13.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаАвтопатот Кичево-Охрид до никаде – помина август, а ниту делот кај Требеништа...

Автопатот Кичево-Охрид до никаде – помина август, а ниту делот кај Требеништа не е пуштен во употреба

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Се наоѓаме на автопатот Охрид-Кичево, кај местото Требеништа во близина на аеродромот во Охрид. Овој дел од автопатот требаше да биде пуштен во употреба на почетокот на август. Ова го најави самиот министер за транспорт и врски, Благој Бочварски, но како што може да се види, иако влеговме во септември, оваа секција не е во функција. Но, не само што не е пуштена, туку веќе не се ни работи интензивно, како што најавуваше своевремено министерот, вели репортерката на ТВ21, Салије Садику.

<

Согласно плановите на министерот Бочварски, овој дел од автопатот уште пред еден месец требаше да биде функционален. Имајќи предвид дека помина цел месец, се обративме до Министерството за транспорт и врски, со цел да дознаеме до каде се активностите и зошто автопатот не е пуштен во употреба. Од овој ресор, прстот во вперуваат кон компанијата која ги изведува градежните работи.

До овој момент се пробиени околу 95% од целата траса, а процентот на реализација на работите на делот кај Требениште-Подмоље е 75%, односно остануваат уште 2 км да се доасфалтираат. Имаше оправдани причини кои ја успорија работата, но со моментално засиленото темпо на работа се очекува забрзување на процесот, велат од Јавното претпијатие за државни патишта.

Ниту од Министерството, ниту од Јавното претпријатие во своите одговори не открија детали -кога ќе профункционира оваа автопатска делница?!

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...