13.9 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаСо 101 година Ристо Насков е најстариот штипски активен градинар

Со 101 година Ристо Насков е најстариот штипски активен градинар

spot_imgspot_img

Браќата Ристо и Симеон Наскови важат за најстари жители на Штип и регионот. Симеон навлегува во 104 година, а Ристо има три помалку. Тоа е највозрасниот братски тандем, можеби и во цела Македонија. За жал, постариот брат од лани залегнал во кревет, но неговиот брат Ристо иако има 101 година е мошне подвижен и по цел ден е во широкиот двор околу неговата куќа во приградската населба Стар Караорман кај Штип.

Во дворот подигнал два пластеника, а на еден декар има отворена градина за производство на домати, пипер и краставици. На другата страна од дворот, мини фарма во која чува јариња, кокошки и друга ситна живина. Има и мал базен со риби, а од базенот црпи вода за наводнување на градината. Го полни со вода од сопствениот бунар што го ископале пред повеќе години.

„До пред неколку години работевме заедно со брат ми, но откако тој залегна, сега работам сам. За потешките работи ми помагаат синовите и снаите, а и двете ќерки кога од Швајцарија ќе дојдат на годишен одмор. По цел ден сум во дворот. Нешто чепкам. Тука е и мотиката, па колку можам покопувам“, вели Насков.

Ни раскажа дека бил учесник во Втората светска војна и во борбите бил ранет во ногата, но преживеал. Насков има добро паметење и со голема остроумност до детали раскажува за својот работен век.

„Најпрвин работев во ЗИК ‘Црвена Звезда‘ во водостопанство, па се префрлив во ‘Македонка‘ кога се отвори. За да работам во еден од погоните завршив специјален курс за мајстор, па така од оваа текстилна фабрика заминав и во пензија. Некако му доаѓа на колку години отидов во пензија, уште толку сум пензионер“, кажува Ристо.

Тој го открива и едноставниот рецепт за неговата долговечност. Од ништо не се скусувал и не е прибирлив. Јаде сè, но сега помалку. Задолжително пред секое јадење по една мала чашка домашна ракија што семејството само си ја прави. Сепак, во овие години најмногу го одржувало шетањето низ дворот и пластениците, посебно во пролетниот период. Порано уживал во честите прошетки до Штип, но сега му здодеале.

Раскажува дека бил пријатено изненаден што на почетокот од годината со внимание и подароци му дошле луѓе од градот на чело со градоначалникот на Штип Иван Јорданов.
www.vostip.mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 8.30 часот, во водите на реката Вардар блиску до местото наречено „Јаниташ“, пронашле тело на починато машко...

МТВ: Уредно беа поканети двајцата кандидати, тимот на Пендаровски не прифати ни еден од понудените термини

Од Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел на МТВ. Оттаму велат дека на 26 април...

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

После јавната бламажа на трите досегашни ТВ дуели, Гордана Силјановска Давкова сфати дека единствен начин да излезе како победник во тие јавни соочувања е...

Османи: Дали да нацртам? Без ДУИ нема Бадентер, без Бадентер нема влада

Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото, вели портпаролот на ДУИ, Бујар Османи. На прес-конференција тој...