13.9 C
Ohrid
петок, август 1, 2025
ПочетнаМакедонијаГерманија ќе се задолжи 200 милијарди евра за да ја ублажи кризата

Германија ќе се задолжи 200 милијарди евра за да ја ублажи кризата

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Бундестагот вчера ѝ даде зелено светло на германската влада за задолжување од 200 милијарди евра надвор од буџетот, и формирање посебен фонд за сузбивање на поскапувањето на енергијата и растоварување на граѓаните и економијата.

<

Опозицијата жестоко го критикуваше законот, опишувајќи го како „мачка во вреќа“.

Пратениците на владејачката коалиција претходно мораа да ја суспендираат „сопирачката на долгот“, односно ограничувањето за јавното задолжување вградено во уставот.

Тие 200 милијарди би требало да бидат доволно за финансирање на мерките до 2024 година. Тоа вклучува ограничување на цените на гасот на дел од приватното и индустриското производство, покривање на декемвриските сметки за гас за домаќинствата и субвенционирање на сметките за струја.

Според предлогот на стручната комисија, од март домаќинствата би требало да добиваат гас по организирана цена до 80 отсто од сопственото просечно трошење. Сè над тоа ќе го плаќаат на пазарот.

Од јануари слична мерка би требало да почне да важи и за големите индустриски потрошувачи, но тоа допрва треба да се потврди.

Опозицијата се нафрли токму на непостоењето на јасен план за трошење на парите од фондот, оценувајќи дека Германија се задолжува не знаејќи точно за што.

Парите од фондот ќе се користат и за ограничување на цената на електричната енергија. Воедно, идејата од предложените мерки е субвенциите за електрична енергија да се финансираат од екстра профитот на произведувачот, а од фондот само „на одредено време“ во случај на недостиг.

Владата уште работи на механизмот за растоварување на потрошувачите на електричната енергија по принцип сличен на тој за гасот – поповолна, субвенционирана цена на потрошувачката до одредена квота, а потоа пазарна цена.

Во двата случаи владата сака да им олесни на потрошувачите, но не и да ги поттикне на поголемо трошење енергија.

Останува спорно дали граѓаните кои се греат на нафта за домаќинство, пелети и други горива ќе добијат таква поддршка.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Светски гигант од рангот на „Гугл“ и „Фејсбук“ ќе купува струја од Македонија, најави Мицкоски

Можеби некој не успеа да ги донесе „Гугл“ и „Фејсбук“, но многу веројатно еден голем светски бренд ќе купува електрична енергија поризведена во Македонија,...

Трајно одземање на возилата за пијани и дрогирани возачи кои дивеат низ улиците

Законот за безбедност во сообраќајот, Законот за прекршоци и Кривичниот законик, на најнеодговорните учесници во сообраќајот – како што се лицата кои возат без...

Три лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Тетово-Скопје.

Попладнево ококу 16 часот се случи тешка сообраќајна несреќа на автопатот од Тетово кон Скопје во која животите ги загубија три лица. Според првичните информации...

Мицкоски: Подобри сме од многу земји во однос на минималата плата споредена со трошоците на живот

Македонија во однос на минималата плата споредена со трошоците на живот е подобра од Португалија, Грција, Црна Гора, Кипар, Малта, Албанија, Србија, Унгарија, Чешка,...