25.9 C
Ohrid
вторник, септември 16, 2025
HomeМакедонијаОсмани го осуди нападот во Охрид- Веднаш ќе отидам да го посетам...

Османи го осуди нападот во Охрид- Веднаш ќе отидам да го посетам во болница секретарот на Бугарскиот клуб во Охрид

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерот за надворешни работи Бујар Османи го осуди синоќешниот напад врз секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид и рече дека никој не смее да биде нападнат поради чувство на припадност.
Напаѓачите се идентификувани и очекувам наскоро да бидат изведени пред лицето на правдата. Најголемиот квалитет на оваа земја е мултиетничката толеранција и полотување на вредностите на другите и нема да дозволиме никој да го загрози она што го постигнавме.

<

Очекувам веднаш по оваа прес-конференција да го посетам повредениот охриѓанец. Се работи за државјанин на Република Северна Македонија и во оваа прилика баш никој не смее да биде нападнат поради чувство, ставови и идентитет. Мора храбро да реагираме и посебно институциите да преземат мерки ваков настан да не се случи повторно – порача Османи на прес-конференцијата во МНР.

Бујар Османи не смета дека провокациите од Ангел Џамбаски и Костадин Костадинов направени за време на чествувањето на револуционерката Мара Бунева го поттикнале физичкото насилство во Охрид. За Џамбаски рече дека не сака да игра во приказната на Џамбаски кој си прави себепромоција со провокациите затоа што е маргинален лик.

– Нема оправдување на физичко насилство. Погрешно би било да се објаснуваме дека можеби ова физичко насилство беше поттикнато од тој или оној. Насилниците треба да се откријат. Мислам дека целта на господинот Џамбаски е колку да провоцира и да се самопромовира. Тој е маргинален лик кој не може да влезе во парламентот. Му треба внимание по секоја цена и кога реагиравме до Софија имав дилема дали му давам на тежина на тој лик.

Најважно е што бугарското МНР излезе со осуда за тој настан во Скопје. Засега сметаме дека не треба да ја играме неговата игра и нема да го прогласиме за персона нон грата – додаде Османи.
А1 он

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ја тепал, ѝ ја запалил колата, барала помош- Страшни детали за убиената велешанка

Не стивнуваат реакциите по двојното убиство и самоубиство во Велес, настан што ја вознемири македонската јавност. Триесет и деветгодишниот скопјанец со остар предмет вчера ја...

Ова се ќерката и таткото кои беа убиени вчера во Велес

Двојно убиство и самоубиство извршено со остар предмет во семејна куќа во Велес ја потресе јавноста денес. Според полицијата, маж од Скопје денеска ги...

Полицајка грабнала и тепала помлада колешка во Штип

Вистинска полициска драма се случувала во Кочани и во Штип, кога полицајка, со помош на уште една жена, киднапирала помлада колешка и ја одвела...

„Влен”: Украдениот имот ќе им се врати на граѓаните

„Со одлуката на Владата, еден од лидерите на Вреди, вицепремиерот Арбен Фетаи, е назначен на чело на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација...