19.9 C
Ohrid
понеделник, мај 13, 2024
ПочетнаМакедонијаГруевски открива дека Македонија ќе плати неколку стотици милиони евра поради ујдурмите...

Груевски открива дека Македонија ќе плати неколку стотици милиони евра поради ујдурмите на власта со рудниците

Пред два дена пишував за штетите во стотици милиони евра што настануваат од стопирањето на еден голем проект за враќање на рафинеријата ОКТА во државна сопственост и стотоци милиони евра добивка за Македонија низ годините доколку владата во 2017 година не ја прекина, и ја продолжеше големата комерцијално-финансиска операција што ја започна владата која ја предводев, која не се спроведе до крај заради изборниот период.

За ова обвинителството е целосно запознаено уште во 2018 година по спроведената истрага кон лицата кои ги ангажирале консултантите да работат во име на Македонија и во извештајот на ОЈО од она што се сеќавам што ми е пренесено, стои дека би било корисно за Македонија ако таа започната операција за која веќе беа направени трошоци за меѓународни консултанти и експерти се заврши.
Но, сепак некому му одговарало да е поинаку, а за тоа нема ниту истрага ниту постапка против челните луѓе во власта од тоа време. Ниту ќе има во оваа овој пат вистински заробена држава, барем додека оваа политичка власт владее.

Но, не е само тој случај каде заради лични или партиски интереси оваа власт предизвика милионски штети за државата кои во крајна линија ќе ги плати народот преку буџетот на државата и даноците кои ги плаќа.

Еден од тие е концесијата за рудникот Иловица која е издадена кратко пред смената на власта во 2006 година од страна на владата на СДСМ.

Што таму се случи и се случува?

СДСМ ја издаде концесијата и компанијата која ја имаше ги започна сите подготовки и инвестиции за да дојде до почеток на отворање на рудникот. По нашето доаѓање на власт, гледајки дека концесијата е завршена работа, целосно ги услогласивме законите за минерални суровини, за концесии и јавно приватно партнерство со европските, вклучително и во делот на еколошките стандарди и заштита, така што на некој начин ги обезбедивме највисоките стандарди во Европа, кога веќе инвеститорот добил концесија и ќе инвестира.

Во меѓувреме се смени раководствот на СДСМ и истото под водстовото на Заев виде добра можност да ја направи оваа концесија дел од политичката битка и атак на владата која ја предводев. Заедно со бројни невладини органзиации кои се финасирани од странство, тргнаа во поход за плаѓењеи сензибилизирање на населението од тие краеви во правец дека тој рудник ќе ги загрози нивните животи и луѓето ќе умираат заради тоа.

Во ист период истата операција беше започната за повеќе потенцијални рудници и се создаде атмосфера дека владата за пари сака да ги умре луѓето во Македонија. Тоа беше прилично грозна кампања во која подоцна во овој текст ќе сватитекој бил нашиот избор.

Но, по некое време СДСМ ја превзема власта во мај 2017 година.
Народот од тие региони не беше свесен што му се случува и преплашен дека ќе биде отруен го продолжи притисокот кон новата власт, која свати дека се најде во сопственат стапица.

СДСМ копаа дупка за ВМРО-ДПМНЕ да падне во неа со тоа што ќе ги раскине меѓународните договори и ќе предизвика штета на Македонија која би бил над една милијарда евра, можеби заедно со Казандол околу една и пол миљарда евра, или да загуби илјадници преплашени гласачи.
Но, наместо ВМРО-ДПМНЕ да падне во дупката што ја копаше СДСМ и други, во неа падна СДСМ.
И тогаш незнаеја што да прават. По кратки перипетии, одлучија да продолжат да ја копаат дупката. И да видиме до каде ќе стигнат. Тие перипетии се важни, бидејки всушност кога СДСМ дојде на власт тие одлучија преку контрола на институците и судството да ги изиграат луѓето кои се надеваа на ,,спас,, преку новата власт. Реториката новата власт им беше измамничка, односно говореа дека се на нивна страна а против рудниците, а институциите под нивна контрола носеа спротивни одлук или непостапуваа.

Во тој период од неофицијални извори се знае дека покрај Телекомот, Комерцијална банка и една голема телевизија, тогашните владини првенци во понудите за ,,пријателство,, со Бугарија го понудиле и рудникот Иловица, а познавајки ги, сигурно и со задскриен нивен интерес во тоа и во тие нови акционерства.
Есапот со сите овие фирми не им излезе и по кратко време сватија дека не се толку силни за да договараат продажба на приватен имот на првите три горенабројани приватни правни субјекти, но во делот на Иловица, оддеднаш добивме нов косопстевник на фирмата која ја имаше концесијата со седиште во Петрич.
Сопственик е познат бугарски бизнисмен но нема никаква логика тој да нема зад себе скриени сопственици кои политички му помогнале, а да добие толкаво парче од фирма која ќе има така огромна, околу една и пол милијарда добивка во одреден временски период на експлоатација на рудникот.

Разликата е што тогаш објавија дека рудата преку електролизата ќе се вади во Бугарија наместо во Македонија, што значи дека немало сериозен еколошки проблем знаејки дека Бугарија е член на ЕУ. Ова уште подобро за новите особено за скриените акцинери затоа што нема да треба да им плаќаат во Македонија туку за нив на побезбедна локација, како Бугарија. Случајно баш во тој период, едни двајца браќа од Струмица, од кои едниот беше познат политичар, отворија свои фирми во Петрич. Се чини тоа бил условот за концесионерот од новата власт за да не му ја одзмат концесијата на сопственикот и при тоа задскриено да се роди едно ново бизнис политичко партнерство во име на пријателството, и се чини сопственикот тој прифатил.

Сепак,граѓаните и некои активисти од тој регион толку беа сензибилизирани и исплашени од наводното смртоносно загадување што владата не успеа да го издржи притисокот, па ја одзема концесијата.

Имателот на концесиата влезе во судска постапка во македонските судови, бидејки за да покрене меѓународна арбитража, најпрвин треба да ги помине домашните судови.

Првостепенат одлука е во корист на концесионерот.
Се чека одлуката на апелација.
Веројатно на концесионерот му одговара да загуби на апелација бидејки сосема сигурно е дека на меѓународен суд ќе добие најмалку една милјарда евра оштета без да врши дополнителни инвестиции и да превзема ризици.
Ова затоа што при одземањето на концесијата наведено е дека се одзема бидејки сериозно ќе ја загадува животната средина надвор од стандардите утврдени во закон и услогласени со ЕУ. Меѓутоа не е наведен никаков сериозне доказ за тоа, па сосема е извесно дека странскиот концесионер ќе победи на меѓународен суд и ќе земе огромна оштета.

Кој ќе плати?

Па народот, се разбира, исто како и за ОКТА, за Казандол, ФЕНИ итн.

Ама не само оној народ кој го подржуваше СДСМ во 2016 година да дојде на власт, туку сите граѓани на Македонија.

Како бизнис партнери, и оние експонираните, и не експонираните ќе добијат дел од тие пари.

Ако пак се случи апелацискиот суд да ја подржи првостепената пресуда, тогаш рудникот ќе се отвори независно на се.

И пак тука акционерите вклучително и дополнителите акционери кои влегоа во сопствеништвото по доаќањето на новата власт ќе го добијат своето а оние што протестираа, се надевам ќе разберат под каква манипулација биле.

Значи, штом концесијата е издадена и концесионерот ги почитува законските стандарди, тој своите пари ќе ги добие, или на арбитражен суд или преку отворање и експлоатација на рудникот.
Се другото беа валкани политички игри и манипулација на народот.

Третата фирма е рудникот Казандол, чии сопственик е од Украина и кој веројатно не прифатил да даде дел од својата фирма на фирми зад кои се кријат криминални политичари, како во случајот Иловица, и затоа му беше одземена концесијата од новата власт во 2017/2018 година, заради еколошки причини, без да се обезбеди елементарен сериозен доказ за тоа.
Македонија и Украина оддамна имаат склучено договор за заштита на инвестициите, па така меѓу другото концесионерот се повикува и на тој меѓународен договор.

Според мои неофицијални информации тој е стигнат подалеку од Иловица и веќе е на арбитража во Лондон каде концесионерот бара оштета од Македонија над 300 милиони евра.
Непроверени и неофицијални информации кои дојдоа до мене се дека веќе добил во прв степен нешто над 150 милиони евра, што заедно со трошоци за адвокати ќе се доближи кон 200 милиони евра штета која Македонија ќе треба да ја плати, но сепак треба потврда на ова, која ќе ја знаеме кога се заврши и ќе се објави. Ќе видиме колкава ќе биде оштетата на крајот, но ќе биде многу голема.

Четврта тужба против Македонија е од поранешениот сопственик на Фени, компанија од Казахстан каде се бара оштета од 50-60 милиони евра од Македонија заради намерно носење во стечај. Имено, компанијата имала долг кон државата во висина од околу 2,5 милиони евра, а државата и должела околу 4 милиони евра на компанијата со доцнење на повратот на ДДВ.
На тој начин ја има однесено во стечај и ја има превземно друга фирма регистрирана во Швајцарија, но јавна тајна е дека зад истата стои поранешен многу висок владин функционер.

Сите штети од овие валкани политичко криминални игри ќе паднат на терет на граѓаните. Оваа власт на СДСМ ќе се обиде сите овие работи да ги пролонгира до изборите за да паднат на терет на некоја идна влада. Така ни се случи во 2006 година кога неколку недели по влегувањето вовладата, паднаа многу судски пресуди против државата, водени и пролонгирани со години, и во точно темпирано време ,,чесните,, судии ги објавиле нивните одлуки, па сметката на владата беше неколку недели блокирана.

Во меѓувреме го замајуваат народот со политички прогони на политичките противници за измислени суми кои не се споредливи со овие кои се реални и со кои целиот народ ќе се соочи, како што веќе се соочи за ОКТА, она со што денес започнав.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Осмооделенец ненадејно почина во битолско, му се слошило додека бил на роденден

Во битолското село Крстоар, вчера ненадејно почина малолетник, чија смрт ја вознемири битолската јавност. Според информацијата на СВР Битола, вчера, попладне околу 16 часот и...

Брза Реакција на Брисел: ЕУ изрази загриженост и жалење поради неупотребата на уставното име на Северна Македонија

ЕУ брзо реагираше на инаугурацијата на претседателката Силјановска-Давкова, изразувајќи жалење поради неупотребата на уставното име на Северна Македонија од нејзина страна за време заклетвата...

Лазаров: Ова е еден од најсреќните денови во мојот живот со мојата Македонија!

Своето видување за натпреварот го изнесе селекторот Кирил Лазаров, кој изјави дека ова е еден од посреќните денови во неговиот живот. „Јас сакам да се...

Грчката амбасадорка изреволтирана: Претседателката Давкова наместо Северна кажала Македонија.

Грчката амбасадорка во земјава, Софија Филипиду демонстративно ја напушти собраниската ложа откако новата претседателка на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова ја даде заклетвата и наместо...