26.9 C
Ohrid
вторник, јули 1, 2025
ПочетнаМакедонијаБогоев: Татко ми почина, а мојата мајка го наследи имотот од 7,5...

Богоев: Татко ми почина, а мојата мајка го наследи имотот од 7,5 илајди квадрати покрај езеро купен лани пред локалните избори !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во текот на вчерашниот ден, најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ обвини дека поранешниот градоначалник на скопски Карпош, Стефан Богоев станува хотелиер на брегот на Беровското езеро.

<

„Имот од 7,5 илјади м2 , до езеро, купен лани, на 7ми октомври. 10 дена пред локалните избори. На име на мајката на Стефан Богоев, со намена за хотелски комплекс. Постапката е почната, фирмата е регистрирана, Стефан Богоев ќе стане хотелиер, тукушто излезе од градоначалничка функција“, тврди Наум Стоилковски, портпарол на опозиционерите.
Од друга страна, „Фокус“ стапи во контакт и со Богоев, кој во детали објасни што значи тој имот, кој го купил и како според него, „вмровците“ ја злоупотребуваат целата ситуација.

Имотот беше заедничка сопственост на татко ми и наши соседи. Тој имот е купен од физички лица, а не од државата. Татко ми почина пред шест месеци и тој имот останува во оставинска постапка на мајка ми, а тоа дополнително ја покажува нечовечноста на ВМРО-ДПМНЕ.

Дополнително, ДУП-от за којшто лажно говори Стоилковски е донесен многу пред Звонко Пекевски да стане градоначалник.

Факт е, исто така дека во моментов не се гради хотел, ниту пак во догледно време ќе има хотел на тоа место, исто како што Стефан Богоев нема никаква поврзаност со споменатата фирма“, истакна Богоев во изјава за „Фокус“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Битолчанец во казино претепал доктор, па потоа ја нападнал и полицијата !!!

Предложен притвор за осомничен за напад врз лекари и полицајци Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека...

Пожар ноќеска во Кочани-Сопственикот е родител на починат во Пулс.

Ноќеска во пожар изгореа автобуси на плац на излезот на Кочани веднаш до бензинската пумпа “Авто Петрол” кај Оризари, објави Гласно.мк. Засега не се познати...

Лишен од слобода мотоциклистот кој удри пешак во Скопје

Лишен од слобода мотоциклистот кој удри пешак во Скопје На 30.06.2025 околу 13.45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Шар планина“ во Скопје...

Армиските „Хермелини“ и „БТР“ оклопните возила стануваат противпожарни

Во фабрика во близина на Кавадарци, се одвива интензивна пренамена на воени оклопни возила во противпожарни машини, во пресрет на сезоната на шумски пожари....