16.9 C
Ohrid
недела, јуни 1, 2025
ПочетнаМакедонијаОсновачи и активни членови се оградуваат од Левица Охрид: Таму владее диктатура...

Основачи и активни членови се оградуваат од Левица Охрид: Таму владее диктатура која ја нема во ниту една друга партија. (ВИДЕО)

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

„Критиката“ викаат неразумните – била тешка за примање, а тие кои ја давале истата биле омразени и маргинализирани , додека разумните ја користеле истата за добивање на компетитивна предност. Критикувањето како форма на комуникација има за цел да даде повратна информација на оној кој извршува или прави некоја работа за оној кој критикува .

<

Ние, Бивши и сегашни членови на ЛО Левица Охрид, симпатизери, гласачи и Активни членови, членови на КТ на ЛО Левица Охрид, членови од почетоците и основањето на ЛО Левица Охрид уште кога ЛО немаше ни канцеларија, членови кои беа жртви за ЛО и го направија тоа што беше до пред нецела година, Членови кои беа изложени на секакви политички притисоци но сепак истрајуваа само огранокот да се развива во тоа што беше, Членови кои денови и ноќи работеа на терен за Охрид и за ЛО и безусловно и несебично повикуваа на сплотување и растење на ЛО се оградуваме заради недостаток на внатрепартиска демократија дискриминација и негативна селекција од сите политики и дејствувања или недејствувања и пасивност на ЛО на Левица Охрид на чело со ВД Модераторот и уште многу мал број на членови пред се деца кои се изманипулирани и сеуште несвесни на неговата неспособност.

Во ЛО Левица Охрид моментално владее една диктатура која ја нема во ниту една друга Партија во Македонија…
Во ЛО Левица Охрид се распуштаат членови искажувајќи го својот патриотизам или спомнувајќи ја Шарената револуција на која некои од нив и беа учесници во истата, и со таа револуција и го донесоа ова зло што и деси на Македонија преку платените и корумпирани структури на СДС и соросоидите.
Распуштани се членови кои повикуваа на црвена а НЕ на шарена револуција со цел да се спречи еден од најголемите фалсификати во Македонија, Пописот…кој беше едно меѓу многуте зла после промената на светото име Македонија, Двојазичноста, Тиранската платформа, Македонскиот Идентитет, Македонскиот Јазик, Македонската Азбука и Македонската Историја, за крајно да ни се деси и Бугарија со Францускиот договор.
Цело ова зло се случуваше пред пасивноста и неспособноста на ЛО Левица Охрид, одбегнуваќи ги овие клучни теми за Македонија.И што е уште поиронично, додека Македонија ни се распаѓаше ВД Модераторот свесно или несвесно во зависност од неговиот капацитет на знаење ги спомнуваше семафорите кај ОУ Христо Узунов,
Санкционирани се членови кои цела ноќ пишувале реакции,а им биле одбиени со образложение од страна на ВД Модераторот дека биле блиски со президиум, за да ги задоволи апетитите на некои Охридски ненаситни парољубци кои ја злоупотребуваат општинската или јавната функција и се богатат врз грбот на Охриѓани.
Сите ние сакаме да истакнеме дека во ЛО Левица Охрид непостои простор или можност за конструктивна критика или било каква дебата со надмените во внатре партиската хиерархија, каде има најголем број исклучени членови и каде владее диктатот како во ниедна друга партија во Македонија.
Сите овие активни и неактивни членови кои макотрпно и секојдневно ги размножувавме и повикувавме да ни се придружат, ВД модераторот без никаква грижа на совест ги распушташе, ги паузираше или ги отстрануваше, ги делеше и ситнеше само со еден телефонски повик без при тоа да се свика дисциплинска комисија што е најнормално во една демократска партија нарочито левичарска – за што и нашите предци знаеле и се бореле, се вели во соопштението испратено до медиумите од активни членови и основачи на ЛО Левица Охрид.
ОХРИД24

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ексклузивно: Пејачката Марија Луиса доживеа тешка сообраќајна незгода, момeнтално е хоспитализирана

Како што дознава Шило Магазин од своите канали познатата пејачка Марија Луиса доживеала сериозна сообраќајна несреќа денес во Скопје. Според првичните информации, инцидентот се...

Две охриѓанки се кубеле за коси, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 31.05.2025 година во 18.35 часот, , на улицата „Винковачка“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со карање и тепачка помеѓу Д.К.(63)...

Филипче: Да си ја земеме државата назад, да ја вратиме на вистинскиот пат !!!

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на трибина на Социјалдемократската младина на Македонија во Струмица, посочи дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е...

ЕФА бара Бугарија да го признае македонското малцинство

Кршењето на правото на здружување и мирно собирање, говорот на омраза и дискриминацијата на која се изложени Македонците во Бугарија се засноваат на националистичката...