27.9 C
Ohrid
вторник, јули 1, 2025
ПочетнаМакедонијаКовачевски: И јас сум имал болен човек од рак во семејството, знам...

Ковачевски: И јас сум имал болен човек од рак во семејството, знам како е да се чека снимање – Услугите мора да се подобрат

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Можат многукратно да се подобрат здравствените услуги во земјава, исто како и многу други услуги, одговори денеска премиерот Ковачевски на новинарско прашање дали лично е задоволен од начинот на кој граѓните доаѓаат до здравствени услуги.

<

Делот од вас знаат за мојата професионална кариера, сум работел во индустрии каде услугата за корисниците е доведена до совршенство. Тоа е направено со помош на дигитализација, со креирање на стандард на услуги за оние што ги користат, со користење на сите најсовремени алатки и техники за комуникации и за електронско плаќање и пред сè, со обука на вработените кои ги даваат тие услуги. И уште еден принцип, јас го нарекувам дисциплинирана соработка. Сите што работат во еден колектив треба да соработуваат меѓу себе, но таа соработка треба да биде дисциплинирана во насока на пружање на подобри услуги, а не како што често ние знаеме на Балканот, соработка за разговори, за помалку ефикасно трошење на работните часови итн. Сметам дека целиот систем, не само здравството, треба да функционира подобро – рече премиерот Ковачевски денеска во ГОБ „8 Септември“ на промоција на нови апарати за магнетна резонанца.

Прашан дали е во ред болен од рак два месеци да чека лекар од радиологија да чека да го прочита резултатот, Ковачевски одговори дека системот треба да функционира на начин што ќе пружаа најбрза и ефикасна услуга.

– И јас сум имал болен од рак во блиското семејство и сме поминале низ процесот на чекање, снимања итн. Но, знаете, низ тие лични искуста ќе сфатите неколку работи, дека прво, тие што се задолжени за управување со системот треба да работат на неговото унапредување, ефикасност, забрзување и зголемување на перформанците.. И второ, имаме одлучни лекари и софистицирана опрема на ниво на Авсртрија, САД, го кажувам ова и од лично искуство. Она што ни недостасува е систем што ќе работи на пружање на услуги. Членството во ЕУ ќе овозможи добар живот на оваа и на следните генераци, со стандард, со повисоки плати, како и со социјална птравда и демократија на нив на тие европски држави – рече Ковачевски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Март Кос: Идентитетот ви се манастирите, погачата, тавче-гравче, пинџурот или полнетите пиперки!

Еврокомесарката за проширување Март Кос вели дека идентитетот не може да биде предмет на политичко одлучување, бидејќи идентитетот е нешто што си го носиме...

Охриѓанец во ноќен клуб си ја истепал сопругата.

На 01.07.2025 година во 09.15 часот, лишен од слобода е С.Г.(35) од Охрид кој на 30.06.2025 година во 22.10 часот, во ноќен клуб во...

Тошковски: Апсењето во Струмица беше филмско, планирале дрогата да ја изнесат надвор од Македонија

Три лица уапсени, автомобилот бил полн со дрога, постоел план за нејзино изнесување од Македонија. Ова се клучните детали од вчерашната акција во Струмица,...

Битолчанец во казино претепал доктор, па потоа ја нападнал и полицијата !!!

Предложен притвор за осомничен за напад врз лекари и полицајци Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека...