27.9 C
Ohrid
вторник, јули 1, 2025
ПочетнаМакедонијаДенес во работна посета на Општина Охрид, престојуваше амбасадорката на Република Хрватска...

Денес во работна посета на Општина Охрид, престојуваше амбасадорката на Република Хрватска во Македонија, Н.Е. Нивес Тигањ.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Денес во работна посета на Општина Охрид, престојуваше амбасадорката на Република Хрватска во Македонија, Н.Е. Нивес Тигањ.
Беа разгледани повеќе теми и области за соработка помеѓу Охрид и Хрватска. Амбасадорката Тигањ ја изрази неподелената и искрена поддршка на Хрватска за Македонија во нејзините напори за приклучување на Европската Унија и понуди стручна помош во разговорите што Македонија ги има со европските институции.
Во вториот дел од средбата се приклучија и професорките од Факултетот за Туризам и угостителство од Охрид Иванка Несторовска и Вера Караџоска, директорот на НУ „Центар за култура Григор Прличев“ Горан Симоноски и претставници на општинската администрација. Во кратката дискусија беа разменети мислења за досегашната соработка со Хрватските градови, компании, образовни и културни институции, а беа изнесени предлози за подобрување и продлабочување на истата. Во таа насока беше идејата за воспоставување на чартер линија помеѓу Охрид и Дубровник, заеднички настап во промоција на Македонија и Хрватска и изнаоѓање начини за подобра економска поврзаност и соработка со хрватските компании.
Во наредниот период се очекува дел од изнесените предлози да добијат и конкретна форма, што ќе резултира со поголема поврзаност со пријателска Хрватска и хрватскиот народ

<
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Март Кос: Идентитетот ви се манастирите, погачата, тавче-гравче, пинџурот или полнетите пиперки!

Еврокомесарката за проширување Март Кос вели дека идентитетот не може да биде предмет на политичко одлучување, бидејќи идентитетот е нешто што си го носиме...

Охриѓанец во ноќен клуб си ја истепал сопругата.

На 01.07.2025 година во 09.15 часот, лишен од слобода е С.Г.(35) од Охрид кој на 30.06.2025 година во 22.10 часот, во ноќен клуб во...

Тошковски: Апсењето во Струмица беше филмско, планирале дрогата да ја изнесат надвор од Македонија

Три лица уапсени, автомобилот бил полн со дрога, постоел план за нејзино изнесување од Македонија. Ова се клучните детали од вчерашната акција во Струмица,...

Битолчанец во казино претепал доктор, па потоа ја нападнал и полицијата !!!

Предложен притвор за осомничен за напад врз лекари и полицајци Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека...