29.9 C
Ohrid
недела, август 3, 2025
ПочетнаМакедонијаТоше Завков за својот брат Милан: Два часа пред да почине зборувавме...

Тоше Завков за својот брат Милан: Два часа пред да почине зборувавме на телефон, беше многу расположен

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Синоќа ненадејно не напушти познатиот инструменталист, мајсторот на хармоника, Милан Завков. Шок и неверување на естрадата. Голема тага во семејството. Музичарот Тоше Завков тешко се соочува со смртта на својот брат и за Женски магазин ги раскажа последните моменти од животот на неговиот брат.

<

„Не можам да поверувам што се случи. Двајцата бевме на одмор и вчера ни беше прв ден на работа. Речиси цел ден бевме заедно. Разговаравме, правевме планови поврзани со музиката. Отидовме на ручек. Беше многу расположен. Ние бевме многу блиски и секојдневно се дружевме. Никогаш не се пожали дека има здраствени проблеми. Делуваше здраво и имаше голема енергија. Иако, цел ден бевме заедно, ми се јави околу 19 часот. Долго време разговаравме, се шегувавме и се смеевме“,вели Тоше и додава дека по два часа му се јавила сопруга на Милан.

Ми рече дека на Тоше не му е добро и веднаш да дојдам кај нив. Беше веќе доцна. Брзата помош во нивниот дом констатирала смрт. Се се случило одеднаш. Милан бил во своето студио, кое е во рамките на нивната куќа. Работел на неговите нови песни кои сакаше да ги пријави на фестивалите. Дошол во салонот и само рекол дека го стега нешто во градите. Го добил првиот срцев удар, а потоа следувал и вториот, раскажува братот на музичарот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Приведен пијан 37-годишен Валандовец во Охрид.

На 03.08.2025 во 00:15 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид од слобода го...

Тешко повреден малолетник од Скопје – Скокал од пристаништето во Охрид во 5 часот наутро !!

На 02.08.2025 година во 05,35 часот, во СВР Охрид е пријавено дека при скок од малото пристаниште во водите на Охридското езеро, со повреди...

Се огласија од СВР Охрид: Кај раперот Раста беше пронајдена опојна дрога !!

На 03.08.2025 година во 00,10 часот, на спортски стадион во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, од слобода го лишија С....

Сопственик на локал во Виница физички нападнал полициски службеници додека вршеле контрола !!!

Нападнати полицајци при контрола во локал со малолетници и алкохол. Нападнати полицајци при контрола во Виница во објект кај Градскиот базен. 34-годишен угостител прво вербално,...