12.9 C
Ohrid
понеделник, август 4, 2025
ПочетнаМакедонијаАхмети ги среди работите во ДУИ- им додели функции на „огнените“

Ахмети ги среди работите во ДУИ- им додели функции на „огнените“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Само еден час траеше состанокот на Централниот совет на Демократската унија за интеграција (ДУИ) кој го водеше претседателот на партијата Али Ахмети. Тоа е резултат на добро подготвен состанок, заклучи партискиот портпарол Бујар Османи. На седницата на советот на ДУИ присуствуваа и претставниците на т.н. „огнена група“.  Избрани се нови потпретседатели на партијата.

<

За потпретседатели на партијата избрани се Изет Меџити, Арбер Адеми, Бајрам Реџепи и Арбана Пашоли. Блерим Беџети е избран за организациски секретар, а Фатон Ахмети за генерален секретар и Саранда Имери, секретар за еднакви можности. Артан Груби веќе не е организациски секретар.

Членови на Централниот совет се Рамиз Мерко, Јетон Шаќири, Фатмир Дехари, Крешник Бектеши, Ардита Дани, Талат Џафери, Невзат Бејта, Саранда Имери, Валдет Џафери, Бајлент Салиу, Фатон Ахмети, Теута Арифи, Џеват Адеми, Реси Абдирахмани, Бајрам Реџепи, Блерим Беџети, Изет Меџити, Артан Груби, Бујар Османи, Висар Ганиу, Назим Буши, Ејуп Халими, Аријан Даци, Еркан Арифи, Арбр Адеми, Мирсад Ибрахими, Шабан Мехмети, Џемил Ќамили, Емир Сулејмани, Артин Спахиу и Арбана Пашоли.

За членови на Надзорниот совет се избрани Муса Џафери, Беким Незири, Јуамин Синани, Зенун Матјани, Мемет Селами, Шукри Масурица и Недим Рамизи.

Талат Џафери, очигледно незадоволен од овие одлуки, предвреме ја напушти седницата.

Резултатот од овој состанок веќе се толкува како победа на „огнената група“ кои добија неколку клучни места во партиската структура – потпретседател, организациски секретар и надзорен одбор.

Османи изјави дека ДУИ не случајно е најуспешната организација во регионот и дека и другите партии треба да земат примар како демократски може да функционира една таква организација.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Адвокатот Шајн го извади Раста – патната исправа веднаш вратена !!

Српскиот рапер Раста, кој беше приведен во Охрид за време на концертот на Џејсон Деруло, е ослободен и си заминува за Белград – дознава...

Не успеа да се избори, почина Душко Чифлиганец

Почина Душко Чифлиганец, син на познатиот бизнисмен Ванчо Чифлиганец, кој беше и во раководните структури на „Адора“, потврдуваат членови на семејството. По повеќе од...

Охриѓани спасија турист од давење кај Градиште.

Во близина на плажата Градиште, странски турист бил спасен од давење благодарение на брзата реакција на група охриѓани кои се наоѓале на глисер и...

22 годишен полицаец од Виница, се самоповредил со службениот пиштол во апартман во Охрид

Како што информира СВР Охрид, инцидентот се случил вчера во 12:22 часот. Имено, 22-годишен полициски службеник од Виница, кој бил сместен во апартман во една...