11.7 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаУкраинци копале македонско заштитено културно богатство

Украинци копале македонско заштитено културно богатство

spot_imgspot_img

Полицијата од Валандово вчера околу пладне уапсила тројца Украинци затекнати како вршат ископ на археолошкиот локалитет „Исар” кај село Марвинци.

На 21 октомври годинава на археолошкиот локалитет „Исар” кај село Марвинци, валандовско, полициски службеници од ОВР Валандово ги лишиле од слобода В.О.(40), О.П.(35), И.Р.(46) и М.Р.(48), сите од Украина, со привремен престој во Скопје. Тие биле затекнати како вршат ископ на локалитетот, кој е прогласен за добро под привремена заштита. Кај нив биле пронајдени два детектора, лопати и неколку ископани предмети. Исто така, при преглед во патничките возила „тојота” и „хјундаи” со украински национални ознаки, со кои пристигнале на местото, бил пронајден детектор”, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од таму велат дека по целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 8.30 часот, во водите на реката Вардар блиску до местото наречено „Јаниташ“, пронашле тело на починато машко...

МТВ: Уредно беа поканети двајцата кандидати, тимот на Пендаровски не прифати ни еден од понудените термини

Од Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел на МТВ. Оттаму велат дека на 26 април...

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

После јавната бламажа на трите досегашни ТВ дуели, Гордана Силјановска Давкова сфати дека единствен начин да излезе како победник во тие јавни соочувања е...

Османи: Дали да нацртам? Без ДУИ нема Бадентер, без Бадентер нема влада

Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото, вели портпаролот на ДУИ, Бујар Османи. На прес-конференција тој...