14.9 C
Ohrid
среда, мај 8, 2024
ПочетнаМакедонијаПолицијата казни две лица кои питачеле во Тетово

Полицијата казни две лица кои питачеле во Тетово

СВР Тетово информира дека вчера во акција за откривање асоцијални појави, две лица се откриени како питачат и за тоа ќе добијат соодветни поднесоци.

Полициските службеници на СВР Тетово во содејство и координација со тетовскиот Центар за социјални работи вчера од 8 часот и 30 минути до 12 часот во Тетово ја спровеле заедничка контрола.

– Во контролата, реализирана на неколку улици во централното градско подрачје, затекнати и санкционирани биле две лица, женско на возраст од 48 години од тетовско село и 61-годишен тетовец, кои на различни места питачеле. На двајцата ќе им бидат изготвени поднесоци согласно член 24 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, соопштија од СВР Тетово.

Кој ќе се затекне да пита, ќе му се изрече глоба во висина од 15 до 50 евра, се вели во членот 24 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ДИК: Обработени 56,05% од гласовите – ВМРО-ДПМНЕ 217.533 – СДСМ 73.922

Според првичните објавени резултати на ДИК од обработени 56,05% од гласовите ВМРО-ДПМНЕ има освоено 217.533, а СДСМ 73.922 гласа 1. КОАЛИЦИЈА ЗА ЕВРОПСКА ИДНИНА -...

Претседателот на Ок. ВМРО ДПМНЕ-ДЕБРЦА: Ви благодарам на сите од срце, за силната поддршка!!!

Претседателот на Ок. ВМРО ДПМНЕ-ДЕБРЦА Им се заблагодарува на сите граѓани во општина Дебрца за силната поддршка на ВМРО ДПМНЕ, па со заеднички сили...

ПРВИ РЕЗУЛТАТИ од ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ: ВМРО-ДПМНЕ со тројна предност на почетокот

Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ ги објави првичните резултати од досега преброените гласови за парламентарните избори. ВМРО-ДПМНЕ според овие бројки има тројна предност пред СДСМ.

Македонските ракометари вечерва против Фарски Острови

Македонската машка ракометна репрезентација вечерва на гостински терен во Торшавн го игра првиот натпревар против Фарски Острови од баражот за пласман на Светското првенство...