24.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаМакедонијаКовачки: Власта вработила во Армијата лица приведени за тешка кражба и трајна...

Ковачки: Власта вработила во Армијата лица приведени за тешка кражба и трајна ограниченост како професионални војници 

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Драган Ковачки, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во вечерашното гостување во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија во дебата со министерката за одбрана Славјанка Петровска и достави документ во кој што стои дека во армијата се примени професионални војници, а се некомпетентни и со законски пречки, порачувајќи и дека и самиот генерал на Армијата на Република Македонија во дописот се сомнева во приемот на истите.

<

-Изнесов информации дека се дава 3500 евра, односно 5000 евра за мисии односно за прием на професионални војници како и унапредување, односно војници во под офицери. По моето објавување на јавниот настап во собранието каде што не беше министерката за одбрана, таа сума по наши сознанија беше зголемена на 6000 евра. Во министерството за одбрана постои една организациона единица која се нарекува воена служба за безбедност и разунавање, чија што законска надлежност по член 135 е да гони сторители на кривични дела во одбраната, и тие лица ги овластува министерот за одбрана, истакна тој

„Ова пред мене е документ е од Генерал штабот неквалифициран документ потпишан од генерал, изработен од подофицер, контролирал потполковник, го одобрил полковник, а е согласен друг полковник со тој документ. И ова е документ за завршена обука на професионални војници, и врз основа на овој документ после тоа овие професионални војници се примени во Армијата или им е продолжен договорот. И сега генералот на Армијата си доставил документ со прилози. Во првиот прилог стои список на примени професионални војници кои ги исполнуваат сте критериуми за прием. Во прилог два вика список на новопримени професионални војници за кои предлагаме да не им се продолжат договорите поради законски ограничувања, значи има лица кои што имаат законски пречки да бидат примени односно да им се продолжат договорите за работа. Во прилог три се вели, список на новопримени професионални војници во Армијата за кои практичните тестови се под сомнение дека ги поминале успешно. Значи генералот се сомнева дека овие тестови се поминати успешно. Прилог четири список на новопримени професионални војници во Армијата кои што  отсуствувале повеќе од 10 проценти од обуката, итн“, изјави Ковачки.

Ковачки вели дека во Армијата се примаат лица со трајна ограниченост за служба во Армијата како што е и премиерот Димитар Ковачевски, лице приведено за тешка кражба, како и лице со судска постапка, додавајќи дека е навистина срамота за држава која е дел од НАТО Алијансата да има војници кои не се професионалци.

-Значи генерал на  Армијата со негова комисија се сомнева и тврди дека се примени војници во Армијата со законски пречки. За какви законски пречки станува збор? Имаме лице приведувано за тешка кражба од МВР, имаме судска постапка, имаме предлог за престанок на договор заради трајно ограниченост за служење во војска, нешто слично како премиерот Димитар Ковачевски, имаме судска постапка, имаме наод од воено лекарска комисија значи тричлена комисија утврдила дека имаме ограничено способни за служба. Ова е документ 2021 година, сега сме 2022 година и ова е документ во ваш мандат на СДСМ и ДУИ. И овој документ јас ќе ви го дадам и доколку сме сериозна држава очекувам веднаш да се постапи, и уште вечерва да имаме апсења. Срамота е во една НАТО членка, во една Армија која што претендира да го подигне своето ниво на обученост и на професионализам да ни се случуваат вакви испади. Има луѓе кои со своето знаење и компетенции не се влезени на овие списоци, а има луѓе кои што се гонети од МВР поради тешки кражби и ограничено способни а се примени во Армијата, и порача Ковачки на Петровска.

На прашањето дали тој се сомнева дека ова се луѓето кои што давале мито за да влезат во армијата, Ковачки потенцираше дека единствен начин за вакви лица да влезат во Армијата тогаш е или преку партија или преку плаќање на работното место.

-Значи нема друг начин тоа да се случи ако тоа не е направено преку партија СДСМ или ДУИ или ако имаат дадено пари, односно да ги имаат дадено парите во партијата, рече Ковачки.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...

Стружани сами си го поправија дрвениот мост на реката Црн Дрим.

Чекаа реакција од градоначалникот, но залудно – па стружани решија работата да ја превземат во свои раце. Еден од дрвените мостови на шеталиштето покрај...

Таравари: Сегашниот ќе биде и иден градоначалник на Гостивар

Валбон Лимани, актуелниот вршител на должноста вд градоначалник на општина Гостивар, ќе биде кандидат за уште еден мандат, соопштти Арбен Таравари, синоќа на граѓанскиот...