0.9 C
Ohrid
недела, декември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаАлити: Администрацијата во Северна Македонија ќе ја направиме многу вредна и транспарентна

Алити: Администрацијата во Северна Македонија ќе ја направиме многу вредна и транспарентна

spot_img

Со Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административни службеници сакаме администрацијата да ја деполитизираме и да ја направиме потранспарентна и поефикасна во давање на услуги за граѓаните и со новите законски решенија нема да може да се злоупотреби алатката балансер, изјави министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити на денешната јавна расправа за овие два закони организирана од МИОА.

Со оглед на тоа што во последно време многу се зборува за злоупотреба на алатката балансер, министерот посочи дека со новото законско решение, таа повеќе нема да може да се злоупотребува.

– Тоа значи дека кандидатот кој ќе аплицира за одредена работа, откако еднаш ќе селектира националност Македонец, Албанец, Турчин или друга националност, истата нема да може да ја промени, како што е ситуацијата со ЕМБГ, што не може да се промени, рече Алити.

Тој напомена дека ќе се воведат одредени реформи во администрацијата, бидејќи како што рече, во постоечката законска рамка има таков вакуум што им дава можност на политичките партии да вработуваат нивни послушници.

– Постојат ситуации каде без тестирања и без соодветни документи можеа да се вработат лица во јавен сектор. Тоа ние сега сакаме да го коригираме. Доколку ги видите членовите од законите сега, ќе видите дека и процесот на вработување сега е многу потранспарентен и навистина има мерит систем при вработувањето, додаде Алити.

Министерот најави дека се работи и на Законот за висока раководна служба.

– Нашиот таргет е дека до крај на оваа година односно до декември да имаме финализирана драфт верзија на Законот за висока раководна служба. Ние како МИОА сакаме сите овие закони да ги одобриме и да одат истите во Парламент. Очекуваме политички поддршка од сите, бидејќи навистина нашиот пристап како Министерство е да ја направиме администрацијата како што треба, додаде Алити.

Според претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски, проблем е што на денешната расправа не е ставен и Законот за високо раководна служба.

Тој смета дека доколку сакаме реформа во јавна администрација, првиот Закон што треба да се донесе е Закон за високо раководна служба, каде што ќе се ограничи, односно ќе се оневозможи на Владата да именува директори и генерални секретари, туку тие функции ќе ги извршуваат професионалци.

– Не се проблем вработените, туку проблем се менаџерите, односно политичките партии, кои сами си вработуваат луѓе, кои сами носат одлуки без да се консултираат со друг. Она што за нас е многу чудно е тоа што во Законот за административни службеници има голема дискриминација во моментов, што се покачува плата на одредена група на вработени, а на другите не, изјави Деаноски пред почетокот на расправата.

Според Деаноски, прво треба да се донесе Законот за високо раководна служба, каде ќе има професионалци на високо раководни служби, а потоа да се зборува за Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административни службеници.

– Ние со министерот Алити имаме добра соработка, меѓутоа во одредени прашања не се согласуваме. Овој текст на Закон што денеска ќе се расправа не е тој изменет текст на Закон што го работевме заедно. Има големи измени за кои не сме консултирани. Даваме поддршка во одредени аспекти, но во одредени аспекти не можеме да прифатиме дел од решенијата, рече Деаноски.

Тој додаде дека со години наназад бараат да постои унапредување, а не вработување. Вели дека од Министерството има слух за ова, но оти нема слух од политичките партии.

– Тоа не го кочи Министерството, го кочат сите политички партии, бидејќи не им одговара стручни квалификувани лица да бидат на високо раководни позиции. Секогаш сакаат од нивна партија да има политички директори или државни секретари, додаде Деаноски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...

Нема вина кај сопствениците чие куче усмрти дете во Пинтија, утврди истрагата

Затворена е постапката за сопствениците на кучето кое во април минатата година усмрти осум годишно дете. Обвинитествлтвото преземало низа дејствија за да утврди вина...

Две колешки од велешка пошта се степале на работа

Две колешки од велешка пошта се степале на работа Две вработени од велешката пошта се степале вчера додека биле на работа, соопшти полицијата. Инцидентот го...