24.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаМакедонијаБританија ЌЕ ПРОТЕРА 10.000 АЛБАНЦИ назад на Балканот

Британија ЌЕ ПРОТЕРА 10.000 АЛБАНЦИ назад на Балканот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Повеќе од 10.000 Албанци пристигнаа преку Ла Манш во Велика Британија оваа година и побараа азил, што сочинува речиси четвртина од рекордните 44.000 луѓе кои стигнале во Велика Британија преку таа рута.

<

Ова е огромно зголемување споредено со 2020-та година кога само неколку десетици албански баратели на азил пристигнаа во Британија.

Илјадници Албанци ќе бидат вратени дома во следните месеци – рече британскиот премиер Риши Сунак во Парламентот најавувајќи дека ќе воведе нови мерки насочени кон намалување на бројот на мигранти кои пристигнуваат од Албанија во Велика Британија со мали чамци преку Ла Манш.

Тој додаде дека Британија добила формални гаранции од албанската влада дека ќе ги заштити вистинските жртви и луѓето кои се изложени на ризик од повторна трговија со луѓе.

Сунак и други официјални лица инсистираа дека Албанија е фундаментално безбедна земја и дека повеќето барања за азил на нејзините граѓани се неосновани.

Британските власти рекоа дека големото зголемување може да се должи на зголемената активност на албанските криминалци кои дејствуваат во северна Франција.

Премиерот изјави дека се вработени дополнителни стотици работници за да ги обработат барањата за азил и да ги решат акумулираните барања за чекање, кои се проценуваат на повеќе од 143.000 за да бидат решени до крајот на следната година.
Infomaks

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...

Стружани сами си го поправија дрвениот мост на реката Црн Дрим.

Чекаа реакција од градоначалникот, но залудно – па стружани решија работата да ја превземат во свои раце. Еден од дрвените мостови на шеталиштето покрај...

Таравари: Сегашниот ќе биде и иден градоначалник на Гостивар

Валбон Лимани, актуелниот вршител на должноста вд градоначалник на општина Гостивар, ќе биде кандидат за уште еден мандат, соопштти Арбен Таравари, синоќа на граѓанскиот...