25.9 C
Ohrid
понеделник, август 4, 2025
ПочетнаМакедонијаВо една ноќ направив 360 документи – од Македонци ги пишавме Бугари....

Во една ноќ направив 360 документи – од Македонци ги пишавме Бугари. Едно момче не се напиша…малеееее… страв ми е да зборам…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Баба Илинка од петричкото село Боровичене близу границата со Македонија во репортажа на Бугарската телевизија (БТВ) се сеќава на 1965 година, кога Македонците ги пишувале Бугари, како и за односот кон тие што не го прифатиле тоа.

<

Прилогот на БТВ насловен „Како Бугарите и Македонците живеат заедно во погранично село Боровичане“ го пренесуваме во целост:„Додека двете влади на Бугарија и на Северна Македонија се обидуваат да постигнат консензус за политичките прашања, живото на обичните луѓе што живеат непосредно до нашата граница со Северна Македонија целосно ја отфрла темата за конфликтот меѓу Бугарите и Македонците.

40 души. Толку останале денес во село Боровичене на само неколку километри од границата со Северна Македонија. Тивко е. И покрај чувството дека времето е замрзнато како студот надвор, тоа си го продолжува својот од. Баба Илинка исто така се обидува да го запре времето, за да се врати во него – кон оние времиња кога селото требало да се нарече ‘македонско’, а потоа – ‘бугарско’.

‘Јас бев повереник. Првата работа што ја завршив како повереник беше во април 1965 година. За една ноќ им направив документи на 360 жители на Боровичене. Од Македонци ние ги напишавме Бугари. Едно момче не се напиша Бугарин. Го претепаа, му го сменија пасошот’, раскажа баба Илинка.

Пасошите и имињата зсе менуваат, границите исто така, но не и чувствата меѓу луѓето.

Луѓето велат дека не виделе ништо лошо едни од други и според нив сè се политички игри.

‘И Бајрам го тераат заедно, и нашите пости на Велигден ги тераат заедно. И ние тука сме такви. Само времето нè дели со еден час. Ние сме си браќа.

Ниту границата, ниту власта, ниту политиката не можат да ги искоренат идентитетот и историјата.

Си тргнуваме од Боровичене кон Софија. На посета на жолтата калдрма е новата македонска влада.

Политичарите зборуваат за уште едно зближување, нешто што луѓето, како 40. преостанати во малото село, одамна го имаат направено“, вели репортерката на БТВ, Антонија Јаворова.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Лишени од слобода две лица од Дебар поради пукање на семејни веселби

Лишени од слобода две лица од Дебар поради пукање на семејни веселби На 04.08.2025 во 00:15 часот во Дебар полициски службеници од Полициската станица...

Ново светилиште во охридско, Пецаков донира икона за црквата „Св. Атанасиј“

Убав и радосен ден за Охрид и Лакочереј! Денеска се освети црквата Св. Атанасиј Александриски во село Горно Лакочереј која сега стои како ново духовно...

Мицкоски: Го осудувам националистичкото скандирање во Куманово, иако искрено не го ни забележав

Премиерот Христијан Мицкоски го коментираше навредливото и националистичко скандирање на мечот Македонија-Романија во Куманово. Премиерот рече дека Кошаркарската федерација на Македонија и Општина Куманово...

Скопјанец почина по пад од тротинет.

Скопјанец почина по пад од тротинет. Случајот во полиција бил пријавен изминатиот викенд. -На 02.08.2025 во 09:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека...