20.9 C
Ohrid
недела, мај 19, 2024
ПочетнаМакедонијаГрчки навивачи предизвикале инцидент во центарот на Скопје

Грчки навивачи предизвикале инцидент во центарот на Скопје

Попладнево во центарот на Скопје навивачи на грчкиот женски ракометен клуб ПАОК предизвикале помал инцидент. Тие се симнале од автобусот кај Рекорд, а потоа се упатиле кон плоштадот и по пат дошло до вербален судр и физички нападнале момче кое носело дрес на македонскиот клуб Вардар. МВР ги потврди овие информации. Полицијата брзо реагираше и ги врати навивачите во автобусот.

Фото: Социјални мрежи
Според сведоци на настанот, грчките навивачи влегле во продавница и украле неколку шишиња со вода, по што дошло до вербална пресметка со продавачката.

Навивачите на ПАОК биле задржани од полицијата и го пропуштиле натпреварот на нивниот клуб против Металург.

Навивачката група била пријавена за нарушување на јавниот ред и мир во центарот на градот.

По целосно расчистување и документирање на случајот против сторителите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопшти МВР.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ален Деребан: Почитувани стружани, во среда има прегласување, не далат само 300 гласа за уште еден пратеник !

Почитувани стружани, Врз основа на одлуките донесени од Државната изборна комисија (ДИК), потврдени од Управниот Суд, на ден 22.05.2024 година (среда) гласањето ќе се повтори...

Трагично згасна животот на 18 годишен матурант во Македонија

Средното стручно општинско училиште „Моша Пијаде“- Тетово со емотивна објава се прости од својот матурант Елдон Шабани чиј живот згасна на трагичен начин. – Со...

Марија на матурската забава во Берлин се појави во македонска народна носија!

Марија на матурската забава во Берлин се појави во македонска народна носија! Марија со нејзините родители Игор и Бети Кирески со потекло од Гостивар, живеат...

Во завршна фаза градежните активности за партерно уредување на дворот во Охридската Гимназија

Градежните активности за партерно уредување на дворот на гимназијата „Св. Климент Охридски“ кои се одвиваат во овој момeнт се во завршна фаза. Треба да...