11.9 C
Ohrid
петок, мај 10, 2024
ПочетнаСветКачињски: Жените во Полска не раѓаат оти многу пијат алкохол

Качињски: Жените во Полска не раѓаат оти многу пијат алкохол

Полскиот политичар Јарослав Качињски предизвика бес во јавноста по негова контроверзна изјава поврзана со наталитетот во таа земја.
Качињски изјави дека причина за нискиот наталитет во Полска е тоа што жените пијат, пренесе агенцијата дпа. Левицата претходно најави дека ќе поднесе тужба до етичкиот одбор на парламентот.

Просечниот степен на наталитет во Полска во 2020 година бил 1.4 дете по жена. Во Германија е 1.5, а во Франција 1.8.

Кога девојките, младите жени би пиеле како нивните врсници до дваесет и петтата година, тогаш веќе не би се раѓале деца“, изјави 73-годишниот политичар.

Качињски тврди дека мажите би ги сметал за алкохоличари ако неумерено пијат 20 години, додека за жените постави параметар од две години.

Според Роберт Бедрон, политичар од опозициската левица, оваа изјава е срамотна.

Оваа изјава ја налути и Ана Левандовска, сопругата на познатиот фудбалер Роберт Левандовски.

„Доста е! Ме лути кога ќе видам дека политичарите неосновано ги обвинуваат жените наместо да решаваат вистински проблеми“, напиша таа на Facebook.

Фитнес тренерката Ева Чодаковска, една од најпознатите инфлуенсерки во Полска, смета дека ова е „врвот на омразата кон жените“.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Зеленски ѝ ја честиташе убедливата победа на Силјановска Давкова (ФОТО)

Со нетрпение очекувам да ја зајакнеме нашата билатерална соработка со цел да ги вратиме мирот и стабилноста низ нашата обединета Европа, напиша Зеленски. Претседателот на...

Сите заеднички сплотени за мајка Македонија: Погледнете како се славеше победата на ВМРО ДПМНЕ во Охрид.

ВМРО ДПМНЕ и коалицијата издвојуваа победа на парламентарните и претседателските избори. Симпатизерите и поддржувачите на ВМРО ДПМНЕ еуфорично и братски ја прославија победата на градскиот...

Охрид доби тројца пратеници од ИЕ5 во Собранието на Република Македонија

Честитки за народот, за сите охриѓани кои ни дадоа огромна поддршка и доверба испраќајќи единствена порака дека е време за ново поглавје и доаѓаат...

Маричиќ по поразот на СДСМ: Оставаме во наследство подобра држава

Македонските гласачи синоќа избраа претседателка на државата и 120 пратеници во законодавниот дом. Им честитам на победниците за успехот, а на граѓаните и на...