19.7 C
Ohrid
четврток, јули 31, 2025
ПочетнаМакедонијаСлики со Абази и челници на ДУИ испливаа во јавност, иако тој...

Слики со Абази и челници на ДУИ испливаа во јавност, иако тој тврдеше дека нема контакт со никој од партијата

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Фотографии на кои се гледа новиот шеф на обвинителите кои гонат организиран криминал корупција Ислам Абази и челници на ДУИ, протекоа во јавност. На едната фотографија се гледа новоизбраниот шеф со Фихри Ахмети, брат на Али Ахмети, во опуштена домашна атмосфера, додека на другата тој е фотографиран со Невзат Бејта, член на ДУИ, експратеник и ексградоначалник на интегративците. Ова доаѓа откако Ислам Абази негираше поврзаност со партијата која 20 години е дел од секоја власт која раководи со Македонија-Пишува А1он

<

„А1он“ го контактираше Абази, кого го прашавме каде се направени фотографиите, како и дали има честа комуникација со братот на Али Ахмети. Од него побаравме и објаснување каде е фотографиран со Невзат Бејта, како и дали често се дружи со него. Тој до моментот на објавување не одговори на прашањата, ниту пак, ја оспори автентичноста на фотографиите. Абази, го премолчи и прашањето дали дружењето со политички фигури е компромитирачко и носи сомнеж дека политички е инсталирани на функцијата.

Новиот шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во неговото прво јавно појавување посочи дека тој со неговото досегашно работење не оставил простор да има впечаток дека тој има релации со политичка партија.

„Не е точно“, рече Абази прашан дали има блиски релации со Али Ахмети.

Прашан дали можеби се сретнал со Али Ахмети, бидејќи е негов соселанец од Зајас, Абази одговори: „Можеби и сме се сретнале“. Тој негираше дека има лични контакти.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Предлогот на ССМ не е прифатен, работодавачите не биле подготвени да разговараат за минимална плата

Нема изгледи за зголемување на минималната плата во земјава на 500 евра и раст на останатите плати за 100 евра како што бараше Сојузот...

Жителка на Русиново со брза дојава спаси поголем пожар. Веднаш доби понуда за работа

Жителка на Русиново го дигна селото на нозе против огнената стихија Синоќа точно на полноќ кај месноста Св. Марко, во близина на селото Русиново, избувна...

Николоски: Доаѓаат инвеститори од ОАЕ, сопственикот на Бурџ Калифа и Дубаи Мол ги виде Скопје, Попова Шапка и Охрид

-Првпат ја отворивме Македонија натака, доаѓаат инвеститори тука, излезе и по социјаните мрежи, сопственикот на Бурџ Калифа и на Дубаи Мол веќе ги...

Трагичен крај на потрагата: Пронајдено телото на 16-годишното девојче во реката Вардар

По шест дена интензивна потрага, денеска околу пладне во водите на реката Вардар е пронајдено телото на 16-годишната девојка која исчезна на 24 јули,...