14.1 C
Ohrid
среда, јули 9, 2025
ПочетнаМакедонијаРеакција на министерот Сали: Неодговорно е да си ја префрламе одговорноста

Реакција на министерот Сали: Неодговорно е да си ја префрламе одговорноста

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Неодговорно е да си ја префрламе одговорноста. Кога би сакале да се натпреваруваме со политички изјави, јас исто така би можел да одговорам со прашање: дали некој кој, и покрај барањето на Министерството за здравство, не одобрил средства за лек на пациенти со ваква тешка болест, смета дека може да си го продолжи мандатот, изјави министерот за здравство Беким Сали откако денеска беше прозван од премиерот Димитар Ковачевски во врска со набавката на лекот за пациентите болни од цистична фиброза.

<

Изразувајќи сочувство до блиските на починатиот Благојче Илиевски, Сали на Фејсбук напиша за се што презело МЗ за да се набави лекот кој, и покрај барањето, како што вели, ниту Владата, ниту премиерот Ковачевски до вчера не одлучиле да се обезбедат потребните средства.

Неговата реакција следува по изјавата на Ковачевски кој денеска, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека утрово разговарал со министерот Сали и му пренел дека за него „ваквата ситуација со лекот за цистична фиброза е апсолутно неприфатлива“ и дека ќе го замоли министерот за здравство „да размисли и да ми каже дали може да го продолжи својот мандат“.

-Ја користам приликата да изразам најдлабоко сочувство до блиските на починатиот Благојче Илиевски. Навистина сум потресен што се случи ваква трагедија, и ниту едно објаснување или изјава од политичар нема да го врати тој живот. Сепак, не можам да премолчам, ни како човек, ни како министер, кога врз грбот на една ваква трагедија се прави евтин обид за политички поени. Затоа, еве ги фактите. (1) Факт е дека Министерството за здравство уште на 27.01 од Владата побара да се обезбедат средства за нова набавка на терапија за пациентите со цистична фиброза. (2) Факт е дека и покрај барањето на МЗ, ниту Владата на РСМ, ниту премиерот Ковачевски лично, до вчера, не одлучија да се обезбедат тие средства. (3) Факт е дека лек во доволни количини нема заради недонесувањето на таа одлука, а не заради МЗ, напиша Сали во реакцијата.

Оттаму, како што вели, не му е јасен обидот за префрлање на вината кон МЗ, кога ниту обезбедувањето средства, ниту набавката на лекот не се во надлежност на Министерството. Средствата се обезбедуваат од Фондот за здравствено осигурување, пишува Сали, а набавката ја спроведува соодветната клиника.

-Но, дури ни тие не можат да постапат без одлука на Владата или без налог на премиерот. Затоа, мислам дека е неодговорно да си ја префрламе одговорноста. Кога би сакале да се натпреваруваме со политички изјави, јас исто така би можел да одговорам со прашање: дали некој кој, и покрај барањето на Министерството за здравство, не одобрил средства за лек на пациенти со ваква тешка болест, смета дека може да си го продолжи мандатот. Би можеле да прашуваме и дали можеби премногу време и внимание се потроши на коалициски преговори, додека пациентите чекаа. Сепак, сметам дека ваквите популистички изјави се неумесни во ваква прилика. Јас знам дека политиката е сурова професија, но ние, сепак, имаме обврска да го задржиме достоинството и човечноста. Сепак, сите ние сме потенцијални пациенти на јавното здравство, и мора да имаме чувство за маките на нашите сограѓани, без разлика на ограничените ресурси, додава министерот за здавство.
Тв Сител

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Чудо спречи трагедија: Цистерна за малку ќе завршеше во Брегалница кај градинката Астибо во Штип!

Чудо спречи трагедија: Цистерна за малку ќе завршеше во Брегалница кај градинката Астибо во Штип! Тешко возило – цистерна полна со гориво - за малку...

Тешка сообраќајна несреќа кај селото Оровник– едно лице загинато !!!

Ужасна сообраќајна несреќа се случи вечерва на влезот во Охрид, близу Аеродромот односно селото Оровник. Според првичните неофицијални информации, има едно загинато лице. Интервенираше противпожарна...

ХЕРОЈ! Скопски пожарникар 48 часа без прекин се бори со огнот!

Скопскит епожарникари со денови постојано вложуваат максимални напори за справување со пожарите на неколку локации во периферијата на градот. Според последното соопштение на ЦУК на...

Вознемерувачко: Детенце од Македонија врзано со јаже на рацете и вратот бидеќи украло пари од продавница !!!!

Сцена што не смее да се повтори – бурни реакции по видео со вербално и психичко малтретирање врз дете На социјалните мрежи кружи вознемирувачко видео...