0.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаОхридПецаков: Македонците низ вековите минале многу, но секогаш изнаоѓале сила да продолжат...

Пецаков: Македонците низ вековите минале многу, но секогаш изнаоѓале сила да продолжат по патот на свети Климент

spot_img

Општина Охрид ја одржа во средата свечената академија во чест на свети Климент – патронот на градот, на којашто беа врачени повелбата и признанијата.

„Македонија и Македонците низ вековите поминале многу ветрометини, падови и негирања, но секогаш изнаоѓале сила да опстојат, да се исправат и да продолжат по патот Свети Климентов, кој е поплочен со љубовта кон Бога, човекољубие и милосрдие. Тоа не прави кротки и одлучни, нежни и цврсти, трпеливи и непоколебливи. Тоа е нашето најголемо наследство од Свети Климент Охридски, за кое верувам дека успешно ќе го пренесеме на следните генерации низ вековите„, истакна градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков на свечената академија по повод „Свети Климент Охридски“ – патронот на градот.

Вечерва, нагласи тој, душата на секој охриѓанец и Македонец е исполнета со радост, трепет, и блажество, затоа што го славиме нашиот најголем духовен водач и учител, епископ и народен трибун, заштитникот на Охрид и Македонската православна црква, Свети Климент Охридски.

„Точно илјада сто ишест години не делат од земската неприсутност на Свети Климент меѓу нас – Македонците, но и исто толку години не поврзува нераскинлива духовна, културна и морална сплотеност со неговото дело. Ретко кој народ, како македонскиот, може да каже дека има таква нераскинлива историска и духовна вертикала во својата опстојба и битисување. Тоа е затоа што Свети Климент Охридски е нашиот првоучител, чија дејност и мисла е длабоко во темелите на нашето постоење и културно препознавање. Неговото монументално и божествено дело недвојбено ја покажува нашата посебност во светската асамблеа на народите“ рече Пецаков.

Создавањето на првиот славјански универзитет и описменувањето на 3.500 ученици, кои ќе ја шират верата и писменоста во целиот словенски свет, реќче во продолжение радоначалникот, покажува дека Охрид и делото Климентово не е најважно само за Македонците, туку и за целиот словенски род.

„А нашиот град е најзначајнииот духовен центар, кој преку Охридската книжевна школа ги промовира универзалните човечки вредности. А тие се промовирале, растеле и развивале врз постулатите кои ни ги остави Свети Климент„, подвлече Пецаков.

Потсети на најголемата и најважната етичка порака „Тргај се од злото и прави добро“ како и на постулатот „Да се надминуваме еден со друг со добрина“.

На академијата беа врачени највисоката општинска награда „Свети Климент Охридски“ на годинашниот добитник архимандритот Нектариј, игумен на манастирот Свети Наум Охридски и повелбата – Патрон на градот „Свети Климент Охридски“ на четворицата добитници: Димче Каневче, Летка Филипова и здруженијата за еднаква застапеност на лица со посебни потреби во медиумите „СОС Балкан медиа“ и за мултиркултурна интеграција „Инклузија“ за нивната хумана дејност.

Архимандрит Нектариј, Свети Климентовата награда ја доби за долгогодишните остварувања и врвни достигнувања за време на неговиот повеќе-децениски јеромонашки чин во манастирот „Свети Наум Охридски“. Тој изрази благодарност за признанието, посочувајќи дека чистењето и уредувањето на дворот на манастирот не е кој знае каква голема заслуга, туку е обврска. Наградата, нагласи, ја дополнила радоста од признавањето на автокефалниот статус на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, како убава завршница на оваа, иако за светот немирна, 2022 година.

„Што и да направиме во овие две свети места со историја подолга од 1100 години, нашето нема трајност повеќе од триесеттина до педесет години, под услов ако се одржува грижливо,“ рече архимандритот.

Неговиот влог во уредувањето на манастиркиот комплекс го спореди со главица лук, а останатата заслуга им ја прфрли на, како што нагласи, оној кој го поставил во „Свети Наум“, на неговите претходни и сегашни соработници и на сите кои несебично и макотрпно се вложиле себеси во овие 31 година во „Свети Наум“.

„Ние сме сега свои на своето, она што не бевме не само години и децении, туку столетија наназад. Поминаа многумина императори и администратори, пастири и душегрижници кои малку донесоа, а многу однесоа и си заминаа оставајќи го стадото од устата на волкот во устата на лавот. Ние останавме, бидејќи ова е наше и после секое нивно бегање, моравме да го чистиме и уредуваме растуреното и пустошот“, истакна Нектариј.

Пред присутните во полната сала на центарот за култура „Григор Прличев“ порача дека сме должни да ги чуваме езерото, Галичица, Охрид и неговите светилишта.

„Мотивот и замислата манастирот Свети Наум да биде уреден и чист, и покрај сета негова природна убавина, е одамнешна желба од самото мое доаѓање во Свети Наум пред повеќе од 30 години. Да се радуваш на туѓата радост и да им приредиш радост на луѓето и да ги видиш нивните задоволни и насмеани лица, тоа е рамно на литургија, а литургијата значи служба“, истакна архимандрит Нектариј.

Светиклиментовата повелба, како што порача Летка Филповска, која е еден од иницијаторите за отпочнување на Бадниковата поворка во Охрид, но и позната по својата хумана дејност, нека биде поттик за сите што сакаат да помагаат.

Димче Каневче, кој по третпат ја добива Повелбата на свети Климент им порача на сите што можат да помогнат тоа да го направат и да израдуваат некое семејство.

„Се работи за семејства кои те прават тажен со своите приказни, но од друга страна те прават и среќен. Секоја приказна е делче од мозаикот која ја прави таа среќа. Се надевам дека оваа повелба ќе биде мотив за многу луѓе да им помогнат на тие околу себе. Доволно е да се завртиме околу себе да видиме каде има потреба да се помогне па макар и на еден ден да им се подобри животот“, порача Каневче.

Чествувањата во чест на свети Климент.,патронот на градот Охрид ќе продолжат утре со поклон пред моштите на свети Климент Охридски во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон” на Плаошник, полагање цвеќе на споменикот на Свети Климент Охридски во училишниот двор на „Свети Климент Охридски“ и на момументалниот споменик на свети Климент Охридски на градскиот плоштад, како и врачување награди на најдобрите поетски творби на наградниот ученички литературен конкурс по повод патронот на Охрид.

Програмата ќе се заокружи вечерта со настап на Македонските фолклорни ансамбли во чест на свети Климент Охридски на големата сцена во центарот за култура „Григор Прличев“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...