17.5 C
Ohrid
вторник, август 5, 2025
ПочетнаМакедонијаOпштина Арачиново, наместо да заштеди струја , потрошило за 474 проценти повеќе...

Oпштина Арачиново, наместо да заштеди струја , потрошило за 474 проценти повеќе струја од ланскиот октомври

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Oпштина Арачиново, наместо да заштеди струја согласно мерките на Владата, потрошило за 474 проценти повеќе струја од ланскиот октомври. Повеќе струја потрошиле и Лозово и Студеничани. Сумирано пак, Министерството за образование има постигнато најмала заштеда на електрична енергија од 24 отсто, а најголема заштеда има постигнато Министерството за животна средина од 94 отсто, изјави министерот за економија Крешник Бектеши.

<

Согласно податоците на Електродистрибуција за заштедата на електрична енергија произлегува дека административните згради на претседателот на државата, Собранието, Владата, министерствата, АД ЕСМ, АД МЕПСО имаат остварено намалена потрошувачка на електрична енергија во просек од 29 отсто, што е повеќе споредено со вкупната заштеда од 20 отсто остварена во септември, информира министерот за економија Крешник Бектеши.

„Сите институции во октомври имаат најмалку за 15 отсто намалена потрошувачка на електрична енергија што е согласно препораките и задолженијата кои ги донесе Владата. При тоа најмала заштеда има кај Министерството за здравство од 18 отсто, а најголема заштеда има зградата на Министерство за образование до 58 отсто. Заштедата на електрична енергија на Владата изнесува 32 отсто, кај Собранието заштедата во октомври е 22, кај Кабинетот на претседателот на државата 24, кај административната зграда на ЕСМ заштедата е 25, а кај МЕПСО 22 отсто“, рече Бектеши на денешната прес-конференција во Владата.

 

Ако се земат предвид податоците вклучително и на сите државни претпријатија, агенции и управи, нагласи, тогаш вкупната заштеда на електрична енергија изнесува 24 отсто.

„Согласно податоците потрошувачката на електрична енергија само на министерствата сумирана заедно со сите единици кои се во склоп на надлежностите под одредено министерство е намалена за 33 отсто. Министерството за образование има постигнато најмала заштеда на електрична енергија од 24 отсто, а најголема заштеда има постигнато Министерството за животна средина од 94 отсто. Заштедата на електрична енергија кај Министерство за информатичко општество изнесува 50 отсто, кај Министерство за локална самоуправа 58, во Министерство за транспорт и врски и Министерство за финансии заштедата изнесува 44 отсто, кај Министерството за труд и социјална политика 40, Министерството за економија заштедило 30 отсто електрична енергија, исто толкава е заштедата на Министерството за внатрешни работи“, прецизира Бектеши.

Во анализата на потрошувачката на електрична енергија за октомври 2021 година споредено со истиот месец во 2022 година, како што кажа, се опфатени вкупно 19 јавни претпријатија во државна сопственост со сите подрачни единици, каде вкупната заштеда изнесува 17 отсто.

„Согласно податоците содржани во табеларниот приказ произлегува дека 15 субјекти оствариле заштеди од минимум 15 отсто во октомври 2022 година споредено со истиот месец во 2021 година“, рече Бектеши.

Податоците за заштеда на електрична енергија кај општините кои имаа препорака да штедат, пак додаде, покажуваат дека од 81 општина, 65 општини постигнале заштеда од најмалку 15 отсто, од кои 12 општини постигнале заштеда поголема од 50 отсто.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Убиецот од болницата во Бардовци: Слободно шетал и пиел по кафеани !!!

Убиецот Димитар Спасов, кој пред 13 години ја уби мајка му, сега усмрти осуденик со кој престојувал во психијатриската болница „Скопје“ во Бардовци. За...

Китески: Советот на СДСМ Охрид – без трошка срам, против 13 проекти важни за граѓаните, која една од нив е и катната гаража.

Александар Китески, секретар на Општина Охрид: Денес опозицијата во Советот на општина Охрид, предводена од СДС, на седницата за ребаланс на буџетот на општината, без...

Шлепер излета од коловозот меѓу селата Требеништа и Мешеишта

Шлепер излета од коловозот меѓу Требеништа и Мешеишта Попладнево, на делницата меѓу селата Требеништа и Мешеишта, од трасата што се гради како дел од автопатот...

Опелото за Душко Чифлиганец ќе се одржи утре во храмот „Св. Јован Крстител“ во Аеродром.

Опелото за прерано починатиот Душко Чифлиганец ќе се одржи во среда, на 6 август 2025 година, во 14:00 часот, во православниот храм „Св. Јован...