13.9 C
Ohrid
петок, април 25, 2025
ПочетнаМакедонијаМладите доктори Стојан и Андреј од Кочани останаа без работа – На...

Младите доктори Стојан и Андреј од Кочани останаа без работа – На огласот примиле послабо рангирани доктори !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Објавениот конурс за вработување на шест доктори во Општата болница во Кочани заврши со неправилности.

<

Првите шестмина на ранг листата требаше да бидат примени, но заради непознати причини наместо трето и шесто рангираниот, се примаат седмо и осмо рангираните со помал просек и број на поени.

Стојан и Андреј се општи доктори, на ранг листата ги исполнуваат критериумите за да бидат примени на работа, но по одлука на директорот на нивно место се примаат кандидати кои не ги исполнуваат бараните условите.

„Конкурирав на огласот за доктор во ЈЗУ Општа болница Кочани каде бев со уредна документација и од страна на комисијата за селекција бев регуларно оценет по просек, поени од стручен испит и поени од англиски јазик и бев рангиран на ранг листата на трето место, а додека мојот колега Андреј Коцев беше рангиран на шесто место по истите критериуми.

Првите шест требаше да влезат, но директорот без основа иако се повикува на ранг листата ги прими кандидатките под реден број седум и осум, иако имаат помал просек и помалку поени.“ – вели Лазаров за Мнет тв.
„Директорот Александар Серафимов како што пишува во одлуката се повикува врз основа на ранг листата предложена од комисијата за селекција, без основа.

Спротивно од предложеното не трга нас трето и шесто рангираните, и без основа ги прима седмо и осмо рангираните кои имаат двоцифрен број на помали поени како и помал просек.

Ако директорот сам одлучил и ова е негова одлука која е потребата од просек, полагање и комисија.“ – кажа Коцев.
Лазаров вели директорот Серафимов не дал конкретен одговор зошто и по кој основ е донесена ваквата одлука. Младите доктори бараат средба со Министерот Беким Сали, како и постпка од второстепена комисија до која ќе биде доставена жалба.
„Неговиот став е потпишана одлуката за примање на кандидатките без основа седма и осма иако имаат помалку поени, не ни даде конкретен одговор зошто е таа одлука така донесена.“ – истакна Лазаров.

Бараме средба со Министерот Беким Сали и бараме државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос од втор степен до која ќе биде доставена жалба во текот на наредната недела“ – додава Коцев.

Директорот на кочанската болница со проширена дејност, Александар Серафимов денеска не одговараше на телефонските повици, идентично како и во претходните неколку месеци кога во болницата се случија низа инц иденти како кр ажба на амбуланто возило, тепчака меѓу вработени и слично.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пронајден е возачот кој во Охрид удри пешак и избега од местото, против него ќе биде поднесена соодветна пријава информираат од МВР.

Пронајден е возачот кој во Охрид удри пешак и избега од местото, против него ќе биде поднесена соодветна пријава На 24.04.2025 во 22.40 часот во...

Опожарено возило на улицата Македонски Просветители во Охрид – брзата интервенција спречи поголема несреќа

Опожарено возило на улицата Македонски Просветители во Охрид - брзата интервенција спречи поголема несреќа Денеска околу 14:00 часот, на улицата Македонски Просветители во Охрид избувна...

Мицкоски: Се укинуваат визите за Обединетите Арапски Емирати

Последната посета на Обединетите Арапски Емирати го донесе првиот конкретен резултат. На наше барање, тие ги укинуваат визите кои беа потребни за патување кон...

Ученици од бугарско село собраа 5.300 лева за настраданите во Кочани

Сума од 5.300 лева (околу 2.650 евра) собраа учениците од бугарското село Ивањане со велигденски хуманитарен базар за настраданите во трагедијата во Кочани, продавајќи...