11 C
Ohrid
сабота, мај 11, 2024
ПочетнаМакедонијаОсмани: Во МНР се потребни минимум 50 нови вработувања

Османи: Во МНР се потребни минимум 50 нови вработувања

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на прес-конференција соопшти дека се потребни уште минимум 50 нови вработувања за да се надополнат потребите во ресорното министерство.

Османи информира дека само оваа година се пензионираат 18 лица во МНР и додаде оти мора да се вработуваат нови лица.

 

На новинарско прашање за вработувањето на Бесмира Ејупи во МНР, Османи посочи дека во текот на оваа година од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците се преземени вкупно 13 соработници, вклучувајќи ја Ејупи. Дел од нив, како што рече, се во рамки на таа систематизација од К-5 Програмата, дел преку директна спогодба.

-Делумно е точна информацијата, преземена е од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците на позиција соработник во протокол, што е почетна позиција во МНР. Во моментов имаме огласи за 16 нови соработници, кој е во тек, рече Османи и додаде дека сите оние кои сакаат да работат во дипломатијата на почетни позиции имаат можност да аплицираат.

Османи нагласи дека е неточна информацијата оти Ејупи е советник зошто се потребни од 10 до 15 години во ресорното министерство, со многу положени испити и работно искуство за да преминете од помлад соработник во советник. Османи не гледа ништо спорно во овој процес.

На новинарско прашање дали ќе реферира за Ејупи пред собраниската Комисија за надворешни работи и оти тоа го побарал претседателот на оваа комисија Антонио Милошоски, Османи рече дека нема ништо спорно во ова вработување и оти тоа е направено во целосна законска процедура, како што се преземени и сите други, вкупно 16 преземања оваа година во МНР. Истакна дека МНР е отворено за сите државјани на земјава и тие може да аплицираат за работа, на некои позиции со средно, а на други со високо образование.

Османи посочи дека Ејупи не е ниту конзул, ниту кандидат за конзул, туку помлад соработник или на почетничка позиција во МНР.

На новинарско прашање дали на затворена седница на Влада, Сеад Садиковски, актуелен заменик директор на Агенцијата за стокови резерви е назначен за генерален конзул во Торонто, Османи рече „штом рековте затворена седница, тоа значи дека не можам да коментирам“. Додаде дека за амбасадори се бара агреман, а за конзули се бара егзекватура исто така од државата домаќин. Соопшти дека додека не се добие егзекватура за кандидатот, не може да се објави името бидејќи има ризик да се одбие, и итн. Тој не сакаше да ги коментира имињата и нивното образование и најави дека навреме граѓаните ќе бидат информирани.

Министерот Османи на прес-конференцијата во МНР рече дека има право со закон да има тројца специјални советници, а има само едно место пополнето, а другите се празни. Османи рече дека во МНР има вработени со договор онолку колку што дозволува Министерството за финансии.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

10 лица од Непал вработени во тетовски ресторан преку ноќ побегнале !!

Вчера во 13.30 часот во СВР Тетово, Б.И.(29) од тетовско Долно Палчиште, менаџер во угостителски објект во Тетово, пријавила дека од објектот се оддалечиле...

37-годишен скопјанец го запалил мостот „Беласица“,

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека е поднесена кривична пријава за пожарот на мостот “Беласица”. - На ден 11.05.2023 година на ул....

Џафери ја повика Арсовска да ја искоси тревата во дворот на Владата

Техничкиот премиер Талат Џафери ја повика градоначалничката Данела Арсовска, што поскоро да нареди косење на обраснатата трева во кругот на владината зграда. Тој објасни...

УШТЕ ЕДНА ОСТАВКА ПО ПОРАЗОТ: Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Во искреното соочување со причините за изборниот пораз е нашата прва победа. Тоа е најмалку што им го должиме на сопартијците, на симпатизерите и...