16.8 C
Ohrid
среда, мај 22, 2024
ПочетнаМакедонијаАрмијата се приклучи во пребарувањето на 22-годишен возач кој излета во реката...

Армијата се приклучи во пребарувањето на 22-годишен возач кој излета во реката Вардар

Четврти ден по ред продолжува пребарувањето на 22-годишниот возач кој излета во реката Вардар кај тетовско Желино, при што се приклучија и припадниците на Армијата.

-Вчера и денеска во пребарувањето активно се вклучени десет луѓе од специјализираните единици како и 50-тина припадници на Армијата од касарната во Тетово. Припадниците на Армијата дејствуваат во координација со останатите институции, информираше полковник Тони Јаневски, портпарол на Генерал Штаб на Армијата.

Од тетовската полиција информираа дека денеска се пребарува во водите на Вардар, на потегот од мостот на тетовско Желино до скопското село Радуша.

-Пребарувањето, во кое учествуваат и припадници на МВР, Армијата, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, неколку нуркачки екипи и жители од селото, се одвива со зголемена динамика, метар по метар од водите и брегот на реката. Со цел да се овозможи непречено пребарување и денеска е намалено нивото на водaтa во реката, што им овозможува на пребарувачите да имаат подобар преглед и побрзо движење долж течението, информираше Марјан Јосифоски од СВР Тетово.

Дваесет и две годишниот кумановец Е.Р. на 27 септември околу 11.30 часот со возило „фолксфаген голф“ со кумановски регистарски, ознаки излета од коловозот во реката Вардар.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„Не сум бил во бегство и не смеам да зборувам за истрагата“, вели Палевски !!

Денеска во Основниот кривичен суд, пред судија на претходна постапка беше спроведен Љупчо Палевски Палчо, првоосомничен за убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежоски. Палевски...

Палевски спроведен пред судија на претходна постапка

Љупчо Палевски Палчо попладнево е однесен пред судија на претходна постапка. Палевски е осомничен дека за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Тој е...

ДНК снимија песна во чест на починатите пријатели Мирко и Марјан

Популарното дуо ДНК ја промовираше новата песна ,,Животе брате” која е создадена во чест на нивните пријатели Мирко Петровски и Марјан Михајловски Маци, кои...

Тело на маж извлечено од Вардар кај Камени мост – засега не е познат неговиот идентитет

Според изјавите на очевидците, телото на мажот било извлечено од страна на полицијата, во строгиот центарот на градот – помеѓу Камениот мост и мостот...