6.9 C
Ohrid
недела, октомври 13, 2024
ПочетнаМакедонијаГрчки навивачи предизвикале инцидент во центарот на Скопје

Грчки навивачи предизвикале инцидент во центарот на Скопје

Група навивачи на грчкиот женски ракометен клуб ПАОК предизвикале помал инцидент. Тие се симнале од автобусот кај Рекорд, а потоа се упатиле кон плоштадот и по пат дошло до вербален судр и физички нападнале момче кое носело дрес на македонскиот клуб Вардар. МВР ги потврди овие информации. Полицијата брзо реагираше и ги врати навивачите во автобусот.

Според сведоци на настанот, грчките навивачи влегле во продавница и украле неколку шишиња со вода, по што дошло до вербална пресметка со продавачката.

Навивачите на ПАОК биле задржани од полицијата и го пропуштиле натпреварот на нивниот клуб против Металург.

Навивачката група била пријавена за нарушување на јавниот ред и мир во центарот на градот.

По целосно расчистување и документирање на случајот против сторителите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопшти МВР.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во липковско полицијата пронајде дрога и оружје.

Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Единица за недозволена трговија со оружје, опасни материи...

На денешен ден Колумбо ја открил Америка

На денешен ден во 1492 година прочуениот италијански морепловец Кристофер Колумбо (1451-1506 г.), во служба на Шпанија, по двомесечно пловење, пристигнал на бахамскиот остров...

Децата што се обиделе да силуваат соученик во Ѓорче Петров се првачиња !!!!

Случајот со нападнатото дете во Ѓорче Петров добива посериозна димензија, откако се дознава дека во инцидентот биле вклучени деца од прво одделение. Нападот на...

По повод 11 Октомври, 1200 ученици од Прилеп го формираа македонското знаме!

На плоштадот „Матодија Андонов Ченто“ во Прилеп, околу 1200 основци и средношколци денес го формираа македонското знаме во чест на националниот празник „11 Октомври“.