3.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаMaкедонски војници ќе бидат дел од НАТО трупите кои ќе дејствуваат ако...

Maкедонски војници ќе бидат дел од НАТО трупите кои ќе дејствуваат ако дојде до судир со Русија

spot_img

Во македонската армија се врши селекција на војници кои треба да бидат испратени во состав на НАТО трупите во Романија и Бугарија. Целта е јакнење на источното крило на НАТО поради војната во Украина и можноста воениот судир да ескалира и да дојде до вооружена интервенција од страна на Алијансата. Од Министерството за одбрана за МКД.мк потврдуваат дека ќе бидат испратени околу триесетина војници на доброволна основа.

Членството во НАТО не подразбира само придобивки за Македонија, туку и солидарност со останатите членки по сите прашања, па така и да се учествува во војна со свои војници и воени средства.

Поради одредени шпекулации по социјалните мрежи побаравме одговор од Министерството за одбрана дали е точно дека македонската армија се подготвува да испрати повеќе стотици војници кон границите со Украина.

Од министерствотот за МКД.мк одговорија дека станува збор за ширење на лажни вести кои имаат цел дискредитација на Македонија, нејзината војска и на самата министерка за одбрана.

Вистината е дека ќе бидат испратени околу 30 војници и тоа на доброволна основа, за што, велат во министерството, се отпочнати соодветни подготовки за учество во активностите за зајакнување на источното крило на НАТО стационирано во Романија и во Бугарија.

Врз основа на донесените одлуки на Владата за учество на Република Северна Македонија во зајакнувањето на источното крило на НАТО “Enhanced Vigilance Activity-eVA” – Република Северна Македонија во eVA ќе учествува со два пешадиски вода со јачина од по околу триесетина припадници, кои ќе бидат распоредени во НАТО силите во Бугарија и Романија“, велат во министерството

Во одговорот за МКД.мк се нагласува дека упатувањето во воени мисии и операции се врши согласно внатрешните процедури и тоа на доброволна основа, но и дека во моментов се врши и селекција според стручноста и образовниот степен на војниците.

„Во овој период се врши избор на кандидатите кои се пријавиле што подразбира спроведување на проверки на познавање на англиски јазик, физичка подготвеност, обезбедување на безбедносни сертификати и воена стручна подготвеност, по што кандидатите одат на понатамошна селекција за избор и систематски прегледи. По завршување на целосната постапка ќе биде донесено решение за избор и упатување, по што ќе отпочнеме учество и во овие две операции во следниот период“, ни одговорија од министерството за одбрана.

Пред една недела од руска страна официјално беше соопштено дека во Украина бил нападнат првиот механизиран баталјон на 28. бригада на украинската војска која дејствувала кај Криви Рог опремен со донирани македонски и словенечки тенкови и дека сите до еден биле уништени. РИА Новости сподели и видео снимка од тенковите.

Инаку, во Македонија одамна не се служи воен рок па така војската е составена од професионални војници што подразбира дека тие мора да извршуваат поставени задачи како во мирнодопски услови, така и евентуално во војна.

Кога во прашање е источното крило на НАТО, последниве недели повеќе земји членки на НАТО испраќаат војници, тенкови, авиони и други воени средства во рамки на трупите на источното крило на Алијансата, а повеќето од трупите се стационираат во Романија и тоа во близината на границата со Украина.

Заради пример, Шпанија испраќа 14 борбени авиони во Романија и шест во Бугарија, како и околу 150 војници во Бугарија. Франција, која формално раководи со трупите во Романија каде има околу 300 војници, дополнително ќе испрати голем број на пешадиски оклопни возила како и тенкови „Леклерк“ Во Романија веќе се наоѓаат над 150 холандски и белгиски војници.

САД пак, според медиумските информации, дополнително ќе испрати припадници на најелитната „101 воздушно десантна дивизија“, претежно составена од „Врескачките орли“, во бројност од над 4.500 војници, што е за прв пат овие специјално обучени војници да се ангажираат на европска територија релативно блиску до руските војски.

Во Бугарија пак, исто така се јакнат трупите на НАТО и во моментов таму во состојба на готовс се околу илјада војници под италијанска команда.
За повеќе детали на МКД.МК

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трамп: Во САД ќе има само два пола – машки и женски

Официјалната политика на САД ќе биде да има само два пола – машки и женски. Ова им го соопшти новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп,...

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...