мојот пријател Милан се наоѓаше во Дампиер, исто таму имаше голема градба. Бидејќи контактиравме, бевме договорени заедно да патуваме во Европа, а пред тоа да се најдеме во Перт, тука ќе чекаме еден месец за брод. Со Иво цел месец се шетавме низ Перт, имавме добри денови. На крајот од месецот дојде време да купиме карти, кои беа веќе резервисани. Милан ми рече дека нема да оди со мене, се предомислил да не иде. За тоа до задно беше со мене, а јас требаше да му објаснам како е во Европа. Два дена пред тргнување од Перт за Европа седнавме во еден ноќен локал во Перт, кај некој газда белограѓанин Дуле Секирче. Јас го познавав уште од Мелбурн. Одлична беше атмосферата имаше доста свет. Милан почна да кибицира со некоја австралијанка која се наоѓаше во друштво со еден австралијанец. После десетина минути Милан успеа да ја натера женската да излезе надвор. По неа отиде и Милан. Јас седам и ја пратам ситуацијата. После пет-шест минути и австралијанецот стана и тргна накај вратата, кој беше прилично повисок и поснажен од Милан и од мене. После јас станав и по него да видам што ќе се случи затоа што јас знаев дека Милан оди на шут кај женската, а и овој оди неа да ја бара. Само што излегов од вратата на барот Милан трча со незакопчани пантолони, ги држи во раце и кога ме виде само рече запри го австралијанецот кој трча по мене. Јас само ја пуштив ногата и австралијанецот падна на цементото како мртов. Милан замина далеку, немаше шанси австралијанецот да го стаса. Тој стана и ме нападна мене, изненадно ме удри меѓу очи. Јас немав друга шанса освен да го грабнам на половина и наземи да го турнам. Кај што ме удри ме болеше многу и тие болови ми даваа голема сила за да му враќам. Почнав со клоци сегде и тој ме фати за нозе. Јас неможев да ги ослободам нозете, но уште го удирав со рацете. Тој лежи на земи и цврсто ме држи за нозе. Од барот излегоа сите, околу мене викаа удри го, вака онака. Јас се борам да не паднам, а еден вика олку луѓе гледаме дај да го умреме во мавање австарлијанецот, но никој не чепна. Јас успеав да се ослободам и за да го смирам за да не ме граба успеав да го треснам со кондурите преку лице. Почна да му блика крв и да лелека од болови. Јас видов дека му е доста, го оставив и се тргнав од над него. Тој стана и замина исто и јас не останав повеќе туку си отидов во хотелот кај што престојував. Го најдов Милан како чека да види што се направи. Кога ме виде бев син под очите и ме болеше неописливо, Милан само ми менуваше ладни облоги цела ноќ и викаше: Јас сум крив Боби, опрости ми, извини. Другиот ден боловите престанаа ама синото под очите стоеше. На брод првите пет дена носев наочари црни за да ги покријам синотиите. Милан ме испрати на брод со се најубаво за поново видување. Патувањето со италијанскиот брод Раула беше одлично првите пет дена. Водите беа мирни и ми беше големо задоволство затоа што имаше доста свет, разни забави, базенти, кафетерии, игранки, сите работи. После пет-шест дена стигнавме во Сингапур. Кога стигнавме во Сингапур тоа беше прво застанување. Таму купив два магнетофона. После пет-шест саати тргнавме поново во Индискиот океан за Европа. Кога почнаа некои бури, не држеа пет дена, јас се најдов во многу лоша положба, неможев ниту да јадам ниту да спијам. Само мамурен сум, ме фати морска болест. Јас тогаш одма посакав да се најдам на копно па макар и пешки да одам до Европа. После тоа дванаесет-тринаесет дена патувањето беше мирно, но јас неможев да се ослободам од морската болест, така само ги броев деновите. Последна станица беше Амстердам, но јас излегов во Наполи. Пред да дојдеме во Наполи бродот застана на Суетскиот канал и отука отидовме со автобуси до Каиро. Таму се качувавме на камили, се сликавме, беше интересно со многу туристи. После тоа влеговме во една од трите пирамиди, која беше отворена за туристи. Внатре навистина беше многу тесно и понекои скалици се искачивме дури до врвот на пирамидата внатре. На врвот најдовме едно мало местенце, една просторија кај што се одморивме и кај што вода капеше од самата кондензација. Беше навистина чудно како да нема оргинална врата да се влегува во оваа пирамида туку беше изваден камен за да се најде оваа влезна врата. После тоа како што реков стигнавме во Наполи.

Наполи беше првата станица во Европа што застана бродот после Суетскиот канал. Ова патување беше интересно и забавно. Во Наполи, Италија пристигнувањето беше навечер околу седум часот. Со мене излезе еден хрват од Карловец, кој се викаше Душко. Двајцата заедно се упативме према улиците за барање преноќиште во хотел и на далеку од пристаништето најдовме соби во еден среден хотел кај што зедовме само за една ноќ. Другиот ден планиравме да одиме на железничка станица да бараме карти. Јас мислев да заминам во Шведска, а Дуле за Југославија-Хрватска. Во Наполи вечерта излеговме на вечера во еден ресторант. После вечерата јас се сетив дека не си го зедов мојот алат што работев во Австралија, тоа беше една тешка метална кутија полна со сите алати за автомеханичар. Јас му кажав на Дулета за алатот и двајцата решивме да одиме на пристаниште кај бродот да видиме случајно да не е уште тука. По патот си велам дека во Италија тешко е да не го земе некој. Стигнавме кај пристаништето но бродот не беше тука, немаше ништо само мојата кутија со алатот стои. Беше изненадување. Кутијата беше тешка, но имаше колца па така ја влечев до хотелот. Преспавме и сабајлето станавме да доручкуваме. Зедовме такси и право на железничка станица. Јас барам карта за Шведска кај брат ми во Блу, едно мало место на јужниот дел на Шведска во близина на Хелсинборг. Овој што издаваше билети неможеше да го најде местото, јас исто така незнаев каде се наоќа па решив да одам за Стокхолм. Патувањето од Наполи со воз беше доста интересно, се запознав со доста разни луѓе италијани, австралијанци, германци и швеѓани. Уште од Рим до Шведска сегде беше убава природа, зеленила, шуми, ридови, полиња градови, се беше убаво за одмарање на очите. Во возот ми пријде една млада швеѓанка, плава и убава и ме праша за цигари. Јас се изненадив затоа што цигарите ги оставив да не пушам, а ми беше тешко да ја одбијам па и реков: и јас немам цигари и јас барам. Таа без многу да чека ми рече дај ми пари, има тука јас ќе купам. И дадов пари и ме праша какви, а јас и реков Кент. Таа отиде и донесе вистина цигари. Запаливме и разговаравме се до Малме. После тоа таа патуваше во друг правец и пријатноста беше кратка. Стигнав во Стокхолм и одма се заинтересирав да пронајдам каде е Блу. Службеник ми рече дека тоа место се наоѓа во Јужна Шведска назад. Јас и не излегов од станица и одма тргнав за назад, бидејќи не се договорив со братот Танаско кога и како да дојдам во Шведска за да се видиме. Братот Танаско се наоѓаше во Шведска три години на работа. Тој е помал од мене две години, но бидејќи имавме бурно и возбудливо време имав решено да одам кај него и да го видам. Планирав и да купам кола. Јас стигнав дури другиот ден во Блу навечер. Зедов такси од станицата, му дадов адреса на таксистот и ми рече-знам каде е. Пред да стигнам кај брат ми по патот го сретнав братот како вози спротивно на нас. Му реков на таксистот да застане и брат ми застана. Се поздравивме и му велам–кај одиш, а тој ми рече дека заминува на одмор во Македонија. Но остана вечерта, разговаравме прилично долго време. Се задржа неколку дена, а за тоа време јас се запознав со сите негови пријатели и од сите добив совети во Шведска да останам и да најдам работа за да добијам престој, па после да одам во Југославија на одмор. Инаку во Југославија нема што да се надевам иста е како што ја оставив. Најдов работа на две три места но не ми се работеше бидејќи доста работев во Австралија, сега ми требаше одмор. Во Шведска се врткав три месеци се до 25 декември 1966 година. Отидов дотогаш три пати до Полска. Полска ми се свиѓаше многу, имаше доста добар живот, сето она што ми недостасуваше во Австралија го имаше во Полска па и повеќе. Пред дочекот на Нова година 1967, бевме една група од пет-шест души тргнати од Шведска према Полска со коли. Јас дури бев во Шведска купив Волво амазаон модел 1965, беше одличен. Стигнавме вечерта во Полска и одма се заинтересиравме како да продадеме материјали што носевме од Шведкса како кошули перлонки кои се бараа доста насекаде во Источна Европа. Со мене беше Миле белграѓанецот. Вечерта сите отидовме кај неговиот пријател. Тука продадовме доста алишта и добри бевме со пари. Преспавме кај него и другиот ден утрото тргнавме према Варшава, а некои према Чечин. Јас и Миле тргнавме према Варшава, каде што стигнавме вечерта околу осум часот. Времето беше кратко и моравме да се обезбедиме со преноќиште за кое не беше тешко да се најде во добрите првокласни хотели. После тоа моравме да обезбедиме резервација за дочек на Нова година, плус моравме да најдеме женско друштво за дочек за таа вечер. Отидовме во хотел, мислам дека се викаше Варшава Хотел. Му дадовме 1000 злоти на менаџерот на хотелот да ни обезбеди маса за шест души и да ни најде убави девојки. Тој се сложи и ни рече седете зад баро, а девојките ќе дојдат. Навистина не помина повеќе од пола саат и еве две доста привлечни девојки околу 23 години има, беа плави, љубезни и милостиви. Се запознавме почнавме со пијачки и мезиња на барот. Еве го Миле со неговата девојка, која беше со нас уште од Шведска. Го запознав Миле и неговата девојка со полските девојки кои ги избрав за дочек за новата година. Миле беше многу задоволен кога ме виде дека чекам нова година со две плавуши. Влеговме во салонот, масата беше скоро до музиката и одлично беше, прегледно за секаде во салата. Имавме многу богата вечера со разни мезиња, печења и шампањац. Јас мислам дека тоа ми беше една од најубавите нови години. Имаше и многу добра музика. Јас бев во големо расположение, играв одлично дури и камерата ме држела на мета како еден австралијанец дојден за Нова година во Варшава. Другиот ден некој ме поздрави во кафулето што ме гледале на телевизија како играм на дочекот на новата 1967 година. После забавата отидов во мојот хотел да спиеме со двете женски до утрото, а после ги испратив дома. Јас продолжив да славам уште една недела низ Варшава. Кафеаните кои беа полнио со свет и пиеја чај со рум во варшавските улици на денот на Нова година беше студено и тоа миинус испод нула. Јас видов еден човек без нозе како седи на улицата во лоша состојба. Извадив 1000 злоти и му ги поклонив во неговиот скут кој беше празен. Човекот неколку пати рече: Џенкуем брзо, што значи на наши сполајти многу и со влечкање брзаше да се изгуби од улицата од студениот јануарски ден. После дојде денот јас да заминам према Закопани, едно многу убаво скијачко место во Полска. Мене ми одговараше бидејки одев према југ. Пријателот Миле со кого се запознав во Полска, се враќаше назад во Шведскка каде што и стално живееше. Беше доста спремен за трговија продавање, купување и препродавање и мене ми се дивеше кога брзо и смело дојдов во друштво. На двајцата дочекот за Нова година 1967 ни остана во големо сеќавање. Со Миле и подоцна по една година се сретнавме во Белград. Здраво Мичо-и јас после поздравот заминав за Закопани. Наздравивме и се напивме во големите бански чаши со топла ракија и одма продолжив на југ кон Унгарија.

Кога отидов на југ времето беше потопло и суво, без снег. Вечерта стигнав во Будимпешта. Имав решено да спијам во Будимпешта па затоа во една агенција одма побарав соба. Имаше соба во еден приватен стан, зедов соба и решив да вечерам во еден добар ресторант, во кој се свиреше на виолина. Во центарот најдов таков добар ресторант, каде што дојдоа одлични виолинисти и правеа добра забава на сите гости. Прилично бев уморен и во доцните саати се наоѓав во центарот на Будипмпешта, па решив да одам да се одморам. Другиот ден бев решил да тргнам да патувам за да стигнам во Белград вечерта. Вечерта беше убаво, суво, без некои врнежи затоа бев сигурен дека во Белград ќе стигнам брзо. Си легнав и одма заспав. Се пробудив, беше осум часот сабајле, но беше темно како да е уште рано. Погледнав низ пенџере надвор и кога ќе видам се беше бело со преку 60цм снег. Се спремав и излегов надвор да видам каде е колата, небеше лесно да ја препознам затоа што сите коли беа покриени со снег. Го најдов Волвото го исчистив и го запалив. Моторот одма проработи, се загреа и стана пријатно за седење внатре. Излегов на улица која што беше веќе исчистена и по која можеше да се вози. Јас немав никаква ориентација за патот кон Белград. За среќа видов една жена на улицата и ја прашав за Белград како може да се излезе, а таа одма ми предложи да влезе во колата и ќе ме спроведи точно на почетокот од правецот и плус за тоа да и платам пијачка. Имаше една кафеана на излезот од Будимпешта. Јас се согласив на се и дадов некој пара што ми остана од вчера со цел дека нема да останам во Унгарија. Таа дебела снежна покривка ја зафати цела Унгарија па се до Суботица, Југославија. Само што излегов од Будимпешта, беше мала угорница па излегов како најрано, ја претиснав гаста, а одоздола под снегот да било мраз. Почнав да се одвојувам од патот према една голема провалија. Јас немав никаков излез само крајно ако не застане на еден бетонски колосек кој служи да се задржи автото. Полека автото удри со предницата и се запре на бетонскиот столб. Крилото се свитка, браникот и левиот фар се скршија. Јас за тоа кратко време се молев господ да ме чува, зашто сакав да ја видам мајка ми и сите други штом сум дошол толку близу до дома. Навистина господ ми помогна. Полека наназад успеав да се вратам на патот кој изгледаше како пуст, ништо живо немаше да помине. Почнав пополека да возам, сиот пат беше со мраз под снегот, синџири немав, штом ќе дадев малку гас одма ќе почнеше да ме занесува лево-десно. Немав никаков излез освен да возам пополека, толку пополека што цел ден ми зеде до Суботица. Стигнав вечерта, застанав кај еден хотел и прашав за соба. Имаше, па решив да останам ноќта. Отидов за вечера и ми рече келнерот дека има само рибна чорба. За прв пат јадев рибна чорба. Дај ми голема и со репете, бидејќи сум многу гладен, цел ден ми зеде од Будимпешта до овде. Дали може да се најдат синџири во Суботица?-прашав некој од ресторантот во хотелот. Оо не, утре е сабота, затворено е се до понеделник ми рекоа, и пак не е сигурно дали имат синџири. Јас решив прво да се одморам, па утре ќе пробам пополека до Белград отколку да чекам во Суботица. Другиот ден во саботата се осетив одморен, доста распложен и оптимиста. Доручек зедов. Зедов и полн резервоар бензин и тргнав према Белград каде што стигнав во 12 часот попладне. Бидејќи од Суботица према Белград немаше снег, а и времето беше убаво со сонце така да можеше да се вози нормално. Кога стигнав на Теразија во центарот на Белград се осетив како да сум стигнал во рајот, јас пред да ја напуштам Југославија живеев во Белград. Теразија ми беше најзабавната ерија. Пред да тргнам од Белград немав доволно пари, ни кола, а сега веќе имав и пари и кола Волво амазон. Волвото беше многу популарно, а во Југославија го немаше. Крајот на јануари почнав со ноќниот живот покрај старите пријатели запознав и нови пријатели. За Македонија решив да не одам зимата се до пролетта, снегот кога ќе претсане да паѓа. Бидејќи и во Македонија, во Кураица има доста снег па многу тешко да се оди во Кураица, па затоа решив да се задржам во Белград. Од новите пријатели беа две особи позначајни: Соња Полич од Белград и Ацо Гаврилоски од Охрид, со кој останавме пријатели до денес и уште сме. Ацо кога замина за Охрид ми рече да одам кај него дома. Јас во Белград се населив кај братучед ми Гоце Дервуш. Беше фамилијарен со жена му Петра, која ми беше добра пријателка така да секогаш бев добредојден кај нив. Со нивните деца Билјана и Војо одлично се слагавме. Војо идеше со мене сегде како мое дете или уште подобро речено како мој најдобар пријател. За новите пријатели Соња од Белград можам да кажам нешто повеќе. Преку Кели, еден исто од моите нови пријатели ја запознав фамилијата ПОлич. Фамилијта Полич имаше две керќи, Нина и Соња, кои ме прифатија како еден од блиските пријатели и секој ден бев викан да одам кај нив дома и секогаш бев пречекан како гостин. Некогаш сакав да неодам, но се осети голема симпатија према мене од страна на помалата нивна керќа Соња. Таа беше убаво момиче и беше поразвиена за своите 14 години. Беше многу пажлива и без страв со мене секаде идеше. Јас тогаш се понашав исто со неа како и јас да сум на тие години како неа тука така. Постепено ние станавме како обавезници за еден ден да бидеме брачни парови. Јас ке чекам четири години, а таа ќе расти за тоа време. Живеејќи го мојот живот во Белград, дење со Соњица, а ноќе по баровите, парите брзо се трошеа. Јас никогаш не проверував уште колку пари имав. Еден априлскиден се припремав да одам во Охрид да ја видам фамилијата, која не ја имав видено повеќе од десет години. Кога ќе видам уште само 100 долари американски ми останале. Се потсресов малку и не излегов надвор дента, размислував добро што да правам. Разговарав со Петра, снаата која повеќе ме разочаруваше отколку што ми помагаше. Ќе добијам пари сигурно од еден пријател од Австралија сигурно, само се плашам дека и тие ќе ги поттрошам. Петра ми вели: се лажеш, никој нема да ти прати пари. Јас одма одлучив, седнав и напишав писменце до мојот пријател Милан и за десетина дена дојде чек од 400 долари. Со тие пари јас заминав за Охрид во почетокот на мај 1967 година. Навистина сета печалба од Австралија ми летна за шест месеци, но јас доживеав живот како за десет години. Од Белград отидов за Швајцарија и од таму за Трст, Германија и други места низ Југославија и сега дојде време за најчуствителното патување, во моето родно место Кураица, Македонија. Имаше преку десет години како не бев појден во Кураица, кај што го живеев мојот детски живот. Моите родители, браќа и сестри уште живееја во Кураица. Пред да заминам од дома реков на некој од моите дека нема да се вратам без кола. Стигнав во Кураица, беше возбудливо, весело и сите беа околу мене. За сите деца донесов една вреќа со разни шеќери, така да сите деца кога слушнаа дека еден дојде од Австралија и донесе шеќери, дојдоа околу мене. Од тие деца што земаа шеќери била и мојата жена, која што тогаш имаше тринаесет години. Во село немаше многу што да правам. Се видов со сите, а најмногу со мојата мајка и ја однесов на сите лекарски прегледи и дадов поголем морал дека јас ќе се грижам за неа. После три дена во Кураица отидов во Охрид да го побарам мојот другар Александра Гавриловски. На многу лесен начин го најдов. Со самото влегување позади Летница, Ацо се најде пред мене на пешачкиот премин. Јас застанав за да премине, а тој одма ме позна и ме однесе дома кај него. Ме запозна со неговите родители, татко Перо и мајка Кија и брат му Наумче. После и со целата негова фамилија сестри, зетовци, внуци, тетки, тетиновци, братучеди и сите пријатели. Во Охрид се заседнав и го засакав животот, така да во Кураица одев само за да ги видам мајка ми и татко ми. За финансии немав многу проблем затоа што кај Гавриловци станував, јадев и пиев односно постанав член на нивното семејство. По кафеани Ацо беше голем кавалер и никогаш не ми даде да платам, а јас бев одговорен за колата да е спремна во секоја доба. После летната сезона отидовме во Белград, за Ацо баравме виза за Австралија. Ацо доби виза и бевме се договориле дека ќе правиме една печалба во Австралија, во бушовите во Западна Австралија, Потхедланд бидејќи таму беше и мојот пријател Милан. Сега требаше јас да го продадам волвото за да имам пари за патот од Белград до Австралија. Тогаш го најдов мојот пријател Миле од Шведска, кој беше дошол во Белград, па тој ми рече: коли со странски таблици во Софија може да се продаваат за добри пари, како за волвото околу за 1500 долари. Миле имаше опел и сакаше да го продаде. Едно попладне во сабота тргнавме од Белград за Софија, за во недела да бидеме порано на пазарот. По патот од Белград негде недалеку се случи судар. Јас удрив едно авто пред мене, него го оштетив позади, а на моето волво предницата и хладњакот се рушија. Останав тука, имаше еден мотел на патот. Најдов во близина еден мајстор за крпење хладњаци и тој ми рече дека може да го закрпи и тоа ќе ме кошта 80 долари. Јас толку и имав. Спиев во мотелот така да се потрошив комплетно, имав пари да се вратам само до Белград 5000 динари. Неделата после пладне решив да го напуштам Белград и да заминав во Полска. Миле се врати од Софија рано затоа што немало добар пазар. Јас му велам дека вечерва заминувам за Маџарска, Чешка и Полска и му велам: те молам Мичо дај ми десет долари ми требаат за овие комунистички држави да покажам девизи. Миле знаеше, па затоа ни збор не рече за десет долари и ми рече да останам до утре ќе извади сто долари и ќе ми ги даде. Јас бев упорен после пладнето да тргнам. Ги зедов десетте долари и јас имав околу 5000 динари и тоа беше доволно да го наполнам резервоарот во Белград и во Суботица пред да излезам од Југославија. За мене купив сува храна за по пат. Отидов кај Ацо, кој се наоѓаше кај Јагодич Цајо во Белград, му ги кажав плановите и му реков ќе го поправам автото во Полска и ќе го продадам во Шведска. Истиот ден попладне заминав, немав никаква криза. Ја поминав Унгарија со лесно, Влегов во Чехословачка без проблем, но имав потреба за бензин. Во близината видов бензинска пумпа отидов да наполнам, но претходно го прашав бензинарот дали може да ми наполни за кошули-перлонки кои беа многу барани во источните земји. Тој олкави ги ококори очите и ми рече можам. Го наполни резервоарот и му дадов перлонка, а тој уште и кусур ми врати и ме замоли дали можам да му продадам повеќе. Јас му продадов уште две за едно полнење во Чешка, за спиење и јадење. Излегов од бензинската пумпа застанав. Млади девојки застанаа и низ отвореното пенџере зинав да ги опитам за правец према Полска. Сите четири низ пенџере ми се смешкаа. Јас им понудив да влезат во кола да поправиме малку муабет. Тие среќни што ќе влезат во кола, седнаа три назад и една напред. Сите беа убави, смеѓи. После запознавањето јас прашав дали сака некоја од нив да ми прави друштво, а од таму ќе и платам воз за назад. Две се јавија, но јас реков само една. Остана таа што седна напред, беше слатка плавуша. Се поздрави со бакнежи со трите и заминавме јас и првата млада чехиња. Беше навечер негде околу десет часот и после еден саат возење застанавме да се одмориме. Останавме таа ноќ во хотелот. Сабајлето претпладне тргнавме за Полска. Пред да влезам во Полска отидовме во ресторант, јадевме, а после ја однесов на железничка станица и купив карта за назад и и ги дадов сите чешки круни што ми беа останале. Едно од најзадоволните патувања ми беше, цело време во веселба и слатки зборчиња, добар одмор и добро јадење. Од Чешка за Полска ништо не ме интересираше освен да стигнам во Чечин, кој се наоѓа на север во Полска.

Беше квечерина кога стигнав во Полска. Одма најдов хотел и платен паркинг за колата. Другиот ден го однесов волвото во една комплетна лимарска работа, да ја направат како нова да биде. Јас оттука отидов во Шведска за да донесам нова маска и други работи како предницата и други потреби. Со одењето до Шведска и враќањето поново во Полска во Чечин јас веќе за една недела немав проблем со ништо. Делови за волвото донесов, створив пари и почнав удобен есенски живот во полските кафеани. Така беше еден месец. Колата се направи иста како кога ја купив пред една година, беше како нова. Отидов во Шведска кај истата агенција каде што ја купив, ја купија од мене за 200 долари помалку. Во Шведска се задржав до 15 јануари 1968 година. Животот ми беше повеќе припрема каде да одам, дали во САД или во Австралија во бушовите на печалба. Но знаејки дека целата претходна печалба ми стаса само за шест месец се мислев да променам, да заминам за Америка затоа што во Шведска не ми се свиѓаше за живеење. Еден ден се спремав. Беше декември 1967година. Купив зимски капут, скап, за да бидам попретставителен за да барам разговор со американскиот амабасардор во Копенхаген, Данска во американската амбасада. Стигнав пред вратата на амбасадата и одма најдов човек, кој ме упати кај секретарката, за запишување за моето барање. Беше многу убава и љубезна и ме праша: дали и што можам да ви помогнам?-Јас реков дека сакам да разговорам со амбасадорот. Моето име е Лазарески Богдан (Боб). Амбасадорот ќе ме прими и секретарката ми рече: седнете Боб. После неколку минути излезе еден човек од врата на амбасадорскта канцеларија, ми го кажа неговото име и ме покани да влезам во неговата канцеларија со зборовите: Мистер Лазарески, што барате од мене, каква помош?-Јас кратко и јасно му реков дека барам виза за Америка. Седнете Мистер Лазарески, те викаат Боб, од каде сте и кај живеете сега. Јас сум Македонец, бев во Австралија пет години. Дојдов во Европа, кај брат ми во Шведска, во Австралија не ми се допадна за стално. Голема желба ми е да одам во Америка. Навистина не ми беше толку за Америка колку што несакав да се вратам во Австралија, а во европејските земји немаше голема заработувачка. Јас барам место за кратко време и добра заработка. Амбасадорот прифати да ми даде виза, но морав да чекам три месеци. Му реков-добро ќе ги припремам сите документи и ќе ги донесам. Едно му велев него, а друго ќе правам. За три месеци ќе ги потрошам сите пари, па може да се случи полошо. Ќе одам во Австралија и ќе го земам Ацо Гаврилоски со мене, само прво ќе одам во Шведска во јануари после новата година 1968 година, која сакам да ја дочекам поново во Полска, па после ќе одам со воз од Полска до Франција во Тур. Брат ми Љупчо и група курајчани работеа таму, во фабриката за гуми Мишелинки. Сакав да се поздравам пред да одам за Австралија. Зедов воз во Полска на 20 јануари преку Краков за Тур–Франција. По патот низ Полска поминав одлично. Во возот се запознав со една женска, полјакиња. Во купето бевме сами. Вака така стана таа ја затвори вратата па дојдовме до интимност. После тоа таа сакаше да јаде. Јас и дадов пари и и реков да оди да купи јадење и и реков да оди таа да јаде затоа што мене не ми се јаде. Таа отиде и после извесно време се врати, беше јадела и ми рече во Краков ќе оди. Пошто ја морав да чекам друг воз за Париз, таа ми порача да се одмориме во Краков, имала некои пријатели нејзини ќе дојделе и тие па ќе можеме да јадеме и пиеме. Кога слеговме на железничката станица во Краков таа отиде да го бара незјиниот другар, а јас застанав настрана и гледав со кого ќе се сретне. Таа мене не ме гледаше. Видов на двајца машки како нешто им прошепта и тие почнаа да гледаат во правец према мене, ама не ме видоа. Јас одма побрзав се скрив од тука и заминав малку подалеку во едно кафанче. Седнав и малку бев збунет. Нарачав пијачка, а една женска на другата маса седеше па ја замолив да седнам до неа и таа ми дозволи. Седнав и раскажав малку што се случи по патот и на железничката станица дека двајца ме чекаа. Таа ми рече-многу добро си направил што си избегал, те чекале да те ограбат и може ќе те отепаат. Си налетал на лоша женска. Сега одмори се, напиј се и јас ќе ти го покажам Краков навечер да видиш каков е. Навистина после еден саат станавме прошетавме низ Краков, ми кажуваше добри работи и ми рече штета што не е дење, ќе можеше многу подобри работи да видиш и ќе добиеше подобар впечаток за Краков да беше дејне. Времето се ближеше за возот да тргне за Франција. Таа дојде со мене до станица, се поздравивме пријателски и ме испрати пријателски. После преку Германија и Белгија беше ноќе, повеќето време го преспав. Во Париз стигнав другиот ден околу пладне. Оттука морав да се префрлам во друга железничка станица Аустрализ, која имаше возови за Тур. Во Париз има десетина железнички станици затоа не е едноставно префрлањето од една железничка станица во друга. Прв пат бев во Франција без познавање на Франција, но одлично се снајдов. Возот од Париз до Тур беше добар и патувањето исто така. За три-четири саати стигнав во Тур. Од Тур требаше да се оди за Јулетур, десетина километри далеку од Тур. Беше мало место, но добро средено, чисто и со работнички населби. Фабриката за автомобисли гуми Мишелин не беше далеку од населбата. Од железничката станица во Тур зедов такси и на таксистот кога му објаснив кај одам одма ми рече дека ги знае југословените во кои згради се населени. И навистина ме однесе на самиот влез од зградата каде стануваше брат ми Љупчо со останатите курајчани. Само што влегов внатре во станот сите се присобраа одма. Почнавме со вечера. Јас од Полска донесов десетина кила суво месо, свински вратови и полски колбаси, но и вотка. Почнавме со мезиња и пиење до доцна вечерта. Другиот ден беше сабота. Станав доцна, се освежив со француско кафе Оле, се запознав со градот и со повеќето македонци и срби од Врање и Пирот. Тогаш го запознав и Боро од Пирот, кој беше голем еснафџија, човек кој беше добар за друштво. Бидејќи беше сабота во неделата не работеа никој, па во саботата седеа до доцна сите. Другиот ден беше недела. Јас решив да пишувам писмо за мојот другар во Австралија, со кое ќе го известам дека сум во припрема да тргнам за Австралија. Напишав прилично големо писмо и му објаснив дека морам од Францција да одам за Белград за да се најдам со мојот пријател Ацо, затоа што тој доби виза и со мене мора да тргне за Австралија. Неделата си помина. Другиот ден, во понеделникот јас се спремав и во десет часот претпладне решив да одам во поштата и да го испратам писмото за Австралија. Едно двесте метра пред поштата ги сретнав Боро и Цикле, беа во една кола со еден французин. Се поздравивмеи разменивме неколку збора, кој каде оди и кога им реков дека јас одма да го пуштам писмото за Австралија тие ми рекоа после ќе го пратиш. Тие одеа на пазарење кола, Боро ќе купуваше кола. Французот ги носи кај некоја си гаража одалечена околу 20 км. Боро инсистираше јас да влезам во колата и да бидам главен за одлуката за купување, Боро имаше поверение во мене. Јас одлучив одма да одам со нив, а писмото ќе го пратам кога ќе се вратам. Тргнавме по патот. Со Циклета седнавме на задното седиште, а напред французот и Боро. Се запознав за каква кола всушност се работи. За кратко време стигнавме таму до продавницата. Боро ми рече јас да ги возам, затоа што тој и Цикле немале возачки дозволи. Што ќе речам јас за колата така и ќе биде. Ја разгледав колата, беше рено. Седнав го пробав, но предницата ми занесуваше. Јас му реков дека колата имала судар, предницата не е добра. Боро одма се одлучи да не ја зема. Французот одма рече ајде да си одиме затоа што после пладне ќе одат на работа. Јас таман да седнам назад во колата Боро ме спречи. Не Боби, ти ќе седиш напред на моето место до шоферот. Јас се спротиставив со изговор дека незнам ништо француски и неможам да започнам никаква конверзација. Тоа не важеше. Ми рече: јас ти правам чест да седиш напред. Бидејки французот живееше во близината на патот кај што возевме предложи да не запознае со неговата фамилија. Отидовме кај него дома и имаше пет мали деца. Секое по година ипол разлика. Се запознавме со жена му и одма ни понудија вино, но јас одбив да пијам секаков алкохол. Овие сите тројца по една чаша вино, па уште по една и тргнавме на пат за Јуелетур. Само што тргнавме од кај куќата кај французот почна посилна лапаица снег. Французот возеше 80-90 км на саат. Тоа беше малку повеќе за мене од што треба. Му реков на Борче дека за вакво време на снег тој брзо вози. Боро ми рече да не се сеќирам и дека тој знае убаво да вози. За кратко време јас видов од патот во една нива едно високо и доста дебело дрво, мислам дека дека беше цер. Тоа беше задно што можам да се сетам. Ние сме излетале од патот и право во тоа дрво-цер сме удриле, незнам како удри баш во него бидејќи имаше доста место низ нивата. Со ударот во тоа дрво со мојата страна, тоа беше фиат 1500марка, беше напола свиткано околу големиот цер. Моето седиште беше наместото од шоферот. Јас со Боро бевме комплетно мртви во шок. Дошла амбулантата, не зела и право во болница не однела. Цикле и французот имале мали повреди, биле вон секаква опасност, а јас четири саати во кома. Борче беше одма умрел уште на местото на сударот, имал удар во главата, одма останал мртов. Целото тело комплетно му било здраво, само потрес во главата и наместо мртов. Мене ме снимале во кичмата и виделе дека не е повредена и докторите решиле да се борат со моите повреди што ги добив. На десната страна сите ребра испокршени ми биле и десната рака комплетно не употреблива. Јас едно време сум заспал и не осеќав никакви болови. Очите цврсто ми се затворени. Имав чуство дека сум заспал во тежок сон. Слушнав дека некои зборуваат ама не на разбирлив јазик. Уште мислев дека се ми е во сон. Решив во себе да ги отворам очите и да се обратам на англиски. Ги отворив очите кога ќе видам полно луѓе околу мојот кревет со бели мантили. Сите ми се насмеаја и се растурија да почнат со работа на мене. Остана една медицинска сестра и јас прашав на англиски: што се случило?-Не знаеш дека имаше судар, несреќа?-ми рече. Штом рече така и одма си реков дека дрвото не сме го промашиле. Јас прашав што е со другите и сестрата ми рече дека еден е мртов, а другите двајца се малку удрени. Кој е мртов?-прашав. Тој што седел позади тебе– ми рече. Јас одма се ражалостив за Боро што ми го поклони животот, што ме натера да седам на неговото место напред, а тој назад.

Францускиот медицински персонал во Тур почнаа да работат секој на своја одговорност. Јас не осеќав никакви болови, бидејќи бев сиот со медицински лекови против моите болови. Сите ребра од десната страна ги најдоа скршени, а и клучната коска од десната страна од десното рамо ми беше скршена. Јас неможев да се мрдам. Внатре во телото почна крв да се собира од моите скршени ребра. Па тогаш еден доктор ме пресече кај градите од десната страна и пушти едно пластично црево, кое беше приклучено со електрична пумпа за да ја црпи прелеаната крв од моето тело. Сето тоа јас го гледав докторот како го работи тој процес. Почна крв да излегува од телото преку пластичното црево што докторот го постави во еден стаклен сад-шише. Друг доктор во исто време од другата страна ми поставува шише полно со крв. Тоа се деси на 28 јануари 1968година во 11 часот предпладне. Во болница останав 15 дена на нега. Бидејќи бев турист, дојден три дена во Франција незнаеја каде да ме пуштат да одам, затоа ме држеа во болницата дури да се оспособам, да можат да ми стават гипс. Еден ден ми ставија гипс од папокот нагоре целиот до врат, така да изгледашев како заштитник бел околу градниот дел на телото. После тоа ми најдоа едно опоравилиште во замок за употреба на рекреации на работни луге, за опоравување и нивно оспособување. Овој замок се наоѓаше мегу Тур и Јуелетур. Од болницата требаше да ме префрлат до опоравилиштето. Јас бев многу уплашен од несреќата па несакав да одам со кола, а пешки беше далеку. Тогаш една болничарка еврејка знаеше англиски па мене ме убеди дека шоферот ќе вози пополека, да не се плашам и што и да имам тешкотии да се обратам на неа. После болницата, таа ќе ми помогне ако сакам да одам во Париз, имала керќа таму и таа ке ми помогнела да живеам во Париз. На шоферот му рече да вози пополека према мојата волја, па така отидов во колата како еден од најзагрозените. Првата ноќ беше неиздржливо. Спиев во една голема спална, полна со португалци кои не беа толку болни. Цела ноќ имаше галама, играа карти. Другиот ден сестрата, мадам Русол ме викна во амбулантската соба и ме прегледа. Ме запраша за се. Направивме добар муабет на англиски. Таа тогаш ми даде една двокреветна соба со еден 75-годишен пензионер од Нормандија, кој беше на опоравка. Здрав беше и само преспиваше во собата, инаку уште сабајле одеше на доручек и цел ден седеше во кафетеријата, играше домино и други игри. Мадам Русол ми постана добар близок другар, ми помагаше за се што ми недостасуваше. Докторите прво прогнозираа дека 25 посто ќе бидам неспособен и предвивидуваа пет-шест месеци да ме држат во замокот. Јас во тоа време имав одлучено да не патувам во Австралија и не е важни пари да имаш, туку важно е здравје да имаш. Го известив Ацо од Охрид дека јас имав несреќа и нема да одам во Австралија. Исто го сторив и со Милан во Перт. Имав една важна особоа во тоа време во Белград-Соња. Што ми беше како вереница. Незнаев како да и кажам дека имав несреќа и дека половина сум искршен. Да пишам неможам, а други да ми пишат неможе и несакав. Одлучив да не и се јавувам директно, туку се јавив до Кели дека сиот се искршив во Франција. Тој сите познати ги известил и сите разбрале и помислиле дека јас нема никогаш да ја видам Соња. Во замокот напредував одлично. Беше зима. Снег. Студ. Јас со гипс, но потполно ми беше добро. Во тоа време бев зафатен со специјални вежби за дишење, кои вистина брзо ме лечеа, за исправување на моите ребра со воздушните туркања одвнатре кон надвор, повеќе интерес и концентрација за моето здравје и задоволство. За еден месец на преглед докторот се изненади со моето брзо оправување. Ми рече-може можеме да те пуштиме да си одиш дома. Сестрата Мадам Русол побара од докторот да ме заджи уште еден месец. Докторот се насмевна и рече-бидејќи Мадам Русол сака да останеш уште еден месец ќе ти го продолжам останувањето. Така останав уште 40 дена. После излегувањето од замкот со Мадам продолживме да се видуваме извесно време. Маж и на мадам Русол беше доктор за физичка терапија, па тој ми даваше инструкции за вежбање. И така брзо се опоравив со негова помош. Тогаш во Тур побарав работа и добив. Во Тур југословените имаа преведувач на македоснко-француски јазик. Тој беше Вукашин Ефтоски, но сите го викаа Вуле, а французите Луј. Со не го се запознавме во болница. Полицаец го донесе да ми преведува мене, а после излегувањето од замокот Вуле ми помогна за папирите, а покасно и за да најдам работа како механичар. Не беше проблем. Јас добив работа во Берлие. Тоа беше механичарска работилница за поправка на камиони за марка Берлие. Тука работев една година и девет месеци. Се запознав со системот на францускиот живот. Животот ми се допадна, беше доста добар. Убавината на девојките, на кафеаните, на гостопримството и тоа ме обврза да се задржам во Франција. После кратко време се спријателив со Вуле. Тој беше решил да оди во Париз, па вистина еден еден и замина за Париз, тоа беше летото во 1969 година. Јас добив оштета од сударот, беше многу мала, но јас не ни очекував пари, само сакав потполно да оздравам. Но ете, еден адвокат без мое знаење ги зел податоците од мене и побарал оштета од осигурањето од колата. Осигурањето платило за сите по нешто, а јас со тие добиени 7000 француски франнкови, купив еден цитроен дегол (ајкула-кабриолет). Зедов одмор и поново на одмор во Македонија да ги видам моите и пријателите, кои беа изненадени од мојот судар. На одење кон Македонија застанав во Белград кај мојот братучед Гоце Дервуш и отидов во посета кај саканата Соња. Прво Соња не сакаше да ме види, беше лута затоа што и обеќав да се вратам во октомври 1967, а сега беше 1969 година. Таа мислела дека јас се изгубив после сударот, но сестра и Нина ме опита каква кола имам, а јас одговорив воодушевено цитроен кабриолет. Таа одма ме праша дали може да го види кога ќе си одам од кај нив. Јас и реков важи, ќе те провозам. Излеговме од кај нив дома и Нина тргна со мене, кога го виде цитроенот одма рече дека Соња ќе го сака. Ја провозив околу црвениот крст и назад. Се поздравивме и таа ми рече да не си одам одма да причекам во колата. Јас почекав слушајки музика во цитроенот околу 15 минути. Еве ја Соња сама со солзи во очи и почна да ме љуби и да ми вели: јас мислев дека ти се изгуби мој боби, сега нема повеќе да те пуштам. Јас и реков дека ќе одам во Охрид и дека мора мајка ми да ме види како изгледам после сударот, оти и таа не верува дека сум потполно здрав.

Стигнав во Кураица и цитроенот за сите беше атракција. Јас со уште подобра ситуација бев негде пред две години. Се задржав во Охрид и Кураица преку летото, а после септември отидов во Белград и останав цел месец со Соња и нејзините. Сите договори ги направивме и почнавме дури и писмено да ги реализираме. Се договоривме дека до 18 години ќе се допишуваме секој ден, а после 18 години таа ќе дојде во Париз, Франција и тогаш ќе се жениме. Беше многу сладок септември и на крајот јас си заминав во Тур. Таму се задржав еден месец без работа, а после отидов во Париз. Вуле беше веќе отиден и работеше во Хотел Кавур. Јас имав соба во хотелот кај Вулета. Првите неколку дена се запознав со Париз. Пред тоа не бев повеќе од еден ден повеке во Париз така да ова ми беше прв пат. После прашав во една гаража Пежо за работа и ме примија одма. Така да почнав со работа и не ми беше тешко. Париз ми се свигаше многу и си реков зашто не сум дошол порано, па решив да останам во Париз за долго време. Во Париз ја дочекав 1970 нова година, за мене навистина беше нешто ново. Јас решив да чекам Нова година надвор на Шанс елизе

. Шанс елизе полна со кафулиња отстрана покрај троторот, а тротоарот полн со свет. Луѓе, жени и млади елегантно облечени. Се пие по кафулињата и се чека 12 саатот, кога дојде новата година почнаа секој со секого да си честитаат со бакнежи без разлика на женско или машко. Така да беше чудно за мене, добив неколку стотини бакнежи со зборовите Бон ане (Среќна Нова Година). Почнав да се интересирам да почнам нешто друго да работам. Го замолив мојот прв близок македонец Вуле да гледа по новините. Кога ќе дојдев од работа бевме заедно со Вулета и правевме планови за признавањето на македонците сегде низ светот со македонската историја од минатото и сегашноста. Јас му реков на Вуле, јас сум од Филип Втори македонец, Вуле секогаш ме подржуваше во тоа мое постоење. Вуле се запиша на универзитетот Сорбона во Париз за докторат за економија, беше многу голем работник и трудољубив добар печалбар и помагач. На секого би му помогнал ако има мака. Тој издржа со нормално работење по цел ден и спремање испити за на Сорбона и пак имаше време со мене секоја вечер да прошетаме и муабетиме. Еден ден дојдов од работа. Петок беше. Вуле ми вели–радосна вест. Што е?-го прашав. Најдов работа за шофер на амбасадор-рече. Но незнам за која амбасада, зборуваат англиски, може да е за америчката амбасада. Но Вуле му рекол дека за мене е работата, но на амбасадорот им треба одма. Јас неможев да одам пред две недели, но јас те предложив тебе Боб-ми рече. Јас го ислушав сето тоа и не реков ништо. Вуле почна да ме убедува: земи ја работата. Јас му реков на Вуле: јас сум два месеци во Париз и не го познавам доволно, а Вуле ми рече почни и ќе видиме како ќе биде. Во недела ќе одиме двајцата да се запознаеме и да се договориме за плата. Состанокот беше закажан за во Хилтон хотел. Отидовме со Вуле заедно, беше негде околу пладнето. Ние не го познаваме, а и тој не не познава, па незнаеме како изгледа. Еве еден од хотелот праша: Кој има состанок со амбасадорот од Уганда, а Вуле рече: Ние. Одете на петти спрат, врата број 5 -ни рече. Отидовме таму, тропнавме, вратата се отвори и кога гледаме црнец. Се насмеав, се запознавме и ни рече-седете. Не запозна и со жена му, која беше тука и со две мали деца, машко и женско. Жена му беше многу убава, црнкиња, слаба со интелегентен изглед. Амбасадорот Барунги француски ни збор не знаеше. После разговорот праша дали има дежурна апотека му требале да купи лекови, а воедно ќе не провери како возиме. Отидовме на паркингот и видовме црн цитроен, амбасадорот ги даде клучевите на Вуле и му рече натаму Вуле, а наваму Боб ќе вози. Отидовме низ Париз, амбасадорт седи назад, а Вуле и јас напред. Се договоривме како да се покажеме. Вуле ми вели да му ја отвориш вратата кога ќе излегува и влегува. Јас му велам на Вулета дека јас сум револуционер, дека се борам за слобода, а не слугување, дека јас можам да го возам, а тој ако не може сам да ја отвара и затвара вратата не го бива. Вуле се смешка и ми вели прво да ја добиеме работата, а после ќе се договориме со амбасадорот. Стигнавме до апотеката, се паркира Вуле и одма излезе од кола за да му ја отвори вратата на амбасадорот, а тој излезе и рече: Thank you (Благодарам). Вуле му рече-сполајти. Вуле ми рече дека ќе одат тие да земат лекови, а јас да почекам и да се припремам за возење. Јас излегов од колата и стојам надвор. Еден момент загледав еден црнец иде накај мене без Вулета. Јас си помислив да не се скараја. Дури си мислев така црнецот се доближи и јас за малку да му ја отворам вратата, а тој продолжи. После јас се сетив дека има повеќе црнци во Париз. После тоа навистина идат амбасадорот и Вуле. Му ја отворив вратата на амбасадорот, а Вуле се смешка и ја врти главата. Седнав во кола запалив и тргнав. Почнав да му кажувам на Вулета што ми се случи со црнецот, а Вуле сакаше такви моменти, па затоа јас со задоволство му го раскажав случајот. Кога почна Вуле да се смее и јас со него неможевме да се запреме од смеење. Амбасадорот во тој момент не праша зошто се смееме. Ние се наоѓавме на Ла фает булевар, шопинг центар. Испред нас висеше на зградата еден голем голем балон и за одговор на амбасадорот му покажавме на балонот и уште повеќе почнавме да се смееме, а со нас и тој почна да се смее. Се вративме во Хилтон хотел и амбасадорот ми рече на мене: утре да дојдеш во 10 саат на работа и да чекаш на рецепција. Другиот ден, понеделник, место на работа во пежо јас во Хилтон хотел.

Хилтон хотелот имаше одлични фотељи комфорни за одмарање, зедов кафе и гледам весник. Еве ја секретарката Елена, која беше црна и симпатична, праша за Боб. Јас-и одговорив, ми ги даде клучовите и ми рече да го извадам цитроенот пред врата, амбасадорот ќе дојде. Јас се мислам кај ќе возам, дали ќе се снајдам со амбасадорот. Со него доаѓа и една бела убава жена од агенција за издавање на станови. Отидовме према правецот на Етоал. Женската ме праша дали го познавам Париз, а јас и реков дека не го познавам, само два месеци сум во Париз, тогаш таа ми рече дека таа ќе ми кажува, да не се секирам и така без проблеми отидовме таму. Го видовме станот и беше многу голем. Дојде време за назад во Хилтон хотел. Пак во правец на Етоал, а сега се вика Шарл де Гол. На таа кружна раскрсница се споени дванаесет авении и не постои никаков сигнал. Сите авении се споени и кога ќе стигнеш до кружната линија почнува да се вози во круг дури да дојдеш до саканата авенија, дури да дојдеш до излез. Стотици коли се вртат, многу интересно и чудно место за возење. Јас многу лесно пробив низ многуте коли до влезот во авенијата од кај што дојдовме. Амбасадорот на висок глас ми рече зашто не одам на некоја друга авенија, а јас застанав со колата и му реков: сер дојди ти вози, а јас ќе седам од позади. Тој одма се извини и рече да одам од кај што сакам јас. Продолжив со возењето, а агентката се поднасмевна во знак на задоволство што бев борбен и груб. Стигнавме во Хилтон хотел. Јас мислев дека завршив со работа и несакав да работам за овој човек. Амбасадорот ми рече да ја одвезам агентката дома, а ми беше поминато работното време, но бидејки беше пријатна одлучив да ја одвезам дома и. Таа живееше прилично подалеку од хотелот Хилтон. Возејќи почнавме конверзација за мојата работа, а после и за животот низ Париз. Јас се брзав за што побрзо да заврши работата со овој амбасадор од Уганда, но понудата од агентката за по едно кафе ја прифатив одма и си реков дека на крајот ќе имам мал одмор со симпатичната и убавата парижанка. Муабет по муабет времето си минуваше брзо. На крајот се гушнавме и се договоривме да си телефонираме. Влегов во кола и се брзав да се вратам во хотелот. Местото не ми е познато, отидовме далеку. Незнам колку време ќе ми треба да се вратам. Јас знам дека треба да возам во правец на Сена, а после лесно ми е да го најдам Хилтон хотелот. Стигнав назад, ја паркирав колата и зедов лифт до спратот на амбасадорот. Отидов внатре, но амбасадоротот не беше тука. Ја прашав жена му и таа ми рече дека тој ме чека кај лобите во хотелот. Јас и реков не е важно, и го подавам клучот, но таа одби да го прими и ми рече да го чекам амбасадорот. Јас и реков дека јас завршувам со работа и немора ни да ми плати за денеска. Стоев на отворената врата и го видов амбасадорот како оди низ ходникот подзагрижен за мене зошто се забавив. Одма ме праша: Што се случи?-Јас му реков: Ништо. Агентката живее на другата страна на Париз. Тогаш рече: sorry (извини), таа ми рече дека живее близу. Седи ми рече да се договориме за утре. Јас тогаш му реков: Не сер, јас завршив со работа кај вас. Не, Боб утре имам голем ден сите амбасадори од цел свет ќе бидат, ќе се возиме од Конкорда по Шанс Елизе према Етоал, од тука амбасадорите излегуваат од колите и остануваат тука, а возачите одат на одредено место. Јас бев упорен да не прифатам и му реков дека неможам да работам под тие услови. Тој ме праша какви услови јас барам, а јас му реков да ми даде распоред утрото односно пред да возам да ми даде одредено адреса кај ќе возам. Тогаш тој се насмевна и ми рече: мој friend (пријател) нема нигде да возиш без претходно од еден саат добиената информација. Си заминав, но уште мислам дека нема да се вратам само чекам да стигнам до кај Вуле да му раскажам за цел ден што ми се деси. Вуле се чудеше како амбасадорот не ме истерал мене од работа, како сум го оставил кај Етоал во таа гужва од коли и му реков на Вуле дека утре има амбасадорска потреба по Шанс Елизе, треба утре во 10 часот да бидам кај амбасадорот, но не мислам да одам. Тогаш Вуле ми рече дека е гордост да се вози на ваков ден низ Шанс Елизе со амбасадорите, штом ме прифати мене како таков непопустлив. Затоа утре Боби оди на возење и ќе видиш каков е амбасадорот. Навистина си реков: амбасадорот се сложи со мене и ќе продолжам понатаму. Другиот ден отидов на парада и беше многу добро возењето, само дипломатски коли една од друга одалаечена на 50 метри. Стигнав на Етоал. Застанав на одредено место. Еден одреден човек му ја отвори вратата на амбасадорот, тој излезе, а јас продолжив на една од авениите што беше за паркинг за дипломатските коли чекајќи да се заврши церемонијата со претседателот на Франција Шарл де Гол. Тој ден беше краток и многу подобар од претходниот ден, се запознав со многу шофери од други амбасади, така ми стана појасно како се работи по амбасади. Почнав да работам за стално во амбасадата на Уганда. Работата ми стана толку едноставна што се осеќав и како да не работам, кола цитроен ајкула нова возев, се паркирав скоро сегде без проблеми. Амбасадорот беше толку љубезен што не седнуваше назад, седеше напред, се возеше со мене. Во неговата работната просторија (офис) можев секогаш да го посетам и секогаш штом ќе влезев во офисот ми велеше: Боб седи како king (крал) од Македонија. Почнав потполно нов живот. Во тоа време со Вулета бевме во големи планови за Македонија. Се сеќавам дека еден ден му реков на Вулета да напринта карти за Македонија и напишав на секој карта Либертат на Македонија. Отидов на железничката станица и на сите вагони за грчка Атина внатре им лепев од тие принтани карти за Македонија. Исто така од тие карти ставав и на Шанс Елизе до Фигаро, новинарска агенција. Во тоа време јас се запознав со еден пријател на Вуле од Западен Берлин, се викаше Гоце македонски, ресторанџија, бизнисмен. Така почна се повеќе да мислам за вистината на Македонија. Еден ден дојдов од работа во хотелот Ла Фает. Тука спиев, а и Вуле тука беше рецепционер во истиот хотел. Вуле ме запозна со еден висок човек, крупен, по име Драган Богдановски. Кој сте вие го прашав, а тој ми рече дека е редактор на списанието Македонска Нација, и одговорен на огранизацијата македонски ослободителен фронт (МОФ). Главниот штаб се наоѓа во Копенхаген, Данска со претседател Димче Начески, емигрант од комунистичкиот режим на Југославија. Тогаш јас му се претсавив со името Боб Солунец македонец, потомец од Филип Втори Македон, татко на Александрар Трети македонец. Застанав гледајки во Драган Богдановкси, тој се насмеа и рече: немаме такви македонци како тебе, ти ни си потребен на нас македонците. Со Драган почнавмде да разговараме за Македонија како да се ослободи со употреба на какви тактитки. Јас тогаш му дадов примедба за името на организацијата знаејки од искуство со македонските патриоти дека се заплашени од сите територии. Земи ги македонците од егејска, пиринска, па и вардарска Македонија. Сите се контролирани од окупаторите Грција, Бугарија, па и Југославија. За да може организацијата побрзо да стекне членови треба попривлечно име, а не ослободителен фронт, изгледа како да вршите регрутирање за во војна. Гледајки ја ситуацијата во Југославија, СРМ мислат дека Македонја е ослободена потполно. Тие луѓе не одат во војна против тоа што го имаат. Во Грција и воБугарија голема диктатура над македонците и тие несмеат да си го изкажат своето национално чуство за Македонија и да го зборуваат својот мајчин македонски јазик, ниту во своите домови во затворена просторија. Тито и неговата политика према Македонија и ништење на ВМРО-измот претварајки се во титовизмот југословенизам односно словенизам. Јас зедов поголема критика на КПМ, а не на Тито, бидејќи за сето тоа време македонците- комунистички лидери јавно истапуваат со зборовите: после долгогодишното ропство најпосле се ослободивме. Јас му реков: Драги, јас се крстив во Солунец за да им кажам на комунистите македонци водачи да не го мамат светот и македонците од СКП дека се слободни. Македонците, ние егејци не сме слободни. Пишав и писмо на матицата во Скопје дека јас не се сложувам со тоа дека сме слободни и македонците, јас сум солунец неослободен и сакам да сум слободен. Тогаш со Драган и Вуле бевме на вечера. Богдановски рече дека има во припрема да се одржи еден собор-конгрес во Брисел, не покани со Вулета и дека ќе има повеќе луѓе да одиме на тој собор во Белгија. Јас и Вуле му обеќавме и после еден месец отидовме на собирот и се запознавме со сите раководни луѓе, Начески беше претседател, Радински, Ќамбевски и другит, е сите не имаше повеќе од стотина. Драган Богдановски, кој беше собирач на луѓе не беше на собирот и разбрав дека бил под надзор на удба и му претела опасност ако дојде. Важно на тој собор се договоривме да има конгрес во Бремен, Германија. Но пред да одиме во Бремен со Драган Богдановски се видовме во Париз и тогаш јас се заинтересирав за удбашките операции. Драган ми рече дека секој кој контактира со него удба ќе го испрашува ако оди во Југославија. Јас му реков дека имам болежлива мајка и дека морам да одам од време на време во Македоија и тоа значи дека удба и мене ќе ме сослушува. Да Солунец, обавезно-ми рече. Јас не се плашам од никого, ни од удба, ништо немам згрешено, а не планирам ни да згрешам, борбата за вистината моја и Македонија нема право никој да ми пречи, затоа што никого не оптеретувам со моето барање да се докаже дека сум чуствителен македонец, а не присилен грк. Драган ќе контактирам со тебе, како и со сите македонци, кои се за обединување и ослободување на Македонија, не се плашам-му реков. Се поздравивме со догледање во Бремен. Навистина Драган сакаше да оди по Европа, Шведска, Данска, Норвешка, Финска, Италија, Австрија, Швајцарија, односо цела Европа и Австралија, па и Канада и Америка. Имаше свои љубители на својата организација ДООМ (движење за ослободување и обединување на Македонија) по статистиката Драган броела 10. 000 членови. Удбата вистина не го поднесуваше Драган, тој ги пишуваше некои работи за Тито што воопшто неможно беа за удба да е таков за македонската нација, како што ги опишуваше Богдановски. Напишаните членците беа многу увредливи, така да удба почна да му оди по траговите се до неговото ставање во затвор. Вуле и јас се по активно бевме за Македонија, Вуле секогаш повеќе го интересираше организација за економска силна Македонија или силни македонци и така ќе победиме побрзо. Бидејќи тој докторираше за економија и беше во право.

Јас во Париз го продолжив мојот живот на исти начин, индивидуален македонец борејќи се за вистината на Македонија, бидејќи и Драган веруваше во словенизмот. Дури еднаш имаше објавено во Македонска Нација дека и Александар бил словен, а јас не верував и не верувам во постоењето на некоја си словенска цивилизација освен зборот православен. По религија славјанството се појавило во византиската империја по отцепувањето од Рим односно по легализирањето на христијанството. Почнало ширењето низ цел Балкан, а подоцна низ цела Источна Европа. Ширителите на славата ја вршеле македонци на македонски јазик така да македонскиот јазик постанал славјански, што се ширела славата на христијанството. Права слава. Друга прилика повеќе ќе кажаж за славјанство под југословенска и грчка пропаганда за слово македонски што значи дека ние не сме стари етнички македонци туку славјански македонци, христијани. Отворено од имање на нашата македонска историја од пред христијанството, а со тоа и непризнавање на нашето македонско нациолнално постоење.

Бидејќи Париз е добар град со доста атрактивности никогаш не ми беше тешко за спровод, но јас зедов обавеза дека ќе бидам во контакт со мојата сакана од Белград, Соња. Таа обавеза јас ја вршев со пишење писма секој ден по едно, исто така секој ден добивање одговор на секое мое писмо од Соња. Тоа секојдневно допишување траеше од октомври 1969 година, па се до нејзиниото доаѓање во Париз во јуни 1970 година. Во тие писма беа напишани сите чуства од едниот према другиот. Јас секогаш правев и по некој цртеж со договореното писмо, уште ми е жал од толку многу писма што не ги имам, беа со многу интересен муабет и материјал како се сака и се верува во писмена љубов. Се беа за сакање и љубење како ќе живееме како брачен пар. Пред задното писмо што го пратив беше со 500 француски франки и беше договорено да има пари за карта. Се се стори како што беше договорено со воз од Белград Париз. Дојде денот и саатот кога се најдов на железничката станица да ја чекам Соња, што мислев дека ќе ми биде мојата идна жена, еден од најблискиот пријател или непријател што јас не ни помислив да ми биде непријател. Возот запре, почнаа да излегуваат патниците, јас стојам одтсрана и гледам да ја видам Соња. Скоро сите патници излегоа, а Соња ја немаше. Туку еве ја, излегува сама со една торба, замислена и невесела што иде према мене. Јас тргнав према неа и се сретнавме на средината од перонот. Се сретнавме сами, се прегрнавме, се стегнавме повеќе од минута, па се бакнавме одма. Ја прашав како помина по патот, тивко ми рече: добро беше, но долго и досадно. После ми рече: Боб збунета сум и возбудена што сум со тебе, се ми се чини како насон да е. Пак се бакнавме и трнавме према излезот. Се држевме за раце, јас ја пофалив дека изгледа фантастично и убаво, како што те оставив лани. Таа ми ја стегна левата рака како да се плашеше да не побегнам. Дојдовме до црниот цитроен ајкула, кој што беше паркиран во близината на излезот. Соња праша кај ми е мојот цитроен кабриолет, јас него повеќе го сакам. Јас и се насмевнав и и реков: Јас го чувам за тебе, ме бакна, се насмевна и рече: знам дека ти се сакаш да ми дадеш, само јас сакам нешто прво да ти кажам. Кажи и реков, сигурно не е разочарувачки. Таа рече не. Јас прашав што на повисок тон од вообичаеното и ми рече дека вечерва ќе разговараме. Ајде вози за дома. Јас тргнав према хотелот Ла Фает и почнав да мислам што ќе биде тоа кажување што се чека дури до вечер. Беше околу пет часот попладне, стигнавме кај хотелот се паркирав и влеговме внатре. Вуле беше на рецепција и кога не виде се насмевна и рече: Добре дојдовте. Се запознаа со Соња и ми рече оставете ги алиштата и дојдете долу во салонот, ќе ви направам пијачка, а плус ми рече дека имам специјална соба за вечерва. Тогаш Соња почна да одбива друга соба, а јас и велам дека ќе спиеме во специјалната соба. Почнавме со пијачка и дискусија со Вулета и дојде 9 часот. Се поздравивме со Вулета и отидовме во спалната. Почнав јас одма со љубење, но Соња не беше расположена. Што е Соњице?-ја прашав. Јас сакам да ти кажам нешто пред да почнеме со љубов, секс, она што сакав вечерва да ти го кажам-ми рече. После сексот ќе ми кажуваш, ноќеска нема да спиеме-и реков. Боб важно е да ти кажам пред да почнеме. Не слатка, ништо не е поважно сега од сексот. Бевме веќе слечени и се спремам да се направи грешката, оти јас знам дека Соња е невина. Кутра Соња личеше на уплашена од срам и не изгледаше дека со умот е во моменталната ситуација и ми рече: Боб не прави такви припреми, јас не сум невина. Јас во тој момент турнав и не престанав. Соња се изненади што јас не и реков ништо и продолжив. Соња се вклучи во муабет и се беше одлично. После извесно време двајцата бевме комплетно водени, како да се капевме. Јас станав и појдов во купатило за да се туширам, дојде и Соња. Никој и ништо не проговоривме. Соња осети дека јас не сум задоволен и само чекаше што ќе одлучам, зашто после према писмениот догвор што го напиша Соња, гласат чисто и јасно ако не сум невина да не ме земиш. Јас самиот се чудам зашто доаѓа во Париз кога знаеше што напишала. Како не ми спомна ни во едно писмо дека ситуацијата се изменила. Излегов од туширањето и и реков да те послушав пред да водиме љубов сигурно немаше ни да водиме. Мене не ми беше до секс, јас и спомнав во писмата дека за секс не оскудував јас, ја носев во Париз заради тоа што ја сакам, а другите во Париз ми се за моментална потреба, а никако во умот за нешто поблиски. Соња е моја сакана и се сложуваше за тоа и дека ме разбира-ми пишеше. Потоа ме праша: што мислиш сега да правиш со мене?-Легнав на кревет и почнав да мислам. Еве ја Соња до мене на кревет, ја стави раката на мојот врат и ме гледа во очи и чека одговор на прашањето што ми го постави. Јас и реков до женење нема да дојде, а за сега летово два-три месеци ќе бидеш со мене во Париз, да го запознаеш, а после јас ќе патувам по Европа до скандинавските земји, па низ Источна Европа, и во Хрватска близу Риека, во твоето село и твојата фамилијата да те оставам пред нив, да завршиш школо, па после подобро ќе мислиш. Не сакам да се вратам назад, се спротиставуваше Соња. Но јас и реков дека сакам обавезно да ја вратам и да разговарам со нејзините родители, за тоа што е вистината измеѓу нас. Не, ти ако сакаш да ми помогнеш најди ми работа да останам овде во Париз-ми рече. Прифатив да и најдам работа под услов да се јавиме во Белград да кажеме дека се наоѓа кај мене, да не се секираат и дека после два месеци ќе се врати назад. Нејзините многу се израдуваа што Соња е во сигруни раце. Мајка и незнам колку пати ми рече да ја чувам и да не ја пуштам во Париз да ја снема. Ми оставија како аманет, но јас им реков дека ќе ја вратам назад во Риека. Ја однесов во амбасадата, ја запознав со амбасадорката, во амбасадорскиот стан. Сите и се восхитуваа на нејзината убавина. Соња покрај тоа што беше лепотица, беше и интелегентна и атрактивна. Многу не зборуваше ни на почетокот во Белград. Амбасадорот ме праша што мислам да правам со Соња. Јас му реков дека мислам да се женам, а тој се поднасмевна и ми рече: а што ќе правиш со французинките?Тогаш двајцата се поднасмеавме. Тој ми беше многу близок човек, многу работи ги работевме заедно, зборувавме за се, бевме како другари. Јас го прашав да ја запосли Соња во амбасада и тој прифати и рече од утре да почни кај него во резиденцијата, да му ја одржава и да помага на жена му за децата. Јас, Соња ја возев дома му, а амбасадорот позади седеше и не се лутеше, така да се осеќав како на одмор да сум со Соња. Ја ставив на список на работа во амбасадата. Вуле секој ден се смешкаше како јас така можам да бидам активен, иако му реков дека нема да ја земам, а тој не веруваше, дури ако се вратев назад без неа мислеше дека секогаш таа ќе дојде. Сите работи се одвиваа одлично се до средината на јули. Јас тогаш и реков дека ќе барам од амбасадорот еден месец одмор под изговор дека си трудна, а таа многу се израдува кога ја слушна мојатата идеја. Во Франција беше забрането за абортусот, а во Југославија слободно. Амбасадорот одма се сложи под услов да си најдам замена за време на моето отсуство. Јас имав еден пријател индонезиец Суриа, беше шофер во танзанската амбасада и само чекаше да си замине од таму. Така јас најдов замена и не мислев повеќе да се вратам во амбасада на работа. Тргнавме јас и Соња со мојот кабриолет цитроен ајкула према Белгија, Холандија, Западна Германија, Полска, за скандинавксите земји, Данска и Шведска. Во Шведска уште беше брат ми танаско. Таму Соња одлучи да ги оставиме нашите писма што се допишувавме 250 дена. Имаше 250 писма мои и исто толку и нејзини, беа 500 писма во една торба. Соња ги остави и нејзините лични документи, освен пасошот, бидејќи несакаше писмата да ги открие мајка и. Таа мислеше дека тоа е само одмор, тура по Европа, а после пак ќе се вратиме во Париз. Соња се воодушеви од западните земји како Франција, Белгија, Германија, Холаднија, Источна Германија, Полска, Данска, Шведска, Италија преку Југославија и Риека на крај. Пред да стигнеме кај нејзините, во Трст ги оставивме сите негативи што сликавме со намера дека ќе се вратиме во Трст пак и ќе ги подигнеме сликите. Колку што поблиску се доближувавме кон селото, родното место на нејзиниот татко, Виктор Полич, се повеќе се мислев како ќе не прифатат нејзините родители. И реков на Соња да ја оставам пред куќата и да заминам, но таа не сакаше да слушне за таква идеја. Го запревме автото, се паркиравме и почнавме да се љубиме. Соња ми рече: прво ќе останеме на растојание да видиме прво тие што ќе речат, затоа што беше како љубов до друга прилика, Соња до задно не веруваше дека јас сам ќе се вратам назад. Стигнавме до куќата, домот на Виктор Полич (нејзиниот татко) и влеговме внатре. Добродушната мајка и се фрли на керќа си Соња и се гушкаа, 2-3 минути не се пуштаа. Се гушнав со Нина, сестра и на Соња. После ја тргнав Соња од нејзината мајка и и реков дај и ја да се поздравам. Така донесов голема радост во фамилијата. Соња ги извади подароците и им ги даде и после почна да им ја кажува нејзината гардероба. Мајка и праша кај најде толку пари да купиш толку работи, тогаш Соња почна да си прави своја приказна, како таа е запослена во Париз во парфимерија и има добра плата, пак ќе се врати назад, а сега само дојдовме со Боби да те видиме. Фала Боб за сето тоа што си сторил на керќа ми-рече мајка и. Но не Соње, нема да одиш назад да му бидеш на терет на Боб. Не мамо, јас сама се издржувам, кажи Боб, а јас само и велам дека друг пат ќе и кажам. Соња одма осеќа како се подзацрвена. Бевме заедно две-три недели во Риека. Водевме скришно љубов. Мајка и ме задржуваше што повеќе, како би ми се одолжила што ја вратив керќа и дома. Таткото Виктор бил на пат во Белград, па не беше две недели во Риека, ние бевме без него, но не ми рече ништо кога дојде од пат. Со мене беше доста добар. Ме однесоа во една голема просторија за да ми ја покаже неговата работа. Правеше пилана и рече дека ќе биде добар бизнис. Името на фабриката ке го крсти Соња. Тој мислеше дека јас со него ќе работам. Една вечер во селото луѓето правеа игранка. Соња и сетра и Нина требаше да одат на игранка и Соња ме праша дали ќе одам со нив. Јас и реков дека ќе останам да и правам друштво на мајка и. Соња ми пријде близу и ме праша ако оди таа дали ќе се лутам. Јас и реков: не Соњице, оди, види се со другарите. Се навали и ме бакна прв пат пред мајка и во уста. Тие заминаа на игранка, а јас и мајка и почнавме разговор за мене и за Соња. Јас и раскажав од почетокот на нашето запознавање па се до тој момент и и реков дека се е готово меѓу мене и Соња идека ќе си одам овие денови. Мајка и почна да туфка и ми рече зашто не ми кажа, јас ќе ти ја чував, затоа таа многу пати ме прашуваше какви се македонците, Боб колку ни правеше смешки, а за некакво сакање не ми рече ништо. Боб нека заврши школо па после можете да се земете-рече мајка и. Здравје после тоа. Соња која се беше вратила од игранка, ние не ја осетивме. Таа застанала под пенџере и задниот разговор го чула добро. Влезе бесна и ми рече: а ти така, чекаш прилика да бидеш сам со мама и да кажеш. Јас ништо не зборев. Мајка ти ме молеше да и објаснам. Соња многу се заинтересира за нејзиното писмо што го беше напишала, дека ако е невина да ја женам, а инаку не. Сегде имаше барано, за цело време дури бевме заедно не го имаше најдено и не кажуваше дека го бара. Таа нок се сетила дека само едно место останало тоа што не го имаше прегледано, а тоа беше во кутијата што ја чував машината за стрижење, бричење и разни додатоци за масажа, испод поставата јас го имав сокриено, но таа го најде. Пред мене го искина и ми рече: ништо од тоа, а јас и реков дека утре ќе си одам. Другиот ден се спакував, се ставив во бутот (багажник), ќе останам за доручек и ке заминам. Пред доручекот Соња ми рече многу љубезно: сакам нешто да разговараме. Седнавме во кола и ми рече вози. Тргнав кон Риека на еден километар ми рече да свртам надвор од патот едно 50метри. Почна да вика и да се витка како шкорпија, готова да ме боцни како бесна. Неможе да свати, да се смири и се најлошо зборуваше. Јас тогаш мирно и се смеев. Тогаш таа ми влепи една шлаканица, јас го променив мојот поглед, а таа уште еднаш ја крена раката за поново да ме удри. Јас и ја фатив раката и пред да ме удри со десната рака и удрив две силни шлаканици по лицето и почна да плаче и да мрмља. Излези од кола и реков, не мислев дека ваква разделба планира. Излези надвор незахвалнице една, за кратко време доживеа повеќе отколку што твој цел живот си доживела, а може и никогаш нема да видиш. Ја истуркав од кола и заминав без да се поздравам со мајка и која спремаше доручек. Стигнав во Риека и одма морав да продадам два мои магнетофони затоа што имав потреба за пари, а и цитроенот почна да пушта уље на хидрауликот, што морав да го поправам пред да одам на пат. Така во Риека останав уште пет-шест дена. Таму се чуствував многу добро, како да се ослободив од некоја голема тежина. Тргнав према Трст, стигнав рано утрото и одма отидов кај фотографот да видам што бидна со сликите. Беа направени. Имав доста слики за земање. Тука беше цела сликовита историја за три месеци поминати со Соња. Во Трст се прекрстив и се помолив на господ да се вратам жив и здрав во Париз. Му се заблагодарив што ме ослободи од шкорпијата. Тргнав према Венеција и зедов една млада стоперка италијанка. Возев 10 км до нејзиниото место, што се наоѓаше во мојот правец. Застанавме на неколку километри, пред да слезе се запознавме подобро и таа ми ја истера Соња од умот, дури таа ми рече дека би идела со мене во Париз, а јас и реков дека е многу слатка, но неможе сега. Така продолжив се до Париз без да застанам. На 50 км пред Париз почна еден голем дожд. Јас стасав еден млад дечко со девојка му на дождот, беа жива вода. Застанав без да ме стопираат и им реков: Влезете внатре. Тие беа прерадосни и ми се извинија што седнаа назад и што ќе ми го изводенат седиштето. Брзо стигнав во Париз, патниците ги оставив пред плоштадот Конкорда, ми се заблагодарија и ми понудија пари. Јас ги одбив, а тие пак со тон се поздравија и јас продолжив до плоштадот Конкорда. Ја пуштив колата сама да вози. Јас станав простум на седиштето и реков: сполајти господе што ме врати читав во Париз. Се осеќав комплетно слободен што нема да имам повеќе такви трзалици. Стигнав во хотелот кај Вуелта, а тој се изненади и не мислел дека ќе се вратам. Се гушнавме и ме праша кај ми е Соња и му реков дека ја оставив дома. Не Боб, не верувам, ти многу ја сакаше. Ја сакав Вуле, но ти реков дека нема да ја женам и дека нема ништо ако се договориш да правиш лажен договор. Тој не знаеше дека јас уше од првата вечер решив за враќањето. Вуле отсега поново сум самец и незнам за женење дали ќе барам девојка. Се што ќе падне нема пуштање ама не женење, така решив се повеќе да мислам на македонско територијално обединување и ослободување (МТОО). Во тоа време јас не работев нигде. Во амбасадата се мислев дали да одам да работам или не. Еден ден амбасадорот Бурунги го испратил неговиот шофер, мојот другар Сурија да ми даде обавестување дека сака да се вратам со него и дека работно место имам на амбасадорското авто за локации, ако несакам да го возам него. Сурија знаеше каде да ме најде мене. Јас одма решив да одам заедно со Сурија во амбасада и се поздравив со целиот персонал и сите ме прашуваа каде ми е лепотицата Соња. Влегов кај амбасадорот, се поздравивме и му кажав за мојот одмор. Тогаш тој ми рече да бирам што сакам да возам, а јас му реков ако е Сурија добар нека остане со тебе, јас ќе го возам персоналниот цитроен. Со него повеќе се шетав и надвор од Париз, па немав од никого контрола затоа прифатив. После кратко време во Уганда се направи пресврт на владата, под диктатура на генералот Идиамин. Дотогашниот претседател Обота беше на патување во Сингапур. Идиамин ја искористил отсутноста на претседателот и ја зел власта под војничка диктатура. Амбасадорот Бурунги беше многу загрижен за него што може да му се случи. Се сеќавам во една прилика јас го возев и почнавме да разговараме за ситуацијата со Уганда. Амбасадорот ме праша: Боб што би направил да си ти на мое место, а јас му реков: сер, ти си амбасадор на Уганда, а не на претседатлот Обота, вие ја презентиравте Уганда нема ништо да ви се случи мој пријател. Се насмеа и рече: точно Боб, јас немам ништо со ситуацијата што се дешава во Уганда. Тој си доби смена на неговото амбасадорко место, новиот амбасадор беше уште полош од Идиамин, прав диктатор и имаше осумнаесет деца од повеќе жени. Летото сите дојдоа во Париз за време на школскиот распуст. Тие сака да се шетат и дење и ноќе. Сурија со новиот амбасадор неможеше никако да се сложи, па ме прашуваше мене дали сакам да се сменеме. Јас му велам: не, јас си имам работа со неговите деца, сите денови. Една вечер ги однесов на забава. Пред да заминат се договоривме во еден саат да ги земам назад. Јас појдов кај игранката, но нив ги немаше. Тогаш почекав 15 минути и нив уште ги немаше. Си заминав. Тие излегле и ме чекале мене за да ги земам, заборавиле за договорот со времето. Се жалеле на амбасадорот за мене, дека не сум ги чекал. Амбасадорот другиот ден лут. Ме викна во неговиот офис и ми рече дека ќе ме истера од работа ако се деси уште еднаш такво нешто. Јас не му се исплашив на неговите претења, но напротив му реков: сер никој никого не чека цела ноќ, затоа постои договор во кое време да се најдеш. Твоите деца не го почитуваа овој договор, јас бев договорен со нив и тие не дојдоа навреме. Амбасадорот тогаш одговори дека требало јас да ги барам внатре во салата. Не сер-му реков, тие нека си земат такси, јас не сум запослен како ноќен шофер. Тогаш ми рече дека нема никогаш да ме побара и со наредба излези надвор од мојот офис јас излегов од неговиот офис и сите беа заинтересирани што се случи. Јас со насмеано лице им реков дека сум слободен и дека нема да ги возам повеќе неговите деца. Сите се плашеа да му прозборат збор нему, јас не му се покорувам никому, па не и на диктаторите. Таму во амбасадата не се заджав долго време, после шест месеци отидов на одмор во Корзика и навистина тоа беше убав одмор. Секој ден живот, капење, јадење, пијачки, вечерни игранки и журки во мали куќаркички плетеници, лепени со трска и одстрана плетени, имаше полно свет на одмор. После Корзика имав една опомена од амбасадата дека не слушам и не се покорувам. Имаше една секретарка, индијанка и настојуваше да ја возам низ Париз, но јас одбивав знаејќи дека таа нема право на службена кола и службен возач. За време на амбасадорот Бурунги таа ништо не можеше, самиот амбасадор ми дозволуваше да го одбивам персоналот за транспорт ако јас не сакам. Јас несакав таа секретаркаа да ја возам, многу пати изнајдуваше изговор некој да не ја грабне. Една вечер ме повика да ја однесам дома, а мене не ми се одеше. Бев во друштво со амбасадорот и неговите соработници и после него требаше да го возам. Амбасадорот очекуваше од мене на кој начин ке ја одбијам Мадам Хасана, секретарката. Јас прибрано и реков, вие станувате близу до Етоал, светло е и полно е жени што чекаат некој да ги грабне, но никој не ги грабнува. Тогаш благајникот Семи почна да се смее, па почнаа сите да се смеат од нашата маса. Затоа првиот секретар беше таа и реши да ми врати, но јас навистина не сакав да работам со новиот административен угандиски персонал. Кога дојдов од Корзика најдов писмо во кое ми вели дека јас имам завршено со работа во оваа амбасада. Прво ми беше жал затоа што во Корзика ми понудија да останам без пари уште една недела, а јас заради работата се вратив во Париз. И се изназборев на секретарката, се што ми дојде во умот и кажав и си заминав. Покрај работата што ја вршев во амбасадата, контактирав и со македонски патриоти. Тогаш запознав еден Вулев пријател од Западен Берлин, Гоце македонец, ресторанџија, бизнисмен. Имаше два ресторана: еден Ново Скопје, а другиот Македонија. Вукашин (Вуке) една вечер го зеде телефонот и сврте во Берлин. Се најдоа со Гојко Јаковлевски (Гоце македонски). Вуке му вели: да те запознам со еден вистински македонец, Боб Солунец, Гоце тогаш рече дај ми го да се запознаеме. Се слушнавме со зборовите како си патриот македонски, рече Гоце, а јас: како си бизнисмен македонец. После краткото запознавање Гоце рече: јас ќе дојдам во Париз да разговараме поопширно. После тоа јас и Вуке коментиравме доста за Гоце и Македонија, како да ја претставуваме вистината за Македонија и македонците. Во тоа време јас уште бев читател на македонското списание “Македонија” што го издаваше матицата за иселениците од Скопје, повеќе беше пропаганда за Титова Југославија, но имаше доста и за македонски обичаи и слично. Во едно од списанијата “Македонија” имаше објавено говор на претседателот на СРМ. Не се сеќавам дали беше Арсов или не, не е ни важно името бидејќи сите се служеа со иста метода. После вековното ропство најпосле успеавме да живееме слободни. Тогаш јас навистина се изнервирав и решив да пишам писмо до матицата во Скопје. (Писмото во оригинал ќе биде прикажано). Јас само сакам да им кажам на Скопје дека ние македонците не сме ослободени од вековното ропство. Јас знаејќи ја ситуацијата со македонците од егејска Македонија, кои се под грчка доминација и само го сменија од турско во грчко и македонците под Бугарија, Албанија и Социјалистичка Република под Југославвија. Јас тогаш се претставив како неослободен егеец, иселелен во Америка под име Боб Солунец, со тоа дека Скопје ме навредува со зборовите дека македонците се слободн, јас сум македонец и не сум слободен во мојот роден Солун. Зарем не знаете вие дека Александар Македонски, син на Филип Втори Македон, отиде дури до Индија што поголема да ја направи Македонија, а вие Балканот и Македонија ја предавате на Грција и нас не претставувате дека сме слободни. Јас досега немам слушнато за КПМ негде пред светот да се јавеше како постоечка македонска партија, која се бори за сите нас македонци во целиот свет. Не мислам дека писмено ви е забрането да ја барате слободата и правата на македоците на Балканот, во Европа и во целиот свет. Потребно е да се знае македонската вистина. Од тоа писмо само имаше мал членок во списанието “Македонија” за некоја си конференција на КПМ во Струмица. Како навистина на нив Југославија не им пречи да ги бараат правата на македонците. Вуке беше многу задоволен од моето писмо во кое на крајот пишеше: ако станат Александар или Гоце од гробот каде ќе бегате вие грешници што го мамите светот. Со правење на некои си словени и словенски македонци. Јас не сум славјанин, јас сум македонец македонски, не сакам вие да не претставувате, ако не можете да ни помогнетете да се ослободиме и обединиме подобро не одмогнувајте ни со вашето лажно словенско претставување. Навистина еве го еден ден Гоце македонски од Берлин со мерцедес осмак, како лимузина голем со македонска стерео музика и разни други уреди. Со Гоце запознавањето беше на висок степен. Вечера, пијачки, а вечерата беше прилично скапа и отмена. Гоце се понашаше како вистински бизнисмен и веруваше во независна Македонија и дека ќе дојде денот и за нас македонците. Гоце остана неколку дена и потоа се врати во Берлин. Беше задоволен што се запознавме и јас бев задоволен што беше македонец македонски, само малку не му беше јасно како јас сум македонец од крвта на Филип Втори Македон. Архитект на балканот, тој е првиот македонец што направи балкански сојуз измеѓу сите државици во една сојузна царска држава, а тој избран за крал над сите кралеви. Во тоа време имаше сосема мал број македонци и дури ич и немаше што можеа да мислат дека се филиповџи. Гоце после почесто свраќаше во Париз. Некогаш се наоѓавме заедно со Драган Богдановски, раководител на македонска нација, Гоце македонски, Вуке и јас, Боб Солунец. Јас многу јасно му кажав на Драган и Гоце дека се борам за Солун. Знам дека Солун е македонски град, Гоце Делчев, Даме Груев и сите македонски револуционери се школувале во солунската гимназија. ВМРО е оформен во Солун. Грците денеска го држат во доминација главниот град на Македонија, Солун од 1913 година. Во Бремен, Германија на конгресот решивме ДООМ да се прошири преку океанските земји и што поактивно да се во борба за македонско ослободување од поробителите. Имаше доста голем број луѓе на тој македонски конгрес во Бремен, Драган го водеше конгресот со доста интересен материјал. Исто така спомна дека има доста луѓе меѓу нас што работат за удба и секој еден што е на конгресот ќе се знае во удба во Македонија. Јас тогаш му реков на Драган дека морам да одам во Македонија, дека имам стара мајка и сакам да ја видам. Прво е таа, болна е во Македонија. Драган рече дека ќе ме испитуваат таму, а јас му реков дека јас не се плашам од никого и дека немам направено никаква грешка. За ова што сум македонец не ми може никој ништо, имам право и можам да бидам македонец. Драган се насмевна и рече: верувам дека ти ќе се снајдеш и во таква ситуција. Се запознав и со повеќе од членството на ДООМ и со Чомбрески-секретар на организацијата и одговорен на списанието “Македонска Нација”. После недолго време Чомбрески беше наместо убиен во хотелот кај што работеше. Се претпоставуваше дека удбашките платеници го сторија убиството. Чамбрески беше навистина одличен македонец и голем работник на ДООМ. Кога слушнавме јас и Вуке во Париз, се изненадивме за таквото убиство без пушка за слобода на Македонија и македонците. Задните години од Угандиската амбасада, најдов работа во Рено 16, такси компанија. Имав преку 50 такси возила за издржавање. Шефот Роџе беше белгиец. Јас бев еден од комунистичкиот блок и прилично ме симпатизираше. Кога виде дека знам и електрика одма ми даде посебно работно место со неколку апарати за електрика и на сите такси морав да им вградам систем со светење. Тоа беше една црвена сијаличка кога ќе имаше потреба да ја извести полицијата дека има опасен патник во возилото и само со мал додир на дугме, што беше поставено близу до воланот, се активираше, како и други секојдневни работи по некој недостаток на колите. Работата навистина не ми беше тешка и бев ценет од шефот на сервисот. Многу пати ми најдуваше коли од богати луѓе, ми ги носеше во сервисот, јас ги сервирав и парите за мене. Таму останав се до Америка.

Летото 1972 година јас живее близу до Шанс Елизе, па затоа истиот живот го живеев низ Шанс Елизе како кога работев во амбасадата. Еден ден седев во еден ново отворен дрогстор, имаше ресторант, кафетерија, бар и лаунч. Беше многу убаво уреден. Скоро секој ден после кафе Колизе се префрлав во дрогсторот. Беше околу после пладне, ми се покажа едно човече недалеку од кој што седев во барот. Јас си реков: овој не е од Париз, со чизми и кожно желаче. Дојде близу мене и праша за мене : Боб?-Мене одма во мислите ми дојде дека Вуле ми испратил некого за работа да му барам. Јас тогаш го прашав: Кој сте вие?- Не ме познавате-одоговори. Јас реков: Не. Тогаш тој рече: јас сум Коле, брат ти. Јас станав и се изгушкавме, бев многу весел. Како ме најде?-го прашав. Дојден сум од ручек, бев кај Вулета и тој ме упати во кафе Колизе и од таму ме упатија овде во дрогсторот. Се запознавме низ пијачка едно три саати. Јас и братот Коле не се имавме видено седумнаесет години. Јас го оставив како дете, задниот пат кога го имав видено имаше 17 години поминато. Јас кога бев во Австралија, тој беше во Грчка во емигрантски логор, кој бараше да емигрира во Америка. Јас не му дадов добри вести за да оди во Австралија. Така јас и братот Коле цела ноќ не спиевме само за да дискутираме за минатото. Другиот ден цел ден заедно и со Вукета излеговме па и тука дискусии. Коле се беше американизирал, па влегуваше во одбрана на САД. Јас и Вуке не сакавме да видеме американци, добро ни беше во Париз. Коле ме убедуваше да одам во Калифорнија, во Сан Франциско, па ако не ми се свиќа после неколку месеци можам да се вратам назад. Ми рече дека ќе ми прати гаранција. Коле замина за Македонија, с. Кураица за да ја види мајка. Не ја имаше видено бајаги години. Тој замина за Курајца, а јас продолжив со мојот секојдневен живот во Париз. Почнав да размислувам за Америка. Веќе таму имав двајца браќа. Братот Љупче беше таму, замина во 1970 година од Париз. Кога дојде Коле во Париз беше септември 1972 година. Јас решив да ја видам Америка, но не ме заинтересира многу бидејќи имав слушнато многу за ЦИА и не ми се допаѓаше начинот на чело за лидер на светот. Вуке ме куражеше со зборовите: оди во Америка, ако е добро и јас ќе дојдам. Но Вуке не дојде. Остана во Париз засекогаш. Брат ми Никола (Ник) не се задржа во Кураица во, родното место повеќе од две недели. На враќање сврати кај мене, стоеше еден ден и замина за Лондон од каде што имаше авионски лет за Сан Франциско. Го испратив, а тој тогаш ми рече: Боб, одма ќе ти пратам гаранција. Навистина Ники ми направил гаранција со работа дека ме чека одма, со потпишано писмо од газдата Лион Кртон. Негде во октомври добив писмо од американскиот конзул да се јавам во конзулатот на разговор во врска со визата. Јас се изненадив зашто не добив никаков контакт со братот и мислев дека има заборавено, така брзо за еден месец иако Ник имаше застој во Лондон па поради промашен авион стоел две недели во Лондон, без да ми се јави од Лондон. Кога стигнав во конзулатот ми дадоа листа што документи ми требаат. Конзулот ми рече: кога ќе ги доставиш сите документи истиот ден ќе ти дадам виза за еден саат. Јас документи немав и морав да барам од Македонија, Југославија. Порачав по некој да ми заврши работа за извод од матичното на родените и изводот дојде после десет дена. Изводот гласи со презиме Стефаноски, а пасош имав со презиме Лазарески. Отидов во конзулатот со изводот и другите папири од полицијата за тоа дали сум казнуван. Морав да имам пасош со сите податоци од изводот што постојат-рече конзулот. Пасошот не важи, со овој пасош неможеш, мора да извадиш нов пасош. Јас отидов во Југословенската амбасада и побарав промена на мојот пасош со презиме Стефаноски. Другиот ден добив виза–стална емигрантска. Тоа беше во ноември 1972 година. Јас тогаш почнав да припремам пари за карта од Париз до Сан Франциско. На фирмата кај што работам пријавив дека ќе завршам со работа пред Божиќ.

Беше декември. Се опростувам со сите што бев секојдневно заедно. Пари за карта ставив настрана и решив да заминам кон крајот на 28 јануари 1973 година. Имав 37 години. Ми се поклопија годините со заминувањето во Австралија на 27 септеври но само после десет години пак преку океан патување. Ја поминав старата 1972 година и ја дочекав новата 1973 година. Дочекот за мене не беше толку весел. Пред божиќ имаше кражба во мојата зграда на мојот спрат. Така да моите пари беа ограбени, парите за пат, земено голем радио апарат, црно вечерно одело и се поново. Јас ако не добијам пари неможев да патувам. На братот му реков дека имам одвоено за тикет и ми беше срам да му барам пари за пат. На сугестија од Вуке да му се јавам од кај него на браќата и да им кажам дека парите ми ги украдија и дека неможам одма да дојдам, па ако можете вие испратете ми. Љупче додуша ми прати експрес. Ги добив за неколку дена. На 28 јануари тргнав од Париз наутро и попладнето истиот ден стигнав во Сан Франциско. За Париз ми беше жал. Имав многу весел и интересен живот. Последно време ја имав Кристина, со црна коса, крупни симпатични очи, убава насмевка. Беше последна вечер разделбата со Кристина парижанката. Се допишувавме скоро една година се додека не се оладија сите мисли. Навикнав на новиот свет и живот во тој Сан Франциско. Пристигнувањето во САД беше прво во Лос Анџелес, каде имаше царинска контрола, а после друг авион за Сан Франциско. Во Лос Анџелес беа многу љубезни на аеродромот и јас многу се израдував на таква средина. Уште еден ме праша кој ќе ме чека во Сан Франциско. Отидовме на телефон. Тој стави пари и заѕвони, но за жал никој не се јави. Тогаш тој ми рече: од аеродромот од Сан Франциско јави му се одма. Авионот леташе не цел саат за Сан Франциско. Од Сан Франциско аеродромот зедов автобус за во градот што се наоѓаше на одалеченост од 10 милји. Потоа од автобуска зедов такси, му ја дадов адресата и таксистот ми рече дека е близу и дека за десет минути сме таму. Таксистот беше многу радознал од кај идам, кај кого и сите други ситници. Одма стигнавме на Хајт Стрит. Ми рече-4 долари. Јас извадив 5 долари, немав ситно, и му реков задржи го кусурот. Тој ми се заблагодари и замина. Го зедов куферот. Предната врата на станот не беше затворена, влегов внатре низ долг ходник. Тропнав на вратата немаше никој. Имаше пола стаклена врата, но немаше никој. Викам, но немаше. Незнам што се случило со Ник. Знаеше и требаше да ме чека. Го оставив куферот пред врата и се вратив назад надвор на улица. Видов еден кинез стои близу до влезот. Hello (здраво), а тој ми врати со Hello. Го прашав дали ги познава двајцата браќа овде, тој ми рече-овде живеат, но ги нема господине. Дали имате некој штрафцигер да го отворам пенџерето и да влезам внатре, штом се уверив дека тоа е местото каде што можам да станувам, кинезот одма се врати со штрафцигер во рака и го отвори пенџерето. Му се заблагодарив на кинезот и ја затворив вратата. Беше удобно. Имаше тенџере на шпоретот. Го кренав капакот и во него имаше гравче. Да се истуширам си реков белки ќе дојдат брака ми. Се раскомотив, се средив, но уште немаше никој. Ми се јадеше, па си зедов од гравчето и почнав да јадам. Тропна вратата и го видов братот Љупче како влегува. Се насмеа, се гушнавме и праша каде е Никола. Незнам–одговорив. Тој не веруваше дека јас сум сам. Кој ти отвори–ми рече. Со кинезот одозгора го отворивме пенџерето во спалната и влегов. Тој се збуни. Тоа е моја соба, незнаев дека некој може да ми влезе в соба. После пола саат дојде и Ники, подотеран, со пијачка и се смее. Извини јас комплетно заборавив-рече. Ништо Ник, вака ми беше интересно, несакам пречекување, да видам дали сам ќе се снајдам-му реков. Сите тројца никогаш не бевме заедно, тоа се случи првпат да се сретнеме сите тројца со такво изненадување. После доброто гравче, што беше го зготвил братот Коле (Ник) почнавме со пијачка-пиво америчко и со разни муабети за минатото и иднината наша. Никој не беше женет дотогаш. Јас веќе имав 38 години, Љупче 33, а Коле 28години (најмладиот брат). После викендот Коле ме зеде со него и ме однесе на работа да видам дали јас ќе можам да се снајдам со работата. Се запознав со газдата и со работното место, а Коле братот веќе беше задоволен од мене на работата и му кажа на шефот дека сваќам одма на се што треба да се работи. После едно неделно работење добив чек како за еден месец плата што работев во Париз. По две-три недели Лион кртон, газдата, на работа имаше шоу-претстава во Шератон хотел. Ме праша дали сакам да одам на работа во Хаваи. Секако, јас за Хаваи сакав и сам да одам. Вака испадна одлично. За една недела работа добив 1000 долари во Хаваи и со Коле останавме десет дена на вистински одмор со доларите. На добрите плажи, тропски овошја, јадења, добар свет. После краткиот и добриот одмор се вративме во Сан Франциско. Тоа беше мојот почеток на животот во Калифорнија. Многу работа немаше во нашиот бизнис, па јас решив посериозно од минатото да се заработат пари. Сан Франциско навистина ми се допадна, беше живо, музика скоро сегде. Животот беше ефтин према Европа. Јас го засакав и многу пријатели запознав од братот Коле. Едно време најдов работа во мерцедес бенз и работев една година. После напуштив и почнав малку по малку да се јавува работа на нашиот бизнис, па се префрлив пак на таа работа. Во тоа време почнав на вечерна школа за англиски, па таму се запознав со една млада кинескиња Еми. Се забавувавме една година, после се разделивме на добар начин па така го избегнав и тогаш женењето. Но јас не можев да се смирам да не мислам за Македонија. Почнав да мислам да направам карта на Македонија со ликот на Гоце Делчев. Најдов во енциклопедија и историски книги како се претставува Македонија. Исто во тоа време ме натера потребата да морам да одам во југословенскиот конзулат за протест против Охридската Банка за груб однос на службено лице во банката што ја навредило мајка ми. Кога отидов во САД зедов обавеза за мајка ми да и праќам секој месец чек не помал од триесет долари. Тогаш во тој момент пратив 100 долари чек и банката не го примила. Со изговор дека не важи таков интернационален чек-мани ордер чек (паричната наредба чек). Конзулот се изненади кога го виде вратениот чек и рече дека и тој исти чекови праќал и никогаш немал проблем. Јас бев многу нервозен, затоа што ја измачивме мајка ми да патува 18 км и да не добие пари, а плус навредата дека чекот е неважечки. Конзулот беше многу добар, хрват и ми даде предлог да пишам писмо до Охридската Банка во знак на протест. Јас му реков на конзулот да го напише тој, а јас ќе го пратам. Така и беше. Добив одговор со извинување дека службеникот бил нов и не го познавал чекот. Во конзулот дури јас разговарав со конзулот, брат ми Коле гледал по книгите што се како пропагандни материјали за Југославија и наишол на книгата информации за СФРЈ. Прочитал мал дел за Македонија и открил дека пишувало дека македонските територии и припаѓаат на Југославија, а додека териториите на другите федерални републики им припаѓаат на самите републики. Јас излегов од кај конзулот, а Коле ја држеше книгата во раце и ми ја покажа страницата за Македонија. Јас ја зедов книгата и назад кај конзулот да го обавестам со пишаната информација за Македонија за разлика од другите републики. Конзулот рече-тоа не е правилно, информациите секоја република сама си ги дава. Го замолив да ми ја даде книгата и да ја простудирам и ќе пишувам писмо до информативиот институт во Белград. Конзулот без приговор ми ја даде книгата и и ми рече да пишам. Јас бев сериозен за невистината што ја водеа антимакедонци, напишав добро писмо со дипломатска содржина во корист на југословенската федерација. Мислев ако не земат акција да ја исправат грешката ќе поднесам барање до повисоките органи. За изненадување книгата на англиски беше исправена. Во конзулатот отидов со извршена исправка за информациите за СРМ.

Животот почнав да го прилагодувам во Сан франциско. Беше убав град и одлично место за живеење, со добра клима и добар менталитет на измешан народ. После една година решив да правам изработка на карта на Македонија со ликот на Гоце Делчев. Гоце го зедов затоа што тој беше достојанствена личност и позната меѓу сите македонци. Од новите лидери за Македонија размислував да почнам од Филип Втори Македон, но никој од македонците не најдов да знае дека Филип Втори е македонец и македонски крал и дека ја направил Македонија најсилна и најразвиена на Балканот, како економски така и војнички. Направил балкански сојуз и бил избран за цар на тој балкански сојуз. Бидејќи Филип беше непознат за македонец, јас се одлучив за Гоце со целата карта од Македонија. Запознав еден пријател на брат ми, кој беше германец, се викаше Вилијам. Брат ми Коле му имаше име дадено Јордан. Коле на сите негови пријатели им имаше дадено македонски курајчки имиња. Јордан се заинтересира за идејата и одма насликавме доста слики од Гоце Делчев. После јас и Коле испринтавме 5000 примероци карти во март во 1975 година, а јас имав направено програма за во мај да патувам со авион за Њу Џерси и Њујорк со 5000 карти примероци. Два куфери беа полни со карти. На аеродром во Њујорк за Њу Џерси ме дочекаа двајца македонци: Климе Тасески курајчанец и Наумче Наумчески, лешанец зет на Тасески. Куферите беа тешки, така да рачката на едниот ми се скина на аеродром. Ме запозна Климе со Номчета и ме праша како беше летот, јас му реков во каква ситуација бевме. Бевме горе над облаците, беше големо невреме. Ние се заджавме над Њу Џерси еден саат, не можеше да се пробие авионот низ густите црни облаци полни со молњи, кои светеа и удираат секоја минута испод нас. Тогаш јас си размислувам: ако го загубам сега животот што ќе се стори со картите на Гоце и Македонија, дали ќе ги најде некој и дали ќе се објават. Двајцата се насмеаја и влеговме во кола. Прво кај Климета. Кога ги видоа картите многу им се допаднаа и ме натераа на Климе одма да ја закачам на ѕидот и ме сликаа како ја лепам јас. Се собраа сите околу да се видиме. Со Номчета се запознавме за повеќе работи. Ми кажа дека има некои македонци од ДООМ. (Дојде денот на македонскиот губиток. На 4мај 1903 Гоце Делчев загина за Македонија со влевање македонски дух и организирање на македонска ослободителна револуција).

Јас специјално планирав картите со Гоце да бидат донесени на 4 мај за рехабилитација и дека Гоце е жив заедно со Македонија и со нас македонците. Наумче Наумчески се заангажира да застане на вратата со картите на Македонија на маса. Долар-карта. Сите беа задоволни дури и зачудени да се јави таква идеја за цела независна Македонија. Почна програмата со македонска музика и никој ништо не се бунеше. Одеднаш човекот претседател на црквениот одбор праша чии се картите кај вратата. Музиката застана и јас се јавив. Тој тогаш нареди да си одам од салата со се картите, а јас тогаш му реков дека нема таква сила да ме истера од салата, туку јас можам да те казнам тебе што го користиш историскиот момент на македонскиот лидер Гоце Делчев без дури да најавиш со едно минутно молчење. Одма, сега стори го-му викнав. Тој тогаш се збуни и незнаеше сам што да стори. Отиде на шанкот кај еден човек да разговара, а тоа беше југословенскиот конзул, македонец. Тој му рече: стори тоа што ти рече. Тој се врати на бината и најави едно минутно молчење во чест на Гоце Делчев. Сите застанавме и одадовме чест и признание како наш најголем лидер што го водел народот кон вистината, вистинскиот македонски лидер со Македонија и со својата територијална историско постоење и право на сите народи на Балканот. Музиката почна. Јас во моментот бев со Миле Тасески, стар емигрант кој заедно со братот Никола емигрираа во Грчка и во САД. Инаку е од Курајца и тој. Тој се познаваше со конзулот. Конзулот му крена рака во знак на поздрав и не покани и двајцата да одиме кон него. Се запознавме. Јас се претставив како што стои во картите-Боб Солунец. Понуди пијачка и побара неколку карти ако може да добие. Јас зедов десетина, му ги завиткав со ластик и му ги дадов за поклон. Митко конзулот Се заблагодари. После кратко запознавање доби интерес да разговара поопширно, па предложи тоа да биде во Њујорк, во неговата канцеларија. Предложи со Миле да го посетиме. Бидејќи се брзав, го продоложив моето патување и во Торонто. Решив да го посетам конзулот после два дена. Се мислев да не е некој југословенски шпиун, па да ме затвори во конзулатот, но не се плашев многу бидејќи не работев некој криминал. Конзулот ме прими доста љубезно и почна со испитување, кој сум и што сум. Јас се имав веќе припремено како за професионално глумење: Драги македонец конзуле, јас сум од Солун. Станав се добрав до една карта на балканот што висеше на ѕидот. Му ја покажав со прстот. Ние сме македонци, кои не смееме да зборуваме ни дома на македонски јазик. Вие лично, ти, и македонските лидери во Скопје објаснувате дека сте слободни и сите македонци се слободни. Вие треба да кажувате како ние егејците не сме слободни, па и пиринците. Јас лично решив да ја барам македонската вистина драги конзуле. Конзулот многу се заинтересира за мене дури и да останам во Њу Џерси мегу македонците. Јас несакав да бидам во Њу Џерси, Калифорнија ми даде голема сила за да правам работи за Македонија и македонците. Во Њу Џерси повеќето беа југословени. Јас никогаш во мое живеење надвор од мојата Македонија не реков дека сум југословен, туку секогаш се претставував како македонец. Ако ми речеше некој дека незнае каде е Македонија тогаш јас ја користев приликата да му објаснам на кратко каде се наоѓа Македонија и да му кажам дека Филип Втори, Александар Велики и Аристотел филозоф се македонци, а не грци. Грци во времето на Филип Втори непостоеја. Грција е оформена во 1829 година. Во Њујорк и Њу Џерси се задржав меѓу наши и мои курајчани околу две недели. Јас и Миле отидовме до зградата на Њујорк Тајмс каде што се печати новина, една од најчитаните новини во Источна Америка. Влеговме внатре и побаравме информација за да ја ставиме картата преку една цела страница. Ја погледнаа картата, а потоа на англиски беше пишувано и одма донесоа одлука со НЕ. Не може со ваков материјал да се принта новината. Ние рековме дека ќе платиме, но одговорот беше уште НЕ. После тоа, јас и Миле Тасески се договоривме дека ќе залепиме на сите прегледни места на автобуската зграда такви карти. Ставивме околу 50 парчиња и се вративме во Ирвингтон во Њу Џерси. После јас се собрав со останатите, од кои на голем број им разделив и тргнав за Торонто, Канада само со еден куфер. Стигнав брзо. Прв пат бев во Торонто. На канадската царина ме задржаа околу пола саат испитувајки ме зошто ми се олку карти, чии се и слично. Јас цврсто стоев дека има македонци во Торонто, па има интерес за овие патриотски карти. Ме пуштија без некои царински плаќања. Во Торонто имав адреса од организацијата Јунајтед Македонија (УМ). Зедов такси и отидов во клубот што го држеа луѓе од организацијата УМ. Беа горе на први спрат. Едвај по скалите го однесов тешкиот куфер, полн со испринтани карти од Гоце Делчев и Македонија. Се претставив и ги прашав дали им се свиѓаат и дали можам да ги однесам во недела во црква. Имаше двајца кои одма зедоа по една и прашаа колку кошта?-Еден долар им реков. Тие рекоа додуша дека повеќе коштаат. Ми дадоа по десет долари канадски, кои беа многу појаки од американските во тоа време. Ги запрашав каде можам да најдам хотел, а тие ме упатија во еден хотел со грчки газда. Прилично се изненадив и се пазев. Покрај оваа организација запознав по препорака на УМ истата вечер уште една друга организација која се викаше “Лавови” со идејата цела Македонија се до Индија. Јас им дадов десетина карти како поклон. Си отидов од кај нив со мал впечаток дека ќе биде нешто и од тие луѓе. Другиот ден беше недела. Отидов во црквата. Надвор застанав, закачив неколку карти да се гледаат и запишав дека се еден долар. Прво некои се побунија дека тоа е неиспитана пропаганда, но по кратко време се јавија неколку македонци и застанаа од моја страна. Вечерта имаа некоја си програма во врска со Гоце Делчев, на која и мене ме поканија. Се запознав со доста луѓе заинтересирани за идејата. Половина од картите отидоа, а јас ништо не заработив. Затоа јас одлучив да не ги враќам назад во Калифорнија, па затоа на организацијата им дадов по стотина, а другите ги поклонив на црквата. Откај црквата најдов осум книги за Гоце Делчев и три книги за историја на Македонија. Ги купив и со нив се вратам во Калифорнија. Во Калифорнија доста македонци се јавија од сите места во кои бев и од разни краеви што дојдоа во додир со моите карти, сите политички организации, како и црквени одбори и разни индивидуалци. Од тој момент одма удба почна со пропаганда против такви работи, што ги нарекуваа против југословенизмот. Јас испратив такви карти и до матицата за македонски иселеници. Штом се вратив во Калифорнија не престанав да се борам за откривање на вистината за Македонија и македонците. Размислувајќи на кој начин можам да помогнам на Македонија и на македонците да се ослободат од грчката, српската бугарската и албанска доминаци, решив да најдам симбол македонски, балкански. Рачунајки дека на војнички начин ние сами не можеме да помислиме за слобода на Македонија, само еден начин остана, мирен начин. Заеднички сите македонци да се обединиме и да правиме обединување на Балканот, во кое Македонија ќе се наоѓа самата територијално обединета со македонците. За таа идеја бев скоро сигурен дека е добра идеја, па затоа направив симбол Јунајтед Балкан, кој симбол решив да го правам во изглед на сонце со дванаесет крака-зраци. Наоколу со жолта боја, а самите зраци со 4 црвени, 4 сини и 4 црни, во средината на сонцето Македонија, цела изработена со глава од лав, вардарскиот дел на Македонија, Охридското Езеро носот на лавот, а на ушите лавот–Крушево. Околу лавот во круг сите знамиња на тогашните денешни балкански држави, југословенското, бугарското, турското, грчко и албанското. Сето тоа е на бела површина. Во знамето на секоја држава е обележана со по еден зрак, така да во југославија се земени и автономиите-Косово, Метохија и Војводина. Така со овој симбол во 1976 година јас решив да одам во Македонија и да почнам да ширам македонизам за Јунајтед Балкан. Запнав во зимата со работа за да соберам пари и ќе испитам во СРМ дали можам да работам нешто. Пред да знаев дека сум запишам кај југословенската удба, сакав да ги видам родителие и сите мои роднини и ќе видам дали новиот југословенски устав што се измени во 1974-75 година е поблаг и подемократски. Во Југославија не бев ојден од 1967 година. Патувањето решив да го поминам од Сан Франциско до Копенхаген, после до Хелсинки па во Шведска кај брат ми Танаско. Тој живееше во Шведска. Таму не се задржав многу, отидов само колку да се видам со братот и да купам кола за патување до Македонија. Купив кола и после недела дена тргнав на пат за Македонија преку Германија, што намера ми беше да застанам во Западен Берлин. Таму имав намера да се видам со пријателите на ДООМ, Драган Богданоски, Гоце Македонски и многу други. Кога стигнав во Берлин наголемо изненадување не го најдов Гоцета, ниту пак Драган. Драган бил во Париз, а Гоце во Лондон. Со двајцата зборував на телефон. Драган ми рече дека неможе да дојде и дека има работа низ Париз. Мене ме викаше да одам во Париз за да разговараме за новите планови за Македонија, јас што му ги предлагав од Калифорнија. Бидејки мене ми се брзаше за Македонија не дојде до средба меѓу нас двајца. Гоце кој беше во Лондон на изучување на англиски јазик и со него не дојдов до средба. На телефон Гоце ме куражеше да одам за Македонија да не се плашам. Јас од Калифорнија испратив доста добар материјал за Гоцета и во корист за Македонија, со Гоце Делчев на македонската карта. Беше доста критички за СРМ. Тој материјал беше објавен во “Македонска Нација” под наслов: СРМ со една нога е слуга на Белград. Јас незнаев дека е објавена. Во Берлин сите тоа го држеа во тајност плашејки се дека ако дознаам дека ќе се плашам и дека ќе го одложам патувањето. Само Стефан ми рече: подобро да не одиш во Југославија. Јас напротив му реков дека не се плашам, дека немам ништо направено и дека никој неможе да ми брани да бидам македонец и да се борам за вистината за Македонија. Му реков дека сакам да ја имам “Македонска Нација” но ми рекоа дека не е излезена, а била излезена. После пет-шест дена во Западен Берлин, пријателите од ресторантот Ново Скопје, газда беше Гоце македонски (Гојко Јаковлески), ми припремија се што ми беше потребно за патот, па и јадење за два-три дена и ме испратија. Јас тргнав преку Источна Германија, па Австрија и Југославија. Кога стигнав на југословенска граница немаше никој освен јас сам. Граничарот на Словенија не беше опасен. Ми побара пасош и му го дадов низ пенџере. Го виде пасошот, беше југословенски и почна да гледа во едно блокче барајќи го моето име. Ми го врати пасошот и ми рече дека сака да виде што има во багажникот на колата. Отвори, јас го отворив багажникот, но не и мојот куфер. Не го отвори туку ми рече да го затворам и да одам до Македонија, ако можам да стигнам до Македонија со оваа кола. Се насмеав. Не сакав ништо да му зборувам туку само го прашав дали можам да сменам долари. Па ми рече, оди кај зградата таму има менувачница. Застанав таму и сменив 100 долари. Истиот граничар дојде кај менувачницата и ме праша што работам во Америка. Му реков ништо не работам, под биро сум. Ја мрдна главата подналутен. Јас знаев дека ме најде во неговото црно блокче. Продолжив према Хрватска, па за Белград. Патувањето беше добро. Времето чисто и сончево. Беше 25 ма. Така кога стигнав пред Белград милиција ме запре и ми побара пасош и ми рече дека стоп светлото на десната страна не ми работи и да го направам одма. Јас проверив, го извадив капакот и ништо не најдов. Ми го даде пасошот и ми рече: притисни на кочницата. Јас го ставив клучот и тој ми рече- добро е може да одиш. Јас знаев дека и тој провери во црниот тефтер. Почнав да размислувам дали да останам во Белград за да преспијам, бидејќи имав пријатели и роднини, но решив да застанам само кај братучед ми Гоце Дервуш да одморам неколку саати и ќе продолжам за Скопје и Охрид. Така да низ Македонија ќе возам ноќе и во Охрид да стигнам рано во мракот никој да не ме примети и право ќе одам во село Курајца. Се сеќавам дека кога го поминав Гостивар беше 2 часот по полноќ. После Гостивар застанав да се одморам зашто бев уморен, нигде не одморив од Белград до тука. Така да сум подзаспал и кога се разбудив гледам 4 часот. Си реков одлично. Во Охрид ќе стигнам рано во 5 ипол. Ќе биде добро, нема никој во тоа време. За жал лошо сум прогнозирал. Го заминав Кичево и стигнав до Горна Дебарца, кога гледам на патот двајца милицајци стојат и ме запираат со стоп сигнал. Јас знаев дека мене ме чекаат. Ми рекоа да ја паркирам колата таму, а тоа беше бајаги далеку од патот дури и неприметливо место. Двајцата почнаа со преглед на колата. Се ми растурија, најдоа доста слики од Гоце Делчев и Македонија. Незнам што бара може оружје и експлозивни материјал. Времето се влоши и почна да капат капки дожд. Јас се налутив и почнав да се карам зашто дојдов на одмор преку Кичево, да знаев ќе си одев преку Битола. А тој одговори дека исто таму ме чекале, сега оди си, слободен си-ми рекоа. Јас се спакував набрзо и ги прашав дали се можни уште претреси до Охрид. Не, оди слободно, ако некој поново ве запре за преглед кажи им за нас дека те претресовме. Навистина до Охрид ништо не видов и брзо стигнав. Во Охрид ич не се задржав. Зедов еден леб за дома, знаев дека мајка ми сама правеше месени лебови. За пола саат се најдов дома во село Курајца. Дома беа само мајка ми и татко ми. Се изненадија што така рано дојдов, а плус незнаеја точно кој ден е. Се изгушкавме и сите бевме со насмеани лица и со по неколку солзи радосници. Тој ден ми помина со видување со роднини. Вечерта јас почнав да правам план како ќе биде најубаво да се поставам со полицијата. Дојдов до заклучок одма другиот ден да одам во администрацијата за лични карти и ќе се претставам како курајчанец, како стално место за живеење, а после ќе видам што ќе биде. Кога тргнав од Западен Берлин патриотите македонци ме замолија одма да им се јавам како поминав и како е ситуацијата. Јас зедов хартија и им напишав едно писменце со голема пажливост, оти мислев дека ќе го читаат. Се сеќавам со какви објаснувања ја опишав ситуацијата:

Патување низ Југославија и Македонија. Патувањето до Југославија беше интересно низ источните земји, а кога стигнав на југословенската граница добив сигнал дека одам на југ. Кога стигнав на југ 30 км до Охрид се стуши и почна некоја чума со лошо време, но добро поминав. Еве сега сум во Курајца и слушам вести за времето и велат дека пак ќе има невреме. Ќе се снајдам, јас сум учен на добри и лоши времиња. Здраво, ќе ви се јавам поново.

Ги подадов податоците за лична карта со две слики и службеничката ми рече за три дена да дојдам за да си ја земам личната карта. Сполај ви и догледање за три дена-и реков. Се насмевна, но во погледот ми изгледаше дека знае нешто повеќе за мене, но не рече ништо. Јас излегов од канцеларијата и малку се прошетав. Седнав во кола и право за Курајца. Таму имаше уште доста жители во 1976 година. Јас бев решен во 1967 година да го испитам животот кој јас ќе го живеам и како ќе се обезбедам финансиски, за да можам да му помогнам на народот подобро да живее и будењето на македонизам. Кај 50 проценти од луѓето духот беше југословенски, титовизам. Македонскиот народ веруваше дека југословенизмот е бесмртен и дека Македонија неможе без Југославија. Јас мислев обратно дека Југославија неможе без Македонија односно целиот Балкан неможе без македонско признавање и македонска вистина. Да се вратиме назад кога Филип Втори Македон го обединил Балканот, станал најјак како економски, така и војнички. Тогаш јас си реков дека е добра идеја за Јунајтед Балкан, затоа што ако се обедини Балканот и Македонија ќе се обедини. Трговијата, туризмот, мирот, па и економијата и сите други работи ќе се стабилизираат. После три дена отидов да си ја земам личната карта. Истата службеничка беше и одма ме позна. Јас дојдов да си ја земам личната карта, дали е готова-прашав. Готова е–ми рече, но мора да одите на трети спрат во крајната соба и на десно ќе ја добиете. Јас ништо не реков, си излегов и си мислам дека ќе има сигурно разговор со некој удбаш. Решив со мене да го викнам и зет ми Кирил. Подобро ќе се осекам ако имам некој човек со мене. Отидовме со зетот во собата на третиот спрат, влеговме внатре, се запознавме со човекот. Тој рече-јас сум Климе Настески и работам со странки од иностранство. Јас му реков дека дојдов да ја земам личната карта, дека овде се земало. Тој ми одговори дека личната карта е кај него, но пред да ми ја даде мора да разговара насамо со мене, надвор да се најдеме. Закажавме за во Летница после еден саат. Јас го зазедов скришното место во Летница и јас ќе го видам прв кога ќе дојде. И навистина така беше. Удбашот Климе дојде. Јас го гледам и тој почна да гледа несекаде и на крај ме здогледа. Јас му мафнав и се насмеа. Дојде и рече-си нашол специјално место. На тоа ништо не му одговорив туку му понудив да седне и што ќе пие. Тој одби да седи и предложи да одиме на друго место со неговата кола. Станав и отидовме со службената кола во хотел Инекс. Седнавме на добро место, надвор на терасата и имавме добар поглед во правец на езерото, кон калето, према тврдината кон стар Охрид. Беше убав летен ден, нарачавме пијачка и мезе со пијачката. Удбашот Климе ја крена чашата и рече за здравје, а јас реков за здравје и јунајтед. Удбашот Климе се поднасмевна и пинавме од пијалоците. Јас со нестрпление чекав што ќе ме прашува. Удбашот рече: Боб Солунец, морам да те запознаам зошто те викнав овде. Немаш против ако запишувам некои податоци. Немам против ако не се на штета моја-реков. Само се насмеа и почна. Од каде го познаваш Драган Богдановкси и колку си близок со него беше првото прашање. Јас сум прилично близу со Драган, со мислите за Македонија. Драган не е за Југославија, и она што го пишува против другарот Тито и Југославија е спротивно со законите. Тој лаже и сите негови работи што можат да ги речат за ДООМ. Разговаравме не повеќе од три саати и после ми ја даде мојата лична карта. Тогаш јас се ослободив бидејќи прашањата ми беа толку лесни, па дури и корисни за мене што извлеков разни прашања што ме интересираа и мислите на удба за ДООМ, Богдановски и Македонија. Удбашот ме донесе до плоштад кај мојата кола и ми рече. Утре во 11 часот пак да се најдеме. Јас тогаш му реков: Јас сум на одмор дојден и да ги видам моите родители. Удбашот рече: јас имам работа со тебе секој ден се дури не ја завршам. Јас почнав да размислувам како да постапувам со него. Тој сака сите работи да ги знае за мене, за ДООМ и за Драган Богдановски. Јас решив се погрешно и неточно да кажувам па да видиме кој ќе заглави. Средбите измеѓу Боб Солунец и удбашот Климе Настоски се редеа секој ден. Јас му кажував на мој начин. Удбашот беше доста задоволен. Дури јас го имав присвоено на моја страна. Мене не ми се виде никаква тешкотија, дури му го побарав весникот Македонска Нација што го издаваше ДООМ со редактор и писател Драган Богдановски. Тој рече дека ќе го добивам редовно само задниот не го имаше. Ми даде два за април и мај но мојот членок не беше во овие два броја. Удбашот ме опомена да не им ги давам на други да ги читаат, а ако некој ги чита да ми кажеш. Пак си ојдов во Курајца, ги поминав весниците и ништо не најдов. Јас и незнаев дека ќе биде објавен затоа што тоа јас го испратив лично до Драган за да знае и да им каже дека ние сме со идејата со Гоце Делчев на македонците. Така јас незнаев дека има членок од Боб Солунец од Калифорнија, за кого удбата е заинтересирана да стапи во контакт за една страница под наслов: СРМ СО ЕДНА НОГА Е СЛУГА НА БЕЛГРАД. Тогаш решив поново да пишам писмо до Западен Берлин на ДООМ. Јас се наоѓам во неизвесност колку време ќе бидам задржан, затоа што уште сум на испитување, на слобода сум но секој ден со нови испитувања, што навистина не гледам дека имам некаков доказ да имам нешто згрешено. Како што знаете и вие сите, јас се борам само за вистината на Македонија за нејзината поделба. Го испратив писмото до Западен Берлин. Македонците тоа писмо го разбрале дека јас се борам да не заглавам. Тогаш тие извршиле притисок до југословенскиот конзул дека ако му се деси нешто на Боб Солунец и ние ќе ви направиме штета. Тој е невин и поштен македонец, кој се бори за Македонија и нејзината вистина. Тогаш исто удбашот ми рече дека треба да одиме во Скопје кај главниот шеф на удба, но удбашот може прв да дојде во Охрид па да бидеш обавестен за да не планираш да одиш негде. Ден по ден секој ден се чуствував обавезен да бидам со нив, а јас сакав да се ослободам од удба и да им дадам поголемо внимание на родителите и на младината, зашто бев решил да живеам во Курајца за да бидам заедно со изнемоштените родители, кои се најдоа сами покрај единаесет деца која ги родила мајка ми Сребрена, јака и душа и бев решил шест месеци да работам во Сан Франциско и шест месеци ќе живеам во моето родно место Курајца. Татко ми поседуваше имот, па јас почнав да размислувам да правам една фарма на калифорниски начин. Почнав прво од колибата да правам викендица со шпорет, огниште, така вистина почнав и жица да градам за да не излегуваат коњите, и да бидам слободен. Цела просторија да ја користам, да ја користам нашата нива на која садеа коноп од кој што мајка ми имаше направено на мене конопна кошула со два џепа како пижама, но јас ја сакав многу. Ми беше лесно со таа конопна кошула. Се Сеќавам на тоа место кај вирот и бавчата што беше насадена со стебла од коноп. Решив другата година да дојдам и насадам коноп и од стеблата да правам македонски конопни фармерки. После неколку дена се сретнав пак со удбашот на закажаното место. Тогаш ми кажа дека удбашот од Скопје ќе дојде за два-три дена. Тој точно ќе ми каже во кој ден, место и саат. Јас секој ден и секое утро морав да се јавам кај него во канцеларија. Средбата дојде. Пред Палас Хотел стоеше кола. Климе беше со него. Ми ја отвори вратата од службеното црно пежо. Влегов јас позади и Климе беше до мене. Удбашот, непознат од Скопје се поздрави со мене Солунец и не кажа негово име. Јас не го ни прашав. Му рече на шоферот да вози до Горица. По патот ништо не се зборуваше. Јас и Климе одвреме навреме ќе се погледневме со насмевки и толку. Близу наспроти кај вилата Горица од Тито Брос за одмор, шоферот сврте на лево и недалеку од патот застана кај една куќа, подзаскриена од патот. Му рече на шоферот: ќе те викниме. Ние излеговме од колата, удбашот отклучи и ми рече да влезам внатре. Сите влеговме во една просторија со една маса и четири стола. Јас седнав према вратата со погледот, скопјанецот наспроти мене, а Климе измеѓу нас од страна. Почна прво со: ние чуди се кој е тој Боб Солунец од Курајца, јас сум од Егејска Македонија рече тој. Јас тогаш многу слободно со насмевка му ја подадов раката да се запознаеме и му реков: тогаш заедно ќе се бориме да ја ослободиме Егејска Македонија. Се поздрави, но одма ја избегна таа конверзација. Од својата торба го извади “Македонска Нација” весникот. Тогаш ми рече: за ова што си напишал следува 15 години затвор. Слушај сега и почна да чита: СРМ СО ЕДНА НОГА Е СЛУГА НА БЕЛГРАД. Јас се уплашив кога рече 15 години затвор. Но кога го прочита насловот јас се поднасмеав само со гримаса на лицето. Го прочита целиот членок и ми рече ти си се смешал со лоши луѓе, како Драган Богдановски. Тогаш јас земав став во моја одбрана за заглавието и насловот на чланакот. Тоа и сами го знаете дека тоа го рекол и Гоце Делчев, еве го чланокот што кажува. Драган го ставил на насловна, тој е уредник на весникот и знае што се става, но материјалот е ваш од Скопје, во биографијата за Гоце Делчев. Удбашот почна против Драган Богдановски, како тој презен тира погрешно дека ДООМ има 10. 000 читатели на весникот Македонска Нација, како Богдановски се бори СРМ да ја отцепи од СФРЈ и да ја спои кон Бугарија. Јас реагирав дека Драган е македонец и се бори за ослободување на Пиринска Македонија од бугарите. Ме испрашуваше после за други личности, за бременскиот конгрес. Јас тогаш се уверив дека тој удбаш знае се за ДООМ и за мене што значи дека некој од организација работи со удба. После големо убедување дека Богдановски е за одземање на Македонија и присвојување кон Бугарија на крајот ми рече: Дали работиш за ЦИА америчка?Се гледаме и јас му реков: Тоа е тајно и неможам да одговорам. Тогаш рече бидејќи сум јас добар пријател со Драган дека можам да го предадам Драган на удба да го фати во Париз и само на тој начин можам да се спасам од 15 години затвор. Јас многу одлучно и без страв смело му реков: дајте ми докази дека тој е таков против Македонија, вие не треба да го фаќате, јас ќе го отепам. Но јас го знам Драган Богдановски борец против Бугарија, Грција и Србија. После тоа на Климе му рече: ѕвони му во Инекс нека дојде шоферот да не земе. Тогаш скопјанецот удбаш мене ми рече дека ќе одиме на ручек во Инекс хотел, ако немам против. Јас му реков: благодарам на понудата. Во Инекс имаше добра риба со мезиња, пијалоци и дискусии во врска на градење на хотели од страна на Југославија, дека во Македонија добро се гради и многу луѓе се вработуваат. Се вратив дома вечерта. Мајка ми и татко ми возбудени биле цел ден. Мислеле дали ќе се вратам дома. Седнав малку со татко ми да поразговараме. Тогаш тате ми рече дека удбашот Климе произлегува од фамилија што уште во бивша кралска Југославија имала посланици-делегати и тате гласал за неговиот мандат. Тогаш уште полесно ми беше за со Климета Настески удбашот, дека тие се наследници на власта. Тогаш татко ми ми рече: не плаши се и бори се, ништо неможат да ти направат. Јас подолго време не им имав пишано на македонците во Берлин од ДООМ. Тие помислиле дека јас сум во затвор, па се обратиле до југословенскиот конзул и тој се обратил до Македонија. Така да удбашот од Скопје бил обавестен. Тој му јавил на удбашот Климе да одиме со него во Скопје. Еден ден Климе удбашот ми јави за патувањето, а другиот ден заминавме за Скопје преку Битола со службена удбашка кола, Климе возеше. По патот беше многу другарски, застануваше на повеќе места во природата, во Централна Македонија, кои се навистина многу интересни со самите географски различности. Стигнавме во Скопје. Удбашот Климе возеше право на работното место кај неговиот главен удбаш во Скопје. Јас причекав во колата, Климе влезе внатре во канцеларијата и после десетина минути се појавија на капија двајцата удбаши. Јас бев во колата покрај капијата. Излегов од колата и отидов кај нив. Се поздрави удбашот скопски. Скопјанецот беше насмеан и расположен за разговор, но рече вечер да бидеме негови гости дома кај него. Тогаш мене ми рече: нигде без мене не одиш. Јас бев облечен во бели пантолони ливајски и појас со тока лав и спортска мајца со ливаиско палтенце на ракавот со коњче. На удбашот одма погледот на лавот, а не другите алишта. Се поздравивме со догледање. Вечерта Климе и јас отидовме на Водно во хотел. Климе зеде една соба со два кревета. Јас го прашав зошто не посебни собите, но тој ми рече дека тој е одговорен за мене. Јас не сакав многу да коментирам. Отидов, се истуширав и после отидовне надвор на вечера. Уште се гледаше. Седнане на тераса. Имаше и музика со певачица. Амбиентот беше одличен со ладно скопско. Тогаш јас се опуштив и почнав да му кажувам за македонците, што се погинати за после втората светска војна. Голем број вистински ВМРО-вци се уништени, колку македонски борци што посакале да одат на фронт за слобода на Солун главниот град на Македонија за сите времиња. Тоа се ништени господине Климе од титовиот режим. Тоа му го реков со многу низок тон за да не слушне никој од нив. На удбашот тоа му одговараше и велеше дека тоа не е од Тито. Други го правеа без вистинско објаснување. Се замезивме, се помуабетивме и се договоривме борба за македонските егејци и нивното ослободување. Удбашот Климе рече: време е да одиме кај главниот. Зар не ти е жал за ваков разговор и ваква музика со певачка–му реков. Знам Боб дека не ти се оди, туку мораме да видиме што е ново. Отидовме дома кај главниот удбаш, се запознавме со жена му. После кратко дојде еден службеник од матицата за иселениците од Македонија. Удбашот праша дали се имам јавено во Западен Берлин. Јас му реков- долго време не се имам јавено. Зошто?Зошто не им телефонираш за да се слушнете?-Јас не сакам да трошам пари-му реков. Тогаш тој рече: јави се сега од овде. Јас му реков дека немам потреба. Тогаш тој рече: ти немаш потреба, но тие мислат дека си во затвор. Тие тогаш биле во југословенскиот конзул и барале ослободување ако сум во затвор, во спротивно ќе почнеле со лоши работи. Тогаш јас реков: Добро. Го зедов телефонот и ги свртев броеви за Западен Берлин, но во ресторантот Ново Скопје немаше никој. Тогаш рече: утре да поминете преку Гостивар, жена му на Гоце Јаковлески се наоѓа во Зубовци и мора да ја видиш и да разговараш, да и кажеш дека не си во затвор. Добро, мило ми е да ја видам Зага, се знаеме добро со неа, како и со маж и Гоце-реков. Мезевме и дискутирваме само добри и позитивни работи. Службеникот на матицата ми понуди да одам во Колумбос, еден град во Америка. Јас го одбив директно. Ми беше досадно, јас не можам да се ограничувам на зборување и само некакви врабување за соработник.

Времето дојде доцна и моравме да си одиме на спиење. Другиот ден после доручек го напуштивме Скопје. Тргнавме према Гостивар за село Зубевци, кај фамилијата на Гоце Македонски. Стигнавме во Зубевци. Се сретнав со Зага, госпоѓата на Гоце, да и раскажам за се што се работи. Удбашот остана во кола. Јас излегов од кола и прашав едно дете за куќата на Гоце Македонски. Детето ми покажа на куќата што беше до мене близу. Тропнав на врата и излезе едно дете на врата. Јас го прашав за госпоѓа Зага и детето рече дека Зага не е тука, таа е во Гостивар на ручек кај вујко му. Детето ми даде упатство како да ја најдам куќата во Гостивар, кај што ручала госпога Зага која е дојдена од Западен Берлин. Со добриот опис на дете брзо и лесно ја најдов Зага. Надвор врнеше, турвеше дожд. Јас му реков на удбашот да заминеме за Охрид, немора да ја најдеме Зага. Не–тој инсистираше, обавезно мора да разговараш со неа. Нема врска што врне дожд. Претрчав до вратата на куќата за да не накиснам. Тропнав на вратата и отвори еден човек. Ме загледа непознат и јас тогаш го прашав дали Зага е тука и дека сакам да ја видам. Јас сум Боб Солунец–се претставив. Влези–ми рече. Влегов и отидов до трпезата и ја видов Зага. Голема фамилијарна трпеза беше тоа, полна со јадачи околу, фамилијарни луѓе. На трпезата имаше печење со разни салати и меса разни врсти. Зага стана се поздрави и ме претстави на сите. Седи на ручек- ми рече, не најде на трпеза, вистински пријател си. Јас се извинив и им кажав дека сум во друштво со удбаш и треба да му кажам дека ќе се задржам подолго време. Тогаш Зага рече: Не, седи и смешај се со масата за ручек, а удбашот нека чека. Тие секако се научени да чекаат. Нека седи во кола на дождот, ќе памети кој е Боб Солунец и со кого си има работа. Се забавив со пијачки и мезиња, како и разговор за сите работи за време од заминувањето од Берлин во мај па се до тој момент. Зага разбра доста работи за мене и и реков за Драган Богдановски, дека е број еден на удба да се фати и затвори. Зага тогаш ми рече: не плаши се Боб, сите во Берлин сме за тебе. Се поздравивме со Зага и излегов надвор од куќата. Уште врнеше. Удбашот едвај чекаше да дојдам. Му раскажав како ги затеков и тој ми рече зашто не го викнав на таква богата трпеза. Тогаш му реков дека не беше пожелен од другите луѓе. Така тргнавме за Охрид со не многу дискусии по патот. Во Охрид се разделивме и ми рече: ќе се видиме. Тоа беше негде во октомври. Јас во ноември се припремав да заминам за Калифонрија. Со удбашот Климе се видовме последната недела пред да заминам и му реков дека ќе се видеме догодина напролет. Тој ми се претставуваше дека е на моја страна и за соработка со мене.

Јас заминав за Калифорнија само зимата до мај, па потоа ќе се вратам пак за Македонија во Курајца. Кога дојдов во Калифорнија браќата Ник и Љупчо добро ме пречекаа како и пријателот Вилхелм (Јордан). Јордан живееше во Сан Салито, па во куќата што ја издаваше имаше место и секогаш ми чуваше соба за да бидам обезбеден кога ќе се вратам од Европа. Тогаш кога се вратив во Сан Франциско го затекнав брат ми Љупчо во недобра здравствена позиција. Пред една година имаше операција од чир и сега почнаа пак истите болести. Докторите најдоа дека чирот се проширил во рак и има потреба одма да се изврши операција. Операцијата се изврши успешно, но не и потполно очистување на ракот. Ракот се беше проширил и во другите органи и беше многу тешко целосно да се исчисти. Братот Љупче мораше да остане во болница од јануари до крајот на февруари. Јас се најдов во многу потешка ситуација од онаа која ја имав припремано од Македонија да работам во Сан Франциско, да штедам и да одам назад во Македонија за да почнам со организирање на младината за музичка група и фудбалски клуб Јунајтед Македонија Балкан. Покрај сите напори околу братот Љупче, после работа одев во болница. Со него во разговори и надеж дека докторите ќе успеат да го излечат ракот со употреба на инекции Кимо терапи (хемотерапија). Јас успеав да направам само 20 маици со симболот на Јунајтед Македонија Балкан и неколку спортски палта. Планирав да работам до 15 мај 1977 година, но последната недела на февруари се деси лошо што несакав да го чујам. Јас отидов да го прашам докторот како е состојбата со братот, а тој ми рече дека ќе умре за 7-8 дена. Тогаш братот Никола отиде кај Љупче да разговара, а јас останав со докторот да се договориме. Јас му реков дека сум изненаден од тоа што го слушнав, а докторот ми рече дека мислел дека братот Љупчо ќе ми каже зашто знаел уште пред две недели. Братот Љупчо не сакал нас да не секира, па затоа молчел и избегаваше такви дискусии. Јас му објаснив на докторот дека тој мора да биде погребан во Македонија, а јас не сакам мајка ми и татко ми да го видат мртов, сакам одма да го земам и да го однесам во Македонија, Кураица, родното место и да го видат родителите и пријателите жив. Докторот ми рече добра идеја и дека се што може тој ќе ми помогне. Тој напиша одобрение за да можам да патувам со авион. Ми ја даде сета потребна медицина за седум дена и писмо до емиграцијата за да им каже да добијам пасош, кој што не беше лесно да се добие за кратко време. Но успеав за среќа да одам со болниот брат Љупчо за Кураица. Тргнавме со авион до Њујорк, а после со ЈАТ до Белград. Престоивме во Белград една ноќ. Утрото во вторник го фативме авионот од Белград за Охрид. Тоа беше 2 март 1977 година, уште беше ладно и во Кураица имаше снег. Во вторникот стигнавме во Охрид и таму останавме кај снаа ми Ламбија, која беше останала вдовица. Мажот Митре, брат ми, беше отепан уште во 1970 година на возраст од 49 години, а сега Љупчо беше на 35 години. Се собраа сите роднини да го видат што живееја во Охрид и одма почнаа со жалење. Братот Љупче беше храбар и задоволен што се виде со роднините и пријателите. Со зборовите немојте да ме жалите јас повеќе имам видено и доживеано отколку што вие ќе видите за целиот ваш живот. Во средата 4 март попладне стигнавме во Кураица кај родителите и кај курајчаните, кои беа сите како една фамилија. Сите се познаваа и во разни случаи за добро и лошо сите си помагаа. Веста за смртта на Љупчо сите ги потресе. Тогаш тој живееше само средата, четвртокот и петокот. Саботата рано утрото околу два часот по полноќ почина. Многу бев увреден бидејќи во тоа време јас и брат ми Танаско не бевме дома. Беше петок кога брат ми Танаско беше закажал да одиме во Скопје да бараме лек, некој си човек имал лек за рак. Ние се вративме од Скопје ноќта околу 12 часот. Бидејќи бевме уморни од патот решивме да останеме малку кај Лазо Секулоски, кој исто и тој беше со нас во Скопје. Кога стигнавме дома беше три часот ноќта. Братот Љупче беше починал. Сите се поздравувале пред да умре, а самиот тој ги викал: кој сака да се поздрави нека дојде. Сите се поздравиле, а мајка сирота над него стоела, плаче и велела: не можам бе синко, како да се поздравам и така да те пуштам да си одиш. Мамо, тој и вели: уште повеќе ќе се ожалостиш ако не се поздравиш дур сум жив. Тогаш мајка го бакнала и за неколку секунди душата му излетила низ уста, го оставила. Тој ме барал и мене, но рекол дека неможе да чека. За голема жалост беше и за двете сестри Слободка и Ѓоргивка, што се наоѓаа во Австралија, кога стигнаа не го најдоа жив. Па затоа и моравме да чекаме од саботата до вторникот за закопнина. Тие стигнаа во понеделникот. Слоба кога ме виде во Охрид на аеродром само што не падна мртва. На погребот беа сите курајчани и оние што живееја во Охрид и оние во селото. Беше жалост од шест месеци, иако братот Љупче велеше исто како за мојот роденден кој што му беше на самиот ден кога умре, наполни 35 години возраст. Јас пуштив брада од шест месеци во знак на жалење, а мајка и татко ме молеа да ја обричам. Јас бев решил дека немам смелост да се бричам пред шест месеци. Затоа време јас се зафатив за сите работи околу споменикот да се заврши и куќата да се препокрива и измени. Но, од друга страна сакав музичка група и фк Јунајтед Балкан да се формира. Музичката група беше во Охрид со пејач Рубин, гитаристи Влатко и Гоце курајчанец, внук од братучед, тапанџија џез Кемал, потекло турчин, но чист во македонското за Македонија. Овие четворица и Боб Солунец-менаџер и Гиле- заменик менаџер почнаа со програми во Палас хотелот, а после и во Горица. Јас дека жалев за брат ми неможев многу да се наоѓам во групата, но тие самите беа прилично организирани. Гиле беше секогаш со нив.

ФК Јунајтед Балкан имаше голем проблем за фудбалско игралиште. Јас им ветив на омладината во Курајца дека ќе направам фудбалски тим регистриран за општина Охрид и игралиште. Регистрацијата беше услов за прописно игралиште со интернационални димензии и рамна површина. Во тоа време курајчката омладина, целата беше со мене бидејќи фудбалот во Курајца беше едина разонода. Претседателот на омладнината беше Стојан Рафо, секретар-Гина Миленкоска, а благајник-Соима Аврамоска. Сите омладинци ме примија како нивна генерација, неоженет со 42 години, со сите еднакви како еснави иако не бевме еснави ме примија за таков. За возила исто се служев со поранешното НСУ, кое го бев оставил ланската година, а и регистрацијата му беше поминала. Јас еден ден се запознав со претставници на спортската комисија за регистрација преку Војо Аврамоски, курајчанец, кој живееше во Охрид и неможеше без фудбалски дискусии, па сите спортисти во градот ги познаваше. Така да јас видов дека тимот одма ќе го регистрираме, само игралиштето да го израмнам. Тогаш прво отидов до претседателот на месната заедница на Курајца, Крсте Есивоски,

(муса), кој многу барања имал пред мене кај него и не успеале да добијат терен, па сега овој пат за игралиште беше многу пријатен и љубезен со мене со зборовите: земи еднаш засекогаш, да не ме бркаат секогаш за игралиште. Се сеќавам дека Ѓуро Најдески (анџија) ми вели: за бадијала се мачиш, нема да добијеш место за игралиште. Јас лани барав и донесов човек од омладинскиот комитет на Охрид и пак не добив. Мене тоа не ме колебаше и морав да го добијам тоа што им го ветив на младите курајчани и за старите. За регистрацијата сигурно беше, затоа што јас имав за игралиште разговарано за Косел, ако не ми дадат ќе го употребувам коселското игралиште. Во Косел на спортот беше Стојан Петрески, еден од најдобрите мои пријатели за време кога бев во коселската осмолетка. Стојан тогаш беше директор на осмолетката. Бидејќи јас сега добив место требаше теренот да се поравни. Цела омладина отидовме на игралиште, но еден саат работа и ништо не се гледаше дека е сработено. Топло беше и сите испотени. Јас исто така работев. Бев испотен. Одеднаш без да ги убедувам на нешто им реков: неможеме вака. Тогаш јас реков и решив дека ќе одам во Охрид и ќе донесам булдожер за да го израмниме. Омладината се изненадија и израдуваа што ќе донесам булдожер, но не беа сигурни дека ќе го добијам. Седнав во цитроенот и со мојот пријател Јонче Тасески, со мене тргна и право во Бетон. Јонче го познаваше шефот на механизацијата, се поздравивме. Беше три саат. Праша: што е?-А јас му реков дека имам потреба од булдожер за да го израмниме игралиштето во Курајца, а тој одма без размислување рече: фатете го одма машинистот и камионот, наполнете ги со бензин и платете им на работниците. Се беше договорено, заминавме за Курајца. Се растоваривме кај игралиштето, немаше многу останати. Сите си беа отишле. Машинистот почна да брчи и да праши. Се собраа голем број на курајчани да го видат булдожерот, кој остана доцна под светло за да го заврши. После работата се спремаше кај мене вечера и тука требаше да им платиме 250. 000 илјади динари, тоа беа околу 180 долари американски. Тие беа задоволни, а исто така и ние. Тимот веќе се распореди за квалификациони утакмици. Јас испратив човек со молба за регистрација на тимот од Курајца под име Јунајтед Балкан. Молбата му ја дадов на голманот Мите Костадиноски да ја однесе во Охрид и да му ја даде на Војо Аврамоски, затоа што тој знаеше каде треба да се предаде молбата за регистрација. Арно ама кога поминал во Раштанец кај каменоломот, Ѓуро анџија беше главен на тој погон, се сретнале со Митета и го прашал кај оди, а тој му кажал за молбата. Побарал да ја види и кога прочитал Јунајтед Балкан одма му рекол да го преправи името. Мите не сакал, но Ѓуро сам го преправил и му рекол дека сите во затвор ќе не пикнат. И така Мите до вечерта дојде во Курајца и се ми кажа. Јас одбив да бидам и тренер и менаџер ако се вика Рудар. Се собраа курајчани и беше на предлог Рудар или Јунајтед Балкан. Повеќето беа за Рудар, исплашени да не бидат малтретирани од власта ако остане Јунајтед Балкан. Тогаш на конференцијата јас станав, ги поздравив и им реков: Со среќа нека ви биде, барајте друг тренер и менаџер. Јас се борев за Јунајтед, а не за копање руда. За мене беше многу поволен тој избор зашто бев решен 1978 година да одам во Калифорнија и да не се враќам во Македонија, сакав да земам америчко државјанство и да го изменам името и презимето. Нема да бидам откриен на југословнеските граници, кои ме беа маркирале како анти југословен. Но јас не бев против југословенското братсво и едниство, туку јас се борев за македонизмот и македонската вистина. Се што е историски македонско да е македонско, а не грчко или бугарско или југословенско. Удбашката служба не ме гонеше многу бидејки бев ожалестен многу од смртта на брат ми Љупчо. Само во еден случај Климе удбашот ме викна да разговараме општо како е ситуацијата и кога ќе си одам назад во Америка, а јас му реков дури на зима. Тогаш ми рече дали автото со шведската регистација е регистрирана за 1977 година, а јас му реков дека не е, но многу ми е потребно превозно средство за Курајца. Тогаш тој одобри. За него тоа била одлична прилика за да ме уценува за разни информации и почна да ме вика на разговори. Јас одбив и му реков дека сум зафатен со мои работи и дека неможам да го посетам. Една ноќ бев во Метропол со друштво кои имаа некој роденден. Вечерта јас бев прибран во Метропол и алкохол не пиев никако. Кога го напуштивме хотелот тргнавме за Охрид и кај бензинската пумпа кај Билјанини Извори ми извршија тестирање. На секој шофер вршеа со дување и најдоа дека немам алкохол. Право до чинарот и поново ме застана полицаец, одма ми рече дека не смееам да возам нерегистрирана кола, без да види папири. Јас знаев дека Климе удабшот ја сторил оваа работа бидејќи само тој и јас знаевме за регистрацијата. Јас му се поверив нему. Излегоа сите од колата, бевме шест луѓе и женски и машки. Мене ми рече вози право во полиција. Ми ја зедоа колата ноќта во два часот и ми рекоа утре во шест часот да бидам во полиција за записник. Јас немав кај да одам. Прашав во Палас и рецепционерот рече дека неможе сега туку утре. Јас преседов во задните ѕидови од хотелот однадвор се до зората. После отидов во едно кафуле до автобуската, кое беше рано отворило. Зедов пијачка, кафе и парче бурек и чекав до 8 часот, а после трргнав за во полициска станица. На патот ме сретнаа двајца милицајци, кои ме барале мене. Кај си ти?-Ми рекоа. Еве сум, одам во милиција. Требаше во шест часот да бидеш во милиција. Јас ништо не им одговорив. Ме однесоа во една канцеларија за испрашување со изазивачки прашања. Јас се бранев прилично добро и еден од помладите милицајци го зеде пендрекот и ми рече: ти многу зборуваш. Го видов како заземал став за тепање и му реков дека јас мислев дека сака да зборувам, но сега нема ни збор да ти речам. Ја зедов новината Нова Македонија и почнав да читам за себе. Тогаш тој продолжи со прашања, а јас само молчам и едно време почна да меша на српски по некој збор. Јас тогаш на постариот милицаец, кој седеше наспроти мене му се обратив со прашањето дали оваа е српска ПС (полициска станица), овој само ми употребува некои српски зборови. Помладиот милицаец сакаше да ме удри, но тогаш постариот му рече: оди во регистарскиот департмен кај главниот за царина да видиш дали има некој во канцеларијата. Овој се врати и одма рече ајде со мене. Во рацете уште го држеше мојот пасош. Отидовме во царинската канцеларија и видов еден крупен и љубезен човек. Седете ми рече, а полицаецот чекаше, сакаше да клевети за пасошот дека немало печат. Царинарникот му рече: дај ми го пасошот и не треба печат кога ќе влегуваш. Царинарникот тогаш ме сожали што морам да не ја возам колата на јавни сообраќаи. Нема никаква казна, оди и извади ги таблиците од колата и донеси ги кај мене. Кога ќе ја регистрираш во Шведска ќе ти ги вратам таблиците. Јас си отидов во Курајца без регистраски таблици, ми ја даде колата. За среќа во тоа време еден мој пријател курајчанец, Ѓуро Аврамоски беше дојден од Австралија на одмор со кола цитроен ајкула дегол. За една недела ќе се вракал назад во Австралија, па бидејќи колата беше од Франција и да не ја враќа во Франција ми ја понуди мене. Направивме усмен пазар и ми ја даде колата. Јас ги сакав цитроените, одма бев задоволен што ќе можам мојата работа да ја вршам подобро и побрзо. Сакав да се сретнам со Климе удбашот, што ме предаде за регисртацијата, бидејќи единствено тој знаеше за таа работа, тој ме поткажал затоа што почнав да го избегавам и одма ми даде опомена. Јас бев лут на него и на неговите зборови. Од друга страна кога го зедов цитроенот случајно го пресретнав. Ме виде, ги дигна рацете и покажа дека сака да ме виде, но јас не застанав. Одма најдов паркинг во близината на чинарот, излегов надвор од колата пред робната куќа. Се најдов со Стојан-претседателот на омладината од Курајца. Во тоа време се загледав малку понатака и го видов Климе Настески удбашот со уште двајца како разговараат. Јас му се извинив на друштвото и се упатив према тројцата. Удбашот одма многу љубезен со симпатичен насмев се тргна од двајцата еден чекор, се поздрави, ми честита за друга кола, која беше поатрактивна и поубава. Јас тогаш несакав да трпам никаква политика или дипломатија, туку директно со позвучен глас за наредбата за одземање на мојата кола НСУ му реков со зборовите: јас мислев дека ти си вистински, а ти си бил фалш, неверен македонец. Извини Боб, не, јас не им реков. Не, ти им рече, никој друг освен мене и тебе не знаеше за изминувањето на рокот на мојата регисртрација-му реков. Тогаш јас му се извинив за вакво обраќање и дека ќе го посетам некој ден бидејки го читав забранетиот весник Македонска Нација, беше со ДООМ и со Драган Богданоски, а удбашот го добиваше и го читаше, па јас го позајмував од Климе удбашот без некој да ме види дека го читам.

Работите одеа се подобро и поуспешно. Времето на летото си помина. Во тоа време домашната положба беше лоша. Братот Љупче умре и скоро шест месеци ништо не се работеше. Јас бев запнат куќата од дедо ми и татко ми да се поправи односно да се препокрие. Кровот уште беше со слама, внатре со две одаи и чардакот со дебели ѕидови од еден метар. За сите тие работи да се средат морам да чекам шест месеци жалост. Тогаш јас ја обриков големата брада, сите материјали беа набавени, јас, внук ми Станко и Цветан се качивме на кров и почнавме да ја туркаме сламата. Беше ведро и топло. Ние ја откривме целата куќа, ја турнавме сламата за неколку саата. Тоа беше негде пред зајдисонце. Беше цела откриена и припремена да се стави другиот ден кров со ќерамиди. Се истуширавме со студена вода од црево и седнавме да се одмориме, но за неполн саат небото се стемни со црни облаци и кога почна да светкаат молњи и пукање на грмежи, река голема низ сред село. Неможе никако да се помини на другата страна. Ние домашните стоиме во кујната, единственото место кај што беше суво и не капеше. Дворот се наполна со вода во висина на гумите на колата. После цели два саати врнежите се смирија. Се изведри како да не врнело. Реката долго одтогаш се намалуваше. Незнам зашто беше тоа дали имаше душевна сила, му го растуривме мрачниот черен што беше дотогаш како кокошарник. Тука имаше доста родени деца, но и доста умрено. Се се деси со убаво без некаква последица. Јас се задржав се до крајот на ноќта, се дур се заврши капењето. После сето тоа јас морав да се вратам во Сан Франциско, бидејќи се спремав да земам амерички пасош. Се вратив во Калифорнија. Работа немаше многу, но доволно да се живее, дури да го земам америчкиот пасош, зашто полесно ќе ми биде за патување. Умот ми беше за татко ми и мајка ми, кои беа сами и со голема рана на срце за покојниот син Љупчо. Животот ми беше одличен со братот Ник, на гризли флат по реките по цел ден со капење и планирање како да се открие македонската вистина пред светот. Во 1978 година се пронајде и гробот на македонското богатство, со разни докази за Македонија, со секаков македонски артизам и други работи. Истите тие пронајдоци беа прикажани и во музејот во Сан Франциско, навистина имаше што да се види, се имаше, само македонштина. Ништо не можеше спротиставувањето на грчката пропаганда што ја фалсикуваа историјата. Во почетокот на јули ми дојде покана за да одам на полагање за америчко државјанство, тоа беше на 26 јули 1978 година. Бев радосен што навистина ќе можам слободно да се движам низ светот. Зедов пасош и есента назад во Македонија, кај мајка и татко за да им помогнам зимата. За Америка не планирав да одам во 1979 и 1980 година. Имав доста пари, па пролетта чекав такса да ми вратат 3500 и навистина не требаше да се враќам за Америка. Така да планот за Радојниве да направам како калифорниска фарма полека ми се остваруваше. Есента, јануар и февруар во зимата се задржав во Курајца со родителите. Татко ми секоја ноќ кашлаше и кукаше, а доктор не сакаше. Јас имав од Калифорнија валиум апчиња за смирување, па почнав да му давам секоја вечер по едно. Беше добар и можеше мирно да спие. После 60 дена се потрошија апчињата и повеќе немав, а и неможев да најдам. Во тоа време ми се јави пријателот од Париз, Франција Вукашин и ми рече дека ако сакам да одам во Западен Берлин кај Гоце Македонски во ресторантот Ново Скопје, таму се собрале некоја група македонци мои, познати во тоа време. Драган Богданоски беше во затвор во Идризово на 13 години осуда. Удбашот повеќе не ме бркаше, а и не знаеше дека се наоѓам во Македонија затоа што бев со америчкиот пасош. Јас бев решен да одам во Берлин, таму ќе работам и ќе чекам за парите од Америка од таксите да ми стигнат, а и ќе купам некои работи за цитроенот, ќе се организираат нештата за затварањето на невините македонци, како што беше случајот со Богдановски. Во тоа време почна македонското будење, но со нечисти историски вистини. Само јас верував во Македонија од почетокот на македонското постоење и доминирање на целиот Балкан па се до Индија. Пропагандата југословенска беше само за правење на славјански македонци, но историјата не памти славјанска Македонија држава ниту пак словенски постоења, освен христијанската религијата и православење. За славјаните ќе опишам повеќе понатаму, сега да се вратам назад во Берлин.

Во Берлин бев многу гостопримен од газдата на ресторантот Ново Скопје, Гоце Македонски. Тука беше и еден пријател од Париз, Славе Ристески, артистот и лажливецот Војнило од Париз. Гоце решил да ја смени картата на Македонија што беше нацртана и ја направи со Гоце Делчев и Македонија. Се играше и фудбалски утакмици. Ново Скопје имаше два тима-Македонија и Вардар. Мислев дека ќе се задржам до јуни во Берлин, но се случи нешто непланирано. Телефонски повик од Охрид. Татко ми беше во болница во Охрид болен од плуќа. Голема жал ме фати. Истиот ден завршив со работа, а другиот ден заминав за Македонија. Ја зедов обавезата да бидам близу до мајка ми и да го посетувам татко ми во болница. Татко ми Миле лежеше во болница од мај до 27 август, еден ден пред празникот Богородица. Многу ме молеше да го извадам од болница и за празникот Богородица да биде со нас дома. Јас решив да го земам. Отидов во заразно да го видам татко ми и да побарам отпусна листа, а за уште полесно да свршам работа го најдов синот на чуениот доктор Шорко, кој ме имаше оперирано од слепо црево во детинството. Се поздравивме и се потсетивме за минатото. Го прашав што треба да сторам за татко ми да го земам дома за Богородица. Ми рече-Миле ти е татко?-да му реков татко ми е. Тој е добар, рече син му на др. Шорко. Оди земи го и однеси го на рендген и со снимките дојди и потоа оди си. Кога ги донесов снимките ми рече да почекам за да ги види. Почекав пет-шест минути и еве го заменик шефот на заразно со жална вест. Нешто не е добра работата. На рендгенот изгледа дека нема туберкулоза, туку рак на плуќата. Јас му велам-И сега?-А тој оди види го управникот, па тој што ќе ти каже. Татко ми незнае ништо. Отидов кај управникот кој не беше со македонско име, но многу љубезен, ја виде снимката рендгенска и рече дека не оди далееку. Тоа не е ТБЦ, туку рак. Ние му дававме лекови против ТБЦ. Јас за погрешната дијагноза не се зафатив, затоа што толкава беше техникката за рак и брат ми пред две години умре од рак. Го замолив управникот со зборовите: друже управниче, кажете каде да го носам, имам услови да го лекувам во Франција, Шведска, Германија или кај ќе речете вие, а управникот со зборовоите: не синко, како на мој син ти велам да си го земеш татко ти дома, затоа што нема лек, не троши се за бадијала, се е многу доцна. Го зедов татко ми и отидов дома. Тој се чуствуваше добро, јас му спомнав дека докторите рекоа дека за кратко време ќе умре. Празникот Богородица го прославивме одлично како никој да не е болен, но ракот е таков некогаш, некогаш се осеќаш како ништо да не ти е, но некогаш умираш од болови, така беше и со татко ми се до 1 ноември 1979 година. За цело мое време во летото покрај родителите, цело лето работев на кошари поправајки ја нивата во Радојниве, така да направив една спална и кујна со огниште. За струја инсталирав за 12 волти што можев да ја земам од автото и ја зедов од автото. Се одеа работите како што треба, само здравјето на татко ми не се враќаше. Негде на почетокот на октомври татко ми и мајка ми правеле муабет за мене без мое присуство. Татко ми изразил голема желба мене да ме види женет пред да умре. Еден ден мајка ми ми кажа што правеле муабет со татко ми. Мајка ми не вршеше некои големи притисоци или сугестија за да се женам. Јас тогаш и реков на мајка ми дека ќе ја обавестам вечерва што ќе преземам за женењето. Имав голема желба да направам амерички живот во Курајца, а сега се јави тате со неговата желба. Тогаш јас и реков дека желбата од татета брза, а мојата желба може да се заврши и после откако ќе се женам. Но негативно. Кога се женев немав време за ништо освен за фамилијата. Решив да му ја исполнам желбата на татко ми. Во тоа време се забавував со една девојка 25 годишна, таман за мене, бидејки бев решил да не се женам за помлади од 25 години.

Соима Аврамоска беше мој кандидат во тоа време. Единствена пречка јас си мислев дека може да биде тоа што мајка ми е исто од Аврамоски. Јас другиот ден заедно со татко ми и мајка ми седнавме и чекаа да им кажам каква одлука сум направил. Јас им реков: јас сега одма да се женам, можам само со Соима и тоа изгледа во Радој Нивје. Татко ми се израдува, одразот на лицето му беше со полно задовлоство и рече: убаво момиче си избрал, збирај куќа. А мајка ми рече: такви роднини се сите во селото измешани, сите се женат така, не секирај се. Сето ова го реков без да ја прашам Соима. Знаев дека Соима ме сака и нема да ме одбие, си велев навистина. Со Соима направив муабет за земање и закажав ден во недела состанок во Радој Нивје, каде што мислев и да ја носам. Таа беше прилично помлада од мене, јас има 44 години, а таа 25 година, поради тоа знаев дека ќе има реакција од нејзините родители. Но од друга страна си мислев дека сигурно нејзините браќа ме сакаат. Татко и исто така ме обожаваше како добар, а едино беше мајка и и баба и и некои курајчани. Бидејќи татко ми беше болен не мислев да правам некоја веселба. Состанокот се одложи. Јас мојата вистина да ја кажам не успеав, а и таа ништо не се искажа. Тоа беше 8октомври, недела. Јас се подналутив и си реков дека за кратко време морам друга да најдам, за да не излезе дека лажам пред татко ми. Пак се сретнав со Соима во Летница. Таа дојде да ми се извини за вчера што не дојде, а јас заедно со Раде Андоноски, Станко Миленкоски и Ванче Аврамоски планиравме како да ја нападниме. Навистина нападот беше опасен, таа се извини што направила така за да не бидеме пријатни. На жалост си замина. Јас не сакав така да се заврши и му реков на Раде да излезе низ чаршија и да ја најде, па да ја донесе ако мисли дека е уште на старото. Така ојдовме после сите во ресторант ручавме и Соима самата рече дека таа ќе плати за сите, иако таа не сакаше ништо да јаде. Вечерта отидовме со колата до дома. Помина низ куќа и си отиде дома. Останаа уште два дена до 11 октомври и ние решивме на тој ден да се земиме. На 11 октомври јас си ставив во цитроенот ракија, сиренце и работи за поткаснување, беше осум часот навечер. На мајка ми и кажав дека сега ќе дојде Соима и ќе заминиме. Станко го зеде чифтето, а Соима со доцнење и со вардење да не ја види некој оставила написмено: јас заминувам, да не ме барате и дојде кај нас во комшилукот и одма ја влеговме во кола и заминавме на кошари. Таму беше се припремено, имавме кревет, струја од колата и се беше одлично. Ми се чинеше дека и животните што ги имав кобила со ждребе и четири кози, знаеја дека се дешава нешто. Добија нова газдарица. Ждребето беше старо две години. Му исполнив желба на татко ми да има добар крај. Тој ја пасел кобилата со добар коњ. Навистина ждребето беше многу убаво и паметно, јас го крстев Македон. Штом ќе ја слушнеше колата одма дотрчуваше со мене и галопираше. Знаеше дека ќе го оставам без мене, но се оставив на времето како ќе донесе судбината. Аврамовци одма после три дена се смирија и ме викнаа на гости кај нив. Дома ситуацијата со татко ми одеше само надолу. Му се појавија некои топки позади, па не можеше да лежи и морав да го носам во болница за да ги сечат. Навистина тие му ги исекоја, но болот на татко ми што го доживеја при операцијата на они месни топчиња дури мене ме болеше кога слушав како татко ми Миле вика: да даде господ и вас вака да ве мачат, како што вие мачите болен човек од рак. Со големи болови докторите го врзаа и без некаква медицина против болови наздраво го исекоа. Ми го дадоа одма без да речат нешто. Татко ми и покрај големите болови кога го прегледав се осети како подоздравен. Синко ќе пропадне и овој систем без чувства према човекот, а јас му велам сигурно тате нема долго да оди, доктори касапи. Јас го знаев Миле и ми рече: тебе синко ќе ти речам да ме сватиш. После тоа не помина повеќе од една недела и умре на 01. 11. 1979 година. Неговата желба му се исполни да ме виде женет и жена ми остана трудна. Дур беше жив му реков дека ако е син ќе се вика Филип. Тој знаеше за кој Филип се мислеше, бидејќи јас му кажував за таткото на Александар Македонски дека се викал Филип Втори. Татко ми Миле ми кажуваше дека се до Исуса Христа, Александар го сметале за господ на земјата. Дури ми рече дека евреите успеале од Исуса да му го преместат неговото тело и со пропагандата дека воскреснал со тоа се загаснал Александар да биде како господ, а на негово место се ставил Исус Христос. Миле Љушко беше човек кој не сакаше туѓо, а и не даваше свое. Беше многу за правда на вистината, беше противник на комунизмот. Тој не веруваше дека е дојдена слободата и дека има правда. Влада што ги земат имотите и сака да те води, тоа не е добар систем. Моите планови за фарма на калифорниски начин отпадна. Јас и жена ми Соима се венчавме на 13 ноември 1979 година. Таа од мене немаше никакво ветување или некакви муабети за во САД. Бидејќи јас се спремав за таму и таа незнаеше точно што ќе биде дури не се направија сите церемониии после шест недели од смртта на татко ми. Тогаш јас си размислив дека за мене ќе биде многу подобро да се родат децата во Америка и така ќе бидеме сите заедно. Затоа јас ја зедов до Белград кај американскиот конзулат да видам што можеме да направиме за виза и да ја запознам конзуларната служба дека сакам жена ми да добие виза за Америка пред да се породи. Се запозна со конзулот кој беше женска, не прими мене и жена ми со голема љубезност и со зборовите: ако ги имаш овие неколку документи одма сега ќе ти ја дадам визата. Јас и се заблагодарив со Thank you very much (Ви благодарам многу). Јас ќе ви ги испратам документите што стигнам во Америка. Се поздравивме со Good bye и thank you. На мајка ми и беше јасно дека ќе остане сама во Курајца. Сестра ми Цвета се наоѓаше уште во Курајца со нејзините деца Станко и Гина, но имаа и тие веќе своја фамилија, односно со Станко се женевме скоро заедно, а Гина една година пред тоа се мажи. Јас и реков на мајка ми дека мора да си одам во Америка, ќе ти ја оставам жена ми со тебе дури да и направам гаранција за неа. Најповеќе ми е жал за тебе што ќе останеш овде сама, но немој многу да се секираш, сестра ми Цвета и нејзиините се овде, па ќе ти се најдат. Таа рече: синко оди си побрзо, ќе ти требаат пари, не гледај ме мене и не секирај се за мене и за жена ти, нема да ја заборавиш бидејќи е трудна. Јас ќе гледам и тебе мајко да те земам и реков. Само здравје си рече мајка. Навистина после јас никогаш не ја видов мајка ми Сребрена. Кога се вратив со жена ми, Филип, син ми имаше 3 години, а Лидиа, керќа ми 1 години, тоа беше во 1984 година. Многу време немав појдено дома, иако кога дојдов дома не беше исто без мајка ми, која секогаш ми ја отвараше капијата да влезам со колата и ме прегрнуваше, тоа ми се виде малку како да се осеќам странец во свое село. Кога се вратив во Калифорнија после женидбата немаше многу работа во Америка. Економијата беше скрос пропадната, работа немаше. Претседател беше Џими Картер. На сите им беше досаден, сегде го фати криза. Надвор од Америка заглави со заложниците (хостиџити) во Иран. Цела америчка амбасада беше заробена во Иран. Се преговараше за пуштање и ослободување на амабасадата 366 дена. Тогаш Картер беше сменет после првите четири години. Покрај тешката положба за работа, сепак јас успеав да ја донесам жена ми од Македонија. Тогаш навистина почна нов живот. Соима дојде во мај 1980 година. Мешето и беше полно со Филипче. Го слушав како мрда во стомачето. Жена ми беше многу мирна и ништо не ја нервираше, се шетавме и го чекавме денот кога треба да се роди бебето, за кое бев сигурен дека ќе биде машко и ќе го крстам Филип. Се дури чекавме за бебето, дискутиравме за минатото пред и за женидбата. Тогаш Соима ми рече дека таа знаела дека ќе ја женам уште пред три години. Јас се смеев и и реков дека јас пред три години не мислев да се женам, а таа тогаш ми рече дека верувала во сон, Добринка Колеска Трајческа сонувала сон во 1976 во октомври дека јас сум и рекол дека ќе се женам за Соима за три години. Тој сон стана жива вистина. Јас се женев точно на 11. 10. 1979 година, после три години. Иако решив да се женам пред неколку дена од 11 октомври, но не успеав, уште за малку ќе се растуревме. Од реченото не се бегало. Жена ми си мислела дека секако јас Ќе ја земам по сонот, па си чекала. Се видувавме скоро секој ден и ништо да не научам. Никој за три години не спомна, после тоа сите почнаа уште повеЌе да веруваат во сонови. Дојде времето филип да се роди, на 24 јули 1980 година. Претходно Соима почна да покажува симптоми за породување. Ојдовме во болница и вршеа преглед, но рекоа дека горе е уште и може да биде уште една недела до породувањето. Се вративме дома со болови и напетост, уште незнаеме што да правиме. На Соима и беше прва бременост и незнаеме како се прави, сами бевме, немаше никој со кого да разговараме. За Соима тоа и беше трет месец во САД. Некако се издржа тој ден. Но ноќта поново отидовме во болница. Тие извршија преглед и пак не вратија и ни рекоа да си одиме и да не се плашиме. Се вративме дома и цел ноќ не спиевме. Дента на 23 јули Соима неможеше да издржи и отидовме поново во болница и решивме да не се враќаме назад. Беше попладне. Тие тогаш решија да и дадат кревет и ноќта ќе бидеме во болница. Околу десет часот вечерта почна да се припрема за породување. Дури на 24 јули после полноќ во 00: 45 часот се роди Филип. Јас бев цел ден присутен во породилничката просторија држејки ја Соима за рака, која со нејзината рака вршеше големи стегања на мојата рака. Јас ја ладев по челото и зборував на македонски да се ослободи и добро да се подготви да турка. Главата не се беше уште покажала и Соима почна да се губи. Тогаш сите се испалшивме и почнавме секој да се прихвати за својата работа. Јас викав: Соима врати се да го родиш дететето, Соима, Соима, а сестрите до мене и даваа кислород со големо појачување. После голема медицинска помош Соима се врати, ги отвори очите и машината покажа работењето на срцето нормално. Соима ме праша каде е детето, а јас и реков дека е во неа уште, уште е со тебе. Докторите рекоа да и речам на македонски да турка, така да и тие и викаа: Туркај, туркај. Бебето се роди, беше тешко 4, 800гр. Проплаче бебински глас, сите се насмеавме, а Соима беше многу изморена, но и ослободена и радосна што се врати да го роди бебето. Го зедоа бебето по име Филип, на мене ми дадоа една мала соба да преспијам, а Соима како мајка на бебето и следуваше соба. Пред да одам да спијам поседов со Соима да се промуабетиме за раѓањето. Јас и се заблагодарив за дарот за мојот роденден на 25 јули, а таа ме бакна и ми рече: знаеш дека јас за време на пораѓајот бев тргната да ве напуштам, до светлината што требаше да стигнам бев близу, одев низ некои мали шумчиња и се брзав да влезам во светлината. Како се вратив назад?-Се сетив дека ти неможеш сам да го гледаш бебето и така се вратив назад-ми рече. Леле колку ми беше пријатно одењето кон светлината, ти си одела кон рајот-и реков. Да не се вратеше ќе ме измачевме и цел живот на мене и на Филип ќе ни недостасуваше. Се прегрнавме со нажалени очи, и реков да спие, да се одмори и јас ќе одам да се одморам. Двајцата три дена не бевме спиени. Тогаш убаво заспав. Осетив викање на глас: Боб, Боб. Човек со бел мантил еден од болничарите ми вели: Извини Боб, мора да те пробудам нешто да те прашам. Со бебето нешто не е во ред. Јас одма се уплашив што тој ми вели. Не секирај се-ми вика, има амонија, но ние имаме лек, преку инекција ќе му дадеме, но ние бараме одобрение од тебе и од твојата жена. Таа имаше станато. Јас не се сложив со тоа, само што се роди и одма со инекции. Што ако се родеше во Курајца, таму немаше инекции. Ноќта во 1 и 30 часот пак си реков дај да ја видам жена ми, а на болничарот му реков да не става инекции. Тој после донесе уште тројца и дежурниот доктор да разговараат и да не убедат што побрзо тоа е подборо. Бебето се бори за спас. Јас и Соима рековме да го видиме бебето. Не однесоа кај бебињата и една сестра и го подаде на Соима. Соима му ја даде дојката на бебето и го подржа во раце 2-3 минути и мене ми вели: не, не плаши се Ббоб, види како цица, гладно е. Јас реков тогаш дека може да ја издржи инекциијата и и реков на сестрата дека може да му стави инекции, ама во помала доза на повеќе пати. Тогаш ние се вративме да одмараме. Утрото кога станавме на жена ми и донесоа млеко, а мене кафе и чекаме да не пуштат од болница. На ручек дојде докторот да ја прегледа Соима и рече дека бебето ќе го задржат во болница без мајка и татко бидејки уште не е оздравено. Жена ми рече дека таа бебето не го остава само овде. Докторот рече дека бебето може да остане, а мајката на бебето може да остане само ако има температура. И тогаш јас му реков дека жена ми има малку температура, задржете ја. Тој се насмеа и рече дека ноќеска може да остане, но утре мора да си оди навечер, а нека доага на сабајле да го гледа. Докторот рече: јас разбирам како е за македонска мајка бебето да го остави само. Ние немавме друг излез освен да чекаме. Соима го правеше тоа повеќе од три дена и после тоа го земавме бебето Филип, кој беше многу кроток. Тогаш почна нов живот, за Филип сега беше најважно се да има. Јас почнав да имам повеќе работа, а после тоа возење со жена ми и бебето. Филип уживаше да спие во возење и после се игравме со детските игри по Сан Франциско. Јас со Македонија и со мајка ми бев секој месец во контакт. После година од Филипч, мајка ми изрази желба дека сака да го види бебето. Јас тогаш неможев да правам толкав трошак, бидејќи немав работа па затоа жена ми ја пуштив со детето да ја види мајка ми и и дадов гаранција за да ја донесе во Америка и мајка ми. Навистина жена ми не сакаше да се врати така брзо и без пари. Јас во тоа време бев во Њу Џерси кај сестра ми Митра и зет ми Кирил. Сестра ми беше трудна со две близнаци, по две недели зборев со жена ми по телефон и јас ја прашав до каде се работите. Јас сакам одма да си дојдам, мајка ти не е болна како што пишуваа, а и не сака да доаѓа во Америка, туку ке оди во Шведска кај другиот син Танаско. Така Соима со детето се врати уште третата недела назад. Си отидовме пак во Сан Франциско. Во тоа време јас не можев да запрам да мислам за македонската вистина. Покрај ДООМ се јави нова организација во Њу Кастел во Австралија, излегло македонско списанија “Глас на македонците” близу до македонската вистина и македонската историја од минатото и сегашното, новата и во иднина да биде македонска, а не грчка или словенска. Јас се пријавив како претплатник на списанието и испратив еден членок за попчето, србинчето македонско, кое работеше во македонската црква во Њу Џерси. Членокот беше во оргинал, нарекувајки се српски поп и дека македонскиот јазик е српски јазик. Иако човек го слушнал тоа попот не признаваше дека рекол така. Ваквите попови од југословенска република Македонија ги добиваме ваму. После нецели две години од раѓањето на Филип Соима остана повторно трудна и почнавме со припрема на второто дете. Јас мислев дека и тоа ќе биде машко и ќе се вика Гоце, но се излажав, не бев толку сигурен како за првото. Жена ми сакаше да биде женско и таа победи. После девет месеци, на 1 март 1983 се роди женско дете, а името и беше избрано-Лидија. Истиот процес како и првото, во истата болница во Сан Франциско. Со неа беше полесно и побрзо раѓањето, освен на излегувањето околу вратот се врзала со папочната врвца па неможеше да излезе. Мораа прво папокот околу вратот да го пресечат па така го извадоа целото сино и јас си помислив дека е мртво. После кратко време докторите успеаја да го спасат и бебето пушти плач бебински, а Соима одма праша какво е?-Женско-реков. Дај да го видам-ми рече. За разлика од Филип, Лидиа беше наклонета кај мајка и, нејзе и веруваше и кај неа беше сигурна. Првите шест месеци беше кротка и мирна, немавме никакви проблеми. Но после шест месеци Соима реши да оди на англиски, а во истото место имаше и место и за бебиња, кои што ги чуваа за време на мајките кои беа отсутни заради англискиот. Почна бебто Лидиа да не спие, да не сака да се игра и само во раце сакаше да ја држиме. Сакаше да ја држи мајка и, кај други не одеше, јас со молење и со разни играчки за да ја придобијам да дојде кај мене. Ќе дојдеше, ќе ме гушнеше и одма ќе почнеше да ја бара мајка и. Поради сето тоа Соима мораше да престане да оди на настава. Лидиа исто имаше голема разлика од Филип кога ја одбивавме од цицање. Филип цицаше 15 месеци. Една вечер Соима ми рече: ќе пробам вечерва да не му дадам цицање пред спиење, па ќе видиме за утре сабајле. Си легнавме сите тројца заедно. Филипче на крај од кај мене ме фати со едното раче за прстот од мојата рака и си заспа. Апсолутно не побара ни цицање ни мајка му. Сабајлето стана мајка му прва да отиде до продавница да пазари за јадење и Филипче да не ја види кога ќе стане за да видиме дали ќе ја бара за цицање. Јас и детето станавме и јас одма му понудив авокадо. Тој ги јадеше авокадите, изеде една цела авокада, кое му го издавав со лажиче. После почнавме да се играме со играчките. Потоа таа дојде мајка му и одма му олупи банана и одма после тоа детето се гушна со мајка му и така Филипче почна сам да јаде наши јадења и формула јадења. За разлика од него Лидиа беше инаква и дури не можеше да свати како можела тоа нешто да го изгуби. Имаше 17 месеци. Сите бевме на одмор отидовме Курајца, Макеоднија. Соима со децата отиде пред мене уште во мај, бидејќи сакавме мајка да ги види децата, но не успеа, таа умре во март. Филип го виде кога имаше 18 месеци, а после тоа немаше шанса. Сега испадна да го види на 4 години и Лидиа на 15 месеци, но тоа таа не го дочека да ги види. Мајка ми умре во март 1984 година. Смртта на мајка ми и мене ми нанесе големи болови и секирации, особено што најповеќе ја сакав, а таа си отиде. Откако отиде во Шведска се мачеше повеќе сама и така не успеавме да ја видиме. Јас имав планирано да одам во јули, така и бидна. Јас кога слушнав за смртта на мајка ми почна да ме боли главата од левата страна. Во исто време се јави и големо свирење на левото уше, такви звуци ми зазуеја и неможев да се смирам, мајка ми да не ја видам повеќе. После една недела појдов на доктор, добив со препорака на еден пријател американец. Докторот ме прегледа целосно и ми рече дека не сум лош, а за болката и за свирењето ќе ме прати на специјалисти. Отидов прво за ушето, но не знаеја ништо а слухот ми беше добар. За главоболката од левата страна треба на специјалист невролог да одам. Отидов кај специјалистот за снимање и тогаш имаше дојдено и пронајдено нови скенери машини за снимање на главата со скенер. Еден саат траше снимањето. Докторот ми рече да си одам, а за резултати ќе го известам твојот доктор. Негде на почетокот на Април јас бев на работа, а Соима со двете деца дома и помалку се спремаа за кон Македонија. Јас обично секогаш се јавувам од работа за да видам дали е се во ред. Телефонирав и ја прашав што има ново. Тогаш ми кажа дека докторот се јавил и рекол дека е важно да ме види. Ја прашав: не ти кажа зашто, но рече дека не сакал ништо да каже. Го замолила дека таа ми е жена, за да и каже и треба да знае и тогаш докторот рекол дека се гледало на снимките дека има нешто и може да било тумор. Но, мора Боб да ми се јави и да дојде да се видиме. Јас се јавив одма и закажав посета за вечерта после работа. Отидовме заедно со мојот доктор кај специјалистот да ни ги покажа снимките од скенерот. Имаше разлика измеѓу левата и десната страна. Докторот рече: тоа е тумор и гледај што побрзо да се оперираш. Осигурањето ќе плати 80 проценти, а ти 20 проценти од сумата 54000 долари и јас тогаш му реков дека пред да се правам операција сакам да одам во Македонија, да ги видам роднините и пријатели. Докторот рече: добра идеја, но немој да се задржиш повеке од шест месеци. Јас си дојдов дома и и кажав на жена ми што рекоа докторите. Тогаш јас и реков дека јас од тумор ќе умрам, лек за тумор немаше и постепено се умираше. Тогаш и реков на жена ми дека јас нема да одам на операција, секако ќе умрам, зошто докторот да земи 54000 долари. И ѕвонев на сестра ми Митра во Њу Џерси и кажав што е со мене и ја прашав дали може да ми издаде стан за рента да се преселам со фамилијата таму, полесно ќе им биде отколку сами да останат во Калифорнија. Таа се сложи и рече во секоја доба дојди. Јас неможев одма да заминам. Прво жена ми со децата имаше карта извадено од Сан Франциско за Охрид, а јас требаше прво да дадам еден месец оставка на куќата што ја рентирав и после намештајот што го имам да земам со комбето да го однесам до Њу Џерси. Жена ми со децата замина за Македонија, бидејки картата беше извадена за нив. Јас после еден месец заминав за Њу Џерси и однесов се основно како и играчките за децата со комбето форд, кое беше старо и имаше уште сила во моторот. Стигнав кај сестра ми после два дена. По патот преспивав по малку во комбето, си мислев за мојата болест од Сан Франциско до Ирвингтон, Њу џерси. Пред да тргнам од Сан Франциско, после заминувањето на фамилијта, изгледав како збунет за мојот понатамошен живот. Еден ден застанав пред Москони центар, просториите јас кај што работев, со раширени раце и со поглед нагоре накај небото побарав одговор од господ: Господе зошто ме казнуваш, децата да се мачат, бев неженет доста години, зошто кога се оженив и деца ми даде сега децата без татко ги оставаш, јас сакам да ги израснам моите деца. Си отидов дома и зедов едно џоинтче за да се смирам. Почнав да рачунам колку ќе живеам, зошто од тумор може да се живее и до десет години. Јас тогаш рачунав дека Лидиа има една година така ќе има 11 години, а Филип ќе има тринаесет. Белки господ ќе ми даде да поживеам уште десетина години.

Конопва што ја земам за лек многу добро работи на моето тело, немам друг лек за тумор. Конопта ми дава апетит за јадење и ме држи весел, а веселоста е здравје и задоволство. Со веселоста можам мојот нерв во главата да го смирам и главоболките да ми поминат, а и свирењето на левото уше може ќе се запре. Со сите овие мисли дојдов до сестра ми Митра и зет ми Кирил. Ме примија, доста беа љубезни, ми ја покажаа просторијата и се беше договорено. Јас седев тука една недела. После заминав од Кенеди аеродромот за Белград и Охрид. Во Белград застанав на два дена, имав бартучед, воен пензионер Гоце Дервуш, му кажав дека имам тумор и дека секој ден имам болови. Добро е брачкото да ме однесе на ВМА (болница) да ме прегледаат, се плашам за децата, ќе бидат мали. Брачкото Гоце не сфати озбилно дека имам главоболки и свирење за ушето, туку одговори: добиените главоболки се од секирација за фамилијата. Таа вечер Војо, син му, со кој се имавме многу ме покани да одиме да ме запознае со неговата девојка и со нејзината мајка. Ојдовме дома кај нив, доста раскошен апартман со одличен намештај. Се запознавме, седнавме и почнавме со разговори со госпоѓата, на која не и го памтам името, ме праша што ќе пиеш, а јас и реков дека не пијам алкохол, дека имам главоболка и ушето ми свири и таа се насмеа и рече ти си како мене за виски си. Тури две чаши виски и мраз, ми ја подаде и со нејзината рече за наше здравје и ми рече сега слушај што ќе ти кажам за моево уше што свири. Јас бидејќи сум жена на амбасадор, на времето маж ми беше во Иран, јас бев таму и почна да ми свири ушето и ден денес ми свири. Бев кај сите високи специјалисти и нигде не најдов лек. Докторите ми рекоа дека ако застане само ќе престане може никогаш да не застане да свири, после 45 години може на секого да му се случи тоа. Тогаш ми дојде малку полесно да не се секирам и ја зедов чашата со виски и и реков: ајде да се чукниме за наше здравје и за здравје на сите. Другиот ден заминав за Охрид. Стигнав во Курајца, фамилијата ми беше таму. Куќата беше чудна без мајка што не беше жива, што умре и за малку не се видовме. Но Соима со децата ме дочека и се видов со многу луѓе, роднини, бидејки јас не бев појден пет години таму, но јас не можев да се смирам и главоболките не поминуваа. Една вечер ојдов во задругата и седнав со друштвото, кои сите пиеја ракија, одлучив да се напијам ракија бидејќи од вискито во Белград ми беше поарно. Испив две ракии и главоболките ми поминаа. Ојдов дома и и кажав на жена ми дека се напив две ракии и главата престана да ме боли. Жена ми ми вели поднапивај се понекогаш по малку ракија. Јас не го сакав алкохолот многу после сударот во Франција, но кога ќе помага нешто треба да го употребуваш. Почнавме да одиме на капење во Охридското езеро и со децата се игравме цел август. Лидиа беше 17 месеци и уште цицаше. Мајка и реши да ја одбие. Една вечер почна мајка и да избегнува да ја држи во раце. Јас повеќе ја занимавав и ја залажував и така на момичето почна да му се спие. Беше доцна околу 12 часот ноќта. Лидиа заспа и сите си легнавме да спиеме. Не помина ни еден саат и Лиде почна да плаче. Ја крена мајка и во раце, но момичето бараше цице. Мајка и вели дека нема цице и не е убаво да бараш веќе. Но Лиде тогаш почна да писка и да бара цице, цице. Мајка и беше храбра и издржлива да не и даде. Момичето неможече да се смири и почна да липа. Ништо друго не сакаше. Почна да удира по мајка и. Мајка и почна да и се смее и и рече: штом метепаш ајде оди кај татко ти. Тато и рече: ела си ти кај тато и момичето се залепи кај мене и липа. Се виде дека се одмара малку бидејки беше уморно од плачење. За тоа време мајка и стави малку пипер на цицката. Лиде се пододмори малку, но не заспа. Се одмори колку да земе енергија за поново за барање на цице. Тогаш мајка и рече дека цицето е палено (луто), еве пробај. Лиде мислеше дека може повторно да се храни со убавото бебешко млеко. Кога ја лапна цицката, писна и се опали многу со нешто што никогаш не мислела да стави во уста. Дојде поново кај мене, а мајка и и даде благо чоколадо да се ослободи од палењето. Се подсмири малку и поново и текна и пак бара цице, но не одеше повеќе кај цицето. Се раздени. Останавме без спиење, дента ојдовме на капење, а Лиде од време на време ќе почнеше да бара цице. Неможеше да свати како се сменило цицето во палено. Јас ја зедов во раце и и зборев дека нема цице повеќе, а таа ме гледа и си мислеше навистина што се случи. Држејќи ја во раце и реков сакаш да пробаш од цицето на татои Лиде одма на гради легна и почна да ме грицка, јас се засмеав а Лидиа ја пушти цицката и рече: Но цице. Така Лиде повеќе од месец се секираше за доењето и за цицањето. Каква разлика измеѓу Филип и Лиде. Филипче за еден саат заборави за доењето, тој тоа го видел повеќе за заспивање, а за јадење главно банани и авокадо. Дојде време да се вратиме во САД, но не во Калифорнија туку во Њу Џерси кај Толемановци. Почнавме многу добро првите три недели. Купивме почетен намештај, почнавме да бараме работа за жена ми, но не можеше да се најде. За мене беше добро. Јас имав работа и имав бенефиции за од биро да примам. После шест месеци ќе одев во Сан Франциско да заработам и пак ќе се вратам назад во Њу Џерси кај фамилијата, бидејќи не сакав да барам друга работа затоа што мојата работа беше платена по 22 долари на саат. За кратко време направив доволно пари за да живеам подолго време, плус не ја губам работата. Телефонски можам од Њу Џерси да прашам за работа во Сан Франциско. После немање работа за жена ми воопшто, Њу Џерси не беше Калифорнија. Сестра ми не го сфати озбилно мојот тумор. Тогаш јас се договорив со жена ми дека е подобро да се вратиме назад во Калифонрија. Народот во Калифорнија е многу љубезен и помоглив, па подобро ќе поминеме и за потака ако јас умрам, жена ми ќе се навикне до тогаш. Жена ми одма се сложи. Јас им јавив на Толомановци дека ќе се вратам во Калифорнија сам за да најдам стан за фамилијата и после и тие ќе се вратат и одма ќе се соедниниме фамилијарно. Заминав од Њу Џџерси во Сан франциско. Почнав да барам стан, не беше лесно да се најде стан во Сан Франциско. Јас најдов стан настрана од Сан Франциско во Сан Рафаел, 20 милји од Сан Франциско. После еден месец им јавив дека дека најдов стан и одма можат да дојдат. Тие едвај чекаа да се вратат во Калифорнија. Животот со сестра ми им се претвори многу во непријатен. Жена ми и сестра ми се искарале така да цела фамилија не зборевме седум години. Животот во Калифорнија почна одлично, јас почнав да работам, а жена ми со децата. Тогаш почнавме да бараме да купиме за да имаме наша куќа. Жена ми тогаш ми даде голем морал за да купиме куќа, таа ќе може да ги чува децата во куќата. Јас имав собрано пари за да дадам капар и не беше тешко да се купи куќа. Куќа баравме да купиме негде околу Сонома Каунти. Беше полесно за децата да растат и за школување, па затоа отидовме уште дваесет милји потака од Сан Рафаел, местото се викаше Паталума. Работата моја сега беше оддалечена 40 милји од моето живеалиште. Јас добив голем морал за животот и одлучив да не мислам повеќе на туморот туку на мојата работа и фамилија, како и за Македонија. Овие три работи ги зедов за моја обавеза. Пари имавме, децата растеа, животот беше мил. Јас се сеќавам кога ќе дојдев од работа Филипче и Лидиа едвај ме чекаа, гушкаа и викаа тато ајде да играме монстер (чудовиште). Јас никогаш неможев да ги одбијам, напротив јас почнував со монстерски гласови и рикања: ГРРРРР, ГРРРРР и слични. Филипче и Лиде почнуваа со уплашени урликање и јас почнував да ги барам, затоа што се криеја низ собите. Навистина после пола саат играње ми беше потребен одмор, а тие: тато уште сакаме, но јас им викам тато е уморен. Чуствував како многу ме сакаа децата, а и јас нив. Се чуствував како да сум Филипче и гледам како јас растам. Во 1987 година Соима, жена ми, со децата после две години отидоа на одмор во Mакедонија за да го усовршат децата македонскиот јазик. Јас покрај работата што ја вршев за егзистенција на фамилијата исто се бавев и со контакти со македонската емиграција во САД, Канада, Европа и Австралија. Пишував и добивав одговори, а се беше за да ја откријам вистината за Македонија. Во 1988 година македонската емиграција од САД и Канада направија организиран јавен протест пред зградадата на ОН во Њујорк. Овој протест беше организиран и направен по повод од 75 годишнината поделба на Македонија, која поделба беше направена на 10 август 1913 година. Македонскиот национален комитет од Торонто го организира на овој датум овој протест. МНК пушти повици на секаде по светот. Јас исто добив повик во Калифорнија. Повикот гласеше: Повик, МНК го повикува целиот македонски народ да земе учество на големиот општо македонски народен протест на 10 август 1988 година пред зградата на ОН во САД. Протесет се организирал по повод на поделба на Македонија од 1913 година. На овој протест јас отидов со кола, возев од Сан Франциско до Њујорк и се задржав една недела. Отидов пет дена пред протестот. Пред да почнат протести беа организирано говори во хотелот Шератон Њујорк. Салата беше се декорирана со македонски пароли, слики, знамето со сонце со 16 зраци. За програмата и начинот на изведување како декоратор беше одговорен Љубиша Ѓеоргиевски, кој имаше потреба за човек кој се разбираше од декоративната работа. Јас се запознав со него и му кажав дека сум декоратор и ми ги даде сите материјали за декорација и ми рече дека ќе дојде персоналот од хотелот, работници, кои ќе ми помагаат мене. Дојдоа десет работници кои беа грци, кои таму работеа како стални работници, за сите скоро работи што требаа во хотелот. Донесоа еден црвен тепих и 10 на 100 фита и никој не прашуваше никого кај треба да се постави. Јас го прашав одговорниот грк на групата, кој му кажа дека тука треба да биде тепихот, мене ми треба 4 фита према масата и им реков да го потргнат наваму. Тој тогаш на работниците им рече на грчки бегајте, што сакаат нека прават македонците, југословените. Љубиша се побуни и рече што направи, не можеме без нив да работиме. Јас му реков: Љубиша не се секирај, сигурно сега главниот ќе дојде и јас со него ќе разговара, јас сум исто јунион декоратор и знам како стојат работите. Не помина кратко време навистина еве го главниот на работниците, бригадер и праша: што е проблемот, а јас му реков дека нема никаков проблем само треба тепихот да се помери. Тогаш тој рече колку работниците ти требаат и му реков дека само еден, а другите девет се почудија. Тогаш тој праша кој сака да работи и еден се јави доброволно да работи. Тој беше егеец. Ја завршивме работата на време. Љубиша беше задоволен и јас му дадов на работникот две мајци-една со Гоце Делчев и една со Македонија. Беше многу задоволен бидејќи тој неговото чувство го држеше скриен од грците. Беше многу задоволен што бев упорен бидејќи му реков на гркот ако несакате вака одете си. Јас бев одлучил дека сам ќе ја декорирам цела сала. Имав работено 20 години декорација дотогаш. Дојдоа поодговорните на врвот на организацијата. Љубиша почна да прави список, кој ќе се јавува на говорницата. Тука беше присутен и Јордан Плевнеш, кој рече: Љубиша запиши го Стефанец, кој е дојден од Калифорнија на овој значаен протест. На жал не дојде до мене да ги поздравам дојдените макеоднци и да им кажам за која вистина јас сум. Љубиша пред да ме стави во листата ми рече: не смееме ништо да зборуваме против Југолсавија и Македонија. Тогаш јас се насмеав и си помислив дека македонците се далеку од својата цел за вистината на Македонија и македонците. Тогаш јас му реков на Љубиша: јас не гледам дека некој е крив за Македонија освен СФРЈ и СРМ, но тој ми рече-извини Стефанец, но неможеш така да зборуваш. На говорницата излегоа доста говорници со стари говори. Мојата цел беше да се растури тоа лажно братство и единство во СФРЈ иСРМ, Југославија беше доста јака и подржана од многу земји во светот. Тито и Лазо Колишески ја знаеја ситуацијата за Македонија и македонците во Грција и Бугарија, и знаеја за поделбатата на Македонија но никогаш КПМ не се слушна пред светот дека и дури постојат, ако никој не бара права неможе другиот да му ги даде, па затоа јас сакав да кажам дека Драган Богданоски се наоѓаше 13 години затвор во Идризово за пишување на вистината за Макеоднија и за правата на македонците во Грција, Бугарија и Албанија. Ништо. Јас само се замислував дека ќе им треба уште доста време на македонците да се освестат од занесеноста на неосвестените македонци. Од управата на МНК ме праша секретарот Симе Пандески дали можам да им продавам маици на гостите што значи да се наоѓам на видно пролазно место за да заработат пари за трошоците. Мислам дека сите маици ги продадов тогаш и парите ги дадов на претседателот на МНК- Гордан. На забавата беше присутен и македонскиот ценет револуционерен глумец Петар Темелковски, кој го глумеше многу Јане Санданскии, неговите збориови за повик на народот во борба против отоманската империја. Другиот ден беше закажано за јавен протест пред зградата на ОН. Протестите беа добри, но не беа точно пред ОН туку еден блок улици подалеку со разни пароли испишани и држани во раце цело попладне на 10 август 1988 година. Тогаш се направи список со потписи за ослободување на Драган Богданоски, кој имаше уште 5 години затвор од 13 вкупно што требаше да ги одлеже во Идризово. За цело ова време делагацијата на македонците се наоѓаше во ОН за предавање на декларација за барање на правата на македонците во Грција, Бугарија и Албанија. Делегацијата ја сврши работата, а ние македонците се поздравувавме со секој од кај што дошол. Јас имав долг пат да возам од Њујорк до Сан Фрабнциско, 3000 милји. За мене возењето беше како одмор, па затоа бев дури доста задоволен што се враќав назад кај фамилијата. Бев десет дена отсутен, децата беа уште мали и си недостасувавме едни на другите.

Америка во тоа време вршеше големи притисоци на рускиот систем за да го уништатт СССР. Во тие години СССР беше во борба со Авганистан со десничарите што ги помагаа САД. На САД претседател беше Роналд Реган, голем анти комунист. Почна да организира СТАР ВОР (војна). Русите кои беа повикани на тоа не презедоа обврска на такво такмичење, бидејќи беа осиромашени од Авганистан. Во тоа време се случи умирање на тројца лидери комунисти, диктатори, Брежнев, Андров и уште еден само што влезе и умре. Сето ова се случи за две години. На чело на руската КП секретар беше Михаел Горбачов. Тој се покажа за неспособен да може да ја одржи СССР, па прогласи прво педостројка (да ја преуреди), па после отстапување на Германија, рушење на берлинскиот ѕид и после пропаѓање на советскиот сојуз и негово растурање. Титова Југославија беше готова да се распадне после смртта на Тито во 1980 година. Југославија не можеше да опстане економски. Западните банки не знаеја на кој човек да имаат поверение за да го земат за сигурен како Тито. Мислеа дека Слободан Милошевиќ ќе биде тој, но тој не беше претседател на Југославија после Тито, туку имаа по едно годишно менување од сите републики, затоа чекаше момент кога ке се растури Југославија. Покрај сето тоа Запад поново во 1989 година му додели кредит од 17 милијарди долари. Тогаш парите дојдоа во рацете на Слободан Милошевиќ и Анте Марковиќ, главен економист. Од по една милијарда им се подели на републиките. Не се видоа другите пари, само Слободан знае што направи со тие пари. Во 1990 година Југолсавија се растури. Жалосно беше што така едноставно се дојде со одлука да се распадне за растурањето на Југославија, се правеа повеќе анализи и претпоставки. Прво Слободан во 1989 стана претседател на Србија и тогаш јавно се изнесе против уставот на Титова Југославија, што ја оштетил со две автономии-Косово и Метохија и Војводина, па поради тоа правата на Косово, Метохија и Војводина им се определија. Во тоа време Словенија се спротистави на такво нешто односно непоштовањето на југословенскиот устав и најави отцепување од федерацијата. После тоа брзо се појавија и хрватските националисти и тие за референдум за отцепување. Македонците, црногорците, босанците и србите не се имаа определно. После Македонија најави дека ако Хрватска и Словенија се одвојат и ние ќе се одвоиме. И навистина во 1991 година и македонците се изјаснија со референдум со 95 проценти за отцепување. Во 1990 година се појавија многу партии. Драган Богданоски се пушти и излезе од затвор и организира ДПМНЕ со симболот ВМРО. За жал Драган не прифати одговорност за време на ДПМН и сите работи ги предаде на партијата и го назначи Љупчо Ѓеоргиевски како лидер, сметајќи го за еден доста млад и силен македонец. Но, се излажа во тоа. На телефон со Драган доста разговарав односно се расправавме за Љупчо Ѓеоргиевски. Јас го кривев Драган како му дал доста големо поверение на така неискусен политичар. Драган не сакаше да зема директно работа, одлежа 11 години затвор, му ги разнишаа нервите да може да биде на одговорни места затоа се повлече назад во Шведска, каде ќе се одмори и работи со емиграцијата. Но на жал Драган Богданоски умре на пат према Македонија да среди некои работи. Умре во возот. Дури за телото на Драган не се знаеше и чие е и после утврдени податоци се утврди дека е македонец и така се погреба без почест на ДПМН и на Љупчо Ѓеоргиевски, во неговиот роден крај кривопаланечко. Драган Богданоски со отварање на една демократска партија ВМРО ДПМНЕ ја оствари идејата на Гоце Делчев, ВМРО и на демократски начин за едно македонски национално едниство. Во првото гласањње ВМРО ДПМН доби повеќе од 75 проценти гласови. Требаше тие да стават свој претседател и влада, да прават собрание што беше готово од ВМРО ДПМН. За претседател Драган не сакаше да прифати затоа што од затвор веќе не беше здравствено способен да се бори со обврска, а имаше и преку 60 години. ВМРО го предложија тогашниот владика. Тој прво прифати, но после одби без објаснување и оправдување. Во тоа време Перо Гошев, заден секретар на КПМ со помош на Црвенсковски и Киро Глигоров направи Социјалистичка партија и социјалистите го повикаа Киро Глигоров за претседател на Македонија. Во тоа време Глигоров му понуди влада да створи на Љупчо Ѓеоргиевски. Тој одби и прифати да биде заменик на претседател на РМ. Бидејќи Љупчо одби, Киро му понуди на Петар Гошев. Но ни тој не успеа да направи влада, со причина Киро му ги предлагал кандидатите и Гошев затоа одби да створи влада. Тогаш на ред беше Бранко Црвенсковски босанецот, кој беше дојден во Македонија од Сараево, Босна. Тој створи влада и таа влада ја дотера Македонија да се бори за своето лично и сопствено име Македонија. Економијата комплетно се промени, фабриките во комунизмот се третираа од работниците цело време и им припагаа на работниците. Кога пропадна комунизмот комунистите им ги предадоа фабриките на директорите и пријателите, а на работниците ни пари ни работа, ни фабрики. Како комунистите имале право да им ги одземат стоката и имањето од народот, а после да ги измамат еве ви фабрики за имањето и на крај и фабриките им ги одземале и ги оставија со голи раце. Покрај сите лоши економски незгоди што се случуваа и надворешната политика не напредуваше. Прво кога се растури Југославија, сите југословенски републики, освен Црна Гора и Србија, Западна Европа ја прогласи Македонија за пример како доби на мирен начин независност и пак не ја признаа за независнот, како што го сторија тоа за Словенија и Хрватска. Зошто тоа се случуваше?-Сетоа тоа се случуваше затоа што комунистите веруваа во Титова Југославија. Кога требаше Македонија да се декларира како Македонија од секогаш за секогаш, на комунистот Киро Глигоров, кој работеше во сојузна скупштина, кај него немаше ништо друго туку југословенизам, а македонско познавање само тоа што го стекнал во југословенизмот. Тогаш Киро донесе закон сите македонци, кои се наоѓаат надвор од Македонија, надвор од своите граници немаат право да бираат и да бидат бирани без десет години живеење во Македонија, а сите оние кои живееја во југословенските републики можеа да бидат бирани. Што значи дека сите оние кои беа во југословенските републики беа чисти македонци, кои беа принудени да бегаат од својата земја и тие македонци живееја во демократскиот свет, го познаваа системот демократски капиталистички и за Киро не беа македонци, од целиот свет да си земаат македонски државјанства да види светот дека има македонци, а не Киро и неговата администрација, а од друга страна дозволија 200 илјади југословени од Србија и Албанија да добијат македонско државјанство, а македонците од надвор неможеа да добијат државјанство. Тоа е за одговорност. Тука малку се уважуваа македонското југословенска политика. Во македонското собрание долго време се расправаше за знаме и навистина дојде до 16 зрачно сонце за знаме од времето на Филип Втори Македон. Киро не беше толку многу задоволен иако знамето се вееше пред ОН. Тогаш светот рачунаше на вистинска Македонија и македонската историја на макеодниците, а не на Грција, Албанија и Бугарија. Македонија во ОН е примена под името Република Македонија и етничкото македонско знаме со 16 зраци сонце. Но Америка и Западната Унија не ја имаат признато официјално, бидејќи Грција виде дека мора да ја примат Македонија и да ја измени македонската историја од времето на македонското кралство на Балканот, а после и на целиот источен свет. Македонците молчат, ништо незнаат и што да прават, се плашат и не знаат на грчка како да и се спротистават. Не се познаваа. Прво претседателот Киро, кој се изјасни дека тој бара наше признавање од југословенското постење, но Запад доста добро го познава целото ВМРО и сега поново се јави и сонцето го зедоа за симбол на македонскиот народ да ја претставува Република Македонија. Почнаа да вршат приотисок на Грчка да попушти. Македонската поделба не е толку далеку, уште има живи луѓе, Македонија до поделбата како не била Грчка, а после била под Грчка. Тогашен претседател на САД беше демократот Бил Клинтон. Во неговиот кабинет работеше Стефанопулос, грк и ги обавести во Грција дека САД е готова да ја признае Македонија, подобро смирете се и најдете решение. Навистина има доста грци во демократската партија, но пак од вистината не се бега. За тоа време Грчка ги затвори границите со Македонија. Со затворањето на гранциците во северниот дел од Грција односно Егејска Македонија почна да расте голема инфлација, дури до 33 проценти што значи осиромашување на Грција. Тогаш грците му се обратија на Клинтон со барањето од грчка страна да се смени името, знамето, уставот и ќе ги отвориме границите со Македонија, Скопје да не подржи. Клинтон му рекол дека не сака да се почне војна на тој дел од Македонија зошто може да се случи на сите страни, а американците мислеа дека македонците ако треба и крв ќе дадат за македонската независност. Грците неможеа повеќе ни да бидат затворени бидејќи инфалцијата достигна за 18 месеци за тоа кратко време до 33 проценти, а Грција се плашеше да не настане кај нив економска криза. Им рекоа на американците ќе предложиме името Поранешна Југословенска Република Скопје смена на знамето и дел од уставот и скопјани да не бараат за правата на македонците во Грција. На ваквиот предлог на Грција Киро ја прифати таа понуда со задоволство што се смирил со Грција и не гледајќи колкава штета ќе им нанесе на Македонија и македонците и нивното признавање. Тогаш во тоа време грците зазедоа став према Македонија да не се употребува името Македонија нигде. Киро кој сакаше да се спријатели со грците, ги повика да дојдат во Скопје и со министерот за надворешни работи се договорија, грците ќе не ословуваат во вашата земја, значи Киро во Скопје мора да ја нарекува нашата земја Скопје. Киро не знаеше да застане зад историјата македонска и вистината, требаше прво тоа да го стори а после да види како ќе се одвиваат работите. Затварањето на грчката граници за македонците не претставуваше некоја голема опасност. Грција за македонците беше тешка и непожелна да ја минуваат границата. За таа македонска-грчка криза Турција и понуди на Македонија војничка и економска помош за да не се покори пред Грција. Грција поради инфлацијата во Егејска Македонија беше принудена да ја отвори гранцита. Киро место да се спротивстави на Грција и пред целиот свет да рече дека е македонец и не бара ништо друго од признавање на македонците и Македонија со своето историско минато и византиска христијанска православна вера како и отоманската имеперија, напротив тој јавно го измами македонскиот народ дека го сменил името во ПЈРМ привремено за два-три месеци. Јас се прашувам зар претседателот на РМ неможеше да почека пет-шест месеци да се менува името. После десет години македонците не можеа да им објаснат дека поделбата на Македонија во 1913 година не е правилна. Денес Грција го стопира македонското име со извинување дека тие ја имале Македонија и така се плашат од македонската историја и ќе си припадне на Македонија. Грцијте не кажуваат дека таа Македонија им припадна од договорот што го сторија со Бугарија, Албанија и Србија што го сторија. Македонија била цела. Филип Втори целиот Балкан го направил во еден балкански сојуз. Зошто Грција се сложила да ја дели Македонија ако мислеја дека е нејзина пред да дојдат да го истераат отоманскиот окупатор за слобода на браќа македонци хртистијани после, а после војната браќа делители, тука е вистината за Македонија. Благодарејки на Џорџ Буш, претседател на САД, по добивање на претседател во вториот круг на 11. 04. 2004 година, одма првиот ден беше признавање на Република Македонија, земја од Александар Велики Македонски. Грција уште се мавташе со договорот на Киро Глигоров. Македонците се надеваа на Бранко Црвенсковски дека нема да биде толку како пиле страшливо иако е наследник на Киро Глигоров. Македонците и РМ не смеат да се одречат од македонската историја од времето на Филип Втори Македон и неговиот син Александар. Тогаш нивната аристократија како Арисотел и сите визнатиски владетели од македонска византија. Со други зборови од секогаш и засекогаш Македонија.

Треба да се погледне наназад за да се види дека благодарение на Филип Втори и Александар Трети Македонски и нивната слава е врежана во нашите срца и стои до ден денес. Друга Македонија се створи во Крушево или Крушевската Република, која постоеше 10 дена и покажаа дека Македонија одсекогаш за секогаш, не мислејќи дека ќе биде поделена Македонија од нашите комшии, населени на балканот, од позади да го делат македноското живо тело на грчко, српско, албанско и бугарско под изговор на многу нечовечки и криминален начин дека нема македонци. Да имаш толку лакоми комшии да можат цел свет да го убедат да верува во лагата дека нема македонци, а благодарение на демократијата и правата секој еден индивидуалец сам е голем борец за човековите права и ни ги даде нас на македонците правата и им кажаа со тоа на целиот свет дека доста беше лажна Македонија. Гоце Делчев во неговиот живот рекол во 1903 година дека ако Македонија остане цела под една балканска сила ќе дојде време да се ослободиме, но ако не поделат измеѓу себе ќе бидеме слуги на балканските земји со една нога таму-ваму односно Белград, Софија и Атина. Гоце Делчев ја намирисал политиката на србите, бугарите и грците и со зборовите дека Македонија не им припаѓа на бугарите, србите и грците и ниту на која било друга нација туку си припаѓа сама на себе.

Во 1990 година Југославија беше на распад. Јас тогаш со жена ми и децата се договоривме да купиме куќа во Охрид и со намера да се вратиме во независна Македонија.

До денес 2005 година Македонја не се исправи од грците што ги направија и Киро Глигоров и неговата администрација. За сите тие работи и Македонија ќе напишам повеќе понатаму. Сега да се вратиме за мојот приватен фамилијарен живот.

Децата кога и да одеа на одмор во Македонија се чуствуваа повесели и позадоволни. Во 1989 светот се промени. СССР се растури. Рускиот комунизам наеднаш капитулира. Светот се спремаше да се комунизира, а испадна обратно. Светот ќе се демократизира. Начинот на САД е демократија. Човекови права за секој човек посебно. Благодарение на притисокот на Америка светот се демократизира, а од друга страна уништување на секој диктаторски систем, демократијата за самоискажување така и ние македонците дојдовме до свое определување за демократкска Република Македонија. Беше по американска демократија и ние го добивме тоа постоење со македонската историја на македонците. Тоа го очекувавме уште во времето на Народна Република Македонија во 1945 година комунистите да го сторат, а Југославија да го подржува, а не САД тоа да го стори по 60 години.

Во 1990 година поново жена ми со децата, Филип и Лидиа отидоа во Охрид на одмор, уште во мај со намера јас во август да отидам и да останам до септември. Жена ми, која мислеше за враќање назад во Македонија застана да најде куќа во Охрид. Така во 1990 година купивме куќа некомплетно завршена. Јас бев уште во Америка. Жена ми ми се јави за да ми даде абер дека пазарила куќа. Тогаш јас требаше да донесам капар готовина. Тоа беше јули. Јас зедов карта до Париз, таму се задржав десет дена каде го посетив мојот пријател Вуле, кој беше во бизнис хотел зафатен. Си поправивме муабет за Македонија, за нашиот живот и видување разликите самец и женет. Вуле имаше големо задоволство уште да останам, но јас се брзав за Охрид и Курајца, каде што ми беше фамилијата уште во мај. Се ближеше 24 јули роденденот на синот Филип. Во идејата за останување да останам повеќе во Париз бидејќи тогаш беше 22 јули, а до 24 морав да стигнам на роденденот. Вуле ми позајми кола пежо 304 караван. Јас морав да возам без застој бидејќи немаше сила за повеќе од 90км на час, но се придржував а и на препораките на Вуле да не одам повеќе од 90км. Во Франција нигде не одморив освен на бензинските пумпи за бензин да ставам. Вечерта ја преминав Франција се до Италија дури до Милано каде што решив на поголем одмор. Беше поголема бензинска пумпа на автопатот со голема продавница со мешана роба. Тука најдов боксерски ракавици за деца и ги зедов за 11-от роденден на син ми Филип, топка фудбалска и други ситници. Јадев добро, се освежив и одморив неколку саати. После продолжив према Трст за југословенската граница. Трст го поминав негде околу изгрејсонце сабајлето. Немав никакви проблеми со граничарите, со малку застој брзо поминав. Од Трст имав решено да кратам се по Далмација покрај Јадранско Море. Бидејки намеравав да ја посетам Меѓугорје, едно село на хрватско-босанската граница. Многу се зборуваше за тоа село дека се појавила Света Богородица кај некои момичиња. Му кажувало дека ќе има војна и да се борат за мир. Дотогаш немав возено низ Далмација покрај Јадраското море. Навистина се одушевив од убавината на природата и се каев што претходно немав поминато низ таа Далмација. Немав доста време да се задржувам, беше 23 јули, патот беше двосмерен и тесен и неможеше да се вози брзо. Кога го поминав Сплит почна да се темни. Јас решив да возам до Меѓугорје и таму да преспијам па другиот ден да продолжам. Не се исполни моето планирање. Стигнав до Макарска од тука имаше пат да се скрени до Меѓугорје, но во моментот врнеше опасен дожд и јас одлучив да продолжам кон Дубровник. Што ќе правам во селото Меѓугорје на таков дожд. Ме фати ноќта и останав на пат во врнежливо време. Не бев уморен туку не можев да возам на дождот па одлучив на патот да застанам да се одморам и јас и колата. Стоев до кај два часот по полноќ и пак тргнав накај Дубровник. Возењето ми беше добро и сигурно. Сабајлето стигнав во Дубровник. Беше мирно, немаше многу народ, по некои отворени кафулиња и по некој далматинец. Седнав, нарачав кафе и јадење. Се брзав да го видам Дубровник. Имав и камера и снимав некои работи. Од Дубровник не ми се ни одеше одма, но морав вечерта да стигнам во Македонија, Охрид. После го напуштив Дубровник и си реков дека на враќање со фамилијата ќе разгледаме повеќе. Продолжив кон Црна Гора, во Херцег Нови не застанав, продолжив кон Бар, каде застанав да ручам. Некој непознат човек ми нарача кригла пиво. Келнерот ми вели: Те части оној човек и ми го покажа човекот. Тој ми смавта со раката и ми рече дали можам да дојдам до твојата маса. Го видов дека е некој крупен човек, но добро расположен и го викнав. Седна до мене, се запознавме, ме испраша од кај идам, кај одам и дали има туристи во Хрватска. Туристи навистина немаше тогаш. Југославија се спремаше за растурање. Кој сте вие?-го прашав. Јас сум црногорец од Бар и ме праша дали одам према Бар. Да, одам до Бар-му реков. После морам да скренам према Косово за Скопје. Дали може да ме земеш со тебе и јас ќе ти платам карта до Бар. Јас незнаев ништо за брод, кој ми објасни дека патот се крати за многу, прифатив да дојде со мене. Во мене имав многу пари околу 13 илјади долари, од кои 10 илјади скриени, а другите по џеповите и не помислив да дојде нешто лошо. Стигнавме до Бар. Беше после пладне. Човекот навали да одиме кај него дома за да видам кај живее. Покрај сето тоа дека се брзав морав да останам зашто неможев да се ослободам од љубезниот црногорец. Се договоривме на десет минути да бидам кај него. Влеговме во еден стан, кој беше доста добро наместен. Ме запозна со жена му, седна на каучот и ми рече: еве препеченица. Јас седнав и тој зеде чаши и шишето со препеченица и рече мораме за добре дојде дома да се напиеме, а на жена му е рече да стави нешто. Јас одбивав и пијачка и јадачка. Среќа жена му работела попладне и требаше да замине на работа, па исече некоја пршута за мезе и ми рече дека има место за спиење, немора да се брзам. Остани ми рече, утре ќе си одиш. Јас му се заблагодарив и станав готово да си одам. Тој ми рече: на враќање да дојдеш со целата фамилија да поседиш повеќе на една недела кај мене. Сигурно ќе дојдам и тргнав кон Титов Град. Цело време си мислев зошто овој човек фаќаше пријателство со мене. Знам дека дискутиравме за политика и растурање на Југославија. Дали заради моите кажувања за лошата политика за владата на Југославија, зошто и тој самиот го критикуваше Слободан Милошевик за непризнавање на Македонија. Патот према Косово беше тесен, угорници, кривини и не дозволуваа брзо возење. Попладнето ми помина многу брзо. Пред да заминам од Црна Гора ме казнија за брзо возење, казната беше 20 дол. Но јас немав динари, а и немаше место каде да заменам. Почна голема кавга измеѓу мене и полицајците. Ми го зедоа пасошот американски. Сонцето зајде. Едниот полицаец што го зеде пасошот ми рече дека нема да ми го даде пасошот дури не платам и дека банка нема отворено до понеделник. Беше петок. Почна да ме нарекува издајник југословенски, јас му реков дека јас сум македонец и не ме интересира Југославија. Тогаш тој ми рече: ама ти си бил порано југословен, а јас му реков дека сум бил присилен југословен, а американец доброволно со љубов го зедов државјанството, и ич не ми е гајле дали ќе ми го дадеш или не, а пасошот сам ќе ми дојде во Македонија. Отидов до колата, ја запалив, која беше се оладила. Имав надеж дека уште ќе стигнам во Курајца за роденденот на син ми Филип. Бидејќи претходно му реков дека патиштата им се лоши и слаби и пак да барат пари и зашто со нив не ги поправат патиштата, тие се разлутија, а едниот сакаше да се тепа со мене, но јас се воздржав. Кога се вратив од колата назад и пак решив да се вратам кај нив да го побарам пасошот. Едниот, подобриот полицаец стоеше надвор од колата на спротивната страна на патот и јас право кај него. Го замолив со 20 долари да ми го даде пасошот и ми рече ништо да не зборувам оти колегата негов бил многу лут и за малку фалело да ме нападне физички. Се сложив и му подадов дваесет допари за казната, која изнесуваше двесте илјади. Отиде кај колегата и за неколку минути ми го донесе пасошот со зборовите: Пазете во Косово. Штом влегов во Косово видов неколку албанци и ги прашав за Скопје како е побрзо да се оди, дали преку Титова Митровица и тогаш ми рекоа да не ја викам Титова туку Косовска Митровица и ми рекоа да одам по десниот пат за Скопје. Навистина према Скопје стигнав брзо, зедов безнин и тргнав кон Тетово. Пред Скопје се најдов измеѓу два камиони. Успеав да го избегнам сударот со едниот камион, кој идеше наспорти мене и кој настојуваше по секоја цена да ме стаса на неговата страна при изминувањето на другиот камион. Сум имал среќа. Навистина Курајца стигнав ноќта во 12 часот сите спиеја. Едвај ги пробудив за да отворат. Жена ми веќе имаше пазарено куќа во Охрид. Друиот ден отидовме сите заедно за да ми ја покажат. Беше сама и на убаво место, но недовршена. Се стори пазарот, потпишавме договор, јас капарот му го дадов. Газдата беше од село Oпеница, а преселен во Aвтралија. Преку овластени лица се заврши сета работа набрзина.

Дојде време Mакедoнија да стане независна со референдум и по волја на македонците 95 проценти се изјаснија за независна самостојна Македонија. Одма не беше најдобро во Македонија за комплетно враќање. Прво оние што се наоѓаа надвор од Македонија се направи закон да немаме право да бидеме бирани и да бираме. Бевме прогласени како непожелни во Македонија, бидејќи не сме живееле во југословенските републики. За мене тоа значи дека оние што се македонци немаат право, а оние што се југословени имаат право. Ние знаеме дека во таква Југославија немаше македонизам само југословенизам, титовизам. Тогаш јас се разочарав од таква Македонија, дури и да не веруваш дека не се македонци. Вистината на водачите на Македонија не се за сите македонци на оваа земјина планета. Ние знаеме дека свесните македонци ја напуштија СРМ и Југославија. КПМ нигде никогаш не се јави пред светот да побара за правата на македонците во соседните држави, иако Тито се бореше со докази на други нации со југословенска помош за нивно ослободување како на пример Алжир, Тито со бродови им носеше оружје што дојде до прекинување на југословенско-француските дипломатски односи поради тоа што Тито ја помагаше Алжир од ослободување од француската окупација.

Сега да се вратам на одморот во Охрид. Кога заврши одморот во Охрид се вративме во САД. Почнавме секој со своите обврски. Јас тогаш уште позасилено почнав со работата и Македонија. На жена ми бизнисот и одеше добро, а и јас имав исто доста работа. Така да почнавме во Охрид понабргу да одиме на одмор. Во 1995 година јас отидов во Мелбурн, Австралија, после 35 години да ја посетам Австралија. Таму имам две сестри и преку 200 фамилии курајчки. Беше убаво, со големи измени на разни работи во Мелбурн, нов свет и скоро се ново, освен во центарот на градот. Инаку Мелбурн беше многу изграден со разни работи. Тогаш уште не беа како големиот мост, паркови и слично, до душа не најдов ни еден човек од оние во времето на 1960 година што се познавав па дури имаше и некои улици изменето со преправање и други проекти. Многу ми беше жал што не го најдов мојот пријател Милан Чеси. После шест недели одмор поново со мојата фамилија бевме заедно во Петалуна, Калифорнија. Тоа беше зимата во 1996 година. Се зафатив со работа и цела година работев. Другата година 1997 година исто не планиравме да одиме во Охрид. Работев до јули, се сеќавам работев во Москони центар, поставувавме шоу за градежни работи на куќи и други работи и другиот ден се отвараше шоот. Во пет часот се бараше сите овде да работиме додека не се заврши во ноќта. Сите отидовме на еден саат на вечера и во шест сатот пак на работа. За мене тоа беше пресуден петок. Сум имал среќа што сум жив уште. Јас си носев секогаш јадење во колата така да не морав да одам да купувам јадење, туку директно одев во мојата кола. Кога отидов до колата, која беше на улица паркирана, јас од кај тротоарот свртев позади и од кај уличната страна се спремав да отворам и нешто се случи само што јас ништо не осетив освен брза помош и гледам луѓе во бело. Ги запрашав што се случи и тие ми рекоа дека автобусот ме удрил. Тогаш еден ми ги даде клучевите од колата и една визит карта од некоја женска која работела на радио и го видела случајот. Јас се чудев како можел толку близу да ми се доближи автобусот и толку силно да ме удри и никако не можам да се сетам како и на кое место бев. Од тој судар бев три години без работа, под биро и со боловање. Оштетен бев во рамото и три години имав главоболки. Во 1999 година судењето се заврши, јас добив 24 илјади долари од вкупно 65 илјади. Другите ги зедоа докторите и адвокатот. После три години главоболката престана, јас се оправив прилично и се осеќав добро за да почнам со нормална работа, бидејќи децата уште учеа. Во 2000 година 28 јануар ми се случи срцев удар (инфаркт). После еден месец работа, се случи скоро смтен случај на истиот датум 28 јануар 1968 година, како во Франција што се случи сударот, што го имам веќе опишано. Со слика од несреќата одново извадена самиот удар не ме уплаши толу колку што ме заболе. Ми пронајдоа запушени артерии. Сум имал среќа што жена ми набрзина ме однесе на хитна помош па ме задржаа пет дена, а за тие пет дена ослабев шест килограми. Ми направија стенд бај на две места и на медицина да бидам доживотно. Февруар, март и април бев на боловање. Жена ми цврсто одлучи јас одма во мајот да одам во Охрид. Во мај 2000 година заминав во Охрид и до септември седев таму за да се поправам и навистина се поправив доста, се видов со доста луѓе, фамилијата и пријатели, а и навистина запознав доста нов млад свет. Овде морам да спомнам за фамилијата од мојата сестра Цвета, најстарата сестра, постара од сите деца на Сребрена и Миле. Цвета уште живееше во Курајца со нејзиниот маж Секула Миленкоски. Сестрата имаше четири деца-едно машко и три женски. Кога се врати во 1976 година прв пат од Америка сите тие живееја во Курајца. Тогаш Рајна и Тана беа мажени, а Рајна и нејзиниот маж Ѓуро имаа два сина Сашо и Митко (комунистчина), Гинка и Станко беа испод дваесет години. Мене многу ме поштуваа и скоро секој ден бевме заедно, а тогаш беше и секретарка на младината. Јас со младината тогаш бев зафатен со моето ширење на македонизмот и Јунајтед Балкан. После дваесет години Станко и Гинка имаат свои деца. Станко и Јованка, жена му имаа еден син и две керќи-Александар, Магда и Ана. Гинка и нејзиниот маж Цане Неделкоски и неговиот татко Цветан, беа мои добри пријатели. Исто и тие имаа две керќи Весна и Маја и син Гоше, мој пријател. Јас исто кој што се преселив во Охрид, до мене е мој комшија Дервушоски Целе прв братучед. Тој умре, но неговите деца Иљо и Перо, многу блиски со мене останаа. Сега децата на Илија и неговата жена Јованка се доста блиски мои пријатели и доста време сме заедно. Така да јас сега се чувствувам како да растам со младиот свет, а после моето искуство му го раскажувам на Диди. Во Охрид исто останаа мислам не се иселија фамилите на мојот брат Митре Љушкоски, кој го загуби животот млад на 38 години од убиството на едне милицаец удбаш, тој ја остави неговата жена Ламбија и три керќи Сребрена, Родна и Николина и еден син Цветан. Така мојот живот почнав да го живеам во Охрид лете, а зима во Калифорнија. Најдобар другар ми беше Даниел-Диди и Тони. Со Диди 20 години најмалиот брат во куќата бевме по цел ден заедно. Некогаш на плажи, а Диди многу ме ценеше и поштуваше, а и многу ми помагаше. Се познаваме од неговите десет години и секоја година се поголем и поголем растеше, а денес е снажен, голем и поголем и од мене. Секогаш го викав мали Диди, а сега го викам мој боди (телохранител). Откако ја купив куќата 1990 година во Охрид мислев одма да се вратам, но се случија многу работи на територијата на комунистичка Југославија. Светот мислеше дека Југославија е прилично цивилизирана, беше фалена, убава, писмена, спортски развиена, братство и едниство неповредливо, Југословенската Народна Армија (ЈНА) да ја чува границата и однадвор да не може никој да не нападне. Југославија требаше на мирен начин да се договори и секој да се интересира за својата република и нејзината независнот со ненавредување на своите комшии, републиките се безгранични внатре од Македонија до Словенија и соеднинување со Албанија, Бугарија па и Грција. Како Романија, Унгарија, Австрија и Турција па и ние да ја соединиме цела Источна Европа и да се обединиме сите заедно со Западна Европска Унија. На жал не се најде таков демократ, комунист да ја поведи целата југословенска нација во една балканска источна европска комуникација. Капитулирајки во едно демократско обединување Југославија беше лидер на сите комунистички држави од Источна Европа. Од многу убави работи што требаа да се направат во Југославија се избра најлошото, пролевање крв за ништо. Дојде до ништење на стекнато на тој заеднички живот до 45 години. Се се заборавило од пролеаната крв во Втората Светска Војна. Јас ги пратев војните што се водеа во Хрватска измеѓу ЈНА, само Србија остана по патот на присилно одржување на Босна и тамуЈНА водеше огромна војна и така се случија сите пролевање на југословенските територии. Се покажаа ѕверски комплетно невојнички, нецивилизирани против едно братство и едниство. Тоа е несватливо, борба за земја и непризнавање на некого за негово постоење, а го гледаш пред себе дека постои. За мене е жалосно да се бориш за да ми ја земеш земјата, тоа е крадење на слабиот од појакиот да можеш да земаш. Од друга страна секој знае дека земја му е потребно едно метро со два, а може да биде и запален па да не му треба ни толку. Постоењето не може насилно да ти се отмит (земе), чуството секогаш е твое национално постоење. Зошто војни да се прави за да го присилиш некого да не е македонец туку да биде бугарин, грк, албанец или словенец. Ако македонецот имал македонско чувство тоа чувство треба да биде негово, а не да му се натура чувство од некој друг. Народот вели на сила можеш да му земиш, но не и да му дадеш. Чувство нити се дава нити се зема, тоа е душевно. Грците немаат свое чувство. Тие чувството го добиле по името на државата што е направена во 1829 година. Грците со грчко чувство неможат да ја освојат македонската историја и да се бранат јавно пред светот, да шират пропаганда дека македонците не постојат и дека немаат право на својата македонска историја и на македонско чуство туку на друго грчко чувство. Името Македонија е останато од времето на Филип Втори и Александар Трети и е врежамо во нашето срце и не е избришливо, засекогаш Македонија и македонци. Овде сакам да ја кажам вистината за Македонија и македонците, дека тие се македонски македонци и така се чувствуваат, а не како словени или бугари и турски, грчки македонци туку како македонци македонски, староседелци на својата земја.

Јас го гледам историскиот исказ за македонците на сите времиња на минатото и ми дава на знаење дека македонците ја прошириле нивната писменост и јазик низ цела Источна Европа уште во времето на Александар, а подоцна во Византиската Македонска Империја и новиот јазик со ширење на христијанството, слава така наречена право славо што значи религија што се бори за љубовта, мирот и вистината на православна религија. Кога Александар ја поминал реката Дунав оставил таму македонци што останале на живот со векови. Тоа за мене е стварање на македонски фамили околу Црно Море така се додека не налетале на германците и скандинавите од северо-западот. Исто после одобрувањето на Александар сите македонци кои сакаат да се вратат назад во Макеоднија, со себе носеле големи пари кои ги добиле од македонските војувања од целиот источен и среден исток се до Индија. Тие македонци војници, некои се вратиле преку Црно Море наидувајќи таму исто на македонци па многу одма не се вратиле туку останале со нив засекогаш. После од север скандинавските народи почнале нагло да се спуштаат кон југ поради полесен живот за храна и други климатски услови. Но во тоа време македонците биле славни и една од најголемата империја со голема цивилизација и со чувениот македонски филозоф Аристотел. Така да овие што доаѓале од север и запад се бореле да земат нешто од напреднатите македонци и славниот Александар Македонски кој многу во него верувале како во господ се до раѓањето на новиот син на господ Исус Христос.

За човештвото на целиот свет од нас македонците исто и Европа доби се доброволно, а не присилино со војнички опкупации, со тоа мешање на народите од северо-западна Европа за еден живот направен на цивилен начин. Тие ги прифатиле макодонските јазични и други мирољубиви работи на цивилен начин. После комплетното потпаѓање на Макеоднија под римско ропство животот се изменил. Римјаните за непослушност применувале една од најтешки методи за мачење на смрт. На македонците и сите други народи што живееле под Римската Империја им се отежнал животот. Војнички неможеле да се замисли да се ослободат од тоа римско ропство, кое ги цедело народите со давање на разни големи даноци или порези. Македонците паѓајки под римско ропство мораа да се помират со таа судбина и понатака да продолжат со создавање на свои фамилии под римски услови и закони. Годините минуваа, а многу македонци се учеле да влезат во таа римска цивилизација. Некои од нив постанувале да бидат на високи функции па и генерали. Римјаните исто доста присвоиле од македонската цивилизација и од големите војнички македонски вештини. Тешкиот живот на македонците под римското ропство се чекало на сила да направи преврт на доминацијата на римјаните. Навистина после стотина години векови од римското владеење се родил Исус Христос и се прогласил за син на Господ. Навистина неговите чуда што ги правел со оздравување на болесни луѓе, проповедање на љубов и мир на сите народи и верба во Господ. Такво нешто не им се свиѓало на еврејската црква и имале страв за нивната религија, па евреите успеале да ги убедат римјаните да го распнат на крс. За нас македонците тоа било една од приликите да се ослободат од римската тиранија, христијанската религија да се легализира. Уште во почетокот на христијанството македонците почнале да се борат за вербата во Господ и христијани со права слава. Бидејќи римјаните воопшто не сакале да чујат за слободно христијанство и права слава, многу македонци биле погубени од римјаните. Така тоа траело повеќе од три века. Како што споменав порано дека римјаните ги земале некои учени македонци за нивни генерали па така во 4-от век во новата ера за нивни главен генерал на Источната Римска Импшерија се нашол македонецот Константин Трети. Тој бил многу паметен и силен војсководач сличен на Александар Трети и најпрво решил да ја легализира христијанската религија во православна, што значи да биде права и славена религија на цела Римска Империја, западна и источна. Неговото видување преку сон дека подобро ќе владее со верба во христијанската православна вера отколку со крв пролевање. Во тоа време тој прогласил слободно христијанско движење, исто така тој за главен град го земал Византин со споменување на името во Константино Поле, а самата империја во Византија по името на градот Византин. Оваа негово царство може да се нарече Македонско Визнатиско Царство. Целото тоа царство ги заземало териториите на македонското царство за време на Филип Втори и Александар Трети. Во старото пред римската доминација македонците започнувале масовно да ја слават правата слава на религија во тоа легализирање на христијанството. Тоа било за цела Римска Империја, Западен Рим, Источен и Константино Поле. Источна империја бил со два говерменти (влади) и секој си имал обврска да си ги плаќа таксите и секој е обврзан за економијата на својата држава, да си ја има на свој терет. Македонците почнале да бидат вистинските борци за христијанството да се прошири низ цела Европа. Со ширењето на христијанството за македонците и на другите народи што живееле на Балканот, што беше за време на Филиповото царство останаа заедно и сите ја зедоа православата. Националноста почна да не се споменува. Само се споменуваше дали си христијан, а православни сите биле во тоа време се до почетокот на 11-от век. Тогаш дојде до непослушност од Рим и барање за отцепување од православната во католизам. Во времето од 4-от век до денес сите оние кои останаа православни со ширење на православата на македонски јазик, сите тие работи и како надиме, прекар добија славјани поради ширење на самата христијанска слава. Но, бидејки македонците први го започнаа, тоа се се ширеше на македонски јазик во земјите кои дотогаш не беа писмени како Русија, сите источно еврпоски земји, Полска, Чешка и други. Ние знаеме дека во тоа време се појави една држава Моравија, народот од таа држава побара нивно славјанизирање. Моравскиот цар Ростислав во 8-от век побарал од Константино Поле да му испрати голем број христијани, да ги славјанизираат народите на Моравија. Се претпоставува дека Константино Поле му испратило околу 5000 христијани на Моравија и околу неа на барањето на моравскиот Ростислав, Константино Поле му испратило просветители. Во тие просветители се славните имиња на македонците, браќата Кирил и Методи, Свети Климет и Свети Наум Охридски. Тогаш Рим се уплашил од македонскиот старо црквен јазик за да не се прошири низ цела Западна Европа. Рим му наредил на моравскиот цар Ростислав да ги прекине тие славјанизирања инаку ќе биде уништен, но тој не се откажал од примање на православието. Тогаш Рим им извршил напад на Моравија и целата ја растурил, а на учителите на православата се мачени до смрт. Во тоа време голем борј од славјанскиот народ избегал на Балканот, кај што биле на сигурно. Тогаш се смета дека дошле словени од 4-от век од позади Карпатите во Македонија. Тоа не е точно дека имало таму словени кои дошле во Макеоднија и ги словенизирале македонците напротив македонците биле први кои ја славјанизирале постепено од почетокот на појавата и легализирањето на христијанството во права слава. Тоа е доказ дека со црквениот македонски народен јазик цел Балкан и Источна Европа се прошириле. До тогаш немало свое писмо кај другите источно европски народи, но поради учењето на христијанството господовите молитви морале да ги учат на македонски јазик. Некои грчки симпатизери пишуваат дека Визнатиската Империја се служела со грчки јазик. За мене тоа е неразбирливо и несватливо кога знаеме дека на цела Источна Европа се зборувало македонски или славјански поради славата што значи дека црквениот јазик на православата, славјани нема по националнсот или некоја држава освен Византиското Македонско Царство што ја шири православата од зборот слава бидејќи сите македонци си имаат и своја фамилијарна слава како Свети Никола, Света Пречиста и други свети слави имаме ние македонците. Нормално кај македонците ако правиш нешто и така може да те викаат на пример ако си колчар колци правиш, опинчар, клучар и се така на некого по таков прекар му останува како име за секојдневна употреба. Така е и со македонците славејќи ја верата православна слава славиш, славјанин си постанал. Славјанин си слави слава. За време на македонско балканските држави на Балканот се створија нови држави со исти народ на териториите на Илирија се створи Хрватска, на македонската Србија, после се створија Бугарија, каде навистина навлегоа преку Дунав на Тракија кои беше со тракејци и македонци, кои се служеа сите со македонскиот јазик и притоа бугарите монголци војници вршеа многу напад на визнатиските територии. Византија дури и да изгуби бидејќи Рим им се ставаше на располагајне на монголските бугари како би ја вратила Византија под римска контрола, но бугарите во задните напади беа послаби, а сакаа да се населат на Балканот на Тракија па побараа мир. Мирот беше потпишан со тоа бугарите да се право славјанизираат и да подлегнат под славата на Константино Поле. Чудно е дека имале право да бидат под Рим затоа што Рим ги помагал. Тогаш бугарите ги учеле молитвите на старо македонски јазик на кириловата азбука, па така комплетно се славјанизирале и го заборавиле својот мајчин јазик. Непостои логика бугарите да не се македонци, кога зборуваат македонски јазик, кој се зборувал пред многу години пред да дојдат бугарите на Балканот. Бугарите се задоени со македонскиот јазик, писмото, православната вера како и сите други работи-македонската музика, носија и друго. За македонците нема нигде во ни еден временски период дека биле комплетно уништени. Ова Византиско Македонско Царство го нарекувам затоа што уште во 4-от век со стварањето на Византија почнал Константин македонецот, па се до пропаѓањето во 13-от век. На власт на Визнатиската Империја биле од македонска династија и тоа е историско докажано. поради македонската династија можам слободно да ја наречам Македонско Византиска Империја. Тогашни држави кои постоеле тракејци, епирци илири, атинци, сите биле византејци, не останале ни едни од тогашните да постојат ни ден денес освен македонците, кои не има на целиот Балкан. Сите другите се славјани со помош на православната религија и македонскиот јазик, кои останаа за сите македоно- славјанци. Дури се знае дека Васил Втори е македнец, византиски цар. Од друга страна се јавува друг македонец Цар Самуил, кој заземал голема територија на Балканот и се борел против Васил Втори, но тоа повеќе било за религиско отколку за национално царство. Тоа било христијанско православно царство. Но, кога почнал муслиманизмот да се јавува на исток, Византија почнала да ја губи контролата на тамошните територии. Христијаните се преселувале на запад, а едни од тие народи се и албанците од кај западниот брег на Каспиското Море се доселиле на Балканот баш на западниот дел на Македонија, на источниот брег на Јадранско Море. Види етничка карта каде се наоѓала Албанија_____КАРТА__________. Албанците поназад Грција, Бугарија, Србија, Хрватска, Словенија, сите тие се новата историја односно при крајот на Отоманската Империја. Пред доаѓањето на Отоманската Империја на Балканот се појавил Цар Душан од Србија. Територијата славјанска била под Византија. Успеал да ги зазеде сите Самоилови територии дури и Солун и цела Тесалија, па мислел и дури цел Балкан да го зазеде. Сите овие работи се случиле затоа што Константино Поле било заслабнато од војните што се јавувале на Исток, а исто и Рим вршел разни организирање како да ја растурат Византија уште во нејзиното прогласување за Византија со Константино Поле. При крајот на Византија, западот односно франките и венецуелите со помош на Рим тргнале кон заштита на Ерусалим, бидејќи таму имало војни измеѓу христијаните и муслиманите. Но франките и венецуелите место Ерусалим тргнале на Константино Поле, така да во тоа време териториите на јужниот дел од Балканот како дел од Македонија, Тесалија, Атина и се на југ се наоѓало преку 200 години под франките и венецуелците. Тогаш атињаните се организирале, но си ја задржале православата. Многу македонци богати од Константино Поле почнале да се селат во Франција, Англија и Шпанија како не би го изгубиле богатството од Отомаската Империја. Со тие преселувања на богатите македонци и династии, македонците почнале да слабеат, а другите се повеќе се зацврстувале.

КРСТАЧКИТЕ ВОЈНИ.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...