11.9 C
Ohrid
среда, јуни 4, 2025
ПочетнаМакедонијаOхриѓанката која беше нападната со нож од двете државјанки на Јужна Кореа...

Oхриѓанката која беше нападната со нож од двете државјанки на Јужна Кореа јавно проговори за Шило Магазин !!!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Вистинска драма се одвивала во средата, во Охрид, откако пред црквата Свети Никола во Долна Влашка Маала, близу Охридати, две Корејки напаѓале минувачи, а потоа се нафрлиле и врз полициски екипи кои на настанот пристигнале со две комбиња. -После ко дојде полиција, се фатија со нив. Нив ги напаѓаа, се фрлија да ги драпат, да ги гребат со нокти, таа едната како да почна да го гризи на полицаецот. Овие нашиве почнаа да се борат со нив. Буквално, полицајците се бореа со жените, едвај ги напикаа во комбето и ги однесоа, раскажува очевидец за Охрид1, на чист охридски дијалект, за оваа несекојдневна случка која го крена Охрид на нозе…

<

Охридската полиција го потврди настанот и информираше дека двете државјанки на Јужна Кореа ќе бидат екстрадирани по брза постапка.

-На 28. 9. 2022 година околу 15:30 часот, во СВР Охрид лишени од слобода се К.М. (20) и К.Л. (50), двете од Јужна Кореа. Тие, претходно на улицата „Партизанска“ во Охрид, манифестирале агресивно и непристојно однесување, а потоа се обиделе физички да ги нападнат полициските службеници. Во консултации со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа СВР Охрид.

ДВетежени Цели беа облечени во црно. Прскаа со вода од шишиња, трчаа по луѓето, викаа гласно… Урлаа. После како да правеа некој ритуали, нешто како да кажуваа молитви и прскаа со вода или некаква течност, не знаеме точно што беше, изјави за порталот очевидец на настанот.

Друга охриѓанка Е.Л јаво посведочи за Шило Магазин дека двете жени во сокачето покрај црквата ги нападнале со нешто како виљушка или џебно ноже. „Бегавме околу 100 метри, додека со тоа ножето трчаа по нас“, беше страшно викавме гласно ПОМОШ !!! но и останатите минувачи се стравуваа за нивниот живот па затоа не ни помогнаа вели Е.Л за Шило Магазин.
Така бегајќи исплашени еден наш сограѓанин татко на две малолетни дечиња ни кажа дека и тој бил нападнат од нив и дека полицијата доаѓа. Е.Л и покрај неговите зборови кој ми врежаа надеж и спас јас повторно пријавив во полоција но од СВР Охрид ми кажаа дека нивните колеги доаѓаат за најбрзо време……..

Ситуацијата кулминирала кога дошле полицајците. Корејките не само што одбиле да се идентификуваат и да покажат лични документи, туку ги нападнале со ножињата, а извадиле и метли. Принудени да применат сила, полицајците ги совладале жените и ги ставиле во полициско комбе.

-После ко дојде полиција, се фатија со нив. Нив ги напаѓаа, се фрлија да ги драпат, да ги гребат со нокти, таа едната како да почна да го гризи на полицаецот. Овие нашиве почнаа да се борат со нив. Буквално, полицајците се бореа со жените, едвај ги напикаа во комбето и ги однесоа, раскажува очевидец за Охрид1 на чист охридски дијалект.

Како што дознава весникот ВЕЧЕР, двете жени неколку дена престојувале во Охрид, во сместување кое го букирале преку „Ербиенби“. Но, и сопствениците на станот имале проблем со двете жени, па се пожалиле на онлајн-платформата за изнајмување соби за престој. Двете жени се во притвор.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина Јошка Броз, внукот на Јосип Броз Тито

Јосип Јошка Броз, внук на поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, почина на 78-годишна возраст. Тој беше член на Главниот одбор на Социјалистичката...

Панче: Најдобрите студенти ќе се запослат во МВР.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на одбележување на 50 години од формирањето и дејствувањето на Институтот за безбедност, одбрана и...

Превентивни активности на СВР Охрид.

Превентивни активности на СВР Охрид СВР Охрид во соработка со општинскиот Совет за превенција на детско престапништво, и секторот за комунални дејности, сообраќај и улици...

Мајката на исчезнатата Марија Брзакова по која се трага од 2020 г. ја кажа вистината за нејзината ќерка по повеќе од 5 години

Мајката на исчезнатата Марија за „Фокус“:   Марија Брзакова, родена на 5-ти април 1991 година, исчезната на 18-ти јануари 2020 година во село Босилово, Струмица. Тоа...