14.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонијаПо неколкудневна потрага пронајдено телото на Пламен Христов, до него уште едно...

По неколкудневна потрага пронајдено телото на Пламен Христов, до него уште едно тело најверојатно на Македонец

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

По неколкудневна потрага е пронајдено телото на бугарскиот турист Пламен Христов, кој исчезна пред една недела. Телото е пронајдено под врвот Вихрен на планината Пирин, Бугарија, а до него е пронајдено уште едно тело на маж, кое не е идентификувано, но се претпоставува дека е македонски државјанин бидејќи како него се пронајдени македонски денари.

<

Информацијата ја објави електронското издание „24 часа“. Полицијата ги проверува хотелите во Банско и Сандански. Ниту еден маж од областа не е пријавен за исчезнат во локалната полиција.

Телата ги пронашле планинските спасувачи од Банско, Разлог и Сандански. Едното тело е на Пламен Христов, а се претпоставува дека вториот човек го видел паднатиот бугарски турист и се обидел да му помогне.

Засега не може да се користи хеликоптер за да се извлечат двете тела бидејќи постои опасност за летање во тој реон. Во моментот, се подготвуваат 20 планинарски спасувачи да реализираат акција за извлекување на телата за што ќе бидат потребни најмалку 15 часа.

МИА го контактираше македонското Министерство за надворешни работи, но оттаму не информираа дека засега немаат информација за починат македонски државјанин во Бугарија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гест за почит: Скопски таксист не му наплати на Јанко – „Фала ти за љубовта кон Македонија“

Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура...

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата,...

Исчезнато 13-годишно девојче е пронајдено кај 33-годишен маж во Џепчиште

Рано утрово во тетовското село Џепчиште, во домот на 33-годишен маж е пронајдено 13-годишно девојче кое мајката претходно го пријавила како исчезнато, соопшти МВР....

Турист од Босна починал на плажа во Охрид.

На 17.07.2025 во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни...