5.6 C
Ohrid
понеделник, ноември 25, 2024
ПочетнаМакедонија"Куме, ти се полни ќесето...?!"

“Куме, ти се полни ќесето…?!”

Пишува: м-р Слободан ТОМИЌ

Според извештајот на ООН за 2018-та, на светско ниво корупцијата годишно чини неверојатни $3,6 трилиони. Еден трилион долари се даваат годишно за поткуп, а останатите $2,6 трилиони се украдени. Ова е еднакво на повеќе од 5 отсто од глобалниот бруто домашен производ (БДП), а оди за давање поткуп или кражби преку корупција.

Да се биде решителен во борбата против корупцијата е битка што бара решителност од сите чинители во едно општество, а тоа се: цивилното општество, медиумите, како и приватниот сектор. Тука ќе ги ставам судството, како и институциите на системот, а секако и народот.

Што имаме денес во Македонија? Криминал, бандитизам, корупција, додека борбата со сиве овие наведени „убијци“ на државата и народот, е само декларативно, ништо повеќе!

Без дела и резултати!

Наместо новиот Закон за Јавното обвинителство да е суштествен за да се покаже национална посветеност во борбата против корупцијата и градење посилно обвинителство како институција, тој е само декларативен, само парче хартија на масата!

За да бидат работите комедијантски, е чистиот пример со таканаречениот јавен обвинител Љубомир Јовески кој за извршените задачи или наредби од страна на налогодавачите и за можна награда ќе изјави: „…И порано кажав дека, ако Собранието смета дека јас со своето искуство би можел да придонесам во работата на Уставниот суд, би го прифатил предизвикот…“. „Навистина за секој правник е задоволство да ја заврши кариерата како судија во Уставниот суд“, ќе изјави Јовески ,а уште покомедијантски е тоа што неговата колешка, сега претседател на Уставниот суд, Добрила Кацарска, за успешно завршените задачи, како што се пресудите за осудените за „27-априлските настани“, пресудите за поранешните: премиер Никола Груевски, за министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и редица други од ВМРО-ДПМНЕ, за награда ѝ следуваше престижот прв човек на Уставниот суд на Македонија!

Затоа прашувам: вака ли ќе се биеме со криминалот, корупцијата, непотизмот, партизацијата и најлошото?! Корупцијата насекаде, и во сите пори, од улични рушветчии, до софистицирани корупционери..!

За поздравување, од друга страна, е изјавата на амбасадорката на САД, Кети Мери Брнз којашто во својот завршен збор најинтелигентно ги лоцираше сите недостатоци, криминали или дефекти на ова изминатите години во Македонија, вклучувајќи ги и последните пет ипол.

Затоа да не се прават власта и коалицијата на „три ипол“, тоа се однесува за нив лично!

Таа, амбасадорката, не случајно ќе рече:…„ ;Многу е важно Собранието да избере квалификувани и компетентни раководители на институции, на легален и транспарентен начин. Тука спаѓаат Државниот завод за ревизија, Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, како и членови на совети при Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги, јавниот радиодифузен сервис, и Судскиот совет.

Да одиме со ред. Сите се сеќаваме на каубојско-шверцерскиот начин на избор на претседател на Собранието на Македонија на 27 април 2017, кога имавме невиден скандал на светско ниво без демократија и демократски начин избор на прв меѓу еднаквите во парламентот на Македонија или спикер на законодавен дом кој ќе остави најтемната дамка во македонската историја, демократија и парламентарен живот!

Се сеќавате кога самопрогласениот спикер на Собрание, на Талат Џафери, секако, и неговата ургент-иконографија со знамињата на странска држава во кабинетот на претседателот на Собрание на РМ? Гротеска невидена, иста како онаа во култниот филм „Големиот диктатор“ со Чарли Чаплин . Ниту да се смееш а ниту да заплачеш, а да не ја заборавиме и немилата ситуација со тешките пцовки кон вработени во Собранието односно „храмот на законите“. Дали е законски, прашуваме?!

Прашувам дали и како ќе се однесуваа властите, секако и институции на петте големи држави на светот, кога некои од малцинствата во САД, Германија, Франција или Велика Британија, би ги поставеле знамињата на државите од каде потекнуваат? Без разлика далии тоа биле Афроамериканци, Латиноамериканци, Алжирци или, пак, од турско потекло или кој и да е во Конгресот, Бундестагот, Британскиот парламент или францускиот парламент итн?

Еве уште еден невиден скандал, преседан…, не знам како да го означам, во која рубрика да го ставан, но сигурно во „Верувале или Не?!“ Хибридната влада во државата Македонија која се борела против антифашистичката коалиција на Адолф Хитлер, во случајот царска Бугарија, дава зелено светло за регистрација на два бугарски културни центри кои ќе ги носат имињата на двајца најозлогласени убијци на македонскиот и на еврејскиот народ, а тоа се Иван Михајлов и Цар Борис Трети, или со оригинално име Борис Клемент Роберт Марија Пиj Станислав Сакскобургготски, и тоа пред денот на македонското востание на македонскиот народ против фашистичкиот окупатор на 7-ми октомври во Охрид. Граѓаните сметаат дека станува збор за уште една бугарска провокација. Проблем е што се бараат провокации за да настане конфликт за да може Бугарија да ја правда својата антимакедонска политика. Името покажува дека целта на клубот не е културна.

Реагира Еврејската заедница од Македонија. Претседателот Пепо Леви најави дека до обвинителство ќе поднесат кривична пријава против името „Цар Борис Трети“. Во време кога се негира се македонско, се условува Македонија од страна на Бугарија за промена во изучувањето на историските учебници, локалитети, личности, настани итн. секако дека не може ништо позитивно да донесе во меѓусебните односи.

Афера до афера, скандал до скандал, во низа како вест во низа, а таа вест гласи Владата Зоран 1 и Заев 2 фабрика на афери, скандали, корупција, непотизам и што не, а таа се повеќе се повторува и развива и трае, трае и трае..

Најновата е и со „кумчето“ на премиерот Димитар Ковачевски, попозната како „Броило“!

Медиумите не запираат со аферата „Броило“ пренесувајќи ги прес конференциите на опозиционата партија со нови податоци ,а кои се однесуваат за „кумот“ на Ковачевски и самиот премиер кoи си ги брцнаа рачињата во медот и се нафатираа милиони евра додавајќ. Додека стандардот на граѓаните пропаѓа со секој нов ден од кризите, некој дебело профитира и се богати. Опозиционерите додаваат дека со аферата „Броило“, која ќе покаже кои фирми блиски до функционерите на власт ги користеле кризите да направат милиони.

Додека Македонија тонела во енергетската криза, на некои компании им вртело броилото, ама не колку да платат, туку колку да го наполнат своето банкарско конто, најавија од ВМРО-ДПМНЕ.

Народот треба да знае дека додека 12 илјади фирми ставиле катанец на вратите, а уште илјадници не знаат како да ги платат сметките за струја, а во енергетската криза некои фирми блиски до власта профитирале од таа криза.

Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ, скандалот „Броило“ ќе разјасни многу бизнис шеми за богатење на сметка на се посиромашните граѓани. Аферата „Броило“ ќе покаже зошто оваа власт преферира кризна состојба и зошто упорно влегува од една во друга…?!

Да потсетиме, претходно имавме исто така афера „Рекет 1“ и „Рекет 2“, и видовме каков е епилогот – тепаниот тепан, а е… е….?!

Велат мајко родиме со ксмет и фрлиме во владата Зоран 1 и Заев 2. Ете ти од лисјата не ја гледаме шумата, а шумата е преполна со криминал, корупција, тендери во четири очи и какви уште не изигрувања на законите!

Не можам а да не го спомнам и позитивното нешто, а тоа е професорот Кочо Анѓушев кој им одржа една убава лекција на СДСМ нејзиниот тврдоглав премиер како го нарекуваат опонентите кој во ова кијамет невреме и енергетска криза дека не сака да одржи средба со неговиот политички опонент д-р Христијан Мицкоски за моќни решенија и изнаоѓање на ситуации за купување на евтина струја и енергенси за безболно да ја поминеме најавената најтешката криза во последните неколку децении.

Професор Анѓушев покажа големина во самиот него што како претставник на Стопанската комора изрично спомна дека за оваа ситуација не смее да се инаети Ковачевски и да ја прифати поканата на Мицкоски заедно да ја решат кризата а во интерес на сите во Македонија , како и заштеда од 300 милиони евра!

Средбата се случи, и слушнавме дека премиерот Ковачевски ги даде предлозите на опозицијата предводена од Мицкоски до владиниот Економски совет која треба да се произнесе што понатаму. Во тесно се најде Ковачевски, дефинитивно, и од последната опомена на Стопанската комора која побара од Владата да се донесат мерки за да им се помогне на бизнисите погодени од силниот ценовен удар. Оттаму предупредија дека бизнисот има само една алтернатива – или државата ќе помогне или ќе се затворат капацитетите

Не може да не се изостави и тоа што бизнисменот Анѓушев одби помош од државата за неговите компании, оти не му требаат, односно да се пренасочат таму каде таа помош најмногу е потребна.

Во Македонија има политичари кои премногу ја ограбија државата, но кај се да ги вратат дел од украдените пари или да му се придружат денес на Анѓушев и тие да одбијат државна помош во оваа економска и енергетска криза?

Таквите се прават „наудрени“ и без пардон украдените илјадници, милиони и милијарди евра, долари и друга валута секојдневно “си ги тимарат“ насладувајќи им се или си ги вгнездија во домашни трезори или светски и белосветски банки заборавајќи на 400.000 граѓани на Македонија кои преживуваат со две евра на ден или 120 денари. Ете, тоа е сјајот и бедата на македонската буржоазија! Освен тоа на најдрзок начин си купуваат од секојдневните коруптивни активности по некоја стотка, илјадарка или стотици илјади евриња ,или станови и скапи теренски возила, без „мува да ги лази“! Ете, тоа е кога Македонија ја претворија во оаза на криминалот, а не во правна држава!

Прашувам зошто светот ја донесе владата Зоран 1 и Заев 2? Да се донесат проектите „Софија 2017“ и „Нивици 2018“? Се сеќавате каква машинерии се покренаа во Македонија ? Од „кондоми“ до ,булдожери политичари“ сѐ со единствена цел, а таа беше да падне владата на Никола Груевски! Влада која направи премногу гледано од аспект на она што го стори изминатиот период оваа девастирачка коалициска кризно-профитерска топ–тан дипломатија и тендерска влада, донесена со обоена револуција!

Повеќепати наведов дека не сакам, ниту ќе бидам адвокат, ничиј, ниту на Груевски, ниту на Зоран 1 и Заев 2 , но ќе бидам објективен како новинар кој само информира и го изнесува својот новинарски став и коментар преточен од сондажата на јавното мислење или Гласот на народот чиј претставник сум речиси три децении, и кој 24/7 сум е заедно со гласачите, и затоа и во оваа прилика го пренесувам ставот и мислењето на народот!

Вели мојот пријател Тодор Петров во една моја емисија, ситуацијата е тешка и трудна , и нема крај! Тошо ќе додаде, ако девојката е бремена 1 ден или 1 месец или 9 месеци таа е бремена .не може работата да биде малку бремена или многу бремена работата е таа исто како и со ситуацијата, со државата во тешка и безизлезна ситуација!

Така и со корупцијата, криминалот и се најлошото во Македонија според сите пулови на истражување во светот како и со барометарот познат Transparensy International,Македонија. Нулта толеранција на корупција.!

Тука е почитуваната Слаѓана Тасева која храбро и бескомпромисно се спротивставува на оваа зло во Македонија .Таа ќе рече криминалците за украдените илјадници или милиони евра ќе жртвуваат и затвор некоја година да заминат или еден прст мафијата да им го пресече, но кога се ќе заврши ќе царуваат со украдениот „плен“! Така е кога нема казнивост во вистинска смисла на зборот и каква треба!

За поздрав е и неодамнешната прес конференција на бизнисменот и најголем акционер во Еуростандард Банка, Трифун Костовски кој го објави независниот извештај од истрагата за стечајот на банката што ја водеше тимот предводен од господинот Драго Кос, еден од најеминентните европски експерти во областа.

Драго Кос е меѓународен експерт за борба против корупција и организиран криминал повеќе од три децении. Во Македонија, Кос и неговиот стручен тим, работеа на стечајот на Еуростандард банка при што открија дека земјава има сериозен проблем со банкарскиот систем.

Нели е ова резил, срам и грев кон сопствен народ? Да го обезличиш?! Да го ограбиш?!Да го измамиш?! И натаму да го масираш за некаква евроинтеграција, а претходно да ја бугаризираш во целост?!

И натаму играта на ,,штурецот и мравката“ оставајќи го со празни џебови, и да смрзне и во најтешка зима во последните 70-ина години, а притоа како влада „Зоран 1 и Заев 2“ се повеќе ги полнете бродовите и комотно заминете за далечна Јужна Америка продолжува, но пристигаат и информации дека нашите стратешки пријатели САД, одвоила речиси 5 милијарди долари за борба против корупцијата ,а центарот ќе биде токму во папокот на светот Македонија, и му благодариме на Бога што во Македонија пристига нејзината екселенција, Анџела Прајс Агелер.

Госпоѓа Прајс е потврдена за нова амбасадорка на САД во Македонија. Таа ќе седне на столчето на Кејт Мери Брнз која ја извршува функцијата американски амбасадор од 2019-та. Агелер е дипломатка од кариера која веќе има искуство во Македонија, како службеничка за односи со јавноста во американската амбасада.

Во нејзината официјална биографија објавена на сајтот на Белата Куќа меѓу останатите јазици стои дека зборува и македонски.

Фокусот на Агелер во земјата ќе биде борбата со корупцијата. Пред да биде одобрена, на Сенатската комисија за надворешни работи во Вашингтон порача дека во Македонија ќе развие национална стратегија која ефективно ќе бара одговорност од како што кажа – корумпираните актери

Спортд Агелера, „САД и Северна Македонија имаат многу заеднички приоритети, вклучувајќи ги борбата против корупцијата, подобрување на владеењето на правото и зајакнување на доброто владеење“.

Се очекува да ги повика институциите на Македонија да промовираат транспарентност во истрагата на наводите за злоупотреба и одлучно да се спротивстават на корупцијата за да ја зајакнат довербата на јавноста во владеењето“, Да се надеваме дека нејзината екселенција ќе го помогне европскиот пат на Македонија, а впрочем тоа е и нејзиното ветување.

Ме охрабрува изјавата на професор Едвард Џозеф, кој е и нејзин предвесник кој ќе рече Македонија заслужува во евроатланските интеграции со достоинство, а тоа е име на државата, идентитетот, јазикот, историјата и културата, како и дека Македонија и Македонците ќе морат да побараат цврсти гаранции и афирмација од САД, Велика Британија Германија и Франција за сите изнесени посебности и атрибути како национални вредности на една држава!

Да, почитувана новоизбрана и именувана амбасадорка на САД во Македонија, Агелер – Македонија ги надмина тешките предизвици и направи тешки избори да направи историски чекори напред на нејзиниот пристапен пат, за кој вие се изјаснивте дека ќе се надоврзете на овие успеси за да го обезбедите тој пат напред!

Тука сме заедно со вас со достоинство ,а не клиентелизам заедно да го елиминираме “злото“ за секогаш и да ја етаблираме и редефинираме Македонија како вистинска држава каде ќе владње правото, нулта толеранција на корупцијата, КРАЈ за непотизмот, партизацијата во институциите, тендерството во четири очи и високите провизии, безредието безаконието и каде ќе речеме стоп на неиздржливото како што е и со најновата афера Броило или „Куме, ти се полни ќесето…?! “

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После долги години се врати и Елвир Мекиќ- Заедно со Охриѓанецот Пајак направија вистински музички хит.

Младиот и супер талентиран музичар од Охрид, 23-годишниот Христијан Настески- Пајак, заедно со Елвир Мекиќ ја објави новата песна „Накаде после два“. Елвир беше еден...

Пронајден е исчезнатиот Виктор Николиќ од Младо Нагоричане

Виктор Николиќ (41) од кумановско Младо Нагоричане кој во петокот беше пријавен како исчезнат е пронајден жив и здрав, во атарот на Пармакови ниви.

Почина Борјанчо Мицевски, поранешен градоначалник на Крива Паланка

На 53 годишна возраст почина Борјанчо Мицевски, градоначалник на Крива Паланка во периодот од 2017 до 2021 година. Оваа жална вест ја соопшти поранешниот МВР...

Автопатот Кичево Охрид ќе се прави и во зима !!!

Денес заедно со министерот за транспорт Aлександар Николски,градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков и пратеници во сообранието на Република Македонија извршивме увид во градежните...