32.9 C
Ohrid
понеделник, август 11, 2025
ПочетнаМакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Бугарија подготвува нови услови за Македонија, а власта молчи

ВМРО-ДПМНЕ: Бугарија подготвува нови услови за Македонија, а власта молчи

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На повидок е нов дебакал на предавничката влада предводена од Димитар Ковачевски во дипломатијата. Повторно нови услови и нови документи од страна на Бугарија кон Македонија. Вчера новиот прв човек за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков, најави нов документ за исполнување на задачи за Република Македонија, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

<

„Не беше доволно предавството кое го направија со прифаќањето на Протоколот и рамката за преговори во кои ги внесоа билатералните односи, сега ни се подготвува нов документ со нови услови и задачи кои треба да ги исполни државата.

Додека јавно првиот човек на бугарското МНР зборува за нови услови, Ковачевски, Османи и Маричиќ скриени во глувчешка дупка, молчат за она што се подготвува во Бугарија.

Ковачевски, Османи и Маричиќ треба веднаш да одговорат што содржат овие нови документи, кои се новите барања и услови?

Додека се обидуваа од петни жили да ја убедат македонската јавност дека со Протоколот се затвораат сите услови и барање од страна на Бугарија, за нецел месец, повторно добиваме нови услови и нови барања за исполнување.

Нема крај на предавствата и продажбата на македонскиот идентит, историја, јазик и култура на Димитар Ковачевски, Бујар Османи и Бојан Маричиќ.

За крај на сите предавства со потребни брзи парламентарни избори и референдум за граѓаните да го искажат своето мислење за предавствата кои ги прави оваа ненародна власт“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„Тетка Доста, една од најомилените во општина Дебрца, замина во заслужена пензија“

Денес во општина Дебрца се собравме по повод еден значаен и емоционален момент – испраќањето во заслужена пензија на нашата колешка,соработник,пријател– нашиот и мојот...

Пред да исчезне во водите на Охридско езеро објавил фотографии

52-годишниот жител на Пловдив, Илија Танчев, е Бугаринот кој исчезна во Охридското Езеро. Во петокот тргнал кон Охрид, објави 4NEWS.mk На својот Фејсбук профил објавил...

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...