22.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаМакедонијаСпасовски: МВР го наследив со доспеан долг од 40 милиони евра и...

Спасовски: МВР го наследив со доспеан долг од 40 милиони евра и неисплатени бонус плати

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на пратеничко прашање поставено од пратеникот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, направи компарација на мандатот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатот во кој Спасовски раководи со Министерството.

<

„Упатувам апел да си закажете седница на Собрание, има многу деловнички можности на секоја тема да разговараме поединечно, тука нема бегање, може комплетно за секое прашање да разговараме и да видиме зошто довербата на полиција во 2017 била 23%, а денес е повеќе од 50%”, рече министерот Спасовски, при што додаде дека може да се разговара со факти и податоци.

„Зошто во време на министрите Јанкуловска и Чавков МВР како институција била најмногу затворена, а денеска е во три најтранспарентни. Зошто наследив доспеан долг од 40 милиони евра на 1 јуни 2017 година, а денес 2022 ја завршувам со година без долг и без пренесување долг во 2023. Да разговараме за борба против криминал и корупција, кои се резултати на ВМРО до 2017 а кои се денес. Тука нема никаква дилема. Кој бил приведен или уапсен или се наоѓа во затвор? Секој еден што правел криминал, без разлика кој е. Знаете дека два министри, директори на БЈБ, 36 полициски службеници, функционери кои вие ги поставивте денес се во затвор. Тука нема дилема”, истакна министерот Спасовски.

„Ако сакате да разговараме како се носеа Буџети на 24 декември 2012 кога не исфрливте од салата на Собранието и во ист момент да избрете Народен правобранител. Или да разговараме за рушење на човекови права, за убиство на Мартин Нешковски, за употреба на оружје во училишта, за јавен ред и мир тогаш и сега, за безбедноста во сообраќајот тогаш и сега. Да разговараме за неисплата на бонус плати до 2017, а полицајците мораа да тужат, а денеска исплатени се сите бонус плати и немаме ни денар трошок за судски наплати. Да разговараме за распаднати објекти во време на ВМРО-ДПМНЕ, и за 78 реконструирани објекти денеска, за ниту една изградена зграда во време на ВМРО-ДПМНЕ и за три нови круцијални објекти денеска – Центар за заштита на информатички податоци во Прилеп, Национален форензички центар и неколку полициски станици”, беше дециден министерот Спасовски.

Во однос на партизација на институцијата, министерот Спасовски истакна:

„Кога зборуваме за партизација, зборуваме за ВМРО-МВРО или сега? Нема ситуација сега за која може да разговарате. За злоупотреба на сите возила на МВР до 2017, за злоупотреба за изборни процеси, фалсификувани 36.000 лични карти лично од Јанкуловска кои им ги дававате на ден на гласање и ги враќавте во МВР или за сега, од изборен процес во изборен процес бележиме целосно намалување на било какви неправилности. Мојот стратешки приоритет е департизација, деполитизација и декриминализација на институцијата која ја направивте во овие 11 години ”, рече министерот Спасовски, при што додаде дека може да се разговара на овие теми било кога кога ќе се побара таква седница пред јавноста.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...