18.9 C
Ohrid
недела, јули 27, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев по повод Денот на демократијата: Денес одлучуваат тие кои гласаат, а,...

Заев по повод Денот на демократијата: Денес одлучуваат тие кои гласаат, а, не оние кои бегаат

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Поранешниот премиер Зоран Заев го честита Денот на демократијата на својата Фејсбук страница.

<

Ова е време на соочување со пандемија и со војна. Време кое автократите сакаат да го искористат за уште поцврсто да завладеат со народот, држејќи го во страв и неизвесност. Но, нашиот народ е мудар и храбар. Со демократски глас ги спречивме оние кои сакаат со насилство и крв да ја убијат демократијата, вели Заев во видео-пораката.

Денес, продолжува тој, одлучуваат тие кои гласаат, а, не оние кои бегаат.

-Демократијата е глас. Гласот на секој еден поединец. Глас слушнат, разбран, уважен, испочитуван. Гласот на сите групи во нашето општество. На волонтерите, на извидниците, на земјоделците, на лекарите, на рударите… Секој еден од нив е важен во демократија. Го запревме Владеењето СО народот. Денес имаме Владеење НА народот, наведува Заев.

Натаму додава дека „и кога го почитувате гласот на граѓаните, демократијата останува запишана како победник во историјата“.

-Горд сум на нашите граѓани кои не само што ги освоија слободата и демократијата, туку и ги негуваат и развиваат. Токму затоа – и кога бев тоа што бев, и кога сум тоа што сум, демократијата била, е и ќе биде мојот најголем идеал. Нека ни е честит и вечен Денот на демократијата, додава Заев во видео-пораката.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Со песни, пријатели и насмевки: „Бате Боле“ одбележа прва година Постоење

Денес „Ресорт Бате Боле“ одбележа една година од своето постоење – година исполнета со спомени, дружења и убави моменти. Атмосферата беше навистина свечена: полна...

Вечерва од Охрид, со срце и чест во служба на граѓаните

Вечерва од Охрид, со срце и чест во служба на граѓаните Во рамките на караванот „До Вас, За Вас“, реализиравме уште едно интерактивно дружење меѓу...

Голем пожар кај струмичките гробишта – полицаец херојски спаси куче од огнената стихија!

Голем пожар кај струмичките гробишта – полицаец херојски спаси куче од огнената стихија! Струмичката полиција издаде итен апел до граѓаните поради голем пожар што избувна...

Службено полициско возило удри во запрежно магаре кај Валандово, повредени нема !!

На 26 јули 2025 година, околу 09:05 часот на општинскиот пат меѓу с. Дедели и раскрсницата „Дедели“ во близина на истоимениот мост, се случила...