12.7 C
Ohrid
понеделник, мај 6, 2024
ПочетнаМакедонијаOсмани: Кога дознав дека Македонците од Канда го финансират клубот во Благоевград...

Oсмани: Кога дознав дека Македонците од Канда го финансират клубот во Благоевград сѐ ми беше јасно!

spot_imgspot_img

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на брифинг со новинарите во Скопје потврди дека нема да оди на отворањето на клубот на македонската заедница во Благоевград в недела, бидејќи смета дека ниту тој клуб, ниту пак бугарските што се отвораат тука им одат во корист на македонската заедница во Бугарија или на бугарската заедница во земјава.

Османи смета дека како што отворањето на клубовите во Охрид и Битола, така и отворањето на клубот во Благоевград не е во функција на добрососедските односи меѓу двете држави.

Тој додаде дека ова негово мислење, било поткрепено и со податокот, кој го финансира клубот во Благоевград и дека тој факт го доведува до заклучок дека тој процес не може да биде во функција на промовирање на македонската заедница, на интересите на граѓаните Македонци таму, на односите меѓу двете држави, на добрососедството.

„Кога дознав кој го финансира клубот ми беше јасно. Тоа е фондација од Канада, која има и своја веб-страница и доколку ги гледате позициите кон државата, кон стратешките интереси на државата ќе видите дека не е во функција на тие стратешки интереси и не очекувам дека ќе биде во функција на граѓаните и на односите меѓу двете земји. Фактот што финансиер на тој клуб е тоа здружение за мене е доволен факт дека оваа иницијатива нема добра намера“, рече Османи.

На забелешката за контроверзните имиња на бугарските клубови Охрид и Битола и за тоа дека се знае кој стои зад тие во македонските градови, Османи не даде конкретен одговор, но нагласи дека институциите имаат информации и повтори дека тие клубови исто така не се во функција на бугарската заедница во Македонија.

„Институциите имаат информации и клубовите тука не се во функција на бугарската заедница и добрососедските односи и тој клуб финансиран од канадското здружение не е во функција на добрососедските односи. Бугарскиот амбасадор беше на отворањето на клубот, беше и на другиот клуб, јасно е кој стои, но јас велам дека тој начин не ѝ помага на бугарската заедница“, истакна Османи.

Шефот на дипломатијата смета дека не смее да се дозволи некој да ја киднапира агендата заради политички, партиски интереси и напомена дека отворањето на вакви клубови во двете земји, можеби моментални ќе задоволи некакви чувстува, но според него не е долгорочно решение.

На забелешката дека бугарските клубови со контроверзни имиња, беа поддржани од официјални претставници на бугарските власти, Османи одговори дека доколку земјава немала разлики со Бугарија, немало да има ниту процес и додаде дека очекува еден ден да бидат надминати сите разлики.

„Да се вратиме на еден нормален колосек во духот на пријателството, сметам дека ова во моментов не е паметно, може малку ќе ни ги задоволи чувствата, потребите за да возвратиме краткорочно, но сметам дека тоа не е патот. Камен темелникот за железницата со Софија многу повеќе ќе придонесе за Македонците во Бугарија и за Бугарите во Северна Македонија, отколку овој натпревар на клубови кој не ја зема предвид сензитивноста на моментот и нема добра намера“, рече Османи.

Шефот на дипломатијата истакна дека граѓаните и тука и во Бугарија имаат апсолутно право да отвораат клубови, но согласно законите и како што рече тоа му го посочил и на бугарскиот премиер.

„Тоа што се случи во Охрид е спротивно на кој било интерес на бугарската заедница, немам двојни стандарди, но агендата треба да ја вратиме во нормалните добрососедски односи, кои се во духот на пријателството“, рече Османи.

Тој најави дека наредните денови, недели ќе замине за Софија, со цел да се договарат со надлежните таму да се интензивира работата на работните групи и да се наметне конструктивна агенда. Нагласи и дека покрај сите проблеми, прв пат со Бугарија е постигната трговска размена од над една милијарда евра.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Прилепскиот шарпланинец Љубо стана светски Шампион.

Прилепскиот шарпланинец Љубо од одгледувачницата за шарпланинци Каравилоски го освои првото место во светот во расата шарпланинци на светското првенство кое се одржа...

Дедо Петар: Нашиот народ е мудар и знае за кого треба да гласа во среда !!

Ќе избереме добро или зло; вистина или лага; светлина или темнина; живот вечен или духовна смрт; Бога или ѓаволот?, прашува владиката Петар во пресрет...

Охриѓани ја продолжија традицијата – одиграа фудбалски натпревар стари против млади по повод Велигден!

Фудбалски натпревар кој 64-ра година по ред се игра по повод Велигден! Традиција која ја започнале жителите на Месокастро, а низ годините им се...

Да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, велигденска честитка на Мицкоски

Од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници им го честитам големиот христијански празник, Христово Воскресение – Велигден. Христовото воскресение...