6.9 C
Ohrid
недела, октомври 13, 2024
ПочетнаМакедонијаФудбалерот Тасевски: Не се чувствувам како Бугарин, јас сум Македонец!

Фудбалерот Тасевски: Не се чувствувам како Бугарин, јас сум Македонец!

Дарко Тасевски, поранешниот фудбалски репрезентативец на Македонија, во интервју за бугарски „Блиц“ одговори на прашањето дали се чувствува како Бугарин.

„Не, јас сум Македонец. Тоа никој не може да ми го одземе, роден сум таму. Ја чувствувам љубовта на луѓето овде кон мене, јас исто така ги почитувам. Отсекогаш се трудев да бидам врска меѓу двата народа. Имав повици од политичари, ме поканија да помогнам за затоплување на односите. Но, не сакам да паднам во тие средини. Ме поканија политичари од двете земји – и од Бугарија и од Македонија. Ги обвинувам поради тоа што до пред 3-4 години немаше толку голем проблем меѓу двата народа. Политичарите се замешаа и стана полошо. За жал, работите одат на полошо. Се надевам дека нема да има ескалација на тензијата во следните натпревари меѓу двете земји“, изјави Тасевски.

Фудбалерот кој што во дресот на Славија Софија ја игра последната сезона во кареирата за Македонија настапи на 45 натпревари и постигна еден гол.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во липковско полицијата пронајде дрога и оружје.

Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Единица за недозволена трговија со оружје, опасни материи...

На денешен ден Колумбо ја открил Америка

На денешен ден во 1492 година прочуениот италијански морепловец Кристофер Колумбо (1451-1506 г.), во служба на Шпанија, по двомесечно пловење, пристигнал на бахамскиот остров...

Децата што се обиделе да силуваат соученик во Ѓорче Петров се првачиња !!!!

Случајот со нападнатото дете во Ѓорче Петров добива посериозна димензија, откако се дознава дека во инцидентот биле вклучени деца од прво одделение. Нападот на...

По повод 11 Октомври, 1200 ученици од Прилеп го формираа македонското знаме!

На плоштадот „Матодија Андонов Ченто“ во Прилеп, околу 1200 основци и средношколци денес го формираа македонското знаме во чест на националниот празник „11 Октомври“.