12.9 C
Ohrid
понеделник, август 4, 2025
ПочетнаСветСрпски пратеник на седница за Косово гледал порно – откако го фатија,...

Српски пратеник на седница за Косово гледал порно – откако го фатија, поднесе оставка

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Претседателот на Извршниот одбор на СНС, Дарко Глишиќ, вели дека во време кога во парламентот на седница за Косово „му се нафрлиле на Вучиќ“, пратеникот на социјалистите, Звонко Стевиќ, си гледал порнофилм.

<

Пратеник во српскиот парламент за време на седницата за Косово на која реферираше претседателот Александар Вучиќ, гледал порно, објави српските медиуми.

Повеќето од нив јавуваат дека станува збор за пратеник од Социјалистичката партија на Србија, Звонко Стевиќ.

Тој беше критикуван во јавноста откако на социјалната мрежа Твитер се појави видео како тој гледа видео за возрасни на својот мобилен телефон.

Телевизијата Н1, повикувајќи се на свои извори, објави и дека по ова Стевиќ си поднел оставка од пратеничката функцијата.

Видеоснимката како пратеникот гледа порно осамна додека во српската јавност се гласни критиките на сметка на социјалистите од нивните коалициски партнери од Српската напредна странка (СНС) на претседателот Вучиќ.

Претседателот на Извршниот одбор на СНС, Дарко Глишиќ, за ТВ Хепи изјави дека во време кога во парламентот „му се нафрлиле на Вучиќ“, пратеникот Звонко Стевиќ си гледал порнофилм.

За незадоволството на СНС од СПС вчера дел од медиумите пишуваа дека Вучиќ на состанок на раководството на неговата партија порачал дека е подготвен да оди на избори како кандидат за премиер, но нема да подлегне на уцените како од Западот така и од социјалистите и од лажните десничари.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Адвокатот Шајн го извади Раста – патната исправа веднаш вратена !!

Српскиот рапер Раста, кој беше приведен во Охрид за време на концертот на Џејсон Деруло, е ослободен и си заминува за Белград – дознава...

Не успеа да се избори, почина Душко Чифлиганец

Почина Душко Чифлиганец, син на познатиот бизнисмен Ванчо Чифлиганец, кој беше и во раководните структури на „Адора“, потврдуваат членови на семејството. По повеќе од...

Охриѓани спасија турист од давење кај Градиште.

Во близина на плажата Градиште, странски турист бил спасен од давење благодарение на брзата реакција на група охриѓани кои се наоѓале на глисер и...

22 годишен полицаец од Виница, се самоповредил со службениот пиштол во апартман во Охрид

Како што информира СВР Охрид, инцидентот се случил вчера во 12:22 часот. Имено, 22-годишен полициски службеник од Виница, кој бил сместен во апартман во една...